Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

taravariontime1

Таравари ги истакнува 4-те главни столбови на неговата претседателска програма

Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.Лидерот на АА наведе дека според анкетите постои реална можност да оди во вториот круг, бидејќи тоа го потврдува и демографијата на Северна Македонија.„Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Секаде сум појаснил дека демографијата на Македонија, а според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи.Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците“, рече Таравари, додавајќи дека неговата победа на претседателските избори ќе има влијание и на парламентарните избори на 8 мај.Во врска со неговата програма, Таравари рече дека таа се заснова на 4 столба.„Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени, а ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, а за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада и да се тргне 20% за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието.Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност“, истакна Таравари.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките на Тошковски, денес беа изгласани измените на изборниот законик

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, господинот Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик“, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава.Ова е последица на хаосот кој што зад себе го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори.Исто така со овие измени покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.Во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се гласа и со истечени документи, експресни измени на Изборниот законик

За само 24 часа и власта и опозицијата се согласија и донесоа измени во Изборниот законик.Експресно поминаа законските измени со кои се овозможува да гласаат и граѓаните чии документи истекле во последните девет месеци.Законските измени се донесени со 84 гласа „за“, а двајца пратеници биле воздржани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-gjorce-petrov

Силјановска Давкова: Очекувам поддршка од Дорис Пак и Розалија Диро, бидејќи кога жените се на високи функции тогаш може да се очекуваат вистински реформски зафати

„Ќе разговараме за времето на жените што доаѓа, како што знаете прва на листата за изборите за Европскиот Парламент ќе биде госпоѓата Урсула фон дер Лајен. Се работи за две личности кои се вистински икони, легенди во европското женско движење. Јас откако изразив и побарав поддршка од европското женско лоби, сега исто утре на средбите ќе побарам поддршка и од овие две госпоѓи“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вести на Алфа телевизија говорејќи дека очекува поддршка од Дорис Пак, почесната претседателка на женската организација и Розалија Диро, претседателка на женската организација на ЕПП.„Зборувам за идеја што е многу актуелна, зборувам за спремност во рамките на европските народни партии да промовираат еднаквост, да ги поддржат жените кандидатки. И мислам дека неподелена радост е и неподелено очекување е дека кога жените се на чело на европските партии или кога жените имаат високи функции во европските институции, кога жените имаат високи функции во националните држави членки на ЕУ или кандидатите дека со право може да се очекуваат вистински реформски зафати“, рече таа.Силјановска Давкова додаде дека најмногу се радува на средбата со подмладокот на ЕПП.„Всушност најмногу се радувам на оваа средба, за една професорка најважно е да се сретне со младите впрочем и од Македонија со нас се претставнички и претставници на младите од ВМРО-ДПМНЕ“, укажа таа.„Денес имаше и еден панел за дијалогот меѓу различни возрасти, за солидарноста, за поддршката на младите, за тоа дека ние најчесто возрасните или старите велиме дека иднината им припаѓа на младите меѓутоа мислам дека сегашноста треба исто така. Во сегашноста треба младите да се вклучат во одлуките бидејќи во таа синергија, во тој дијалог меѓу возрасните како носители на мудрост и искуство и младите како предвесници, носители на промени може да се дојде до вистински решенија“, нагласи Силјановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Двајца имаат по нула потписи за да влезат во претседателската трка

Новиот претендент за да влезе во претседателската трка, Гоце Ристов, уште нема собрано ниту еден потпис. Заедно со него, нема ниту Томе Николоски, за кој низ медиумите се зборуваше дека се откажал од идејата да собира потписи, но и натаму е на табелата на Државната изборна комисија. За Ристов не се знае ништо, бидејќи тој нема комуникација со медиумите, ниту пак, има јавна-страница каде може да се види дека се само-промовоира.Истовремено, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ останува на врвот на листата со собрани 28.086 потписи, повеќе од сите останати. По неа е Стево Пендаровски од СДСМ со 22.411 потписи.Потребниот број на потписи го собраа и Билјана Ванковска, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се менува Изборниот законик за да се гласа со пасош кој нема „северна“

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека тие кои немаат лична карта, а имаат важечки пасош со старото уставно име - се бара начин за да можат да гласаат на изборите. Станува збор за 100.000 граѓани, за кои тој вели, дека мора да се најде начин да избираат.„Поддржувам и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот законик, се работи за одредба на Изборниот законик за да може секој граѓанин да го искористи своето гласачко право“, рече Ковачевски.Законот засега не е во собраниска процедура.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-05-at-10.13.07

Уште еден кандидат почна да собира потписи за да влезе во претседателската трка

Уште еден кандидат се појави на листите за собирање потписи за да биде претседателски кандидат.„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК.Нема информација кој е Гоце Ристов и од каде доаѓа.Во однос на останатите кандидати, вака стои статистиката со потписи:

Македонија | пред 1 година

1

Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа“, обвини ВМРО-ДПМНЕ и додава:Реалноста за жал е поразителна за Македонија.Иако Пендаровски и СДС прифатија капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа. Напротив политиката на свиткана кичма донесоа блокади, понижувања, згазено достоинство и поголеми апетити на оние кои не и мислат добро на Македонија.Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-2

Гордана Силјановска е реприза на Иванов и на Арсовска , искритикува Пендаровски

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која што функцијата Претседател на државата ја деградира и смета дека истата може да ја извршува единствено нечиј партиски послушник“, вели Стево Пендаровски и додава:Затоа на овие избори наместо со професионална, натпартиска личност како што најавуваше, ВМРО-ДПМНЕ излегува со докажан партиски кадар како Гордана Силјановска Давкова, актуелна пратеничка во Собранието каде ревносно ги брани ставовите на партијата.Силјановска Давкова не е ново лице на македонската политичка сцена, нејзиното политичко профилирање е уште во далечниот период од 1992 - 1994 година, како министерка во првата Влада на СДСМ, а не се непознати ниту нејзините политички ставови.Силјановска Давкова беше гласен противник на Законот за употреба на јазиците и се докажа како албанофоб, а со силното противење на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, се докажа и како антиевропски политичар.Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ предлага вакви „натпартиски“ кадри, цената на крајот ја плаќаат граѓаните. Така беше и со Ѓорге Иванов кој ја сроза функцијата претседател на државата, така е и со Данела Арсовска која за две години направи пустош во Град Скопје.Но, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка треба да бидат свесни дека граѓаните нема да дозволат функцијата Претседател на државата одново да биде погазувана и понижувана, а самата држава да тргне во погрешен правец, како што тоа беше случај цели 11 години.

Македонија | пред 1 година

Pendarovski

Пендаровски очекува да го гласате

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Силјановска Давкова: Власта наместо да пласира идеи, проекти, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации, време е да се стави крај на безредието

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.„Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните. Тоа се луѓе аматери. Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, заклучи таа говорејќи дека власта и нанесе голема штета на Македонија со договорот за добрососедство со Бугарија, и тоа е една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија.Силјановска Давкова додаде дека таа во саботата говорот го започна и го заврши со повик за единство, со повик за натпартиско однесување, со повик на заборавање на разликите што се остри кога се работи за државни и за национални интереси, со повик до граѓаните како индивидуи, а некако војници, членови, симпатизери на партии. И немаше крај на нејзиното изненадување кога вечерта гледа дека има реакција на нејзината кандидатура. Такви феномени особено од власта не постојат во општеството, нема ништо западно во нив во кое што тие се колнат. Трагикомична е нивната реакција.Таа укажа дека власта наместо да пласира идеи, проекти, планови, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации.Во текот на интервјуто таа се осврна на хаосот со патните исправи кој го создаде власта. Силјановска Давкова рече дека со оваа одлука на власта се кршат човековите права. Власта ги произведе овие проблеми.„Проблемите со кои што се соочуваат ги произведе власта. Не ги произведе опозицијата овие проблеми, ниту пак граѓаните. Од власта ги произведоа проблемите. Тој што се нафатил за пет години, а заборавил дека десет години важат документите. Тој кој што заборавил и дека таму има и за внатрешна употреба, таму во поглавјата, а ниту едно поглавје не сме отвориле. Значи тој треба да го реши проблемот“, нагласи таа.Таа посочи дека сака да разговара со кандидат за проекти, планови и граѓаните да судат по тоа и по тоа да гласаат.„Каков претседател сте вие, какви национални државни интереси браните ако велите за сите важат, а особено за нас пресудите од Стразбур, но не важат за другите. Сите држави, сите народи имаат малцинства што е логично во соседството, ама ние ќе се откажеме од нашето, ќе заборавиме на пописите во Бугарија, ќе заборавиме на училиштата во Бугарија, ќе заборавиме на библиотеките и на театрите во Бугарија за Македонците. Ама тоа што не важи за над 180.000 луѓе по пописите во Бугарија, што се случи, важи за 1.500 луѓе кои се декларирале Бугари, а кои според нашиот Устав се целосно заштитени. Нашиот Устав има цел еден дел за заштита на правата на малцинствата“, појасни Силјановска Давкова говорејќи за апсурдите кои што се случуваат поради оној договор со Бугарија, а сегашниот претседател на државата ги одобрува.„За сите проблеми поврзани за надлежностите на претседателот јас имам предлог излезно решение. Тоа е она што е најважно ние да го сториме, да ги видиме проблемите и да ги надминеме. Дури некогаш нема потреба од уставни измени туку има потреба од практикување и на вето, и на обраќања, и на најдобри кандидати во Судски совет, и на најдобри кандидати на Уставен суд, и на најдобар прв човек на Генералштабот, и на различни тела кои при претседателот ќе обединуваат, вклучувајќи ја дијаспората. Ништо од тоа досега не го видовме“, рече таа.

Македонија | пред 1 година

25-01-2021-Kuzeska

Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата

Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ“, рече КузескаТаа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се преставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

431194585_18421647574046929_6930683263016235106_n

Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

„Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа“, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени!

Македонија | пред 1 година

pretsedatelski

Силјановска за еден ден собра над 28 илјади потписи, најмногу споредено со останатите претенденти за претседател

Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ за еден ден успеа да собере најголем број на потписи споредено со останатите претенденти кои се обидуваат да влезат во претседателската трка, односно што влегоа во трката. Таа има 28.029 потписи до вчера, до 20 часот.Истовремено, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, има 21852 потписи. И тој, оваа бројка на поддржувачи ја собра за еден ден.Наспроти нив, Бујар Османи има 11.085 потписи, Билјана Ванковска има 10432 потписи, Арбен Таравари има 10.709 потписи, Максим Димитриевски има 11.601 потпис.Од друга страна, мака мачат да соберат потписи и други пет кандидати. Зорица Цветковска од „Десна“ има 204 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1596 потпис, Ѓорѓи Манасков има 429 потписи, Господин Поповски собра 119 потписи, а Вело Марковски има 1466 потписи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања