🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

kovacevski-tace-mickoski-

Мицкоски: Рејтинзите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е со два и пол пати поголема предност пред СДСМ

„Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори“, рече претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.Тој продолжи и додаде дека бројките на мерењата на јавното мислење односно анкетите укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит.„ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори кој ќе се случат за нешто повеќе од 2 месеци. Некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг на претседателски избори“, кажа Мицкоски.Запрашан за последните бројки сооднос ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ, претседателот Мицкоски истакна дека огромна е разликата и таа е повеќе од 2:1 и таа ќе биде уште поголема односно 2,5 спрема 1.„Сега во моментов од последните февруарски анкети, јас многу како човек и инвестирам и им посветувам внимание на тие бројки бидејќи вие мора да имате некаква навигација какви политики треба да водите покрај тоа што го слушате гласот на народот. Тој глас на народот е практично прикажат преку тие бројки не мерењата на јавното мислење и од тие бројки се гледа дека едно огромно мнозинство 3 / 4 од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот и мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека треба да има промени. Бројот на граѓаните кои се задоволни е едноцифрен број, скромно едноцифрен број на задоволни“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

pret

Кои професори и доктори најавија дека ќе „трчаат“ кон Водно, се очекуваат уште три кандидатури за претседател

Двајца доктори и двајца професори најавија влез во трката за да станат претседатели на Македонија. Истовремено, двајца од нив имаат политички партии зад себе, а двајца ќе треба да собираат потписи за кандидатура. Вело Марковски беше прв, Јове Кекеновски рече дека има „сериозна и реална амбиција“, Билјана Ванковска имаше и промоција направена од Левица, а последен беше Арбен Таравари кој рече дека не е заинтересиран да биде кандидат, па се предомисли. Тие нема да бидат единствени, бидејќи кандидати ќе имаат СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.Вело МарковскиВело Марковски, доктор инфектолог прв ја обзнани желбата да влезе во претседателската трка и тоа како независен кандидат но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.Иако, тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали, професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија и дали во трката за шеф на државата влегува на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Според него измама на народот е криењето на претседателските кандидати на недела пред избори.„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност”, вели Марковски.На познатиот инфектолог бракот со многу помладата Јулијанс му е и втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.Тој заедно со 7 лица се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.Јове КекеновскиЈове Кекеновски, Универзитетски професор, неофицијално ги најави амбициите за да седне во вила Водно, а пред две години официјално беше кандидат за ректор на Битолскиот универзитет, но изборите ги загуби. И Кекеновски се надева на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. 2015 ја основаат Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ).Претседател на партијата е Јове Кекеновски. Основачи: Јове Кекеновски, Тодор Ношпал, Љупчо Алексовски, Љупчо Ристовски и Ненад Новковски.Партијата учествувала еднаш на парламентарни избори и тоа во 2016 година како дел од коалцијата „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ заедно со Демократски сојуз, ДЕМОС и МОРО-РП. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови.Коалицијата не освоила пратеничко место во Собранието.На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција ,,Никогаш Северна само Македонија" заедно со Единствена Македонија колицијата освоила 2.604 гласови односно 0.29% од вкупен број на гласови.Кекеновски прв го скрши мразот во 2014 обзнанувајќи ја кандидатурата за претседател на претстојната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, на која загуби од Ѓорге Иванов.Противник е на вклучување на доктори во политиката:Подобро е да имата добар доктор во струката отколку лош доктор во политиката..Јове Кекеновски ја извршуваше должноста Градоначалник на Град Скопје во периодот од 1995 - 1996.Билјана ВанковскаБилјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на Македонски претседателски избори во 2014 година, но не удпеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дрка го фаворизирале Ѓорге Иванов.Професорката Билјана Ванковска, овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден, и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Ванковска вели сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки - патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.За време на битката за Автономија на универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.Арбен ТаравариАрбен Таравари, лекар - невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните.Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултатите на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на избори. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже:Јас го направив политичар.Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.Големите политички партии и натаму во тајност ги држат кандидатите за претседател.

Македонија | пред 1 година

ahmeti

Ахмети на чекор да биде претседателски кандидат, се огласи и Груби

Артан Груби со објава во која пишува „Само Али Ахмети‼️“, се чини дека го најавува претседателскиот кандидат на ДУИ за претстојните избори. Иако во јавноста кружеше името на Бујар Османи како кандидат, сепак, се поизвесно е дека трката ќе ја трча Ахмети. Одлуката е скоро дефинитивна, откако албанската опозиција се обедини и кажаа дека со Арбен Таравари како кандидат ќе го поразат ДУИ.Засега официјална потврда дека Ахмети ќе биде кандидат на ДУИ за претседател - нема. Но извесно е дека тој им покажува „мускули“ на албанските политички партии кои себеси се нарекуваат „анти-ДУИ“ и најавија прв пораз за паријата која е скоро 20 години на власт.Извесно е дека самостоен кандидат на изборите ќе има СДСМ, како и ВМРО-ДПМНЕ. Има најава и за независни кандидати, кои треба да соберат потписи за кандидатура.

Македонија | пред 1 година

drzavna-izborna-komisija-izbori

Нема вонредни исплати, скриени финансиери, поткупи - ова се правилата за функционирање за време на избори

Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел навремено и транспарентно информирање за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства од денот на распишувањето на Избор за претседател на Република Северна Македонија и Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија до завршувањето на изборите, 2024 година, а поврзано со надлежностите и обврските на органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, политичките партии и учесниците во изборната кампања, како и јавноста, уредени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Изборниот законик, укажува на следното:1. Забрана за нови инвестиции и вонредни исплати - не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности - училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година; - не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори; - не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.2. Забрана за користење противправни и анонимни извори на финансирање за време на избори - политичката партија или кандидатот на изборите не смеат да прибираат и користат средства противправно или од анонимни извори.3. Утврдување на злоупотреба на финансирање на политички партии за време на изборна кампања - не може имотот во сопственост на: Република Северна Македонија или на единиците на локалната самоуправа или буџетски средства или средства од јавни фондови, јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал, преку инвестициони работи или на друг начин, да се користат за изборна кампања или за финансирање на друга политичка активност. 4. Поткупување на избирачите - не смее да се врши поткуп при избори и гласање, давање или ветување подарок или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори, за да гласа или да не гласа или да гласа за определен кандидат.5. Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборна кампања па до завршувањето на изборот на претседател на Република Северна Македонија, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и изборот на Владата на Република Северна Македонија согласно со резултатите од изборите не може - да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање; - од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до нивно завршувањесогласно со резултатите од изборите, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период и - Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на веб страницата на Министерството за финансии. - забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста; - во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат, во електронска форма на образец пропишан од Државната изборна комисија, објавен на веб страницата и - забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски“ лица.

Македонија | пред 1 година

taravari-kandidat-1

Кој го предомисли Таравари за да се кандидира за претседател: Време е за претседател Албанец, не технички туку вистински

„Ви се претставувам како кандидат за претседател на државата, привилегија е да имам доверба од толку многу фактори, одговорност е да се биде нивни избраник и нивни доверлив човек, привелегијата е вашиот глас“, со овие зборови, Арбен Таравари, најави претседателска кандидатура. Во придружба на лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, на Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување, Беким Ќоку кажа дека време е за претседател да биде Албанец.„Со почит го чекам гласот на секој од вас, дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински. На секој кандидат му посакувам успех“, кажа Таравари.Тој најави дека ќе побара поддршка од сите албански, македонски и други партии.„Бараме поддршка и од невладините организации, сите групи на граѓани“, додаде Таравари.На прашањето зошто прво кажа дека не е заинтересиран да биде кандидат пред 15 дена, а сега излегува како кандидат, одговори: „Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, од истомиследници. Седнавме со партиите од опозицијата, сега сме заедничка опозиција и тело кое функционира заеднички, па дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив синоќа доцна дека дефинитивно ќе се кандидирам. Ќе добиеме поголема поддршка од тоа што очекуваме“.

Македонија | пред 1 година

dzaferi-1

Во Речица кај Ахмети ќе прашате за претседателски кандидат, за кандидатурата на Таравари сувишен би бил мој коментар, рече Џафери

Техничкиот премиер Талат Џафери искара новинарка оти не ги знаела добро законите, а му забележа дека пред избори промовира нова градинка во Липково. Тој и порача: „Прочитајте го малку подобро законот. Тој забранува 20 дена од отпочнување на кампањата. Таа почнува на 4 април. Не сме во тој период“, по што доби аплауз.Следното прашање до него беше дали ДУИ ќе оди со свој кандидат за претседател, а Џафери рече одговори да се бараат од Али Ахмети.„Ќе си одите до Речица, ќе седнете со лидерот, јас сум премиер ја претставувам Владата, а не ДУИ“, рече Џафери.Прашан за кандидатурата на Арбен Таравари од страна на албанската опозиција, техничкиот премиер кажа дека не чувствува потреба да коментира одлуки на политички партии.„Сувишен би бил било каков коментар од моја страна“, додаде Џафери.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

По не сакам - сакам: Таравари е кандидат за претседател на албанската опозиција

За петнаесет дена, Арбен Таравари од незаинтересиран за кандидатура, стана кандидат за претседател на албанската опозиција. Денеска ќе биде извршена негова промоција, а на прес-конференцијата ќе присуствуваат лидерите на четирите албанските партии кои се обединија против ДУИ.„Со почеток во 10:00 часот, ве покануваме да присуствувате на вонредната прес-конференција, на која претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари ќе ја објави својата кандидатура за претседател на државата, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Коалицијата Европски сојуз за промени – ЕСП. Присутни на прес конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување!, г. Беким Ќоку. Прес-конференцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар“, велат од Алијанса.На први февруари, Таравари кажа дека на маса имал понуда, но не бил затересиран.„Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“, рече Таравари.Од незаинтересираноста до кандидатурата, Таравари помина низ турбулентен период. Зијадин Села кој раководи со централното Собрание на партијата стави на дневен ред точка за негово разрешување, која сега, треба да ја разгледуваат и повисоките органи. Причина за ова е тоа што Таравари тргна да коалицира со опозицијата, чекор со кој Села не се согласи.

Македонија | пред 1 година

50187712813_976bf2e5b4_c

ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа со повеќе од 61 пратеник и претседател на државата, најави Мицкоски

Во пресрет на распишувањето на изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека неговата партија ќе ја понесе победата. Денеска во 17 часот, претседателот на Собранието, Јован Митрески, ќе ги потпише документите за одржување на изборите. Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има сама мнозинство во Собранието.„Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник и победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.Ова се седми по ред претседателски избори и 12 по ред парламентарни избори. Претседателските треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај парламентарните избори. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се одржат на истиот ден со парламентарните.Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, ќе ги проследи до Државната изборна комисија. Кампањата за претседателските избори започнува од почетокот на април.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања