Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

За пратеник од дијаспората треба најмалку 5355 иселени гласачи да се регистрираат и гласаат

За избор на пратеник од седмата изборна треба да има најмалку 5355 гласачи кои ќе се регистрираат за гласање и исто толку треба да гласаат. Само вака, иселениците ќе ја добијат можноста да избираат пратеник од дијаспората.„За да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи. За да биде избран пратеник од седма изборна единица, треба да освои гласови колку што најмалку гласови имал пратеник од државата на последните избори - тоа значи дека треба има најмалку 5355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите дипломатски канцеларии во странство, за да има организирање на вакви гласови“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугутчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бектеши: Кој ќе изгуби да си замине од политиката, далеку сме од коалиција со СДСМ

СДСМ И ДУИ се далеку од договор за заеднички настап на парламентарните избори. Актуелниот министер за економија, Крешник Бектеши утрово делуваше прилично самоуверен дека неговата партија ќе ги добие изборите.Прво рече дека Османи е речиси влезен во вториот круг, а потоа во име на Ахмети упати и понуда до сите партии, да се договорат, оние лидери кои ќе ги загубат изборите да се повлечат од политиката.„Еве повикувам да направиме договор тој што ќе загуби да не се занимава повеќе со политика, еве ние фрламе ракавица, ова важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Нека повелат јавно да потпишеме тој што ќе изгуби ибори, нека не се занимава со политика. Сите лидери загубиле избори повеќе пати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил избори и нема ни да изгуби“, рече Бектеши.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јавна „тајна“ се носителите на листи од СДСМ: Ковачевски не ги открива, но извори ги откриваат дел од имињата

Во тајност се држат носителите на листи од СДСМ и кандидатите за пратеници. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, кажа дека станува збор за познати кадри кои извршувале високи функции, но не и кои се тие.„Носители ќе бидат партиски членови кои и во минатото извршувале високи функции во државата, а истото го мислам и за кандидатите за пратеници. Ќе имаме конгрес на почетокот од последната недела во месец март“, рече Ковачевски.Според информации на „Скопје1“, во изборната единица еден, носител ќе биде партискиот лидер Димитар Ковачевски. Тоа тој го потврди и во неколку наврати. Според досегашната пракса, ќе има и втор носител на листа, а тоа најверојатно ќе биде лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.Во втората изборна единица, предводници ќе бидат Фатмир Битиќи и Сања Лукаревска. А пак, Оливер Спасовски кој во минатото беше носител во двојката, сега се сели во третата изборна единица, заедно со Љупчо Николовски.Четворката е резервирана за Венко Филипче, додека петтата изборна единица ќе биде предводена од Јован Митревски и Бисера Костадиновска-Стојческа.Шестата изборна единица е неизвесна. Таму се споменуваат повеќе имиња за носители на листа, како Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ. Партијата, нема одлучено кој ќе биде.На уште едно добитно место се надева ЛДП, но и НСДП. Тука битката е помеѓу досегашните Соња Мираковска и Горан Мисовски, но аспирации има и партискиот секретар Мики Милковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-14-at-19.35.29

(Видео) Објавен прв изборен спот за Стево, се претставува како гласен критичар на неправдите и политичар кој бара одговорност

Чесен и совесен, политичар кој бара одговорнсот - вака во предизборниот спот кој трае шест минути се претставува Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател, кој сака втор мандат.„Чесен и совесен во работењето. Гласен критичар на неправдите, застапник за транспарентност и професионалност. Пендаровски беше и остана отворен за јавноста. Претседател кој успешно ја претставува државата надвор. Како еден од предводниците на нашата европска интеграција, ќе продолжи да работи за членство на државата во ЕУ. Стево е претседател кој обединува, кој почитува. Претседател за сите нас – Стево Пендаровски!“, стои во описот на видеото.

Македонија | пред 1 година

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Ако Канада има само државно здравство зошто да нема и Македонија

“Јас сум за воспоставување целосно на јавен/државен систем на здравствена заштита. Ако една Канада има само државно здравство, тогаш по што е Македонија толку покапиталистичка и полиберална? Кое е фајдето за човекот? Уништувањето на јавното здравство има катастрофални последици и за поединците и за општеството: сега сме поделени на тие што имаат пари да си обезбедат поквалитетна здравствена заштита, и тие што мораат да одат во руинирани државни објекти. Да не зборувам за „миграцијата“ на здравствениот кадар за повисоки плати кон приватното здравство, па и во насока на напуштање на земјата (главно заминување во Германија или Хрватска)', вели кандидатот за претседател на Левица - проф. Билјана Ванковска и додава:Само јавното здравство се заснова на принципите на солидарност и хуманост, односно еднаквост на човечкиот живот и здравје. Сите издвојуваме за здравствениот фонд, а добиваат тие на кои заштитата им е нужна, поради хронични или акутни заболувања, повреди, попреченост.Конечно, се надевам дека како општество ќе имаме сили СИСТЕМСКИ да го решиме проблемот со урнисаното здравство, да обезбедиме достоинствена положба на медицинските лица и установи (условите во кои работат се очајна приказна сама по себе), но и на пациентите – кои и да се, кога и да им треба помош од заедницата и од струката.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уште пет телевизии и три портали добија право на политичко рекламирање, на изборите ќе се гласа и со истечени документи

Државната изборна комисија на денешната 86 -та седница, направи измена и дополнување на Регистрите на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за избори за претседател на државата и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.Согласно чл.75 ѓ ст.11 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени корегирани ценовници кои радиодифузерите беа должни да ги достават во рок од 72 часа од моментот на приемот на известувањето, а истите беа навремено уредно доставени, Државната изборна комисија донесе одлука во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор на претседател на Република Северна Македонија и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да се впишат следните радиодифузери:ТЕЛЕВИЗИЈА ТВ КАНАЛ ВИСТЕЛЕВИЗИЈА 3 СКОПЈЕРАДИО 99 СКОПЈЕРАДИО ЗОНА М1РАДИО КАВАДАРЦИДржавната изборна комисија, согласно чл.75 ѓ ст. 7 од Изборниот закон, а врз основа на поднесени барања за упис и доставени ценовници, кои поради технички грешки беа испуштени да бидат впишани или беа погрешно напишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми(интернет портали) за избор за претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, ги впишува односно корегира следните електронски медиуми ( интернет портали):www. timebalkan.comwww. infozona.mkwww. skopjeinfo.mkНа седницата, Државната изборна комисија ја извести јавноста дека согласно измените на изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Податоците до Државната изборна комисија се доставуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.Согласно преодната одредба од измените на изборниот законик која ќе се применува само за изборите во 2024 година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите.На претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 24.07.2023 година до денот на изборите односно до 24.04.2024 година.На парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по било кој основ им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите на 08.05.2024 година.Државната изборна комисија на денешната седница одлучи да се направи измена на Упатството со Методологија за примена на член 21 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик за избор на претседател, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје, врз основа на пресудата на Вишиот управен суд со која во општините во кои живеат најмалку 20% од граѓаните припадници на другите заедници каде се одразува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници, изборот ќе се врши по национална припадност според Пописот на населението од 2021 година, притоа земајќи го предвид резидентното население.

Македонија | пред 1 година

VLEN-press

Коалиција “ВЛЕН„: Дали ДУИ е подготвен да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз?

,,Серија симптоматични потези на раководството на ДУИ заедно со Извештајот на ОДИХР за потенцијалните ризици за изборите, кој ќе биде тема во Австрија на средбата на Габриел Ескобар со ОБСЕ, ни дава за право основано да се сомневаме во намерите на очајните губитници, кои на 08 мај ќе треба после 20 години да се префрлат во опозиција. Еве ја хронологијата на крајно симптоматичните нивни ставови.Прво, Али Ахмети во февруари во Косово изјави дека сега не е време за Претседател Албанец.Второ, Артан Груби кога ДУИ стана свесен дека не може да најдат начин да спречат ВЛЕН да има претседателски кандидат, објави на фејсбук “Само Али Ахмети” , алудирајќи дека тој ќе биде нивен претседателски кандидат.Трето, кога Арбен Таравари објави дека станува претседателски кандидат на ВЛЕН, Али Ахмети се исплаши дека ќе биде поразен и одлучи да го жртвува Бујар Османи, со идејата за уставни измени за промена на изборот на претседател и воведување нова функција заменик претседател, како услов на ДУИ за било каква коалиција со Македонските партии.Потоа, на промоцијата на Бујар Османи на Кале, Али Ахмети излезе со четврта “пишман аџија” теза, односно го промовираше слоганот “Дојде време за првиот претседател Албанец”. Никогаш порано ДУИ не изгледал позбунето и поисплашено. Тргнувајќи од онаа народната “очајникот се фаќа за сламка”, земајќи го предвид Извештајот на ОДИХР кој прогнозира можна нестабилност и небезбедни избори, имаме основано право да се сомневаме дека ДУИ е подготвен да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз кој следи.Не смееме да занемариме дека претседателскиот кандидат на ДУИ до вчера беше Претседавач на ОБСЕ и имал или морал да има увид и да учествува во изготвување на овој Извештај. ДУИ нема право да зборува за Прв претседател Албанец бидејќи наместо да го подржи Арбен Таравари одлучи да се обиде да ја саботира можноста тоа да се случи сега, веднаш во 2024. Никој не може да застане на патот на промените кои ги посакува Албанскиот народ и тие ќе се случат.ВЛЕН ќе формира Влада, победата е сигурна. Апелот до граѓаните е масовно да гласаат и да изберат 20 пратеници на ВЛЕН за да го направиме тоа што ДУИ не успеа да го направи за 20 години владеење. Ние ќе бидеме клучен фактор за исполнување на полноправно членство во ЕУ и гарантор за стратешкиот колосек на државата. А за сите корупциски скандали на дел од раководството на ДУИ следи одговорност", велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Проверете дали ве има во Избирачкиот список, увидот истекува на 18 Март

Интензивно течат подготовките за претседателските и за парламентарните избори. Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право до 18 март, според Роковникот на ДИК можат да направат увид во Изборачкиот список.Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората. Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.Вкупно 3.994 лица, заклучно со 11 Март направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК, но исто така можат да поднесат и барања.Според роковите, листите за кандидати за претседател, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3.994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.

Македонија | пред 1 година

drzavna-izborna-komisija-izbori

Дискриминирани се граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни круга и тие кои се на лекување, оти не можат да гласаат, алармираат од Комисијата

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бара граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни гкруга на претседателските избори, да можат да гласаат. Тие одново повторија дека уште на 9 август 2021 година, утврдиле директна дискриминација од страна на ДИК и индикрена која произлегува од одредбите на Изборниот законик.„Овие лица заради одредбите од изборниот законик не можеле да бидат запишани во избирачкиот список меѓу двата изборни круга, а со тоа биле спречени да го остварат уставно загарантираното право на глас. Воедно, Комисијата на 13 септември 2021 година утврди директна повеќекратна дискриминација по основ на личен став, здравствена состојба, возраст во областа на остварувањето на избирачкото право на граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи“ посочија од Комисијата.Тие посочуваат дека иако во тековниов период Изборниот законик беше изменет за исполнување на препораките на Комисијата, до денеска, не се информирани дека се направени и препорачаните измени.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петрушевски: Претседателот Мицкоски направи идеален избор

Она што морам да го истакнам е дека по вчерашните реакции на јавноста, на луѓето со кои што комуницирам е дека претседателот Мицкоски има направено идеален избор на носителите на листи. Тоа секако и народот ќе го каже и на избори, но она што како реакција го слушам и гледам преку социјалните мрежи и во комуникација со граѓаните не слушнавме некаква негативна реакција за било кој од кандидатите, Бране Петрушевски, пратеник во своето гостување на радио Лидер.Тој во врска со носителите на листи говореше и за носителот на изборната единица 2, Владо Мисајловски за кој рече дека Мисајловски е човек со интегритет, со чесност, енергија за дејствување.Во мојата изборна единица 2, Владо Мисајловски е потпретседател на партија и човек со кој соработувам од младинските години, човек со интегритет, со чесност што е најбитно во оваа лошо време/невреме, мотиватор, човек кој секогаш има енергија за дејствување и мислам дека еве вака нескромно да кажам дека најголемото изненадување очекуваме да го направиме во изборната единица 2, позитивно се разбира за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Петрушевски.Пратеникот Петрушевски се осврна и на тоа што двајца премиери досега се од СДС, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски и укажа дека од нив граѓаните на Куманово не виделе никаков бенефит.Реално доколку ги прашате кумановци што добро виделе од тоа што двајца кумановци биле премиери, ќе ви кажат ништо, нема нешто бомбастично што се случило во Куманово или не знам да привлекле некаква инвестиција, некаков сериозен капитален инфраструктурен проект или да бил решен некаков проблем на Куманово. Така што бенефитот од ова што кумановци биле премиери го имале само они лично, пред се тука мислам на нивните лични сметки и на нивното лично богатење, порача Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-03-11-at-22.21.48

(Фото) Случајно се сретнаа Силјановска и Пендаровски

Додека партиите кои ги предлагаат „војуваат“ и обвинуваат, двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски со почит се однесуваат еден кон друг.Тие денеска се сретнаа на Комеморативната вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка. Се ракуваа и заедно присуствуваа на настанот на кој Пендаровски имаше обраќање. Силјановска беше во придружба на пратеничката Рашела Мизрахи. Фотографијата ја сподели Пендаровски.И ова не е првпат Силјановска-Давкова и Пендаровски да се однесуваат со почит еден кон друг, без разлика на секојдневните соопштенија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои упатуваат обвинувања за двајцата кандидати. На годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски, кога му се оддаваше почит, двајцата кандидати исто така се сретнаа и ракуваа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Подмолно, без консултации најголемите политички партии ги исфрлија од изборна трка независните кандидати, реагираат од НВО

Собранието со 84 гласа за, ниту еден против и двајца воздржани усвои измени на Изборниот законик, со кои се зголемуваат квотите на граѓанските потписи за учество на независните кандидати на избори. Место илјада потписи од регистрираните гласачи во една изборна единица, независните кандидати и независните листи сега ќе мора да соберат најмалку еден процент потписи од вкупниот број избирачи во нивната изборна единица. На ова реагираат од НВО и независните кандидати за кои сега ќе биде проблем учеството на избори.Еве ја нивната реакција: На подмолен начин, без консултации и јавна расправа, по скратена постапка и спротивно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, најголемите политички партии под изговор дека им помагаат на граѓаните без валидни документи, донесоа дополнителни скриени измени на Изборниот законик со што практично ги исфрлија од игра независните кандидати и ги спречија да учествуваат на сите следни избори на локално и на национално ниво.Поднесени од пратениците на ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, измените го зголемуваат прагот на потребните потписи за учество на изборите, од досегашните 1.000 потписи, на 1% отсто од запишаните избирачи. Ваква измена истиот овој парламентарен состав се обиде да спроведе и пред локалните избори во 2021 година со цел отстранување на голем дел од новите независни кандидати, но обидот беше блокиран од голем број на амандмани. За потсетување, на локалните избори 2021 година независни кандидати добија место во дури 33 општини или 41% од сите општини во Македонија и Градот Скопје. Преведено во бројки на национално ниво ако ја земеме за пример Изборната единица (ИЕ) 1, наместо досега потребните 1.000 потписи, со усвоените измени на независните ќе им требаат 3.372 потписа за да поднесат независна листа.Според бројките на запишани избирачи, за ИЕ 2 на независните ќе им бидат потребни 2.408 потписи, за ИЕ 3 - 3.005, за ИЕ 4 - 2.945, за ИЕ 5 - 3.395 и за ИЕ 6 - 2.486 потписи.Просекот на граѓани кои излегле на гласање на последните парламентарни избори во 2020 г. во ниту една ИЕ не надминува 60% од гласачите на избирачкиот список. За споредба, во ИЕ 1 се запишани 337.214 гласачи, од кои гласале 169.773 или 50%.Овие измени ги истиснуваат независните и од учество на локалните избори идната година. За независна листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник на Град Скопје, ќе бидат потребни 4,674 потписи. Нс последните локални избори во 2021 година, во град Скопје запишани избирачи биле 467.373, од кои гласале 229.531. Ако ги земеме изборните резултати каде што еден советник од независната листа бил избран со 4.611 гласа, произлегува дека повеќе потписи ќе бидат потребни за учество отколку за добиено советничко место на избори. За независна листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник на Град Скопје, ќе бидат потребни 4.674 потписи.Уште еден илустративен пример за дискриминаторската политика кон независните е фактот што за регистрација на политичка партија се потребни 1.000 потписи. Таа одредба не е променета. Начинот на отежнато собирање на потписите преку канцелариите на ДИК е дополнителен проблем за кој независните и досега реагираа. Таа отежнувачка околност останува и со новите измени. Меѓународните норми и препораки велат дека не смее да има порестриктивни барања за независните кандидати од тие за партиите. За споредба со земјите во чие друштво сакаме да бидеме:● Австрија и Белгија имаат барање од 200-500 потписи, зависно од регионот;● Британија - 10 потписи;● Финска - 10 потписи или три и пет во помали општини;● Германија - 200 потписи;● Данска помеѓу 150 и 200;● Ирска 15 потписи за општини и 60 за парламентарни избори;● Кипар и Малта - четири потписи;● Грција - 12 потписи;● Во Естонија и Франција нема барања за потписи.Кај нас потребата од демократија и плурализам е огромна, како резултат на незадоволството од делувањето на постоечките партии. Независните и досега се соочуваа со дискриминаторски методи преточени во законски одредби или наследени пракси од институциите. Како илустрација, пристапот до избирачкиот список не им беше овозможен на независните кандидати, редниот број на гласачкото ливче за нив иако се извлекуваше со жрепка, секогаш нивното место беше по 80-тото. Партиите што доминираат на политичката сцена од одамна наликуваат на трговски друштва што на изборите не гледаат како на прилика за победа на мерки и политики кон унапредување на животот на граѓаните, туку како на прилика за заграбување на што поголем дел од ресурсите на Македонија за партиски цели. Со последните измени, политичките партии само ја зацврстуваат својата монополска позиција и оневозможуваат влез на независни листи. На ваков начин во Македонија не само што нема простор за т.н. трета опција, туку теренот е скроен да нема никаква алтернативна опција. Иако навидум лути непријатели, партиите и од власта и од опозицијата се во совршено хармонични односи и веднаш наоѓаат заеднички јазик кога треба да го одбранат нивниот „терен“ на влијание.Како група на независни активисти и членови на совети низ Македонија, бараме веднаш да се отстранат апсурдните услови за собирање потписи на независните кандидати на избори, и да: Се постави услов од најмногу 50 собрани потписи за независни кандидати Се дозволи собирање потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК Се зголеми периодот на собирање потписи на 30 дена Се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче Се дозволи пристап и на независните до избирачкиот список Овие измени да се направат веднаш, по скратена постапка, како што минатата недела беа направени измените за блокирање на независните кандидати, се вели во реакцијата потпишана од:Независни За Карпош - ЗаЗаштита На Карпош - СкопјеЗелен Хуман Град - СкопјеШанса за Центар - Центар - СкопјеПодобро за Тетово - Më mirë përTetovën - ТетовоПонаку - БитолаЗелените Од Гази Баба - СкопјеСТИГА Е - СтрумицаСТИГА Е - Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина - Босилово, Ново Село.

Македонија | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

(Фото) Филипче излезе од сенка во пресрет на изборите

Докторот Венко Филипче по паузата откако го тргнаа од министерската функција, пак се врати на политиката. Излегува на терен, се среќава со граѓани, држи говори и објаснува зошто треба да се гласа за СДСМ на претстојните избори. Пред неколку денови, тој беше во Радовиш, каде се отвораа општински штабови. Речиси и да нема објавена фотографија без него на неа.„Партиските простории се тесни за да ја соберат реката од народ на отварањето на штаб на СДСМ во втора месна!!! Ова е само мала најава за двојната победа на СДСМ!!! Гостин: д-р Венко Филипче“, стои во објавата.Иако не е официјално објавен како носител на листа, се потврдуваат неофицијалните информации дека тој ќе биде носител на СДСМ во Изборната единица 4. Филипче важи за близок чоек до експремиерот Зоран Заев, а од политиката излегоа речиси истовремено. Филипче е познат и ценет доктор, додека како министер беше ептен фален, па ептен критикуван поради постапките кои ги имаше.

Македонија | пред 1 година

pretsedatelski

Вила Водно остана само желба за осуммина кои сакаа да се тркаат на претседателските избори, а не собраа ниту 10.000 потписи

Од 15 претенденти, само седум влегуваат во претседателската трка. Другите, не успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи кои ќе им помогнеа да застанат на стартната линија да се обидат да се „качат“ до Вила Водно. Дел од тие кои не успеаја да ги убедат граѓаните да се потпишат за нив, во изминатите денови убедуваа дека се сигурни дека ќе ја добијат поддршката.Па така, желбата за кандидат нема да му се исполни на Вело Марковски кој прв најави дека ќе поднесе кандидатура. Тој има само 1634 потписи, далеку од доволното за да може да подготвува и кампања. Без ниту еден потпис е Томе Николоски, едно од лицата за кои најголем дел од јавноста не знае буквално ништо. Последни влегоа и брзо излегоа од игра - Гоце Ристов и Драган Николовски кои имаат по шест потиси.Најинтересен за јавноста беше Господин Поповски од Вевчани. Него го поддржаа 145 граѓани со потпис, а со нив, не може да продолжи кон Вила Водно каде е претседателската резиденција. Дома си останува и Ѓорѓи Манасков, за него, играта завршува. Истото важи и за Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија.Иако беше убедена дека ќе ја добие поддршката која и е потребна, Зорица Цветковска не влезе во трката за претседател. Таа беше децидна дека граѓаните ќе застанат зад нејзе, а е предлог на „Десна“, партија на Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Седумте кандидати кои ќе имаат кампања и се претседателски кандидати се Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ која собра и најмногу поддршка, Стево Пендаровски од СДСМ кој бара втор мандат, Арбен Таравари како претставник на албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Бујар Османи од ДУИ, Билјана Ванковска од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Изборниот законик велат не смеел да се менува пред избори, освен кога тоа им одговара на партиите на власт, коментира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска ги искритикува парламентарните партии што гласале за измена на Изборниот законик. Според неа, не смеел да се менува пред избори.„Изборниот законик велат не смеел да се менува пред избори, освен кога тоа им одговара на партиите на власт. Па така Изборниот законик е променет по распишување на изборите, по скратена постапка. Променети се 38 члена, меѓу кои за зголемување на бројот на граѓани кои може да предложат советник или градоначалник, одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборите и претставувањето во медиумите и надвор од нив. И не е точно дека промените се оние кои ги барал ОБСЕ/ОДИХР. А изборното ветување на СДСМ за ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ не може да биде испочитувано затоа што 7 години е краток период да се усогласат ставовите, и затоа треба да добијат уште толку. Се разбира ВМРО-ДПМНЕ не ни ветуваат вакво нешто. ДУИ не ја рачунам. Тоа не е партија туку мафија“, вели Најчевска.Собранието на 147 седница по скратена постапка ги донесе законите за дополнување и измени на Изборниот законик, откако претходно беа разгледани на матичните комисии и Законодавно-правната комисија каде што не биле усвоени амандмани и немаше дополнителни предлози за расправа.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања