Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

levica-8123

Левица ги објави носителите на листи за пратеници

„Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета врз државата“, велат од оваа партија и додаваат:✔️ Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.✔️ Носител во ИЕ 2: Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и зачувување на животната средина.✔️ Носител во ИЕ 3: Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президиум на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.✔️ Носител во ИЕ 4: Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.✔️ Носител во ИЕ 5: Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.✔️ Носител во ИЕ 6 - Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.Еднаш засекогаш ќе се спротивставиме на политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политичката моќ во рацете на работничката класа!Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници.Од нас сите зависи силата со која ќе се спротивставиме и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владеат над нас криминалот, корупцијата и профитот!

Македонија | пред 1 година

menduh-taci-vlada

Тачи и Ахмети во изборна прегратка

Мендух Тачи доби виза од Централното собрание на Демократска партија на Албанците за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција.Тачи по состанокот изјави дека ДПА ќе има две добитни позиции на изборите, четврта и девета позиција во Изборната единица 6.Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

Македонија | пред 1 година

384725025_871477054341032_8131671961745468377_n

Сите луѓе на Ковачевски или неопходни компромиси со луѓето на Заев

Плачки, незадоволство или намерно пласирани дезинформации. Каква била атмосферата внатре на седниците на партиските тела на која се разгледувале парламентарните изборни листи се уште нема официјална изјава.Некои се надеваа, но извисија. Резултатоте на 8 мај ќе покажат дали ќе останат без функции зошто или ги нема или се на недобитни места.На листите нема некои од видните членови на СДСМ, како Стефан Богоев, Петре Шилегов, Снежана Калевска Ванчева, Викторија Мадиќ Аврамовска, Ненад Коциќ но и многу од пратениците. Ги нема и луѓето од доверба на Ковачевски, неговата досегашна сенка и шеф на Кабинет Мартин Попов, како и партискиот секретар Миле Зечевиќ.Прв на листата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а коносител е Моника Зајкова од ЛДП. Таа е и највисоко котирана од коалициските партнери.Даниела Николова е на високото трето место, по неа се Бојан Маричиќ, инфектологот Милена Стевановиќ, Маја Морачанин од ДОМ, Дарко Каевски кој демантираше дека бара да биде избришан од листата. Следуваат Љубица Јанчева, советник од Град Скопје и Љупчо Фармаковски, кои тешко ќе ибезбедат парламентарно столче.Носител во втората изборна единица е поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а коносител е Фатмир Битиќи. Санела Шкриељ е трета а наводно незадоволниот кој ова го демантираше Мартин Костовски е четврти.Тројката ќе ја предводи Сања Лукаревска од УЈП, а втор е актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Горан Мисовски од НСДП и овој пат си обезбеди по неколку изборни циклуси влез во Парламентот, по него се актуелниот министер за транспорт Благој Бочварски и Љупчо Балковски од ВМРО-НП. На 8 место е претставник на партијата на пензионерите.Носител во четвртата изборна единица е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а втора Јована Тренчевска.Миле Талевскк е трет а Соња Мираковска од НСДП е четврта. На листата се и пратеничките Даниела Колева и Лолита Ристова, но од распоредот на силите ќе зависи дали ќе бидат во или вон парламентот.Актуелниот преседател на Собранието Јован Митрески е носител во петката, а заменик е Бисера Костадиновска, министерката за култура.Митко Трајчулески е трет, потоа следуваат Боби Мојсовски од ЛДП, Енес Ибрахим и Жаклина Лазаревска.Шестката ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска, а како како втор е Агрон Демири.Ема Нешковска е трета.

Македонија | пред 1 година

IMG_4564

Ковачевски: Во новиот мандат на СДСМ, просечна плата од 1100 евра, минимална плата од 600 евра, просечна пензија од 500 евра

Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. Во изминатите седум години покажавме и докажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Уште поодлучни и попосветени, најавуваме кои ќе бидат главните столбови на нашата работа во наредните четири години. - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.—Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. - рече Ковачевски—Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата - посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Изборна програма на СДСМ е јасен, конкретен и издржан план за иднината на Македонија

Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.— Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. - рече Ковачевски осврнувајќи се на првите два столба од новата програма на СДСМ за изборите, кои е однесуваат на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, но и конкретно на пензионерите.Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. - рече Ковачевски говорејќи за третиот столб, поддршка на младитеКовачевски во обраќањето се осврна и на петтиот и шестиот столб, економија и инфраструктура:-180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Поттик на економскиот раст, предвидуваме 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта. - рече КовачевскиЗборувајќи за плановите а во земјоделството, Ковачевски истакна дека со новата програма се безбедуваат уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра. Воедно, проекцијата е дека до 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!-Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина! - рече Ковачевски говорејќи за седмиот столб, образованието.-Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година. Енергетска независност и самостојност со која ќе ГИ ЗАДОВОЛУВАМЕ 100% ОД СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ.Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата. - се осврна Ковачевски на столбот посветен на чистата енергија и можностите за обезбедување поевтина струја за граѓанитеГоворејќи за европските фондови кои ќе бидат дополнителен поттик за македонската економија како деветти столб на програмата за избори на СДСМ, Ковачевски посочи дека со отворањето на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.-Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за Модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ. - рече КовачевскиДесеттиот столб е заедничкото чекорење кон Европа за кој претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ ќе работи посветено на исполнувањето на двете цели - завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2023 година.-Заедно тоа ќе го направиме. Нема откажување од иднината - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-23-at-10.22.42

Јакимовски: Османи демонстрира лошо ниво на култура и колегијалност

„Господинот Бујар Османи демонстрира лошо ниво на култура и колегијалност. Јас него го почитувам како колега министер и како противкандидат. За разлика од него кога градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко беше ставен на црна листа јас јавно ги осудив и се спротивставив на методите што ги применува Стејт Департментот“, вели кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски и додава:„Ифтарот е интимен чин како круна на целодневниот пост и посветувањето на Бога кој се споделува со најблиските. Убеден сум дека канењето на останатите противкандидати на ифтар не му се најблиски, туку ова го прави по потреба и го злоупотребува верскиот обичај за политичка кампања во недостаток на други идеи за себепромоција.Жал ми е што како интелектуалец демонстрира на јавна сцена некултура, а се промовира како проевропски ориентиран тип и тоа му е главна флоскула во предизборието. За жал тој и дел од неговите другари (чест на исклучоците), во ова 20 годишно практикување на власта не покажаа европски манири. Наративот им е европски, а однесувањето и практикувањето на власт ултра западнобалкански.За разлика од нив, можеби мојот наратив е балкански, ама однесувањето и практикувањето на власта ми е европски во секој поглед.А со Рамиз Мерко се гледа во партија? Оди со него на ифтар или го избегнува?Селам алејкум господине противкандидату. Црногорците велат: „Не пада снијег да покрије бријег. Веч да ѕвери оставе траг“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трет ден молк од Николоски дали донирал барем 1 денар од неговата 78% зголемена плата, велат од кај Пендаровски

„Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски веќе трет ден молчи и не одговара дали некому донирал барем еден денар откако добива за 78% поголема плата“, велат од медиа центарот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски и додаваат:Николоски три дена не се охрабри ниту да одговори дали знае дали кој било пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на неговата партија имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому.Дали молкот на Николоски значи дека тој ниту донирал, ниту планира да донира дел од својата плата? Дали со молкот Николоски ги штити и своите колеги пратеници и останатите сопартијци, кои месеци наназад земаат огромни плати и не сакаат да помогнат никому донирајќи дел од примањата?

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари го претстави идниот кабинет - експерти и познавачи на повеќе области

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари вчера го промовираше својот тим со кој ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите на 24 април. Забележлив е фактот дека за прв пат претседателски кандидат тоа го прави пред изборите.Во својот кабинет Арбен Таравари има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на приликите во државава, кои без сомнение ќе можат да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните.„Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири - професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан, доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули, магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези, професор на УЕЈЛ“, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.Таравари најави дека денеска претставил само неколку имиња, а во иднина овој тим ќе се прошири и со други вредни луѓе.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-19.56.23

Јакимовски и Таравари немаат целосна документација, потврдено за кого ќе може да се гласа на претседателските избори

Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари не доставиле целосна документација при кандидирањето за претседтел, констатираше Државната изборна комисија која ги официјализираше кандидатите. На ливчето за гласање ќе се најдат седум имиња. Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари, Бујар Османи, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски влегуваат во трката. Сепак, Јакимовски и Таравари мора да соберат документација за два дена и да ја достават, за да се биде регуларно.„Констатирам дека списокот на овластени претставници на подносители на листите за кандидати за претседател на РМ, листите се потврдени едногласно. За кандидатот Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари, треба во рок од 48 часа да достават единствен даночен број и трансакциска сметка“, рече Александар Даштевски – претседател на ДИК.Прв круг за претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Џафери - Даштевски: Фер избори по европски вредности и придонес во напредокот кон ЕУ

Денес, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски и членовите на Комисијата, затоа што обезбедувањето на фер и демократски избори е мандат на оваа Влада, но и обврска на Државната изборна комисија.Во својот вовед, премиерот Џафери истакна дека, обезбедувањето на изборите не значи само обезбедување од аспект на законската регулатива и минимум стандарди, туку и взаемна проактивност за да може да се предвидат потенцијални кризи и да се предложат сценарија и решенија кои ќе бидат водилка за решавањето на тие кризи. Ова секако е важно, затоа што меѓу другите обврски, двете институции заедно имаат и обврска да ја штитат и репутацијата на институциите и да ја зацврстат довербата на граѓаните во самиот изборен процес. А тоа ќе се постигне само ако низ дела се потврди дека навистина се преземени сите потребни мерки за нивно заштитување и овозможување за остварување на своето право.Претседателот на Државната изборна комисија, Даштевски, го поздрави предлогот на премиерот Џафери за координација, затоа што ДИК како надлежно тело за успешно спроведување на изборите, и при тоа независно, непристрасно, одговорно и професионално во своето работење, има потреба од поддршка и од другите институции.На состанокот се разменија информации околу потребните подготовки за спроведување на претстојните избори. Од двете страни беше нагласена законската надлежност, но и политичката волја, за слободни, фер и демократски изборни процеси на претседателските и на парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, на коишто, како и во неколкуте претходни изборни циклуси, граѓаните слободно ќе го направат својот избор.Премиерот Џафери потенцираше дека Владата што ја предводи работи согласно законските прописи за предизборието и дека е одлучно определен надлежните институции да организираат и спроведат фер избори, според најдобрите европски пракси и стандарди.Заедничка констатација на средбата беше дека, Република Северна Македонија е на европскиот пат, практикува европски вредности и потребен е силен фокус од сите политички субјекти и наратив на меѓусебно почитување, за фер и демократски избори што ќе придонесат во напредокот кон Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Пендаровски

„Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници“, велат од тимот на кандидатот Стево Пендаровски и додаваат:Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека за Гордана Силјановска Давкова се потпишале најмногу граѓани, се споменуваа бројки од 20.000, 25.000 потписи па и повеќе.Но на крајот, кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Зошто Давкова и Силјановска се одлучија за ваков потег? Дали на денот на собирање на потписите излажаа за вкупниот број на собрани потписи? Дали на списоците можеби имало преклопување на одреден број потписи, едните депонирани во нотарски канцеларии а другите во подрачни одделенија на ДИК? На крајот, дали конечниот број на потписи не само што не е драстично поголем, туку и е помал од бројот на собрани потписи од страна на Стево Пендаровски?Одговор за ова треба да дадат Гордана Силјановска Давкова и ВМРО- ДПМНЕ.Доставувањето на пратеничките потписи покажа две работи: Првата е дека Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и второ, дека Давкова и ВМРО-ДПМНЕ излажаа десетици илјадници граѓани кои со часови чекаа да се потпишат, а нивните потписи наместо за поддршка на кандидатурата, отидоа во ѓубре.

Македонија | пред 1 година

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

Меџити да тера машки, а ДУИ преговара со сите други партии за коалицирање

ДУИ преговара со повеќе партии за коалицирање за време на парламентарните избори, посочува лидерот Али Ахмети. Прашан, дали би го примиле Изет Меџити ако реши да им се приклони одново, Ахмети му порача да продолжи понатаму.„Јас би му рекол на Меџити да тера машки“, рече Ахмети.Окрупнувањето на ДУИ е планирано да биде со помалите политички партии од другите етникуми.„Разговараме со повеќе партии. Зборуваме со сите, и со Алијанса и со господинот Тачи, со Аријанит Хоџа, со Бошњачката партија, турската партија, за да се приклучат на овој фронт“, додаде Ахмети.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-28-at-11.54.59

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Јасна е и силна пораката денеска. Тука од Битола, јасно и гласно кажуваме дека одиме напред, дека нема откажување од иднината. Нема откажување од надежта, од визијата, од желбата за подобро утре, од европска Македонија - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.-Направивме и грешки, но една работа ја направивме апсолутно правилно, патриотски и државнички: ја поставивме визијата за европска иднина на нашата земја и одиме до крај со неа. Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија - посочи Ковачевски-Нам не нѝ треба европскиот сон. Не! Нам нѝ е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш. Нам ни требаат правилата и надзорот на ЕУ можеме да ги подобриме здравството, образованието и правосудниот систем.- рече Ковачевски-Затоа ќе ви кажам дека ние, учиме од грешките, и имаме план како да изградиме функционален систем по правилата на Европската Унија. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. И со таа визија одиме до крај! Нема откажување од европската иднина на Македонија!-Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста. - беше дециден Ковачевски-Затоа, тука од Битола, ве повикувам на претстојните избори да ги поддржите СДСМ и Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. - рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб во Битола.

Македонија | пред 1 година

IMG_4198

ВРЕДИ: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности во Северна Македонија се вика Бујар Османи

“Како што веќе јавноста е информирана, канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи. Напоменуваме дека за една земја членка на НАТО ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Северна Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век”, велат од ВРЕДИ и додаваат:Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има дадено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, насто тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година. Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е токму Бујар Османи. Затоа што тој беше актерот кој директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата.Затоа, Бујар османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ, и, второ – исто така многу важно – врз основа на какви анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикат дестабилизација? Кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега? Ова неминовно го наметнува прашањето дали ДУИ спрема терен за да предизвика постизборна политичка криза, за да може техничката влада на Талат Џафери да си го продолжи својот технички живот?Во меѓувреме, најбитното прашање е зошто толку многу се плаши од резултатон на изборите и прави се за да не го прифати поразот?Како и да е, 8 мај е блиску и се ова ќе се разјасни веднаш после објавувањето на изборниот резултат. Овој пат ВРЕДИ да чекаме.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

„Бектеши му спрема свилен гајтан на Ахмети“ - ВМРО прифаќа оние што ќе изгубат на изборите да се повлечат од политика

Одлично, прифаќаме, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на предлогот што денеска го даде министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, кој ги повика сите политички партии да се договорат оние што ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вели дека со овој предлог на Бектеши се подготвува терен лидерот на интегративците да се повлече од политиката.-Тоа значи дека Крешник му спрема свилен гајтан на Али Ахмети. Можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе остане во Кичево, нели и тој е по потекло од Кичево – рече тој.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања