Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Нема фотографија

До полноќ ќе се знае кој сака да учествува во парламентарниот изборен маратон

До полноќ политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори закажани на 8 мај.Според правилата доколку ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.Ако се утврди дека во листата има одделни неправилности, ДИК ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите. Ако ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во законскиот рок, поднесената листа ќе ја потврди со решение.Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен самиот да ги обезбеди предвидените докази за исполнување на условите.Ако ДИК утврди дека листата е поднесена ненавремено, односно по истекот на рокот определен со овој роковник, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од 24 часа од приемот на листата.Собранието вчера, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси, односно политичките парти кои предложиле или поддржале кандидат за претседател на државата да можат да ги задржат извлечените редни броеви и за парламентарните избори за поедноставна презентација пред граѓаните.Другите политички партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, пак, дополнително по пат на жрепка ќе извлечат редни броеви под кои ќе настапат на изборите.ДИК треба да го заклучи и Избирачкиот список за претседателските и за парламентарните избори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

СДСМ може да го задржи број 1, а ВМРО-ДПМНЕ број 2 на гласачкото ливче, изменет Изборниот законик

Откако се распуштија, па денеска итно се состанаа, пратениците го изменија и Изборниот законик.На претстојните парламентарни избори на 8 мај, политичките партии кои имаат претседателски кандидати и учествуваа во одредување на редоследот на претседателските кандидати кои ги предложиле или поддржале, ќе може да го задржат иститот реден број.Со ова, како што беше кажано, се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси.„Заради поедноставување на постапката на определување на реден број на гласачкото ливче подносителот на листата на кандидати за претседател на државата ќе може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број истовремено да се користи и на гласачкото ливче и за друга листа на кандидати за друг на вид на избори доколку кандидатот, односно кандидатите се поддржани од иста политичка партија или коалиција или користат ист симбол“, рече пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој всушност и ја предложи оваа точката на дневниот ред на седницата.Другите политичкк партии ќе извршат дополнителни ждребување.Пред една недела Стево Пендаровски, подржан од СДСМ го доби местото број 1 на гласачкото ливче, двојката Гордана Силјановска Давкова, предложена од ВМРО-ДПМНЕ, бројот 3 Стевчо Јакимовски од ГРОМ, четворката Бујар Османи од ДУИ, Билјана Ванковска од Левица го доби број 5, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ шестката, а Максим Димитриевски, од ЗНАМ е со бројот седум.Ова е новиот член во Изборниот законик:„ Доколку во ист период се одржуваат повеќе видови на избори, подносител на листа на кандидат/и чиј што реден број на гласачкото ливче е определен согласно став (1) од овој член може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број да се користи истовремено на гласачкото ливче и за друга листа на кандидат/и за друг вид на избори, доколку кандидатот/ите се поддржани од иста политичка партија или коалиција и/или користат ист симбол, за што задолжително ја известуваат Државната изборна комисија“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб. Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството, земјоделието и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат. Тој истакна дека СДСМ во следните четри години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието, а платите во сите сектори ќе продолжат да растат.„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите.Тој истакна дека во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.Филипче се осврна и на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ - истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4762

Силјановска за слоганот Македонија повторно горда: Причината е да се врати надежта

Прес-конференцијата на Проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова во врска со промоција на слоганот за кампањата:?si=zUmV8j7YgKUQkN5D„Слоганот на мојата кампања, впрочем целата програма е во функција во слоганот. Слоганот е заради хроничната и актутната состојба со македонската демократија којашто не само што е во тешка криза, туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таквата држава најголеми жртви се граѓаните и кога велам јас „Македонија повторно горда“, пред сè мислам на граѓаните, повторно горди. Причината е да се врати надежта, причината е да се врати довербата во демократијата, причината е нацијата повторно да знае дека сите во политиката, вклучувајќи ги и шефот на државата или претседателката на државата имаат обврска во секој свој чекор и потег да се водат од националните од односно од државните интереси. Кога велам „Македонија повторно горда“, не можам да не споменам неколку ноторни факти. Прво, граѓаните имаат причина зошто да бидат горди. Се разбира, јас сум горда на предците, горда сум на оние што стојат зад трите Илиндени, горда сум на хероите. Меѓутоа мислам дека токму вредностите на кои се темелат трите Илиндени денеска не само што се погазени, туку и на оваа нација и на оваа држава и се заканува културоцид со одобрени, за жал, на оние во власта. Инаку, неслучајно е одбран овој слоган, мислам дека сфативме дека одност на овој свет на реализам, односно односот кон малите држави навистина треба да се проблематизира. Но, дека неслучајно големите и оние однадвор се однесуваат кон нас понекогаш како да не заслужуваме гордост. Зошто? Зашто погрешната слика за нас ја даваат оние кои треба да бидат најгорди, претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието. Нивната слика е сликата за државата. Тие не залужуваат гордост и во односите на сите кон нив, ова се повторува. Затоа мислам дека ако сами не се почитуваме, не треба и не можеме да очекуваме почит однадвор, ако сами немаме самодоверба нема да ни веруваат. Овие луѓе не заслужуваат доверба и тие знаат дека тоа не го заслужуваат и немаат ни самопочит. Мислам дека е време за длабоки промени, длабоки реформи! Време луѓето да се идентификуваат со оние коишто треба да ги застапуваат нив и националните и државни интереси, луѓе кои имаат самодоверба не затоа што попусто граѓаните им веруваат. Кога сте успешни вие верувате во себе и ја заслужувате довербата. Овие избори ќе доведат на власт луѓе кои заслужуваат доверба, луѓе кои се почитувани, луѓе кон кои оние однадвор и граѓаните ќе се оснесуваат како кон некој кој ја заслужува нивната доверба.“

Македонија | пред 1 година

sela-ahmeti

Една партија и печат, две коалиции: Села оди со ДУИ

Една партија - две крила. Зијадин Села ја носи Алијанса за Албанците во коалиција со ДУИ, додека, Арбен Таравари влезе во коалицијата „Вреди“ на албанската опозиција. Села посочува дека одлуката за коалицирање ја донело Централното собрание на состанокот во Скопје, а само еден бил против, додека 111 гласале „за“.„Одлучувавме и за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица воздржани за АА да биде дел од „Европскиот фронт“, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за да нашата иднина биде уште подобра. Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентарната група во Собранието. Но како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. „Европскиот фронт“ ќе биде апсолутен победник на изборите. Алијанса за Албанците ќе има минимум парламентарна група, рече Села.За поделбите во Алијансата за Албанците се пишуваше и во изминатиот период. Останува да се види - кој ќе го земе партискиот печат и чии одлуки ќе бидат легитимни.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари го претстави вториот дел од кабинетот на претседателот

"Почитувани сограѓани и претставници на медиумите, На минатонеделната прес-конференција ја имав честа да ви го претставам првиот дел од мојот претседателски кабинет, чиј состав ќе се гради врз принципите на инклузивност и меритократија. Со мене како претседател по нашата победа на 8 мај, Претседателството ќе биде институција отворена за секој граѓанин. Претседателството ќе биде и репрезент на реалноста на нашето мултинационално, мултиетничко и мултикултурно општество. Граѓаните заслужуваат да бидат претставени од квалификувани и докажани луѓе во различни области од јавниот живот, од најдобрите меѓу нив, чиј придонес ќе се прошири на сите слоеви на општеството. Денеска продолжуваме со претставување на уште една група експерти од мојот претседателски кабинет, кои се докажани професионалци во академскиот свет, во приватниот и во јавниот сектор. Покрај стручноста и професионалниот придонес, секој од нив ја докажал и својата посветеност на сеопфатен општествен напредок во одредени каузи. Овие луѓе најдобро ја знаат и ја претставуваат реалноста на нашето општество. Сите тие ја делат истата посветеност да им служат на граѓаните на Северна Македонија, без етнички, верски или политички разлики. Сега дозволете ми да ги претставам членовите на мојот кабинет кои се пред вас денес: Амбасадорот Халим Хида ќе биде дипломатски советник на Претседателството. Амбасадорот Хида докторирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет. Моментално е амбасадор на мирот во светот и претседател на Здружението на албанските интелектуалци во Куманово и Липково. Јасмин Калац ќе биде правен советник на Претседателството. Јасмин магистрирал право на Универзитетот Кирил и Методиј а докторирал кривично право на Универзитетот во Анкара. Јасмин работел во Основното јавно обвинителство Скопје, а сега е правник и предавач на Меѓународниот Балкански Универзитет. Урим Вејсели ќе биде советник за безбедност и заштита. Тој е доктор по политички науки, вонреден професор, предавач на повеќе факултети во Република Северна Македонија и Косово, гостин-говорник на Универзитетот Џон Хопкинс САД и на Институтот за одбрана за меѓународни правни студии во САД. Автор и коавтор на научни трудови со импакт фактор. Експерт за одбрана и управување со кризи. Др. Аријанит Река - портпарол, вонреден професор на отсекот хемија при Факултетот за математичко-природни науки, Универзитет во Тетово. Фулбрајт алумни од Соединетите Американски Држави, докажан професионалец, автор на многу научни публикации. Со овој одличен тим од докажани професионалци, имам непоколеблива доверба дека ќе ги носиме напред идеалите на ВРЕДИ, кои всушност се најточниот одраз на очекувањата и надежите на граѓаните за промени, просперитет и благосостојба за земјата и нивните семејства. Со овие луѓе со добра волја ќе ги надминеме предизвиците пред нас и ќе ја урнеме 22-годишната тиранија на владејачката партија. Затоа велам ПРОМЕНАТА ВРЕДИ. Почитувани сограѓани, придружете ни се на ова патување, со вашите идеи и барања. Јас и мојот тим сме тука да ве слушаме. Ќе слушаме, ќе разговараме и ќе се грижиме за секој од вас. Како претседател, заедно со овој тим, ќе бидеме обединувачки фактор и ќе работиме во најдобар интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но и на генерациите што ќе дојдат после нас.", изјави Арбен Таравари, кандидат за претседател на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

sela-1

Села со еден од двата албански блока или воопшто да не учествува на изборите

Таборот на Зијадин Села во Алијанса за Албанците утре на Централно Собрание носи одлука со кого и како ќе оди на избори.Пред себе ќе имаат два избора:заеднички настап со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ или со опозициската коалиција ,,Вреди“.Проблем е партискиот печат што оневозможува самостоен. Од Коалицијата Вреди го потсетија Села дека доколку одлучи да настапи самостојно претседателот на Алијанса Таравари веднаш ги даде печатите за да се завршат кандидатските листи.Таборот на Зијадин Села во Алијанса за Албанците утре на Централно Собрание носи одлука со кого и како ќе оди на избори.Пред себе ќе имаат два избора:заеднички настап со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ или со опозициската коалиција ,,Вреди“. Села пак вели дека има опција и да не одат воопшто на избори.Проблем е партискиот печат што оневозможува самостоен.Таравари му вети на Села ако одлучи да настапи самостојно и да не оди со ДУИ, претседателот на Алијанса Таравари веднаш ќе ги даде печатите за кандидатските листи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-27-at-12.12.29

„Не се плашиме од никакви санкциии“ - Јакимовски влезе во коалиција со ИНТЕГРА и ПЦЕР

ГРОМ на Стевчо Јакимовски, ИНТЕГРА на Љупчо Ристески И ПЦЕР на Самка Ибраимоски потпишаа договор за коалицирање. Коалицијата ќе се вика „Храбро за Македонија.„Храбро ќе излеземе, ќе се спроиставиме, народот мора да знае што подготвуваат и дека нивните предавства се бескрајни. Не се плашиме од никакви санкции, не се плашиме од ништо. Чесно, никогаш компромис не сме правеле со вистината и со честа. Затоа сме подготвени вака цврсто да застанеме зад интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Јакимовски.Тие ги соопштија и носителите на листи.

Македонија | пред 1 година

taravari3

Таравари се сретна со интелектуалци за претседателската програма

Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари денеска беше на тркалезна маса со академици и експерти од различни области.„На масата со интелектуалците се разговараше за претседателската платформа на кандидатот Арбен Таравари, како и за приоритетите на истата, а на неа присуствуваа еминентни личности како што е д-р.проф. Руфи Османи и уште десетици универзитетски професори, кои покрај конкретни предлози дадоа и силна поддршка на претседателската платформа на Арбен Таравари. Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови.„Денеска имав многу важна средба со универзитетска елита, академици и експерти од различни области, за Претседателската програма. Наскоро оваа програма, дизајнирана од најдобрите во земјата, ќе биде јавно претставена затоа што го заслужувате најдоброто“, вели Таравари.Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови“, велат од коалицијата.

Македонија | пред 1 година

iojj

Цензус или неизвесност, дали еден од седумте кандидати на седмите претседателски избори се сели на Водно

Кандидатите за нов татко на нацијата, најмногу досега, седум, добија и реден број на гласачкото ливче.Течат изборните рокови, а кампањата не почната официјално, е под полна пареа. Она што кај нас, според изборните правила е најтешко, да се има цензус на патот кон вила Водно.Изборот се врши со модифициран систем од два круга. Кандидат може да биде избран во првиот круг само ако добие половина од гласовите од вкупниот број избирачи, што и до сега се покажа е неизводливо.Доколку во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, во вториот круг можат да учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена.За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од вкупниот број избирачи. Доколку и во вториот круг не се исполнат условите, целата изборна постапка се повторува.Цензусот од 40 проценти е тешко остварлив, тоа го покажа и претходниот дуел меѓу Пендаровски и Силјановска. И тука на сцена стапуваат преговорите, пазарењата, интересите, но во секој случај одлучувачки ќе бидат гласовите на етничките Албанци.На 24 април ќе се почувствува пулсот, но на 8 мај ќе биде јасно кој се сели во претседателската резиденција. Или пак без доволна излезност ќе влеземе во нов лавиринт на неизвесност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски прв на гласачкото ливче, Силјановска по него

Државната изборна комисија денеска ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија.Прв на ливчето ќе биде Стево Пендаровски, а седми Максим Димитриевски, Гордана Силјановска ќе биде под реден број два.Вака ќе изгледа ливчето за гласање наседмите претседателски избори:1-Стево Пендаровски2-Гордана Силјановска Давкова3-Стевчо Јакимовски4-Бујар Османи5-Билјана Ванковска6- Арбен Таравари7-Максим Димитриевски

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кој прв, а кој седми, ждрепката во ДИК ќе го определи редоследот на гласачкото ливче

Државната изборна комисија ќе ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија.Денеска ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди.На седмите претседателски избори ќе се натпреваруваат:Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојанче Ангелов влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на политичката партија Достоинство и актуелен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.„Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои нудевме решение на овој апсурден проблем, добиваа постојана поддршка од страна на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ истите не поминаа. Секако дека проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители не е единствената причина поради која излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ, но поради политичка коректност во овој момент немам намера да навлегувам во понатамошни објаснувања“, пишува, Стојанче Ангелов во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-16.44.04

Промовирани адутите на ЗНАМ; Максим Димитриевски спремен да ги замени партиите кои владееа

Движењето ЗНАМ ги промовираше своите адути како носители на изборни листи за парламентарните избори на 8 мај.Прв во Изборната единица 1 ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.Носител на листата во ИЕ 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило.Носител во тројката е биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија.Носител на листата во ИЕ 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, а петтата изборна единица ќе ја предводи поранешната претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеник и потпретседател на СДСМ, Весна Бендевска.Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.Максим Димитриевски ги обвини СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во државата и рече дека е време да заминат.Тој нагласи дека сме Македонци и време е да бидеме свои на своето.,, Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат”, рече Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-12.34.53

(Видео) Објавени одлуките на Државната изборна комисија од денешанта седница

Денес, Државната изборна комисија ја одржа 89- тата седница на која комисијата ја донесе одлуката за јавна објава на описот на избирачките места за претстојните претседателски избори 2024 година.„Описот ги содржи сите стручно- технички детали во однос на избирачките места и истиот ќе биде јавно достапен на веб страната на Државната изборна комисија за да можат граѓаните во секое време да се информираат за избирачките места кадешто ќе може да го остварат правото на глас. Покрај тоа, Комисијата ги разгледа и Предлог програмата за задолжителна едукација на изборните органи, Предлог програмата за едукација на граѓани и Предлог програмата за едукација на други чинители во изборите. Програмите се детален приказ на процесот на едукација на сите чинители вклучени во изборниот процес, што ја спроведува Државната изборна комисија“, велат од ДИК.Сите предлог програми имаат за цел да придонесат за поголема професионализација на изборните органи, унификација и воедначена примена на изборниот закон, намалување на можноста од ненамерни пропусти што ќе ја подобри сликата на организација на изборниот процес.„Исто така целта за едукација на другите чинители вклучени во изборниот процес кои ги вклучуваат и политичките партии, медиумите и граѓанските организации, е потребата од правилно и прецизно информирање за изборните процеси за да се избегне можноста од пласирање на дезинформации. Со ова се очекува да се подигне довербата и кредибилноста во изборниот процес. Трите предлог програми беа едногласно усвоени од страна на комисијата и истите ќе бидат достапни на веб страната на државната изборна комисија“, додаваат тие.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања