Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

IMG_5081

Мицкоски: Пендаровски јавно да каже дали нема да го бојкотира вториот круг, откако ќе изгуби во првиот

„Стево Пендаровски освен тоа што цел мандат го помина како аналитичар без свое ја, а не претседател и личност со интегритет, ќе загуби катастрофално. Толку силно што во вториот круг нема да му се оди на избори. Овој Стево кој што ја прифати улогата на губитник, во неговото опкружување најмногу се плашеле од тоа како ќе го смират после првиот круг и како ќе го натераат да ја приврши кампањата до крај“. Истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем митинг во Скопје.Мицкоски упати прашање до Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски да кажат дали нема да го бојкотираат вториот круг на претседателски избори откако Пендаровски ќе изгуби во првиот круг.„Па од тука сакам да упатам јавно прашање до Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски доколку разликата во првиот круг помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и поразениот Стево Пендаровски биде со шест цифри, дали тогаш Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски ќе излезете и докрај ќе се борите за да изгубите целосно во вториот круг на претседателските избори или кукавички ќе бојкотирате“, праша Мицкоски.Тој додаде дека граѓаните во изминативе години видоа СДСМ и ДУИ на што се спремни и подготвени на секакви сценарија кога знаат дека ќе загубат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-21.16.20

(Видео) „Бог ја благославил Македонија, да живее - ја враќаме гордоста“ - Силјановска се обрати на митингот во Скопје

Кандидатката за претседателка на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова се обрати пред присутните пред Владата. Таа вети дека ќе ја врати гордоста во Македонија. Според неа, горди ќе бидеме кога ќе имаме пристојна држава, а по улиците ќе има студенти кои сакаат да останат овде.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

DSC_6017

Ваковска ја почна кампањата, Апасиев рече: Тачевизмот е највисок стадиум на заевизмот и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица кампањата, која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна со митинг во Струмица.-Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“На митингот се обрати и Сашко Јанчев, носител на листа во ИЕ4 кој кој рече дека Левица ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина - Рудникот во Иловица. „Левица нема да дозволи да има рудник!“, истакна Јанчев.

Македонија | пред 1 година

Kiril-Pecakov

Пецаков: Атмосферата и расположението во цела Македонија е во корист на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја преточиме во огромна разлика и историска победа на 24 април и 8 мај

Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ја има зафатено во изминатите 7-8 години, вели Кирил Пецаков во линковското вклучување во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.„Дополнително, сето она знае што го има, ние како држава треба да искористиме и спроведеме во наредниот период. Докажа и покажа дека е повеќе од достоинствен кандидат кој што Македонија може да ја води на вистински пат и Македонија заслужува да има претседател токму каков што е професорката“, рече Пецаков, повикувајќи ги македонските граѓани масовно да го дадат нивниот глас за професорката Силјановска Давкова.Тој се осврна и на работата на локалната власт при што истакна дека, динамиката и начинот на работа на сите градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува начинот на работа, принципот и динамиката на спроведување на сите работи ветени и на кои се обврзале во изборната кампања пред граѓаните дека ќе ги направат.Посочи дека токму тој ќе биде принципот и на работа на ВМРО-ДПМНЕ понатаму и во централната власт, додавајќи дека ние сме докажале дека за нас зборот е збор, дека секој проект што ќе го реализираме за нас постои отчетност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево: Покажав дека сум претседател на сите, така планирам и да продолжам

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со граѓаните на општините Кривогаштани и Крушево.На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома.Пендаровски пред присутните потсети дека во изминатиот период по ниедна основа ги нема делено граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.„Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани. Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува“ порача Пендаровски.Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава.„Крушево е столбот на државата, коренот на државата. Овде е направена Крушевската Република, оттука тргнува идејата за заедништво. Крушевскиот манифест ден денеска е модел по кој сите ние се носиме и немаме намера да менуваме, освен неколкумина од опозицијата“ порача Пендаровски додавајќи дека во главната опозициска партија нема никаква промена, дека таму се уште се истите ликови, истата матрица.Пендаровски, првиот ден од кампањата го заокружува со централен настан во Прилеп.

Македонија | пред 1 година

IMG_5067

Јакимовски: Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија

Кандидатот за претседател на коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска од Тетово со средба со граѓани ја почна кампањата за изборите.Во изјава за медиуми по завршување на средбата, Јакимовски посочи дека го слушнал проблемите на граѓаните и нивното незадоволство од досегашната ситуација во државата.„Со граѓаните на Тетово разговаравме за нивните секојдневни проблеми, секако најголемиот проблем претставува тоа што нивните деца бегаат надвор од Република Македонија и бараат подобар жкивот и заеднички констатиравме дека се е тоа резултат на лошо средена Република Македонија. Не е тоа толку до сиромаштијата колку до лошиот правен систем тоа е уште една причина зошто на највисоко ниво како кандидати треба да разговараме. Јас сум запрепастен како е можно кандидатите за претседател да немаат ниту една дебата. Имаме претседателски кандидати кои предлагаат промена на Устав, имаме претседателски кандидати кои предлагаат бришење на Македонците и правење граѓански устав, значи се обидуваат да направат тектонско пореметување на уставниот и полиитчкиот живот на Република Македонија“ порача Јакимовски.Кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ посочи дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешо од јавноста па затоа не сакаат дебати на кои сето тоа може да се открие.„Мислат дека со тоа што земале по 975 илјади евра со тоа добиле некоја предност, јас ќе им кажам дека парите се најмалку битни. Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија а кој се обидува да ги излаже“ порача Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ

,,Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот.Време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија.Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија.За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-10.07.21

Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа: На никого нема да му биде здодевно кога ќе зборувам

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен - вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Поднесовме листи за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори

,,Како најбрзорастечка партија во Република Македонија и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, Левица ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ - фактор кој нема да можат да го забиколат буржоаските партии.На овие избори, да ја вратиме државата на народот!”, велат од Левица

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-03-at-10.47.43

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори

До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024.Листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај, доставија:1.СДСМ( Kоалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ62.ВМРО- ДПМНЕ ( Коалиција Твоја Македонија) - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ63. ЗНАМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ64.РОДИНА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ65.АВАЈА- за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ66.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ67.ТВОЈА ПАРТИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ48.ГРОМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ69.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ610.ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ611.ДЕМОКРАТИ- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ612.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ613.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 614.Коалиција ВЛЕН - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ615.ЛЕВИЦА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ616.ДЕСНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ617.НОВА АЛТЕРНАТИВА - за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон.Државната изборна комисија проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 ст. 2, 3 и 4 од Изборниот закон, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

(Видео) Ковачевски раскажа за жешката ноќ, кога седеле со Стево и требало да се гласа францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски раскажа зошто го поддржува Стево Пендаровски за нов мандат. Посочи дека тоа било кога требало да се прифати францускиот предлог, со кој, Бугарите треба да се вметнат во Уставот, тој застанал рамо до рамо со него. Ковачевски рече дека тоа било жешка ноќ.Ковачевски раскажа дека тој и Стево се немаат окажано во најтешките моменти за нив.„Стево и јас требаше и мораше да ја донесеме одлуката“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јакимовски контра сите: ќе биде фер, ама Кодекс не потпишува

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо Јакимовски денеска во Државната изборна комисија не го потпиша Кодексот за Фер и демократски избори.Образложувајќи ја неговата одлука, Јакимовски рече дека одредени претседателски кандидати се фаворизирани наспроти другите и дека тоа се гледа и по распределбата на финансиски средства.- За да можеме денеска да бидеме овде, ние пред себе имавме два услова, а тоа се или да не кандидираат 30 пратеника или да собереме 10 000 потписи. Денеска дојдовме да потпишеме Кодекс за фер и демократски услови во кој, жал ми е што јас морам тоа да го кажам, одредени кандидати се максимално фаворизини, земајќи големи средства и кога ќе поделиме ќе видиме дека потписот што граѓаните го дале за нив, вреди 97,5 евра, а потписот што е даден за нас вреди 12,6 евра и ние сега треба да зборуваме за фер и демократски избори. Тоа ќе го голтнеме, но утрово ја добив веста дека се откажува мастер дебатата и мислам дека тоа не е во ред, не оди во духот на развој на демократските процеси, рече Јакимовски.Претседателскиот кандидат Јакимовски во своето обраќање јасно кажа дека нема да го потпишува Кодексот се додека не се организира дебата помеѓу сите претседателски кандидати.- Навистина е чудно, на локални избори да одиме на три дебати, каде разговараме за канализации, водоводи и паркови, а кога треба да разговараме за битни држвни работи, да немаме ниту една дебата. Мене ми е жал што ова го кажувам, длабоко се извинувам, јас Кодексот ќе го почитувам, но ако немаме дебати јас кодексот нема да го потпишам. Жал ми е што ова ви го кажувам. Јас на локалните избори имав нула средства за реклама, но имавме дебати. Сега со вакви минимални средства и плус се откажуваме од дебатите, сметам дека тоа не е во интерес на граѓаните и јас претседателе би ве замолил да ветите дека ќе организирате дебати и јас немам пробелм. ќе го потпишам Кодексот, во спротивно не сум подготвен. ДИК е должна да ги обезбеди сите услови за фер и демократски избори“ порача Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3289

Министерот Тошковски одржа состанок со оперативниот штаб за спроведување на парламентарните и претседателски избори 2024

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа работен состанок со раководителот и членовите на оперативниот штаб и раководителите на 8 помошни штабови формирани за спроведување на парламентарните и претседателските избори 2024. На состанокот, министерот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност и началникот на Одделот за униформирана полиција при БЈБ беше информиран за сите досегашни активности кои се преземени од страна на оперативниот штаб, како и оние мерки и активности кои треба да бидат преземени во наредниот период со цел да се овозможи организирано, синхронизирано и координирано делување на полицијата во насока на обезбедување на мирни и демократски избори, како и спречување на секаков обид за загрозување на изборниот процес. Во таа насока, досега одржани се и 5 состаноци со Државната изборна комисија, а во тек е обуката на полициските службеници за улогата на полицијата во изборен период.„Од моја страна беше дадена насока да се задржи високото ниво на будност и подготвеност на полицијата во овој контекст, како и да се стави акцент на прибирањето на оперативни информации со цел превенција на можни загрозувања на безбедносната состојба во овој предизборен период. Од страна на директорот на БЈБ и членовите на оперативниот штаб беше потенцирано дека безбедносната состојба е стабилна и дека полицијата е подготвена да се соочи со претстојниот безбедносен предизвик поврзан со организирањето на изборите“, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кандидатите за претседател ќе потпишат Кодекс, а колку ќе има фер и демократски избори?

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.Пред потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.Пред секои избори вообичаено се потпишува ваков Кодекс, но тоа не значи дека ќе се спроведе и во пракса. Веќе е почната црната кампања, лажните вести, недоличните навреди. Не се непознати и физичките пресметки, пукања па и жртви. Не е се до Кодекс и потписи, туку до реална волја и решеност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања