🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

IMG_3890

Бојмацалиев: Од 2017 година наваму полицијата професионално ги спроведува изборите

Денеска (08.05.2024), дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, го оствари своето демократско право на глас во Куманово.„Штотуку го извршив моето граѓанско право, гласав на Претседателски и Парламентарните избори. Она што можам да го увидам е дека на гласачките места гласањето се одбива нормално, нема поголеми гужви, полицијата е присутна на терен. Иминатите 100 дена на техничка Влада ги посетив сите полициски станици ширум државата, констатиравме дека полицијата е подготвена, изборите ќе се одржат безбедно, а граѓаните ќе го дадат својот глас слободно”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информации за текот на изборниот процес во Куманово.„На територија на Куманово немаме поголеми нарушувања на изборниот процес, има неколку пријави за пренесување на лица од едно до друго место за гласање, агитирање пред избирачко место, нешто што е вообичаено за сите избори во минатато”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека полицијата постапува по сите пријави.„Полицијата има постапено по тие работи, ги процесуираме, на крајот на денот очекуваме изборите да завршат безбедно и мирно. Сепак, сме земја членка на НАТО, земја која претендира кон ЕУ и е добро да покажеме и на овие избори како граѓани дека сме на добар пат, а ние како полиција од 2017 година до денеска дека професионално ги обавуваме своите службени должности”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-12.11.28

Во Кондово на секои 40 секунди поминува по еден гласач - се алармира за полнење кутии

На избирачко место 2452 кое се наоѓа во скопско Кондово имало полнење на кутии, јавуваат извори за „Скопје1“.Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица. Доколку се направи пресметка, ова значи дека на секои 40 секунди гласало по едно лице.Претходно, објавивме дека ваква појава имаше и во Чаир на првиот круг од изборите.

Македонија | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Три избирачки места во Скопје на секои 26 до 36 секунди гласал по еден гласач во првиот круг од изборите

Во скопски Сарај, за три изборни места за првиот круг на претседателските избори имаше сомнежи за местење на избори. Податоците покажуваа дека за два часа, гласале и по 271 лице. Тоа би било невозможно, особено ако се има во предвид дека тоа е од 26 до 36 секунди по човек.Најеклатантен пример е избирачкото место 2450 во с. Арнакиа каде во период од 11 до 13 часот гласале 271 лице што значи гласање по лице за 26 секунди.Второ избирачко место е 2438 во село Глумово каде во периодот од 13 ддо 15 часот гласале 213 лица што значи гласање по лице за 33 секундиТрето избирачко место е 2453 во Долно Свиларе каде во периодот од 11 до 13ч гласале 197 лица што значи гласање по лице за 36 секундиМногу специфично е избирачкото место 2454 во с. Долно Свиларе каде за 24 гласови има помалку евидентирано гласови како вкупна бројка него излезеноста во 18 и 30. Исто така на ова избирачко место од 11 до 15ч гласале 293 лица од вкупно 526 и е гласано во овој период за 51 т.е 47 секунди по гласач.Засега непознато е како на овие избори се одвива процесот на гласање, но и дали има зголемено присуство на полиција за превенција на изборни нерегуларности.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Бојкот на претседателски досега нема, но излезноста до 9 часот помала споредено со претходните избори, вели ДИК

Нема бојкот на претседателските избори смета претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој посочува дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател. Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници.„До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност за претседателските избори има во Пробиштип – 8, 85%, а најмала излезност е во Боговиње 0,57%. Споредбено со вториот круг од претседателските избори од 2019 година имаме намалување на излезноста од 1,99 на овие избори, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски.Укажа и на одредени технички проблеми.„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба“, вели Даштевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

(Видео) Сите поткупи од вчера: Се делеле бонови, пратеник користел тајни податоци, се сликале и листи на гласачи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека вчера имало незаконити настани пријавени во МВР. Денешниот пак, засега е мирен и поминува во демократска атмосфера.„Имало повеќе незаконити активности на територија на Македонија. Во СВР Охрид се констатирани незаконски дејствија од членови на избирачки одбори. Тие активности биле користени за информирање на одредена политичка партија кој гласал и за кого“, рече Тошковски.Незаконски активности имало и на подрачјето на СВР Куманово односно Крива Паланка.„Давани се бонови, кои што се искористувани од острана на членови на одредена политича партија, по напатствија на општинскиот огранок на политичка партија“, додаде Тошковски.И на територија на СВР Велес, МВР имало работа.„Со наредба на обвинител имаше претрес во домот на едно лице поврзано со одредена политичка партија - најдени се повеќе пиштоли, незаконски држени од него, парични средства од 20.000 евра, како и списоци на луѓе, за кои има претпоставка дека требало незаконски да бидат внесени во незакоснки активности, односно да бидат покупени. Лицето е во притвор“, кажа Тошковски.Имало повреда на изборниот процес на територија на СВР Охрид, во Кичево.„Повеќе возила се забележани кои биле управувани од лица кои вршеле поткуп во интерес на одредена политичка партија“, посочи Тошковски.Тој додаде и дека во Неготино: „пратеник од политичка партија, со искористување на податоци кои треба да бидат тајни однсоно средства доделени за ИПАРД-програми, се јавувал кај луѓе кои биле корисници на такви средства, влијаел кај граѓаните за кого да гласаат“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

За време на предизборниот молк регистрирани се следниве настани, за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.Во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.

пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Излезноста во странство е 25,38%, во затворите 60,46% за претседателските

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.Се уште се отворени шест гласачки места во дијаспората каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25.38 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што сеуште трае гласањето.14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено.Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 % за Претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91% гласале за избор на пратеници.Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10036 или 92.04 % за пратеници во законодавниот дом.Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Изборни нерегуларности уште денеска: фатени телефони, избирачки списоци и комуникации

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација.Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Охрид | пред 1 година

3

Лични карти можат да се земаат и утре

Граѓаните кои поднеле барање до 3 мај, ќе можат да ги подигнат своите изготвени лични карти и утре, на денот на двојните избори од 8 до 19часот.„Од 8 до 19 часот утре ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информираат од Министерството.

Македонија | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да гласаат за еден или за двата вида на избори

Утре ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори, заедно со вториот круг од претседателските избори.Секој гласач може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето демократско право.Според членот на ДИК, Бобан Стојаноски, Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден.,,Гласачот добива две гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или само едно гласачко ливче за изборите за кои се одлучил да гласа. Тој гласа сам и тајно зад гласачкиот параван”, рече Стојаноски на прес-конференцијата на ДИКОд ДИК апелираат до избирачките одбори и општинските комисии да ги почитуваат законите, Изборниот законик, упатствата и правилниците донесени од страна на ДИК, со цел успешно спроведување на двојните избори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Денес започнува гласањето на болните, затворениците и дијаспората

Денес започува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор, лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, внатрешно раселените лица и лицата од дијаспората.Вкупно 11.095 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас за вториот круг од претседателските избори, додека за парламентарните избори право да гласаат имаат вкупно 11.197 болни и немоќни.Со почеток во 7.00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2147 затвореници за претседателските избори односно 2140 затвореници за парламентарните избори. 534 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 20 центри за претседателските и парламентарните избори и двајца пријавени гласачи евидентирани како внатрешно раселени лица имаат право да гласаат на двата вида избори. Исто така во 7.00 часот во зависност од временската зона, гласањето започна и во Дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство каде се гласа само за претседателски избори. Во дијаспората своето право на глас може да го остварат 2569 избирачи, во 31 Дипломатски конзуларни претставништва или Конзуларни канцеларии.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Денеска гласаат болните, изнемоштените, затворениците и дијаспората

Согласно Изборниот законик денеска гласаат болните и изнемоштените лица и затворениците во казено-поправните домови. Од Државната изборна комисија информираа дека за вториот круг за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или 11.225 лица.Денес своето право на глас можат да го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.

Македонија | пред 1 година

izbori

Изборите ќе ги следат 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Утрешното гласање, вториот круг за претседател и парламентарните избори ќе ги следат вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Акредитирани се 1.078 домашни набљудувачи, потоа 770 странски набљудувачи. Вообичаено за меѓународните мисии е ангажирање на преведувачи, овој пат нивниот број е 85.Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, и 68 набљудувачи од Амбасадата на САД во Скопје.Интерес има и кај медиумите, според ДИК за известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари.Најголем е бројот од балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-MIckoski-1

Мицкоски со порака до народот: Ветуваме работа, макотрпна и посветена, ќе се бориме за вас и се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме

„Ние ветуваме работа и тоа макотрпна и посветена работа. Ќе работиме деноноќно за вас и ќе се бориме за вас. Ние се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме. Патот ќе биде тежок, но нема пречка што заедно нема да можеме да ја надминеме. Имаме знаење, визија, концепт како да одиме напред. Нашите политички противници ги знаете, видовте што може од нив да очекувате и не сакам ова обраќање до вас да го обременувам зборувајќи за нив. Се знаете, се е кажано, за жал сите живеевме во реалноста на нивната неспособност и алчност“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.„Но, сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и одлучност, и со гордо крената глава да ги победиме заедно“, рече Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека победата е на дофат.„Нашата победа е на дофат. Тоа ќе биде и ваша победа. Заедничка победа. Но не е доволно само да веруваме во подобро утре. Мора да дејствуваме. Мора да се мобилизираме и да гласаме. За да немаат можност да не уценуваат никогаш повеќе! За Македонија да биде повторно наша, Македонија повторно да биде горда, Гордана Силјановска Давкова за претседател, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ идна влада“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

Мицкоски: Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на ЗНАМ, тоа е една единствена Македонија, затоа да...

Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, нема градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на Знам, тоа е една единствена наша преубава татковина Македонија. Нема социјалдемократска или вмровска Македонија. Има само една Македонија. И ова е говорено многупати претходно но никој за жал ништо не преземал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Прилеп.„И се додека тоа не го разбереме сите, и одговорно се однесуваме кон тоа, затоа што е крајно време, и ова е ми се чини е нашата последна шанса, се до тогаш за жал, не е можен просперитет. Мора да разбереме дека има само една Македонија и сите сме нејзин составен дел и дека таа не е ништо без нас и ние без неа, и дека од тоа каква е и каква ќе биде, зависат нашите животи и животите на идните генерации“, додаде Мицкоски.Тој исто така додаде дека шансата за да се промени лошата реалност е на дофат со овие избори и треба само да веруваме дека можеме заедно.„Сето тоа зависи од нас. Имаме шанса и таа е на дофат, со овие избори. Мора само да веруваме дека можеме заедно. Да веруваме во Македонија и во нас самите. Но сакам да истакнам пред овие парламентарни избори и втор круг на претседателски избори, додека стоиме на работ од овој историски момент, јас сум благодарен и со надеж“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Во текот на целата кампања патувавме заедно водени од заедничката визија за посилна, попросперитетна иднина за нашата нација. Ја презентиравме нашата програма Платформа 1198, која е сериозна програма со многу проекти кои треба да ја променат лошата реалност и да донесат ред и развој, и да ја вратат државата во рацете на граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања