Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Повик за масовна излезност од Левица

„На ден пред двојните Избори - 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ - чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите“, велат од Левица и додаваат:Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика!Левицата, конечно, ќе се ослободи од транзициските клептомани на СДС на „Нашата Земја“ и ќе се стабилизира во силна и современа Левица, која почива на АСНОМските идеали и на поривот за слобода од канџите на профитот и националните предавства, на поривот за борба против олигархијата и на поривот да си ја вратиме Републиката во рацете на обичните луѓе.Повторно, низ цела Македонија, се вееше знамето на АСНОМ! Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак и секоја улица, преполни со вас, работни луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме квислинзи, ќе победиме пак!Левица е тука, со вас и за вас - Македонија ќе биде слободна и Нов свет ќе изградиме - братски!p.s. Благодарност до сите наши активисти, волонтери и симпатизери кои несебично се вложија во нашата изборна кампања. Без вас сме ништо, со вас сме сè!Се гледаме од собраниските клупи, со првата пратеничка група на Левица.#НеподмитливитеВоСобранието#Заокружи5

Македонија | пред 1 година

1-5

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

„Изборот никогаш не бил полесен. Изборот е дали Македонија ќе ја градиме како што ја сонуваа нашите предци или Македонија ќе ја уништуваат СДСМ и ДУИ. Изборот е дали ќе имаме нормална држава или држава која тоне во криминал и корупција. Овие шест и пол години како раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателот Христијан Мицкоски секојдневно се боревме со криминалната власт, не имаше секогаш кога е потребно на македонските улици, плоштади да се спротивставиме на предавствата, криминалот и корупцијата и 8 мај е денот кој го чекавме со години. Затоа 8 мај е круна на нашата борба, 8 мај е денот на победата, денот на кој нашата генерација добива шанса Македонија да ја направи пристојно место за живеење“, истакна носителот на Изборна единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.Тој продолжи и додаде:„На 8 мај одлучуваме дали во паника, Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби и Бујар Османи ќе ги враќаат духовите од минатото и ќе ги бакнуваат знамињата на УЧК или ние гордо ќе ги вееме нашите македонски знамиња. На 8 мај одлучуваме дали Македонија ќе се доиспразни или ќе има одговорност за криминалците. На 8 мај одлучуваме дали во Македонија ќе се градат патишта или Венко Филипче и Благој Бочварски ќе монтираат неизградени патишта на компјутер како луѓето да не гледаат што се случува“, вели Николоски.Тој истакна дека потребна е масовна референдумска излезност.„На 8 мај одлучуваме каде оди Македонија и затоа ни е потребна масовна референдумска излезност, а после тоа она што го ветуваме ќе го оствариме затоа што ние сме многу сериозни во нашите ветувања. Кога рековме не за промена на Уставот под бугарски диктат ние бевме сериозни во тоа и го направивме тоа, кога рековме битка со организираниот криминал и корупција ние бевме сериозни и не потклекнавме под ниедна уцена и закана, кога рековме ќе ја чуваме македонската национална гордост ние го направивме тоа, кога рековме градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат без скандали го рековме и го направивме тоа и затоа кога велиме влада без ДУИ ние го мислиме тоа и ќе го направиме тоа, ќе одат во опозиција и ќе одговараат“, посочи Николоски.Тој кажа дека овие избори се и за слобода на уставобранителите и правда за онеправдените.„Овие избори се и за слобода на уставобранителите и за правда на онеправданите. Овие избори се за над 3,000 семејства пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои беа жртва на политички прогон во изминативе шест и пол години. Овие избори се за правда, економски напредок за едно ново утре за сите вас, за сите нас“, дециден е Николоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Поткуп на избори: приведени се две лица во Чашка, полицијатa најде и пиштоли со куршуми

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избориДенеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело " поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело "поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во подкастот на Плусинфо истакна дека по победата следува одговорност за сите оние кои направиле криминал.„На памет не ми паѓа такво нешто, луѓето што ме знаат, знаат прво дека не сум човек кој што е одмаздољубив, иако морам да кажам дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ функциониравме и се уште функционираме во едни многу тешки времиња, со монтирани случаи, со стотици, илјадници луѓе затворани, прогонувани, само затоа што во минатото биле некако поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, биле активисти, функционери и така натаму. Морам да кажам дека се уште ние имотот како политичка партија замрзнат, иако имаме јасна пресуда на апелациониот суд дека треба веднаш да се отфрли сето тоа, да се прекине и да се ослободи партијата од октруираните судии кои што за жал еве уште не носат одлука согласно насоката на повисокиот суд, често пати и сметката ни била блокирана, нападите против мене, измислувањата, го ставам сето тоа во рангот на политичка битка.Иако нема да се сложам и да простам и нема да заборавам тоа што беше напаѓано моето семејство сопруга, деца, родители. Но јас и на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја трансформираме, да го испорачаме тоа што го ветуваме и за кое што се обврзуваме но морам истовремено да кажам и дека онаму каде што има индиции основани сомневања за сторен криминал за злоупотреби и така натаму сето тоа ќе биде истражено и доколку се обезбедат докази тие процеси ќе бидат изведени пред судовите во Македонија“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-15.51.49

Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.Дел од медиумите на албански јазик објавија и дека во седиштето на ВЛЕН имало средба на ниво Арбен Таравари-Хрисстијан Мицкоски.На социјалните мрежи и нова објава од Таравари: „Дојде време за Промена, дури и ние доцниме!“.Соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ е важна за овие две партии поради можен бојкот на претседателските избори. Според информациите кои ги пласира опозицијата, ДУИ има план да бојкотира, за да нема цензус. Тоа пак, ќе доведе до нови претседателски избори.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-3

Мицкоски: Владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред, бранот е голем, очекувам да стигнеме до или близу до 61 пратеник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот на Плусинфо истакна дека во Македонија владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред и додаде дека бранот за промени кај народот е голем затоа и очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник или да бидат блиску до таа бројка.Мицкоски потенцираше дека СДСМ треба својот пораз да го бара многу поназад не само во кампањава и овие неколку месеци, туку уште кога во услови на корона криза направија епска злоупотреба на државните ресурси, институции пари.Уште од тогаш постепено започна нивниот пораз и посериозно се случи на локалните избори кога имаа два убедливи порази и повторно се случи коалиција од позиција на опозиција да освои мнозинство на градоначалници и тоа требаше да биде индикатор. Затоа ние во тој период имајќи ги предвид интересите на државата, баравме предвремени парламентарни избори и на демократски начин да се испочитува волјата на мнозинството граѓани, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тогаш СДСМ одлучи преку насилни начини и чуден начин на водење политика кога исчезнуваа и пратеници, да опстојат на власт и да ги задржат фотелјите по било која цена.- Природно беше Зоран Заев кога поднесе оставка во СДСМ да поднесе оставка во владата и да одиме на избори, но тогаш на чуден незапаметен начин се постави Димитар Ковачевски и ќе дојдеме до заклучок дека тоа е првата посериозна грешка по локалните избори, а потоа потчинетата улога и неискуството на Ковачевски дојде до израз, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека тогаш во таква ситуација ДУИ се наметна, а СДСМ за да ја задржи власта влегуваше од грешка во грешка потчинувајќи се на политиките на ДУИ и тоа доведе чувство на апатија во Македонија.- Луѓето се чувствуваат дека имаме малкумина кои се привилегирани и граѓани од прв ред и мнозинство граѓани од втор ред и конечно затоа не чуди оваа бројка на овие избори и ако таа после втор круг се зголеми да надмине 550.000 или 600.000 гласа и не би се изненадил ако ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник или биде блиску. Тоа е така затоа што тие повторно водат чудна реторика и имаат погрешна порака, ништо не се промени кај нив, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-14.39.43

Арсовска се пожали дека граѓаните не ни знаат дека учествуваат на изборите: Дискриминирани сме

Претседателката на „Нова алтернатива“, Данела Арсовска, се пожали дека била дискриминирана од медиумите, па граѓаните не ни знаат дека се опција на изборите.„Во изминатите денови во рамки на кампањата за претстојните парламентарни избори, за жал сведоци сме на активна дискриминација кон Политичката партија Нова Алтернатива. Нашата поширока јавност и граѓаните, немаа никаква можност да се информираат дека воопшто сме учесници на овие парламентарни избори, бидејќи не немаше на најголемиот дел од медиумите во информативните програми и вести. Нашите ставови кои ги застапуваме, ги повторуваме со цел на овој последен ден пред крајот на кампањата и почетокот на изборниот молк, да го разбиеме медиумскиот молк кој за нас траеше за време на целата кампања“, вели Арсовска.

Македонија | пред 1 година

vlado-misajlovski

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа

„Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-06-11-171251

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда на Груевски.„Велиме дека Груевски бил најкриминализирана сила. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со кандидат за пратеник на црната листа на Америка. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со целосно неприродна соработка. Мендух Тачи го нарече Али Ахмети, убиец. Зијадин Села пак, рече дека тој бил организатор на 27 април, дека Али Ахмети ја нарачал неговата елиминација а сега ги здружуваат силите“, рече Снопче.Според него, ДУИ се уште не се изјасниле со која партија ќе коалицираат во идната влада.„ДУИ мора да каже. Ако сака да биде во владата, со која партија ќе коалицира. Не се изјаснија“, рече Снопче.Снопче додаде дека ДУИ од една страна ја критикува ВМРО, а од друга страна ги моли оние што ги критикуваат.„Следната влада ќе се создаде со 61 пратеник, затоа ја прашувам ДУИ со која партија ќе формира влада. Според резултатите од 24 април, ако ги претвориме во мандати, СДСМ ќе добие 24 пратеници. Максим Димитриевски рече дек не влегува во влада со ДУИ. ДУИ може да формира влада само со ВМРО, додека ВМРО изрази дека нема место за ДУИ во следната влада”, рече Снопче, апелирајќи до ДУИ да посочи со која партија ќе формира Влада.Снопче на крајот ја праша и ДУИ зошто не го поддржуваат Стево Пендаровски во вториот круг како што го поддржаа на претседателските избори во 2019 година како консензуален кандидат.

Македонија | пред 1 година

434212440_728473352737184_7566182527108880512_n

Пука ли тиквата меѓу НСДП и СДСМ?

Во неделата навечер, по митингот на Коалицијата за Европска Македонија во Струмица, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар на Собранието, Мики Милковски, се најде повреден од излагањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Милковски посочи дека не му е првпат на Ковачевски да ја споредува НСДП со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Оваа реакција доаѓа откако Ковачевски на митингот во Струмица посочи дека ЗНАМ е направена единствено за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и партијата НСДП во 2006 година. Милковски текстот го објави синоќа вечерта, но утринава, објавата ја нема на неговиот профил на „Фејсбук“.„Бидејќи Димитар Ковачевски последниве денови милува да ја споредува НСДП со ЗНАМ, а денес во Струмица истакнал дека сме ‘минорен коалиционен партнер’, мислам дека се има збунето и го фаќа лоша еуфорија. На VI Конгрес на НСДП го промовиравме како лидер на Коалицијата за европска иднина и овие 550 делегати му ракоплескаа и му дадоа ветер во грб и секако имаше многу подостоинствена и демократска атмосфера од Конгресот на СДСМ, ама изгледа има кратка меморија“, напиша Милковски.Говорејќи на митингот во Струмица за ЗНАМ на Максим Димитриевски, Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ, рече:„Јас постојано говорев дека тој политички субејкт е направен единствено и само за лична корист и поддршка на ВМРО–ДПМНЕ. На истиот начин како што беше направен и политичкиот субјект НСДП во 2006 и Демократската Алтернатива во 1998 година. Последниве два што ги спомнав едниот не постои, а другиот е минорен коалиционен партнер на СДСМ. Бидејќи на крајот сите се враќаат таму од каде што потекнале. Затоа што предавникот не што не го сакаат дома, најмалку го сакаат таму кајшто отишол да предаде. Ќе ги гледате овие од ЗНАМ кога ќе ги стават во последна клупа во Собрание после 8 мај и со наведнати глави, не што ние нема да им правиме муабет, овие од ВМРО помалку ќе им прават муабет. Но на крајот и тие и нивните поддржувачи и оние кои се сѐ уште во нашите редови и кои што ликуваат на резултатот кои тие го освоиле, а нивните другари со кои седат на маса не го освоиле, на крајот ќе се соочат со реалноста. Ќе бидат отфрлени, ќе бидат заборавени и на крајот, повторно ќе треба да се вратат во СДСМ, како стожерна, најсилна и најголема и единствена социјалдемократска партија во Македонија“.?t=3265Мики Милковски инаку на листата во ИЕ 2 на коалицијата, се наоѓа на десетото место, што е недостижно за влез во Парламентот.Од НСДП се уште нема друга реакција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Уште денеска кампања, од полноќ изборен молк

Кандидатите за претседател и политичките партии уште денеска се во трка по гласови и убедување на гласачите дека токму тие се вистинскиот и најдобар избор.Од ноќеска на полноќ настапува изборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во среда во 19 часот.Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.Утре гласаат болните и изнемоштените чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во притвор чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи и две внатрешно раселени лица.На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, поради граѓани кои во меѓувреме станале полнолетни.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

​​​​​Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Во склоп на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ,,ТВ Стар", Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна:,,Во поглед на економијата имаме два столба - првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната реформа - единствена партија сме којашто предлага прогресивен данок. Тоа значи богаташите да плаќаат повеќе отколку работниците."Изборите последниве години се паѓаат во работен ден. Првиот круг на претседателските избори се падна на 24 април 2024 година - среда. 8 мај 2024 година е повторно среда. Многу луѓе во приватниот сектор се на работа. Многумина работат во други градови и не можат да стасаат дома, за да гласаат.,,Ова е свесно, затоа што олигархијата работи за буржоаските партии - дпмне и сдс. Тоа е свесно направено со цел да се намали цензусот, но статистички гледано, секогаш, Парламентарните избори имаат повисок цензус од Претседателските. Очекуваме излезноста да биде поголема за десетина проценти и тоа е намерно така направено за да може само нивната администрација, која е клентелистички настроена, да гласа. Но дури и да работат фабриките, имате време да гласате и нашиот апел е - по работа или пред работа да излезете и масовно да го дадете гласот за Левица", вели Апасиев.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Дека мотивацијата по првиот круг од претседателските избори е зголемена, во интервју за ,,ТВ Стар" потврди Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.„Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање - првпат имавме претседателски кандидат и тоа е одлично искуство. Партијата продолжува напред. Отворивме над триесетина канцеларии во меѓувреме, во овие две последни години, така што мотивацијата е најмалку да го дуплираме скорот којшто го донесе професорката Ванковска", вели претседателот на Левица, Апасиев.Левица очекува поголем број пратеници на Парламентарните избори, за да може уште посилно да се бори против штетните политики и да ги застапува интересите на граѓаните, остварувајќи ја својата изборна програма.,,Поголем број пратеници од Левица во Собрание би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата. Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики: успеавме да спречиме етничка припадност во лични карти, приватизација на Брза помош, ги намаливме цените на болниците во време на ковид-криза, така што кога со двајца тоа го постигнавме, можете да замислите со 8 - 12 пратеници!"Оттука Апасиев порача дека гласот даден за Левица не е фрлен глас.,,Гласот за Левица е глас даден за една искрена, чиста опција којашто е единствена на левата политичка сцена. Бидејќи сега се остварува нашата прогноза за пасокизација на СДС, гласот за Левица е глас насочен кон правата левичарска опција во Македонија."

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Ковачевски: СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност

„СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца“, порача вечерва претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, од Македонски Брод.„СДСМ и Коалицијата за европска иднина на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина. Основната цел на нашата програма останува брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ, затоа што знаеме дека само на тој начин ќе обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, рече Ковачевски.Ковачевски посочи дека гласањето на претстојните избори почнува од нула и повика граѓаните да се приклучат на прогресивните и демократските сили и да гласаат за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија и претседателот Стево Пендаровски. Во обраќањето Ковачевски додаде дека граѓаните бираат во каква држава ќе живеат и или ќе се вратиме назад во криминалното владеење на Груевски и тоталитаризмот или ќе заедно ќе изградиме слободна и европска иднина.„Ние бевме меѓу граѓаните кога инфлацијата и енергетската криза беа сериозна закана за животниот стандард и стабилност во нашата држава. Бевме меѓу граѓаните за време на КОВИД кризата. И денес сме меѓу граѓаните. Добро ги знаеме вашите проблеми, вашите надежи и очекувања. Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки“, рече Ковачевски.Притоа, Ковачевски додаде дека во програмата се содржани конкретни чекори и политики за зголемување на платите и пензиите, мерки за поддршка на средношколците и студентите, економски пакети за земјоделци, како и реален и остварлив план за зајакнување на македонската економија.„Најавуваме одлучна и конечна борба против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Од тоа не отстапуваме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-21.24.06

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

„Начинот на кој што тие се обидуваат да ги добијат симпатиите кај гласачите не е поради тоа што имаат политичка програма, која што ја нудат или начин на кој што тие го артикулираат кон гласачите, туку едноставно тоа е притисок и состојба во која што сите тие заедно артикулираат една позиција која што не е во склад на демократијата“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Мицкоски додаде дека во првиот круг на претседателски избори можеше да се забележи дека имаше гласање кое што траеше помалку од една минута, а тоа е невозможно. Имаше гласање каде што луѓето излегуваат да гласаат за помалку од една минута.Тој посочи дека на тие избирачки места ВМРО-ДПМНЕ има набљудувачи, но тоа што го следеа набљудувачите е навистина катастрофално.„Ние затоа и ги повикавме институциите, затоа ги повикавме и меѓународните набљудувачи да излезат на терен. И ги потенциравме буквално сите оние избирачки места каде што имаме таков тип на девијантно однесување“, укажа тој.„Пред се зборуваме за општина Сарај, зборуваме за општина Липково, зборуваме за општина Арачиново“, појасни Мицкоски.Тој рече дека како да прави коалиција со луѓе кои што на насилен начин се обидуваат да ја освојат волјата на граѓаните. И се осврна на писмото на вицепремиерот на Влада кое што го испратил до одредени лица велејќи им да гласаат за него.„Денеска имаме ние писмо кое што го испраќа вицепремиерот на Влада, каде што вели луѓе јас како вицепремиер се заложив да вие добиете некаков начин на добивка и во име на тоа барам од вас да вие го дадете вашиот глас за мене“, појасни Мицкоски додавајќи дека обвинителството се уште молчи за овој случај.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања