Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2024-04-21-at-22.27.03

(Видео) Ахмети со закана до Мицкоски? Од плоштадот, лидерот на ДУИ му рече: Не започнувај беља, бирај ги зборовите, уште си млад!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не започнува беља. Ова од јавноста беше сфатено и како закана која ја упатил Ахмети до Мицкоски. „Не започнувај беља и бирај ги зборовите. Уште си млад и устата млеко ти вади“, рече Ахмети.По ова имаше скандирање среде скопскиот плоштад „УЧК, УЧК“ и „Али Ахмети“.А од говорницата, скандираше и Ахмети.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-21-at-20.51.17

(Видео) Бујар сака да биде претседател на цела Македонија, а без ниту едно македонско знаме држи митинг на сред плоштад во Скопје

Куп албански знамиња, но и знамиња на УЧК, на скопскиот плоштад каде митинг има ДУИ за да го промовира Бујар Османи за претседател. Но, ниту едно македонско знаме за кандидатурата на Османи за македонски претседател. Продолжи праксата за непочитување на Македонија, каде Османи сака да стане прв човек.На митингот има и знамиња на Америка, но никој од присутните не понесе државно знаме. Се веат и знамиња од Турција, како и знамиња на Европската Унија.[caption id="attachment_286986" align="alignnone" width="1012"] Screenshot[/caption]Плоштадот е полн, а ова е финален митинг, за промоција на Османи. Ќе говори и Али Ахмети.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-21-at-21.48.47

(Видео) Хаотична дебата на кандидатите за претседател: Непознати правила, Ванковска наречена „девица“, караница за време

Дебатата на седумте кандидати за претседател беше долгоочекувана, но според она што се гледа, но и коментира од граѓаните, е хаотична и без концепт. И кандидатите се во недоумица дали да дискутираат, дали реплицираат и кому реплицираат. Но врв на невкусот и недолично за Јавниот сервис е желбата на водителот да биде интересен. Сакајќи да ја претстави кандидатката Билјана Ванковска тој рече: „Стигнувам до политичката девица на овие избори. Зад себе има само професионална професорска кариера”.Освен што ова звучи непристојно, водителот заборавил дека Ванковска имаше желба да влезе во политиката и тоа како претседателски кандидат, но не успеа да собере 10.000 потписи.Потоа, збунетост имаше и кај претседателските кандидати.Водителот кажа дека времето истече, па Силјановска-Давкова рече: „А за сите морам јас?“, а водителот рече: „Во 30 секунди требаше да реплицирате, толку е. Има можност повторно за реплики“.Дојде на ред Стево Пендаровски, кој се збуни.„Чекај не знам, во однос на што беше контра репликата? Не знам, јас одговорив..“, рече Пендаровски, а Османи се нашали: „Можам јас да ја искористам“. Па потоа Максим Димитриевски ги објаснуваше правилата: „Контра реплика 30 секунди“..Силјановска-Давкова посочи дека не ѝ одговорила на Ванковска, а водителот наместо да даде простор за одговор, кажа дека правилата се такви што сите поминале на редот.„Сите поминавте, толку е, затоа реков, внимателно, запишувам“, рече водителот, па потоа, Димитриевски пак дообјаснуваше правила.Потоа, Ванковска кажа дека дебатата нема поента. А имаше и реакции за времето..

Македонија | пред 1 година

Aerodrom-11

Мицкоски: Убеден сум дека она што ќе се случи после 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи

Овие избори се референдумско изјаснување на македонските граѓа ни Македонија повторно да биде твоја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром при што порача дека прва на 24 април, потоа и на 8 мај следи огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата броејќи 61 пратеник и промена на власта.Мицкоски истакна дека ова ќе се случи не само затоа што на избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат нејзините поддржувачи, туку членовите и симпатизерите на партите на власт, затоа што тие се определени за национално единство кое што тој го предлагаМицкоски порача дека е убеден дека она што ќе се случи после 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи.„Првото, почитување на владеење на правото, правна држава и одговорност за тие кои што се огрешиле спрема законите. Вториот принцип е економски развој, подигнување на животниот стандард и подобар живот за сите граѓани. Третиот принцип е водење на достоинствена надворешна политика, која што ќе се темели на меѓусебно почитување и одбрана на националните и државни интереси. Четврто, почитување на човековите права и слободи. Македонија била и ќе остане слободна, независна и суверена држава. Пети, можеби и најважен Македонија да ја вратиме на народот. Македонија му припаѓа на народот, бидејќи сега е украдена од неколкумина, би рекол дел од раководството на ДУИ и уште малкумина измеќари од ДУИ кои што се сеуште раководство во СДСМ“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека за да стигнеме до сето ова, потребно е масовно да ја пренесеме пораката на единство околу двата основни столба, најпрвин на 24 април заокружувајќи го бројот 2 и да се гласа за идниот претседател на дравата Гордана Силјановска Дафкова, а потоа на 8 мај повторно да се обединиме околу бројот два.

Македонија | пред 1 година

IMG_3375

Пендаровски: Потребно ни е обединето општество, една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во предизборното соочување на националниот јавен сервис – Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека за жал сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.„Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа. Можам да кажам дека во тој дел ни претстои огромна работа, кој било да е претседател во следните пет години затоа што поделено општество по дефиниција не може да ги користи сите потенцијали кои му се на располагање.Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда“, рече Пендаровски и додаде дека ако се исклучи една категорија на луѓе, односно припадници на една политичка партија или по кој било основ не може да се напредува.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски уверен дека победува

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

„СДСМ го обезбеди членството во НАТО! СДСМ ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ние докажавме дека нема откажување од европскиот пат“, истакнапретседателот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 1 на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, на денешниот централен митинг, кој симболично се одржа пред седиштето на ЕУ во Скопје.Ковачевски им порача на граѓаните дека членството во ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во нашето општество.„Знаеме дека патот до ЕУ не е лесен. Свесни сме дека ЕУ не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија“, рече Ковачевски.Говорејќи за односот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во клучните моменти за државата, Ковачевски рече дека додека СДСМ ја внесуваше државата во НАТО и ги отвораше преговорите со ЕУ, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги заплашуваа граѓаните дека ќе останеме без јазик, без идентитет и без култура.„Докажавме дека таква опасност не постои. Македонскиот јазик е зачуван! Македонскиот идентитет не е чепнат! Македонската култура е призната и препознаена во целиот свет! Затоа нудиме и бараме национален консензуз, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат повторно своја приватна фирма, свој криминален вилает, за да крадат и грабаат!“, истакна Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

На овие избори не одлучуваме само која партија ќе ја води државата во наредните четири години туку и избираме помеѓу надеж за подобро утре и нема откажување од Европската Унија од една страна и безнадежност, изолацијаи рампа на патот кон Брисел од друга страна, порача претседателот на СДСМ на денешниот митинг во Скопје, на Коалицијата за европска иднина.„Правото на глас е највредниот симбол на демократијата. Затоа, многу е важно кому ќе му го дадете вашиот глас и правото да ја води државата во наредните четири години. Јас сум свесен дека таа одлука не е лесна. Но, запомнете, на 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. На 8-ми мај, а и во првиот круг од претседателските избори сега во среда, одлучуваме помеѓу надеж за подобра и просперитетна иднина во ЕУ и безнадежност, очај и враќање во мрачните времиња кога со Македонија царуваше менторот на Мицкоски – Никола Груевски“, рече Ковачевски.За време на својот говор, Ковачевски на бината ги повика и останатите 11 носители и ко-носители на кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.„Тоа се луѓе кои се спремни да ги вложат сето свое знаење, ветшини, искуство и капацитет во нашиот план за европска Македонија. Сите ние заедно нема да се откажеме додека не го исполниме ветувањето за подобра европска иднина за сите граѓани“, порача Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски од Чаир: На Македонија и треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.- Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.- Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-21-at-12.12.00

Мицкоски: По 8-ми мај следува економски бум, нема да се стимулира потрошувачката, туку инвестициите, ќе се слеат пари во реалниот сектор

Мораме да обезбедиме пари ако сакаме да ги креираме овие 55.000 работни места односно тие пари да влезат во бизнисот за да може реалниот сектор да ги креира. Многу од бизнисмените, многу од луѓето од реалниот сектор ми велат, имаме потреба од луѓе, имаме потреба од нови вработувања, сакаме да ги платиме, имаме побарувачка од нашите комитенти, но за жал во овој период сме, би рекол во гард, затоа што прво сме несигурни со бизнис амбиентот што владее во државата во целост. И второ, она што за нас е важно е дека практично не владее правото и законите насекаде, кажа претседателот Христијан Мицкоски во интервју за МИА.Тој нотира дека како идна влада нема намера да се занимава со стимулирање на потрошувачката, туку со стимулирање на инвестициите и тоа е начинот на којшто ќе се зголемат параметрите, кои ќе треба да носат повеќе приходи во буџетот, а од друга страна да има контролирани расходи, што пак ќе значи раст на БДП.Претседателот рече дека за изборното ветување за креирање на 55 илјади нови работни места, веќе разговарал со пријатели коишто се дел од структурата на инвестициски финансиски фондови, држави од каде што очекуваат исклучителна поддршка и помош.Тој исто така потенцира дека парите од ветувањето за покачување на пензиите за 5.000 денари во првата година од мандатот се веќе обезбедени преку димензионирање на проектите и програмата со која истапи ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

51341345

(Видео) Фирмата која направи милиони од државни тендери, сега го спрема митингот на ДУИ на скопскиот плоштад

Тетовската фирма „Арберија дизајн“, која доби многу државни тендери кои тежат милиони, сега работи на сценографија и озвучување на митингот на ДУИ во центарот на Скопје. Неколку брендирани комбиња и десетици работници се ангажирани за да го подготват теренот за вечерашниот митинг на Али Ахмети.Потсетуваме дека во август минатата година, „Арбериа дизајн“, која со години добива тендери од државни институции предводени од ДУИ, била единствен понудувач на повикот за организирање настан за 22-годишнината од Рамковниот договор и доби нови сто илјади евра. Само во средината на летниот период минатата година, „Арбериа дизајн“ доби четири тендери од државни институции предводени од кадрите на ДУИ – тендер на Комисијата за хартии од вредност каде претседателка е Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ, тендер на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, тендер на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и тендер на универзитетот Мајка Тереза.„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-21-at-10.56.57

Ковачки: Покрај Клиничка болница и обиколница, со проектот за 250 милиони евра годишно за општините Штип ќе добие нов булевар и реконструкција на тврдината Исар

„Покрај изградбата на Клиничката болница во Штип и обиколницата околу Штип како и физибилити студијата за поврзување со железница на Штип со Струмица, со проектот за 250 милиони евра за општините за Штип предвидуваме комплетна изградба, нов булевар Партизанска, предвидуваме комплетна реконструкција на тврдината Исарот и предвидуваме водоводна линија 2“ вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3 и додава:Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт тогаш во Македонија и Штип се гради.Затоа ве повикувам во среда сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за градење, за развој на Македонија за развој на Штип.

Македонија | пред 1 година

vmro-dpmne-ohrid-2

Уште два дена кампања до претседателските избори: кој каде ќе митигнува

Карваните крстосуваат низ земјата, денеска и утре ќе бидат упатени последните пораки од претседателските кандидати.Пред зградата на ЕУ во Скопје, СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски во 13 часот денеска ќе одржат централен граѓански митинг, на кој ќе се обратат претседателот на ПЕС Стефан Левен, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, како и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Предвидено е куси обраќања да имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалицијата.Главен митинг на плоштад „Македонија“ во Скопје, денеска ќе одржи и коалицијата предводена од ДУИ „Европски фронт“.Поради двата митинзи, МВР уште од синоќа спроведува посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје со затворање на делници од булеварите кон зградата на ЕУ, додека вечерва ќе има времено затворање на улици и булевари кои водат кон плоштадот Македонија.Албанската опозициска коалиција „Вреди“ ќе одржи митинг на плоштадот во Гостивар.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе одржи прес-конференција пред Националната и универзитетска библиотека,, Св. Климент Охридски“ во Скопје, на која ќе се обрати носителот на листа во Изборната единица 1, Бобан Карапејовски.Својата програма пред граѓаните денеска ќе ја презентира и Работничката партија, која во Струга ќе оствари средба со граѓаните пред Соборниот храм „Св. Ѓорѓи“.Првиот круг од претседателските избори кои ќе се одржи во среда, на 24 април а парламентарните избори на 8 мај, кога веројатно ќе се одржи и втор крут од претседателските избори.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски со одговор до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг и во Берово, каде пред присутните се обрати и претседателот Христијан Мицкоски, кој му одговори на Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија.Мицкоски му порача на Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата.„Кое ЕУ господине Ковачевски??? Вие ли сте ЕУ кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа државава и со највисока инфлација. Албанија спрема вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие... каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете“, рече Мицкоски.Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, такви само во затвор може да примат.„Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од се прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред се. ЕУ е систем на правда и напредок“, истакна Мицкоски.Вие, додаде Мицкоски, сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните.„Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборите. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас ЕУ нема. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. Еу има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски.Рече дека нивното време е одброено, дека поразот ќе им биде голем и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ, затоа се важни граѓаните и народот на Македонија и затоа многу е важно да има голема излезеност.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski

Ковачевски: Со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина

Знаеме дека патот кон ЕУ воопшто не е лесен, знаеме и дека тие не беа секогаш фер кон нас. Но, само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.Ковачевски нагласи дека само, заеднички и одлучно, можеме Македонија да ја направиме едно убаво и пристојно место за живеење на сите нас.Изборот на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски, потенцираше Ковачевски.Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски наглади дека со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина.Излезете на 24 април и на 8ми мај и заокружете го бројот 1! Дајте го гласот за Европска Македонија и заеднички, да им обезбедиме сигурна иднина на нашите деца и идни генерации. Нема откажување од иднината!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања