Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

Мицкоски: Внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада, не ја гледам потребата за внесување на Бугарите кои ги уживаат сите права

Бугарски диктат не можеме да прифатиме. Од друга страна ги гледаме дел од претставниците на меѓународната заедница кои велат ние сме гаранција дека ова ќе се спроведе, а ние велиме во ред од вас сме слушнале многу гаранции. Но, ајде да земеме да работиме и да бидеме конструктивни, уверете ги вие Бугарите дека тоа што е одлука на европска институција треба да се почитува, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање за одложено важење на евентуално прифаќање на уставните измени за време на гостување на централниот Дневник во „Тема на денот“ на телевизија Сител.Мицкоски укажа дека внес на Бугарите во Уставот е диктат прифатен од оваа Влада укажувајќи како да се верува дека ова ќе е последно барање на патот на Mакедонија кон Европската унија.„Ако вие не можете да ја убедите Бугарија да почитува одлуки на европски институции, а Бугарија е потписник на Конвенцијата за човекови права како да веруваме. И ако вие не сте во можност да ја убедите Бугарија како да веруваме дека ова е последно барање и дека нема да има други барања. Ние бараме еден вид гаранција дека нема да има други барања и други понижувања“, кажа Мицкоски.Според Мицкоски главно е што според Уставот права уживаат сите етнички заедници подеднакво.„И доаѓаме до главното нашиот Устав е таков да правата на секој граѓанин без разлика на етничка припадност е загарантирана. Нашиот Устав не завршува со тоа што се почитуваат правата на наведените туку на сите. Ние многу проголтавме изминатите години“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада и оти не ја гледа потребата за внесување на Бугарите во Уставот, бидејќи како што рече според Уставот сите припадници на заедници ги уживаат сите права.

Македонија | пред 1 година

IMG_3477

Пендаровски: Првиот изборен круг е само загревање

Во вечерашното издание на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски зборувајќи за очекувањата од првиот круг на изборите истакна дека не се согласува со одредени анкети според кои Гордана Силјановска-Давкова е фаворит и дека би победила во првиот круг.„Јас мислам дека во првиот круг во однос на разликата, се разбира од почит кон другите кандидати не кажувам кои се двајцата фаворити, меѓутоа јас мислам дека со седуммина во трка и го знаете идеолошкиот, политичкиот профил на секој од нив, никој не е сосема нов – разликата меѓу првите двајца ќе биде многу мала. Значи нема да биде 100 илјади или над 100 илјади, што е добро за неизвесноста во вториот круг. И ако биде мојата позиција, евентуално број 2, на крајот, а не број 1 во првиот круг, знаете дека првиот изборен круг за претседател е само загревање за вториот круг кога конечно се решава“, потенцираше Пендаровски.Во оваа насока тој додаде дека кога граѓаните одбираат меѓу седум кандидати за претседател невозможно е разликата меѓу двајцата што ќе влезат во вториот круг да биде со троцифрен број, како што сака да верува ВМРО-ДПМНЕ.„Има една индикативна работа. ВМРО-ДПМНЕ и во однос на парламентарните избори постојано се расфрла со бројки на пратеници - блиску сме до 61, дајте ни уште малку поддршка, наближуваме 61, па лицитира 55, 57 итн. А за претседателските избори лицитира со 100 илјади гласа разлика, најмалку 100 илјади. Па повикува, прашува дали ќе се откажам, ако биде таква разликата. Меѓутоа индикативно е дека никогаш не кажува како ќе биде разликата на крајот и кој ќе биде победник на крајот“, подвлече Пендаровски.Иако, како што додаде, излезноста на граѓаните во вториот круг ќе биде поголема поради совпаѓањето со парламентарните избори, Пендаровски истакна дека првиот круг на гласање, в среда на 24 април, ќе го најави победникот на 8 мај.„Јас мислам дека првиот круг е битен, многу побитен овој пат од другите претходни други први кругови затоа што ќе се оцрта расположението на граѓаните и лесно ќе се предвиди исходот во вториот круг“, рече тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ахмети направи грешка, на крајот од кариерата наместо како идеолог ќе заврши како ситен криминалец, ќе му преседнат и млекото и кексито, вели Мицкоски

„Ахмети одамна го има поминато рубиконот и тие неколкумина околу него кои го советуваат и мислам дека прави голема грешка. Прво создава револт кај Албанците кои се анти ДУИ, што не се задоволни од политиката на ДУИ, бидејќи ги злоупотребува Албанците и се обидува да наметне монопол на македонската политичка сцена. Дополнително мобилизира анти ДУИ расположение кај албанските гласачи и тие во голема мера ќе го гласаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и професорката Силјановска“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител во „Тема на денот“.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„Втората грешка е што човекот кој се колне во условно кажано европските вредности покажува на отворена сцена едно недолично, некултурно однесување, навредува и мислам дека на сите им е јасно за каква личност во суштина станува збор. Жалам што на крајот од својата политичка кариера наместо идеолог тој го покажува сиот свој примитизам во полн ек, но тоа е претпоставувам негова одлука и одлука на тие што го советуваат. Трето, жалам што исто така криминалот кој го објавуваме на јавноста, а кој е поврзан со ДУИ или семејството Ахмети тој го претставува како одбрана на албанските национални интереси и пропушта шанса да ако се претставува како човек кој бара право да важи, да има правдина во Македонија тогаш треба ова се да го осуди, но за жал тој не само што не осудува туку тој се претставува како голем заштитник на сето ова, криминалот на семејството Ахмети и на првенците на ДУИ дури и најголемиот дел од Албанците во Македонија со презир го отфрлаат и го одбиваат да го прифатат“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека сето ова кога се става на едно создава страв и паника кај Ахмети од резултатот и поразот кој следи.„Сето ова кога ќе се стави на едно тогаш се создава кај него страв и паника од резултатот и поразот кој следи на следните избори. Чувството дека после 20 и кусур години ќе биде во опозиција, но и стравот дека кога ќе е во опозиција ќе не може да ги користи методите кои ги користеше досега ДУИ предводена од него и стравот дека наместо како идеолог како што пледира да се претстави забарикадиран во тврдина со камен ќе биде еден обичен ситен криминалец и така ќе заврши својата политичка кариера. Мислам дека млекото и кексите ќе му преседнат многу скоро“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати европски пари искористени и вградени во македонското земјоделство, истакна Николовски.Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација.Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

2Misajlovski

Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ директно ќе го помагаме спортот со 50 милиони евра пари од буџетот за четири години

,,Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство.Денеска да сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел.Како што можев да слушнам, подготвува уште нови вакви позитивни работи за Бутел. Во наредниот период, за еден месец ќе започне уште два три нови спортски терени. Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд.И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво.Но, исто така, многу важен проект е што Дарко во општината Бутел ова го прави од сопствените средства, а ние како нова влада ќе се потрудиме 250 милиони евра годишно да даваме на сите општини, буквално на сите општини во Македонија. И огромен број на средства ќе завршат тука во Бутел каде што Дарко ќе може да прави многу проекти и во следниот мандат, се разбира, каде што ќе гледаме многу нови улици, нови паркови. Ќе гледаме нови вакви игралишта и се разбира многу покрупни проекти, затоа што навистина Бутел ги заслужува.Честитки до Дарко и до неговиот тим, се разбира и до сите останати што помагаат за вакви убави комплекси.И сакам да ги поканам сите граѓани за позитивни промени во Република Македонија да го дадат гласот за бројот два, да гласаат за Гордана Силјановска Давкова уште на 24, а се разбира на 8 мај сплотено, заеднички да ја направиме најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата.", изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство.Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4.„Нова мерка која ја воведовме е поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Преку оваа мерка тутунарите добиваат право и на мерката зелена нафта во висина од 12.000 денари“, изјави Филипче.Тој појасни дека предвидена е дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.„До 2016 година тутунарите добиваа субвенција од 60 денари по килограм за сите класи. СДСМ субвенцијата уште на почетокот од мандатот ја зголеми 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета класа по килограм тутун. Со зголемување за 20 денари на субвенциите за сите три класи предаден тутун за реколта 2023, субвенцијата за прва класа тутун за прв пат достигна 100 денари“, вели Филипче.Филипче потсетува дека сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот.„Тутунот од ланската реколта има рекордна откупна цена од 365 денари. За минатата година исплатени се 1,5 милијарди денари субвенции за 14.300 производители на тутун. Не ги оставивме тутунарите да чекаат да им се откупи тутунот, реколтата за 2023 година беше откупена до последен лист. Ги слушавме тутунопроизводителите како да им ја олесниме процедурата за откупот, затоа ги укинавме белите картончиња со што сложени процедури повеќе не постојат“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

„Имаме вредни земјоделци, трудољубиви фармери и европски можности. Наредните четири години нашето земјоделие ќе го развиеме за да може да обезбедува стабилно и сигурно снабдување со храна, a Македонија ќе биде извозник на храна. Ќе одвоиме финансиски средства за поддршка на малите и средните земјоделски стопанства, како што се субвенции за модерна опрема. A ќе обезбедиме и обука за одржливи технологии и финансиска помош за органско и традиционално производство на култури за секој земјоделец да има можност да ги освои регионалните и европските пазари.“ , изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешната прес-конференција која се одржа во Бутел, Скопје.Тој потенцираше дека во наредните четири години, во следниот мандат на Владата предводена од СДСМ, земјоделците ќе добијат поддршка од 1,35 милијарди евра! Од нив, 750 милиони евра ќе бидат директна финансиска поддршка за земјоделскиот сектор, а 600 милиони евра ќе се искористат за капитални инвестиции за проекти од руралниот развој.„За тоа дека ова не се празни ветувања, зборува и тоа што го направивме, градевме и обезбедивме вода за земјоделците да произведуваат повеќе. СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, капитален проект вреден 40 милиони евра, со кој на 4.000 хектари обработлива површина ќе се наводнува, и ќе се произведува повеќе храна. Завршени се и браната Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица.“ – истакна БитиќиСо фокус за развој на европско земјоделие, во наредните четири години Битиќи посочи дека ќе имаме рекордно производство на храна во износ од преку една и пол милијарда евра, а приходите од извозот на прехранбени производи ќе изнесуваат 1,25 милијарди евра.„Ова не се само бројки, тоа е нов потенцијал за економски раст и развој, чии бенефиции ќе ги почувствуваат сите земјоделци. Ќе го зголемиме износот за грантовите од 10.000 на 15.000 евра – цели 50%, за поддршка на младите земјоделци кои сакаат да започнат со земјоделска дејност, а дополнително обезбедуваме и 40% авансна исплата на тие средства.“Зборувајќи за предизборната „Програма за европска иднина“ на СДСМ, тој најави дека во наредните четири години тој најави дека ќе се зголеми поддршката на секој производител на вино од 10.000 на 15.000 евра, поттикнувајќи го претприемништвото и иновациите во нашата лозарска индустрија.„Поддршката кон малите дестилерии почнувајќи од 2026 година ќе ја зголемиме, од 5.000 евра на 10.000 евра. Најавуваме нова мерка: почнувајќи од 2025 година, со 10.000 евра ќе ги поддржиме семејните домаќинства во рурални предели за да го развиваат туризмот и да создаваат можност за ноќевање и угостителски услуги.“ – истакна Битиќи.Битиќи на крајот на изјавата кажа дека СДСМ има конкретни, издржливи и остварливи мерки за идниот развој на нашето земјоделие.„Затоа, не се откажуваме од иднината на нашите земјоделци и ќе им овозможиме пристап до европските пазари.“ – рече тој.За крај, тој кажа дека за само два дена ќе бидеме пред првиот избор за тоа каде сакаме да одиме, дали сакаме да се движиме кон Европа и создавање европски стандард дома. Затоа на 24ти треба да знаеме дека гласот за број 1, односно гласот за Стево Пендаровски е глас токму за тој пат. Пат кон просперитет, развој, европски пат и пат на обединување и стабилност.

Македонија | пред 1 година

IMG_3514

Спасовски: Во следните 4 години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Носителот на листата за ИЕ 2 на Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, денеска се обрати на прес-конференција која се одржа во Скопје.„Европската иднина значи европски животен стандард за сите граѓани, европски плати и пензии, пристап до европскиот пазар и развој на микро, малите, средни и големи компании, шанса за надминување на рекордот што го постигнавме во странски инвестиции. Значи европски квалитет на услуги и задолжителна реформа на правосудниот систем по европски пракси”, порача Спасовски, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.„Ние ветуваме дека ќе обезбедиме просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, просечна пензија од 30.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари, нови 180 милиони евра државна помош за домашните фирми, нови странски инвестиции и кажуваме како. Веднаш по формирањето на новата Влада ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија, ќе ги завршиме во текот на следниот мандат и до 2030 година ќе влеземе во ЕУ”, рече Спасовски, наведувајќи ги придобивките од членството во НАТО.„Видовме што донесе членството во НАТО. Донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, во најкризната година 2022 година за целиот свет. Речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра. Донесе повеќе пари во државниот буџет. Од нив, со над 100 милиони евра поддржавме над 919 компании, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Европската Унија сега има удел околу 65% од вкупниот број на странски директни инвестиции. И овој процент очекувано ќе се зголеми со полноправното членство”, истакна Спасовски, додавајќи дека членството во ЕУ носи нови инвестиции.„Како членка на Унијата, меѓу европските држави, дополнително ќе ја зацврстиме стабилноста во Македонија. На овој начин ќе привлечеме нови странски инвестиции. Ќе овозможиме излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе и нивен сигурен развој. Така ќе постигнеме европски приходи и европски животен стандард во нашата држава. И тоа во предвидлив рок, во следните 4 години”, рече Спасовски.Спасовски се осврна на немањето на став во редовите на опозицијата по прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.„На спротивната страна од нашата европска визија е нејасен концепт на деструктивната опозиција, на чело со наследниците на Никола Груевски и Хрустијан Мицкоски, кои претендираат да се дограбат до власт со квази партиотизам што носи нови години, можеби и децении неизвесна иднина, опасност, нестабилност. Тие имаат нејасни и променливи ставови за Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Рамковниот договор. Водејќи се од штетни популистички политики, за теснопартиски интереси се подготвени да ги закочат евроинтеграциите. Со тоа што ќе ги доведат во прашање стартешките партнерства со државите од ЕУ, САД и НАТО, кои се најголемите инвеститори во државата, ја носат земјата во изолација. На овој начин ќе ја загрозат и егзистенцијата на граѓаните и на фирмите. Ако не е така, тогаш нека бидат чесни и нека кажат - каква иднина ќе градат, ако таа не е европска? Бидејки, граѓаните имаат право да знаат што ги чека. Но не кажуваат”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ и европската коалиција граѓаните добиваат европска иднина и ги остваруваат стратешките интереси важни за граѓаните и државата.„Со СДСМ и европската коалиција, граѓаните знаат – ги чека европска иднина.Но, сите искусивме и знаеме што значи неевропска и недемократска власт. Значи повторно уназадување на слободата на говор и на демократијата, за да не се слуша што се прави. Закани за затворања медиуми, фирми и поединци неистомисленици. Изолација од демократскиот свет. Во предизборната реторика го враќаат на преиспитување и „Рамковниот договор“, а овие несериозни и штетни неевропски наративи се закана и за домашна дестабилизација и враќање назад, во мрачното минато од кое едвај излеговме. Ја вративме слободата во 2017 година. Обезбедивме домашна стабилност со концептот Едно општество за сите. Станавме членка на НАТО. Ги отворивме преговорите со Европската Унија. Ги осигуравме територијалниот интегритет и идентитет. Јас сум првиот кој од позицијата министер за внатрешни работи, пред една година го потпишав првиот договор со ЕУ, на македонски јазик! Пример сме успешна мултиетничка демократија и денес и ние сме ѝ потребни на Европа во актуелниот геополитички контекст. Ова е момент за европска иднина што не се пропушта.Во среда, на 24 април да гласаме за број 1 - за нов мандат на Стево Пендаровски. Следната среда, на 8 мај да гласаме за број 1 – за нов мандат на Социјалдемократскиот сојуз, преводник на новата проевропска влада и на европските промени”, подвлече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

,,Изборот е кристално јасен, изборот е помеѓу подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните, туку ги обединува.На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на Белата палата, туку вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност, туку напредок и членство во ЕУ.На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Гласот за број 1, за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: „Европскиот фронт“ е фронт за криминал и корупција

„И да се случеше измена на Уставот, немаше да станеме земја членка на ЕУ. Промена на Уставот не е прашање број еден за влез во ЕУ, туку прашање број еден е корупцијата и криминалот во Македонија. ЕУ не сака држава членка во која што цветаат криминалот и корупцијата“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 во гостување во емисијата на ТВ21.Стојаноска додаде дека потребни се соодветни и компетентни луѓе за надворешна политика.Таа во текот на своето гостување додаде дека во овие седум години СДСМ ништо не направи, дури и тие се виновни за оваа промашена економија која најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Тендери во 4 очи секојдневно се склучуваа и се богатеше актуелната власт.„Сега од СДСМ можеме да слушнеме најубави ветувања, затоа што нема да има можност да ги реализираат. Но, морам да потсетам дека за седум години потрошија 20 милијарди буџетски средства, а не видовме ниту една капитална инвестиција, ни нов Клинички центар, ниту автопатот Кичево – Охрид, по година дена потпишување договор „Бехтел и Енка“ не е ништо започнато. Така да сега можат да ветат се, но тие треба да дадат отчет и да одговараат зошто не реализираа ништо“, заклучи Стојаноска.Таа нагласи дека крадење веќе нема да има, СДСМ заминува во опозиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се што ветува во кампањата се ќе исполни и реализира.„Во Македонија поради актуелната власт царува криминалот и корупцијата. Ниту една акција на очигледен криминал не преземаа“, укажа таа.„Ние денеска сме на дното, заглавени во криминалот и корупција. А, власта вели дека цветаме и дека се е во ред“, рече Стојаноска.Таа укажа дека „Европскиот фронт“ е фронт за криминал и корупција. Сиромаштијата и бедата во Македонија е резултат на енормниот криминал и корупција кои ги има поради актуелната власт. Во Македонија разочарани се сите и Македонци, Албанци, Турци и Власи.„Не може да се обединуваме со луѓето кои што го искористуваат лажно името „Европски фронт“, а во суштина тоа е фронт само кражби и пљачки. Тоа е фронт за криминал и корупција. Името на ЕУ го злоупотребуваат“, нагласи таа.„Од програмите на СДСМ кои повикуваа „Живот за сите“ и „Едно општество за сите“ донесоа како резултат само беда и сиромаштија. Иселувањето од Македонија е резултат на бедата и сиромаштијата“, појасни Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

,,Се што ветивме за земјоделците досега, исполнивме.Зелена нафта, авансна исплата на субвенции, ИПАРД грантови за мали производители.Во наредниот мандат продолжуваме со рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, кои ќе бидат наменети за модернизација, за поголеми приноси, за подобар квалитет, за извоз на македонското земјоделство.Обезбедуваме 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат.Имаме конкретен план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вложуваме нови 100 милиони евра во руралниот развој.Предводуваме поддршка за сточарството, за винариите, за младите земјоделци, за жените земјоделки.Од 10 на 15 илјади евра го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци.Ќе има инвестиции во системите за наводнување, со кои обезбедуваме наводнување до нови над 21.000 хектари.Планот за европска иднина на Македонија е реален, со конкретни мерки кои ќе донесат и конкретни резултати.Покажавме дека имаме капацитет и знаење, но и дека имаме и план и храброст тој план да го реализирам.Со почетокот на преговорите и со зачленувањето во ЕУ, се отвораат нови перспективи и за земјоделците.Затоа, Ве повикувам на 24 април и на 8 мај да дадеме силна поддршка за СДСМ и за Коалицијата за европска Македонија, бидејќи ние обезбедуваме прогрес, развој и унапредување за сите.Гласаме за бројот 1!Нема откажување од иднината!", изјави Јован Митрески.

Македонија | пред 1 година

sedummina-960x503-1

Кои се и зошто сакаат да го истрчаат маратонот до Вила Водно: професори, лекари, градоначалници

Вечерва на полноќ завршуваат крстосувањата низ Македонија, средбите и митинзите на претседателските кандидати. Од полноќ настапува законскиот изборен молк, а на 24 април е првото измерување на силите.На овие избори има максимален број кандидати. Седум желби и амбиции за влегување во претседателската вила на Водно. Еден актуелен претседател и професор, две професорки, двајца лекари и двајца градоначалници.Стево ПендаровскиСтево Пендаровски ја победи Силјановска Давкова во вториот круг во 2019 и во вториот обид стана претседател.„Благодарам на сите кои ми ја доверија обврската и честа да бидам претседател. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите и тука и во странство”, рече Пендаровски по победата.Во 2014 не успеа да го совлада колегата Ѓорге Иванов.На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски беше носител на СДСМ во првата изборна единица која го опфаќа регионот на Скопје. По изборите беше пратеник во Собранието, потоа е назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО.Опозицијата не му простува за, како што велат, неговото тврдење дека Гоце Делчев бил Бугарин.„Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава”, изјави Пендаровски.За грев му ја припишуваат и изјавата дека ако не е претседател, и тој би се иселил. Велат дека ги аминувал сите одлуки и закони на СДСМ и ДУИ, иако не го потпиша Законот за игри на среќа што го раскара со интегративците.Како претседател, одеше и му доаѓаа на гости претседатели и премиери, но и деца и студенти, занаетчии и борци. Се сети и одликуваше пејачи, актери, македонисти.„Не сум идеален, но ноќе мирно спијам”, ќе рече во своето новогодишно обраќање.Гордана Силјановска ДавковаВтор обид со поддршка од иста партија. Силјановска Давкова со боите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се бори да биде првата жена во Вила Водно.Професорката Гордана Силјановска Давкова најави дека е време за „женска димензија во политиката“. Вели дека нема да биде републикански монарх, туку ќе се однесува кон граѓаните како кон луѓе, индивидуи, припадници на различни заедници. Доколку стане претседателка, нејзините кандидати ќе бидат најдобрите во Уставниот суд и во Судскиот совет, а амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и стручност.Била министер без ресор во Владата на Бранко Црвенковски од 1992 до 1994 година. Ѝ забележуваа дека за двете министерски години нема придонесено со ниту еден закон, како и за фри-шоповите на нејзиниот сопруг.По поразот од Пендаровски ќе изјави: „Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувстваат добро, но јас се чувствувам смирено, исполнето, и продуховено. Да добиете 370.000 гласови е голема благодарност и да станете позната по улиците како Гога е многу во политиката во Македонија”.Стевчо ЈакимовскиСтевчо Јакимовски е претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на општина Карпош. Бил министер за економија и за труд и социјална политика. Смени три партии: ЛДП, СДСМ и ГРОМ, во 2013 се раскара со СДСМ и ЛДП за локалните избори.Кандидатурата на Јакимовски за градоначалник на Карпош е направена со позајмен печат од „Српската напредна партија“ на Драгиша Милетиќ, кој сепак тогаш остана во опозициониот блок. Изборната локална победа ја славеше со микрофон пеејќи „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине…”. Дел од граѓаните реагираа – не му може никој ништо затоа што во секоја зграда и ДУП има по еден стан. Во 2017 е обвинет дека на митинг користел навредливи и деградирачки зборови со цел да го „нападне“ против-кандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Притоа, посочува на хомосексуалноста, нарекувајќи ја „најопасната мафија“, „мафија која сака да се инсталира во општина Карпош“.Беше клиент и на Обвинителството за злоупотреби, но немаше судски епилог. Големиот поддржувач, сега е најголем критичар на ВМРО-ДПМНЕ.Рече дека добил поддршка да биде кандидат на партијата за претседател, токму поради неговото долгогодишно искуство, годините што ги има зад себе, белата коса, но и резултатите кои во неговото работно и политичко дејствување ги направил, како и секогаш јасните политички ставови кои јасно ги изразувал.Бујар ОсманиТаравари и албанската опозиција не успеаја да го извадат на терен Али Ахмети, бидејќи, како што изјави, играл во многу повисока лига од Таравари. Го испофали Османи дека ќе биде добар играч.„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба, за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретинско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Ахмети.Лекарот Бујар Османи е министер за надворешни работи, поранешен министер за здравство, вицепремиер за европски интеграции, портпарол и еден од луѓето од доверба на Ахмети.Еден е од интегративците без големи афери. Човек е што сака публицитет и сака да се слика, постојано е следен од камерман и фоторепортер на настаните. Го обиколи цел свет како претседавач со ОБСЕ. Беше голем оптимист за влезот во ЕУ, но желбата сѐ уште му е неостварена.„Цврсто верувам дека нашиот развој и безбедност се возможни само преку стремежот да изградиме модерно демократско општество, како дел од евроатлантското семејство. Предвидливата иднина за сите нас е возможна со надворешна политика која е конструктивна и конзистентна”, вели Ахмети.Билјана ВанковскаБилјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на претседателските избори во 2014 година, но не успеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дека го фаворизирале Ѓорге Иванов.Професорката Билјана Ванковска овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.„Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Ванковска вели дека сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки – патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.За време на битката за автономија на Универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.Арбен ТаравариАрбен Таравари, лекар – невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните. Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултати на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на изборите. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата, иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже: „Јас го направив политичар“.„Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат”, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.Максим ДимитриевскиУште еден побегнат од СДСМ влегува во претседателската трка, Максим Димитриевски, поддржан од ЗНАМ.Првата градоначалничка функција ја добива како кандидат на СДСМ, втората како независен, иако познавачите велат дека ВМРО-ДПМНЕ скриено му даваше поддршка, повеќе нему отколку на својот кандидат. Беше пратеник од редовите на СДСМ и еден од најжестоките борци по улиците на Скопје за демократија по објавувањето на бомбите и човекот кој беспоштедно ги бранеше своите соборци и Заев во Собранието.Иако упорно изјавуваше дека е член на СДСМ, упорно укажуваше на грешките и политиките, особено за црвените линии и по прашањето за Гоце Делчев и Уставот.„Македонија досега го менуваше својот Устав неколку пати и сметам дека Уставот не е обичен тефтер хартија кој што треба да се менува во континуитет, вели Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-03-at-10.47.43

Последен ден кампања, од полноќ молк за претседателските избори

Денеска е последен ден од претседателската кампања во првиот изборен круг. Седумината претенденти до полноќ ќе се обидуваат да добијат глас повеќе. Изборниот молк во сила почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките кутии на 24 април во 19 часот.Кандидатите и денеска продолжуваат со своите карвани.Граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, подржан од кослицијата ,, За европска Македонија “, предводена од СДСМ, ќе има средба со жителите на Демир Хисар и митинзи во Ресен и Битола.Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде на средби и митинзи со граѓаните на Лозово, Карбинци, Пробиштип и на Штип.Билјана Ванковска од Левица поддршката ќе ја бара во Кичево и во Гостивар.Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски од ГРОМ ќе има средби со граѓани од Ѓорче Петров и од село Волково. Претендентот за шеф на државата од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ќе се сретне со жителите на Радовиш, Василево, Ново Село, Босилево и на Струмица.Претендентот Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ вечер ќе има митинг во Скопје пред Скендербег. Со агенда за презентирање на програмата продолжува и кандидатот од ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

СДСМ: Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди евра поддршка во земјоделството

,,СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра.Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.СДСМ има конкретен план за да обезбеди рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вкусот на Македонија да биде на европските трпези.Со СДСМ нема откажување од европско земјоделство дома!", изјавија од СДСМ.

пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење

,,Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во образованието, борбата против криминалот и корупцијата.СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасен, конкретен план за европската иднина на Македонија.Од друга страна ДПМНЕ има план кој не е план, план за мораторум за ЕУ. Ќе го одложуваат патот кон ЕУ и за неуспесите ќе ја обвинуваат ЕУ. Спремни се да изгубат уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.Македонија едноставно, нема време за губење.На овие избори понудата пред граѓаните е надеж за подобро утре во Европската Унија од една страна и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.", изјавија од СДСМ.Иднината на Македонија е во ЕУ. Со СДСМ нема откажување од иднината.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања