Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-11-2680PM

Амбасадата на САД го набљудува процесот на гласање, на граѓаните им посакува среќен изборен ден

Амбасадата на САД во Македонија, се огласи на социјалните медиуми за изборниот ден.Нивни тимови се ширум земјата и го следат процесот за избор на нов претседател.„Тимовите на Амбасадата денеска се ширум земјата и го набљудуваат процесот на гласање. На граѓаните им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на Амбасадата на САД.

Македонија | пред 1 година

IMG_3573

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица го оствари своето право на глас

,,Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште „Јан Амос Коменски“, каде прв пат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопстевната убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број на граѓани ќе го направат тој чекор, да дојдат до гласачките места.Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав сончев ден, како што почна да заврши мирно, коректно, без нерегуларности. Па, ќе видиме како граѓаните ќе проценат. Овде учителките ме процениле одамна", рече Ванковска во изјава за медиумите.

Македонија | пред 1 година

IMG_3572

Бојмацалиев: Изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања

Денеска, (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го оствари своето демократско право на глас во Куманово.„Штотуку го остварив моето демократско право на глас, овде во ООУ „Крсте Мисирков“ во моето родно Куманово, а од информациите што од терен пристигнуваат во Оперативниот штаб формиран во МВР во врска со ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024“, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања.Како што знаете, јас во изминатиот период ги посетив секторите за внатрешни работи низ државата при што обрнав посебно внимание на потребата од максимална подготвеност да се одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес”, рече Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информација од Оперативниот Штав.„Од страна на Оперативниот штаб, кој го раководи директорот на БЈБ, и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план, обезбедени се потребните технички услови, а МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

СВР Охрид го приведе лицето А. И. (48) затоа што, спротивно на законот, го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

IMG_3578

ОЈО Делчево испитува можем изборен поткуп, дали бесплатно се ставани водомери

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик. Сомневањата биле поврзани со наводно поставување водомери на граѓани од јавните комунални претпријатија без пари, а за поткуп при избори.ОЈО Радовиш денеска е известено за настан во селото Бучим кога гласач пред да го пушти гласачкото ливче во кутијата го покажал на набљудувач од политичка партија. Дадени се насоки за проверување дали постојат елементи на кривично дело од член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.Сепак станува збор за исклучително мал број вакви настани, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле елементи на кривично дело. Ваквиот тек на изборниот процес се одразува и на нашата електронска пошта izbori@jorm.mk каде од утрово не се регистрирани пријави за кривични дела поврзани со изборите.Во привремената Комисија на Јавното обвинителство за селедење евентуални изборни нерегуларности членуваат и претставници од четирите виши јавни обвинителства во државава, како и од Основното јавно обвинителство Скопје, како основно обвинителство со најголем обем на работа. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.Комисијата ги следи евентуалните изборни нерегуларности кои би претставувале кривични дела од Глава 16 на Кривичниот законик, односно кривични дела против изборите и гласањето, но и останатите кривични дела кои би можеле да го нарушат текот на изборниот процес. Во оваа насока својата работа ја започнавме уште на самиот старт на изборните активности, а ќе продолжиме и меѓу двата изборни круга и на денот на второто гласање, кога ќе се гласа и на претседателски и на парламентарни избори. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, истакна јавниот обвинител Бајрами во изјава за медиумите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

До 9 часот гласале над 20 илјади граѓани

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.Од нив до 9 часот гласале 25.744 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

Македонија | пред 1 година

izbori

Во Скопје се забележани испишани графити, пронајдена и испукана димна бомба, известуваат од МВР

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рече Ангеловски.Околу 09.20 часот на избирачко место во с.Бучим, радовишко, од страна на претседателот на избирачки одбор е пријавено дека Р.О. (52) од с.Бучим му го покажал гласачкото ливче на еден набљудувач и од страна на ОВР Радовиш се преземаат мерки за расчистување на случајот.„Покрај ова, на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила забележани се летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити. На гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06.30 часот е пријавено од страна на претседателот на избирачкиот одбор дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето се одвива непречено“ сооопшти Ангеловски.Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.55.02

Следете излезност во живо и проверете како котираат градовите и општините

Преку алатката на Државната изборна комисија, во живо можат да се следат резултатите во однос на излезноста. Според последните информации, до 9 часот правото на глас го искористиле 70.846 гласачи, од вкупно 1.814.317 избирачи.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.51.27

Овие избори не се обични избори, рече Османи

Кандидатот за претседател Бујар Османи при неговото гласање, кажа дека очекува изборите да бидат слободни, фер и демократски.„Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции - изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Упатство на ДИК за гласање

Државната изборна комисија изготви Упатство со правила за гласањето. Упатството е објавено на нивната ВЕБ страна.18 правила за гласање:1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП каде е определено дека може да се гласа.2. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта или патна исправа, односно лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студентска легитимација и друго.5. Гласачот става отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација, а доколку гласачот нема десен показалец се зема отпечаток од показалецот од левата рака или во случај на гласачот да му недостигаат овие два прста се зема отпечаток од наредниот прст од десната рака.6. Доколку гласачот нема две раце гласачот се внесува во техничката опрема со пребарување преку неговиот единствен матичен број.7. Доколку УБИГ не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прсти со отпечатокот од прсти на гласачот во електронскиот избирачки список, гласачот се внесува во УБИГ преку отчитување на личниот документ на МРЗ скенерот или преку внесување на единствениот матичен број (ЕМБГ), а потоа гласачот става отпечаток од прст на УБИГ.8. По потврдувањето на идентитетот, гласачот го става својот потпис во изводот од Избирачкиот список.Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од избирачкиот список.Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во избирачкиот список.9. Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, се става печат на предната страна на местото определено за печат и потоа му се дава на гласачот.10. Гласачот добива едно гласачко ливче.11. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван.12. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот/името на листата со хемиско пенкало со мастило во сина боја.13. Превитканото гласачко ливче гласачот го става во гласачката кутија.14. Гласачот го подигнува документот за лична идентификација.15. Гласач кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со Изборниот законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на гласачите. Лицето не смее да влијае врз одлуката на гласачот.16. Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.17. Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.18. Забрането е носење оружје на гласачкотoто место.Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забранетоНарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело. Со Уставот се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите.Член на изборен орган кој работи спротивно на одредбите на Изборниот законик може да заработи прекршочна пријава и глоба во износ од илјада до три илјади евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое гласа за повеќе лица или гласа во име на друг.

Македонија | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Кои се правилата за избор на „татко“ или „мајка“ на нацијата

Македонија бира нов претседател кој ќе ја води државата во наредните пет години.Од седум часот граѓаните бираат меѓу седум кандидати. Гласањето според изворните правила завршува во 19 часот кога се затвораат избирачките места.Доколку гласањето од различни причини е прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Во 19:00 часот доколку на избирачкотп место има внатре избирачи, избирачкиот одбор ќе им овозможи да го остварат своето право и да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната Општинска изборна комисија, но не се отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.Уставот пропиша дека за шеф на државата во првиот изборен круг е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список.Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето.Победник е оној кој добил барем еден глас повеќе, но услов е на гласање да излегле минимум 40 проценти од граѓаните со право на глас, запишани во едунствениот изборачки список.Доколку овој услов не биде исполнет, целата постапка за избор на претседател се повторува.Доколку и во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“, стои во членот 81 од Уставот.Но, уставотворците не предвиделе рок до кога мора да се распишат новите претседателски избори ако не се исполни цензусот, а предвиделе дека во случај на спреченост, функцијата претседател ја врши претседателот на Собранието (член 82)).Во истиот член се вели дека „кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Тече изборниот процес, нема нарушувања - Тошковски очекува мирен ден

Изборниот ден започна, а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. Техничкиот министер, Панче Тошковски, кажа дека досега нема никакви нарушувања на гласањето.„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори“, вели Тошковски.„Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб, мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред“, додаде Тошковски.Посочи дека очекува и мирен изборен ден.

Македонија | пред 1 година

IZBORI-GLASANJE2

Прв круг претседателски избори: ќе избираат 1.814.317 гласачи

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.На 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право.Се уште се отворени шест гласачки места каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето.14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.380 гласачи или 64% од запишаните.Во текот на вчерашниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го отвариле своето право. Гласачкото место и во центарот за раселени лица е затворено.Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.Од вкупно 250 гласачи од 7 центри, гласале 208 гласачи или 83%.Во текот на вчерашниот ден избирачките одбори во Република Северна Македонија го спроведуваат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остваруваа 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. До сега, според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6.543 односно 94% болни или немоќни лица.Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари.На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.До овој момент гласањето тече без проблеми.Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Северна Македонија ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.Денес, 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми.Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари.На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, X, Инстаграм како и каналот на Јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Македонија | пред 1 година

438793132_122143202360197509_7808624354279096904_n

Оперативната акција за претседателските избори е на маса: АНБ собира информации за изборни саботирања

Во врска со претстојните избори денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи, одржав состанок на кој присуствуваа дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, републичкиот јавни обвинител Љупчо Коцевски и претставници од обвинителствата низ државата.„На состанокот најпрво се заблагодарив за издвоеното време и досегашната успешна соработка на сите чинители кои се одговорни за безбедно спроведување на изборниот процес и потенцирав дека досега не се констатирани посериозни активности кои се насочени кон нарушување на истиот.Исто така, побарав од присутните секој во својот делокруг да сподели информации кои се од интерес за спроведувањето на изборите и начинот на кој ќе постапуваат институциите за време на изборниот ден.Од страна на директорот на БЈБ беа презентирани информации во врска со Оперативната акција Претседателски и парламентарни избори 2024 година и во таа насока посочи дека од страна на Оперативниот штаб и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план и притоа не се констатирани никакви позначајни проблеми.Од страна на АНБ се преземаат организирани и координирани мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности, а во насока на безбедно спроведување на изборите.Републичкиот јавен обвинител и претставниците од обвинителствата низ државата информираа дека е формирана Комисија за изборни нерегуларности во рамки на обвинителството, определени се зајакнати дежурства за изборниот ден за покривање на целото подрачје на државата и со будно внимание ќе се следи процесот и навремено ќе се известува за сите настани и активности кои се од интерес на јавноста, а поврзани со спроведувањето на изборите“, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања