Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Нема фотографија

Стевановиќ: Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата

,,Поминаа 2 недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски.Тој и ја води кампањата, тој одлучува.Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата.Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука.Јасно е,Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина.Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност.На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател - партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата.На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.”, изјави Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1.

Македонија | пред 1 година

IMG_3477

Пендаровски: Не верувајте на сејачите на политичка магла

Пред граѓаните на Велес, кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг порача дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност.Пендаровски потсети дека во изминатите седум години се реализираше членството во НАТО, се забрза процесот на интеграција во ЕУ, кој за жал денес е закочен заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата предводена од Христијан Мицкоски нема никаков план за иднината. „И кога ги прашуваме што би смениле во тој дел, се надевам не би смениле ништо во делот на македонскиот идентитет и јазик и во делот на македонското име и код, што би промениле и какви се тие подобри договори кои вам би ви биле по волја? Знаете што одговараат? Дека имаат план Б, но тој план ќе ни го кажат ден после изборите. Велат на 9 мај ќе ви кажеме, имаме голем план, некаков мистериозен план со кој ќе ги подобрат тие договори и ќе не внесат на брза пруга во Европската Унија. Немојте да им верувате на тие сејачи на политичка магла, бидејќи ова се најдобрите можни договори со кој со сочувавме македонското достоинство, ја ставивме државата на пат кон развиениот свет и развиена Европа“ порача Пендаровски. Пендаровски повика на масовна излезност на 24 април а потоа и на 8 мај и порача дека само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по вистинскиот пат. „Мораме да се мобилизираме, да се собереме сите што и мислиме добро на оваа наша Ммакедонија. На 24-ти мораме да направиме масовна политичка мобилизација во што е можно поголем број да излеземе и на осми мај само да ја запечатиме двојната победа. Нема да имате никакви потешкотии сега на ливчето. Нѐ има многу, меѓутоа само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе оди напред и нема да се враќа назад кон режимот и во балканското сивило, кал и мизерија. Значи број еден на 24 април и број еден на осми мај“ посочи Пендаровски пред граѓаните на Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: 13 ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето.Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.Претседателот истакна и дека Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ, и дека за целиот свој мандат тој не смогна сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал.Денес еве навршува 13тиот ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано ниту збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува се што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам, кажа претседателот.Тој порача дека на овие избори се и за тоа да си ја вратиме државата во рацете на народот. Промените се во раце на народот, за да Македонија биде повторно на народот. Македонија мора да ја направиме горда.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: На 24 април да заокружиме број 2 за Силјановска Давкова затоа што таа го промовира концептот претседател за сите

,,Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани.”, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

IMG_3470

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски

,,Изборот на 24 април сега е кристално јасен.Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. Стево е претседател на граѓаните и претседател на сите граѓани.На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на белата палата туку вистински претседател, со свој став и државничко чувство за најважното, иднината на државата.Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.Ве повикувам да излезете на 24 април и да го направите изборот.”, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари: Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, жртвите на монтирани случаи ќе бидат ослободени и обештетени

,,Во неделата се навршија 12 години од монтирањето на случајот Монструм во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро. За ова дело, фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или максимална казна. Од страната на властта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината.Монструм, Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље и други, сите се имиња кои не потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците. Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт.Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата.Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.Со коалицијата ВЛЕН, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност.ВЛЕН се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители.Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обештетени.Ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители.По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет.ВЛЕН ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда. Можеме да станеме земја-членка на ЕУ само кога Судот во Тетово и Скопје ќе бидат доверливи како Судот во Берлин или Бон. Друг начин нема.Промената започна и не престанува. Правдата ВРЕДИ затоа што е предуслов за инклузивно општество, за демократија и за економски развој.“, изјави Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-03-at-10.47.43

Граѓанска петиција: Дебата на Претседателските кандидати мора да има

,,Во најновиот извештај на Фридом Хаус, како и во многу извештаи на слични релевантни меѓународни организации, е забележано дека Република Македонија не само што не напредува во демократските процеси туку и назадува.Типичен пример за демократскиот дефицит во македонското општество се овие Претседателски избори, односно во овој процес кој е од огромно значење за иднината на македонските граѓани нема ниту една дебата помеѓу кандидатите за Претседател на државата! Нешто што е нечуено во ниту едно општество кое претендира да е демократско.Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкантите на јавна сцена, во живо. Како и за граѓаните да се здобијат со подетални информации за тоа кои се нивните планови за управување на земјата. Ова ги овозможува граѓаните да направат поинформирана одлука на 24 април.Благодариме на сите кои ќе ја поддржат оваа петиција и кои ќе се придружат во нашиот заеднички став за подобра, поинформирана и отворена демократија.”

Македонија | пред 1 година

IMG_3464

Изет Меџити средба со граѓаните и трговците од Чаир

Претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити истовремено носител на Листата за пратеници од коалицијата ВЛЕН во првата ИЕ, денес се сретна со граѓаните и трговците од општина Чаир каде дискутираа за секојдневните активности на граѓаните, проблематиките со кои они се соочуват, како и безрезервната поддршка кон Демократското Движење и ВЛЕН.,,Од трговците во Бит Пазар се виде голем ентузијазам, но и со критики кон покачувањето на цените и падот на продажбата на нивната стока, со што се влијае во домашната економија.”, велат од коалиција ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

IMG_3459

Пендаровски: Не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер беше со жителите на општина Гази Баба и истакна дека како актуелен претседател, никогаш не бил затворен за јавноста и дека напротив секој имал можност да види што работи претседателот.„Илјадници луѓе дојдоа во мојот кабинет, се пожалија на проблемите, побараа помош за нивно решавање, не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години, ако здравје боже ја добијам вашата доверба“.Во однос на работата на актуелната политичка структура, Пендаровски рече дека само оваа политичка структура знае што значи да се бориш за македонските национални државни интереси и знае како да ја позиционира Македонија, притоа говорејќи за членството во НАТО, каде земјата е заедно со Америка, Германија, Франција, Велика Британија и со други колоси на меѓународната политика кои ги уредуваат меѓународните односи.„Ова е океан од проблеми во целиот свет, единствениот вистински пат за нас, единствената гаранција за нашата перспектива, за нашата иднина, за нашата судбина, единствената надеж за овие млади луѓе тука да успеат, тука да просперираат, тука да се вработат, тука да оформат семејства, е само западниот пат и западната Алијанса. Најдобрите универзитети се таму, најдобрите здравствени системи се таму, најнезависните судски системи се таму, ние се стремиме да бидеме таму, за да бидеме како нив. Да добиеме, не пари, од кај нив да добиеме ум принципи и вредности врз кои ќе ја уредиме нашата Македонија да личи на просечна европска развиена и просперитетна земја, затоа што тоа е единствената опција“, истакна ПендаровскиГраѓаните побараа коментар од Пендаровски во однос на изјавата на Силјановска дека не постоеле историски прашања во врска со францускиот предлог, но дека во исто време зборува за некаков бугарски диктат и постојано го заплашува народот.„Морам да ви кажам дека по првпат после подолг временски период потполно се согласувам со таа теза на Гордана Силјановска Давкова. Историските прашања не се предуслов за наш напредок кон Европа. Само една друга работа ме чуди, дали е свесна дека со таа изјава ја закопа целокупната политичка пропаганда на партијата која ја предложи, која две ипол години наназад главите ни ги полни со тоа дека без да се пишеме Бугари, само како Бугари може да влеземе таму. Тоа не знам, веројатно била многу искарана после тоа од Мицкоски, од другите бидејќи друга политичка понуда и платформа немаат за овие избори. Само велат не на европскиот предлог, како Бугари ќе сме влезени. Твојот кандидат за претседател на држава лично избран од него вели дека историските прашања не се предуслов за тоа. Сега на кого да му веруваме? Јас мислам на ниту еден од нив“, одговори Пендаровски.Исто така, граѓаните имаа интерес за став на Пендаровски за изјавата на Гордана Силјановска Давкова дека не го познава од студентските денови, на што Пендаровски возврати дека и тој исто така не ја памети и објасни дека нејзиниот сопруг само еден семестар бил помлад асистент, а кратко време бил и библиотекар на правниот факултет. „Потоа влезе во приватни бизнис води и потоа знаете стана еден од најголемите транзициски олигарси во Македонија“, потенцираше Пендаровски.

Скопје | пред 1 година

tetovo4-12042024

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата, а оние од ДУИ и нивните измеќари од СДС кои ја киднапираа и ограбуваат ќе одговараат

Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.- Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.- Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони. Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше Мицкоски.Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: Граѓаните на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

,, Денес сум повторно во Тетово и повторно поставувам прашања до еден претседателски кандидат. Овој пат тоа е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи кој пред некој ден себеси се нарече дека бил претседател на половина свет. Убаво би било господинот Османи да ми наведе пример на барем една земја во светот каде внуци на лидер на политичка партија на власт станати се мултимилионери на 22 годишна возраст и купуваат трговски центри или пак брат на вториот човек на партијата на власт купува локал во метрополата во самиот Центар за цена по багателни услови.Ете тоа е партијата ДУИ, но затоа пак граѓаните на Тетово и цела Република Македонија ќе го дадат одговорот на ваквите аздисани политичари и на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Гордана Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот, корупцијата, тендерите и против се што ДУИ го правеше и што смета дека ќе продолжи да го прави како и до сега.Поздрав од еден од пробните полигони на електричните автомобили, една од лажните ветувања на ДУИ кои требаше нели овде низ Тетово да се возат.”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари: Како претседател, ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН Арбен Таравари во својата програма јасно наведува дека ќе се заложи Северна Македонија да има систем на консензуална демократија, каде јасно ќе бидат истакнати слободата на изразување и владеењето на правото.„Северна Македонија консензуална демократија - Како претседател на Републиката, ветувам дека ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации.“ - преземено од политичката програма на кандидатот за претседател Арбен Таравари

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

,,Со јасен и конкретен план за европска иднина на Македонија, за економски напредок, за повисок животен стандард со поголеми плати и пензии, пред граѓаните излегуваат Пендаровски и Ковачевски.СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаат визија, знаење и храброст да ги завршат преговорите и да ја внесат држаата во полноправно членство во ЕУ до 2030 година.Од друга страна Силјановска и ДПМНЕ наместо план и програма навредуваат, се закануваат, омаловажуваат.Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен враќање назад во мрачното минато, во изолација и неизвесност, нови залудно загубени години.Изборот пред граѓаните на овие избори е помеѓу надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3439

Пендаровски од Куманово: Овие пет години не зборуваме за меѓуетнички тензии, само сложни внатре може да се интегрираме во ЕУ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа одржа граѓански митинг во Куманово.Пред граѓаните, Пендаровски ја претстави својата програма за новиот петгодишен мандат и истовремено потсети на сработеното во првиот свој мандат како претседател на државата.„Во изминативе пет, односно седум, седум и пол години зборувам и за парламентарната власт, направивме неколку работи кои ниту една политичка гарнитура во Македонија не ги направила во историјата. Прво, го решивме спорот со Грција после 25 години преговори и станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на Македонија - НАТО.Втората работа која ја направивме, а која не беше направена 17 години наназад е што без малку после две децении ги отворивме преговорите со ЕУ. Тие две стратешки цели кои 1991, првите политичари кои ја правеа македонската држава ги зацртаа како важни, се навистина столбот на кои ние можеме да се развиваме и за кус временски период да станеме просечно развиена европска, демократска држава“ посочи тој.Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи за кои кажа дека никогаш до сега не биле на повисоко ниво, како што се денеска.„Но, многу ретко го споменуваме она што е исто голема придобивка на оваа политичка гарнитура, а тоа се меѓуетничките, меѓунационалните односи. Знаете дека во времето на режимот како што се доближуваа изборите едните изигруваа на едната страна патриоти најголеми, a другите на другата страна. Имавме тепачки меѓу младите во јавниот транспорт, имавме на скопското Кале тепачка дали да има црква или џамија, ние ги стабилизиравме, оваа политичка гарнитура ги стабилизираше меѓуетничките односи и ги донесе на ниво на какви што не биле од 1991 до денес. Ако не сте сложни внатре, ако немате внатрешна кохезија, ако луѓето се јадат, се караат меѓу себе, вие не можете да напредувате. Направивме таква стабилност внатре и затоа можеме да претендираме да се асоцираме и во пошироките меѓународни организации“ порача Пендаровски.Тој во своето обраќање ги повика присутните прво на 24 април, а потоа и на 8 мај да го заокружат бројот еден и да придонесат за продолжување на евроинтегративниот процес.„Ако ми дадете доверба на 24 април и на 8 мај ви гарантирам дека ќе останам истиот тој, тоа значи без калкулации претседател на сите што живеат во Македонија“ порача пред присутните Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-12.36.18

Ковачевски: Со Пендаровски имаме план за членство на Македонија во ЕУ до 2030 година

Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кој немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денека во изјава за медиумите.Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме. Така и ќе продолжиме ние сме гаранти за таа сигурност, безбедност и за јасна визија на државата, додаде тој.-Од друга страна ги гледаме ветувањата кои ги дава опозицијата, ти не се ништо различни од она што го даваа на локланите избори, дури и кампањата им е иста. Исто како што ја шетаа градоначалничката на Скопје, Арсовска вечејќи дека таа ќе биде решението за Скопје, дека Скопје ќе стане најчиста метропола со електрични автобуси, со средени улици и тротоари, денес гледаме дека Скопје е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко. Тоа се оечкувањата кои може да ги очекуваме и од претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Со оглед на тоа и ветувањата кои ги даваат практично немаат никаков план, мерки кои би ги спровеле туку се празни ветувањата исто како што се случуваше во Скопје, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања