Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2024-04-14-at-12.18.15

Расте поддршката за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, повикувам на големо единство и масовна излезеност, вели Сајкоски

„Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска“, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и додава:Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места.Затоа повикуваме на големо единство.На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме, кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.

Македонија | пред 1 година

IMG_3375

Изборен штаб на Пендаровски: Дали ДПМНЕ го промениле ставот за избор на претседател во Собранието?

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски одговор дали го прифаќа ултиматумот на ДУИ дека во вториот изборен круг ќе го подржат оној кандидат кој ќе се согласи претседател на државата да се избира во Собранието.Од Изборниот штаб на Пендаровски преку соопштение одговорија:,,Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот”?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-11.17.52

Ковачки: Пендаровски е должен да одговори на граѓаните дали го прифаќа ултиматумот на ДУИ, претседател да се бира во Собранието?

„Изјавата во очај на Стево Пендаровски дека ќе загубел во првиот круг на претседателските, меѓутоа дека ќе победел во вториот круг е само алиби за големиот пораз кој му претстои. Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум.Стево Пендаровски е должен да одговори на македонската јавност дали го прифаќа овој ултиматум на ДУИ? СДС и Пендаровски се должни да одговорат дали ќе ја погазат волјата на граѓаните, дали ќе дозволат да се избере претседател на држава во Собранието? Очекуваме одговори“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-09.55.33

Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на државата да се бира во собранието?

“Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во собранието од наредните избори”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг.Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот?Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на собранието да се бира во собранието?Македонија со Пендаровски, СДС и уценувачите од ДУИ тапка во место, а во голем број сегменти назадува. Потребно е народот да си ја врати државата. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда.

Македонија | пред 1 година

eee8051c-ce5b-4361-be96-a3f0500c3b01

Само со СДСМ и Пендаровски Македонија може да биде членка на ЕУ, велат од партијата

„СДСМ и Коалцијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија“, вели СДСМ и додава:Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди.ДПМНЕ и Силјановска немаат план за европска иднина, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина.Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ.Нема откажување од иднината! Македонија ќе има проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада формирана од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Slika-3

На 24 април има една опција заокружете го бројот 2, за Силјановска Давкова за заедно да пишуваме позитивна историја за Македонија, вели Мисајловски

Деновиве бев во посета на повеќе населени места, видов што се сѐ прави овде во Бутел, што прави градоначалникот Дарко Костовски. Разговарав со младите, со спортисти, со пензионерите. Сите од нив речиси едногласно велеа дека сакаат претседател на Македонија како нашата кандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја води листата на кандидати во изборна единица 2 на вечерашниот митинг во општина Бутел.Мисајловски посочи дека поддршката за Силајновска Давкова значи дека прават разлика, дека таа е поразлична од Бујар Османи, Стево Пендаровски и оние кои ја претставуваат Македонија.„Силјановска Давкова го крева гласот против неправдите, таа е жена која го почитува правото. Гордана Силјановска Давкова, што е многу важно, ќе ја претставува Македонија, и дома, и во светот, на најдобар можен начин. Тоа значи дека Македонија и нејзините граѓани ќе бидат почитувани и горди! Сите ќе бидат со исправена глава“, вели Мисајловски.Мисајловски посочи дека по 24 април ќе биде многу поинаку од она до сега.„Ќе биде поинаку од оној беден однос на оние кои до сега ја претставуваа државата, како Стево Пендаровски, Бујар Османи и други како нив. Нивниот однос беше мизерен и кон граѓаните, и кон државата“, кажа Мисајловски.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски посочи дека Македонија и граѓаните ги живеат можеби најтешките мигови.„Но со самата поддршка за Силјановска Давкова ќе започнат промените. Вие, сте енергијата поради која ние заедно со Силјановска Давкова правиме промени за подобра горда Македонија. Едноставно е - вие сте тие кои одлучувате, каде ќе оди Македонија“, вели Мисајловски.Мисајловски повика на масовна поддршка за професорката.„На 24 април има една опција заокружете го бројот 2, заокружете за дамата Гордана Силјановска Давкова Со добра енергија да пишуваме позитивна историја за Македонија. Потребна е мобилизација и огромна поддршка од вас“, кажа Мисајловски.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska-13.04.2024

Стојаноска од Јегуновце: 24 Април е денот кога граѓаните ќе го заокружат бројот 2 за нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова

„Денешниов ден сум со теренска агенда во општина Јегуновце, го започнав со средба со жители на селото Копанце и најинтересен момент ми беше што најмногу Албанците, жители на Копанце беа презадоволни од градоначалникот Диме. Велат дека Диме не прави разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Роми или Срби туку Диме знае само за работа и за контакти со граѓаните.И затоа велат дека и Гордана Силјановска Давкова е најдобриот кандидат за претседател затоа што и таа не прави никаква разлика и затоа што се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ знае само за работа и за контакт со граѓаните.24 Април е денот кога ова граѓаните ќе го покажат на дело и ќе го направат изборот односно ќе го заокружат бројот 2 за нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова“, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

KOVACEVSKI-VO-SDSM

Ковачевски: Изборот за граѓаните е помеѓу надеж за европска иднина или безнадежност и враќање во изолација

Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ, затоа сега изборот пред нив е помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема ников план, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.„Не постојат брзи решенија за системски проблеми. Европскиот пат и крајно членството во ЕУ е единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество. Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. И затоа денес пред нив е изборот помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ, а кој е против ЕУ? Кој е за надеж за подобра европска иднина или за безнадежност и враќање назад во изолација“, рече Ковачевски.На прес-конференцијата, Ковачевски рече дека СДСМ и Коалицијата, имаат јасна визија, силна волја, знаење, храброст и конкретен план, за обезбедување на европска иднина за граѓаните, за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.„И тоа ќе го потврдиме со формирањето на новата проевропска Влада по двојната победа на 8 мај на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пенадровски“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Vlado-Misajlovski-13.04.2024

Мисајловски: Сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат, останува уште многу малку време до првиот круг

„Еден убав ден во Куманово. Навистина ми е драго што гледам позитивна енергија. Денеска тука премногу млади луѓе, имаме авангарда од Куманово, уметници, луѓе што се препознатливи во градот, нашите кандидати за пратеници но денеска сакам една убава вест да споделам со сите вас, а тоа е дека Куманово има една преубава позитивна енергија и целата енергија води кон Гордана Силјановска Давкова.И навистина е тоа убаво чувство, убаво чувство да се каже тука од Куманово една убава вест за сите“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2.Тој додава:„И сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат. Останува уште многу малку време до првиот круг. Но, првиот круг е многу важен. Да испратиме огромна порака тука од Куманово, од центарот на Куманово дека сите и млади и стари, сите независно од кој етникум се сите сакаме да се сплотиме и да донесеме промени. Да донесеме промени за горда Македонија, за Македонија што е навистина европска. Македонија која ќе биде горда за секој еден независно од каде е.Затоа ве повикувам од тука, од најголемиот град во државата, од слободно Куманово сите заеднички, за Гордана да победиме. Така ќе победи и Македонија и потоа полесно ќе биде на 8 мај да направиме уште во првиот круг над 100 илјади гласови разлика и тој бран да продолжи и за парламентарните избори.Ги повикувам да се сплотат, бидејќи овој тим, позади мене е прекрасен тим, овие луѓе се иднината, овие луѓе се тие кои набрзо ќе ја водат Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: ЕУ е единствениот начин за обезбедување суштински промени во македонското општество

Европскиот пат и членството во ЕУ, се единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.„Ни треба продолжувањето на добрите политики кои ги започнавме. Ни треба продолжување на европскиот пат и членството во Европската Унија. Не само заради членство, туку заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар животен стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните“, рече Ковачевски.При тоа, Ковачевски посочи дека легитимно е граѓаните да чувствуваат замор од евроинтеграцискиот процес, но дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен да биде држава членка на ЕУ, држава во која владеат европските стандарди и држава каква што нашите граѓани сакаат да имаат.„Навистина сум загрижен затоа што дел од нашите граѓани се заморени од процесот на евроинтеграции, од неговото траење, од сите оние пречки кои ги имавме на тој пат изминатите децении. Да бидам искрен и јас понекогаш го чувствувам тој замор. Си поставувам и прашање дали ЕУ секогаш била фер кон нас? И не била. Но за нас нема друга алтернатива освен Македонија да стане членка на ЕУ. Држава во која владеат стандардите на ЕУ и држава каква што нашите граѓани сакаат да имаат“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари: Македонија произведувач на безбедност - ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници

Кандидатот за претседател од редовите на коалицијата ВЛЕН потенцира дека ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници. Тој додава дека „како доверлив партнер, ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив“.„ЕУ, САД и НАТО се нашите незаменливи сојузници. Како доверлив партнер, ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив. Нашата безбедност е заедничка. Северна Македонија не консумира безбедност, ние произведуваме безбедност“, се нагласува во програмата на Арбен Таравари.

Медиасет | пред 1 година

51346890968765432

(Видео) Македонски рециклиран плагијат: Американски спот доби македонска верзија за изборната кампања

Со десетина ПР текстови беше најавена кампањата „Не е до нив до тебе е“, но во ниту еден не е напоменато дека промо-видеото е копија од кампања за избори во Америка од пред 15 години. Во македонската верзија од видеото можат да се видат бројни глумци, јавни личности, музичари кои ги повторуваат речиси целосно истите реплики како оние кои ги има во американскиот спот.Македонското плагијат видео започнува со глумецот Александар Микиќ, додека американското со актерот и пејач Вил Смит. Промо спотот е испопиран до тој момент што дури и појавувањето на „режисерот“ е во иста облеката. Единствената разлика е што актерката Тања Кочовска не е Том Круз.Под македонската верзија на видеото нема никакви информации околу тоа кој го изработил, кој го финансирал, како и кој го прудцирал, но и на кого му текнало да го ископира.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-13-at-10.42.59

(Видео) Прогнозата е 55-56 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите излегуваат лица кои ги немам претходно видено, вели Стојкоски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во неговата општина.„Ме издрадува тоа што по подолг период на години, видов лица кои ги немам забележано по митинзите. Тоа ми сигнализира дека ВМРО-ДПМНЕ има силна поддршка кај луѓето, има добро расположение, јас тоа го гледам и по активностите на терен, имаме рекорден број на активисти и ни се приклучуваат многу повеќе луѓе“, посочи Стојкоски.Според него, тоа бил последниот позитивен сигнал, кој ќе биде нивна ѕвезда водилка во текот на кампањите.?t=6231

Македонија | пред 1 година

tetovo7-12042024

Ковачки: Уште 11 дена кога граѓаните масовно ќе излезат и ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија

„Уште 11 дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Уште 11 дена кога народот ќе му го даде црвениот картон на Стево Пендаровски. Уште 11 дена кога граѓаните ќе излезат и масовно ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3 и додава:Почитувани граѓани денеска се наоѓаме во најбрзо растечката општина, во Општина Илинден. Нашиот градоначалник и покрај тоа што се соочува со опструкции од централната власт, продолжува да ги реализира проектите. Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра дополнителни за инфраструктурни проекти, за Илинден повторно да биде горда општина, за граѓаните на Илинден повторно да бидат горди, за Македонија да биде повторно горда.Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе и да дадеме поддршка на Гордана Силјановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

tetovo4-12042024

Мицкоски од Тетово: Пендаровски да каже какви планови коваше во вила Водно со Артан, Ковачевски, и Ахмети поврзано со измените на кривичниот законик

И на митинзите Стево Пендаровски и СДСМ нема ништо да кажат за извештајот на Фридом хаус. И додека научил една празна и често повторувана фраза дека немал ниту една црна дамка во кариерата, во извештајот на американската Фридом хаус седи дека државата каде тој е претседател е силно криминализирана, а новинарите што пишуваат за криминалот се под притисок на властите, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Тетово.Мицкоски додаде дека „исто така државата на која Стево е претседател, во извештајот стои дека има директно влијание на власта врз правосудните органи и обвинителството“.„Сте го слушнале ли Стево ова да го осуди или да се огради од тоа? Нема такво нешто. Во извештајот стои дека власта неочекувано направи измени на Кривичниот законик со кој олесни дела и случаи за кои може да се гонат функционери кои сториле престапување на законите“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вила Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и Али Ахмети пред неколку месеци.„Овој чесниот Стево Пендаровски добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци поврзано со измените на Кривичниот законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања