Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

f0a6cc8b-4825-468a-a7fc-9265d4c1311e

Ковачевски: Колку и да е тешко, ќе работам ден и ноќ да испорачам резултат, да ги исправиме грешките

„Знаевме дека нема да биде лесно да се работи во услови на најголема економска и енергетска криза. Но ние не се откажавме. Никого не оставивме сaм, силно ги поддржавме граѓаните и компаниите со 2,6 милијарди евра. И успеавме. Денеска гледаме дека сите тие мерки и политики вродиле плод. Инфлацијата е намалена и целосно ставена под контрола“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.„Ги зголемивме платите и пензиите и тоа на историски највисоко ниво досега. Ги зголемивме платите во здравството, во градинките, училиштата, високото образование никогаш немало поголеми плати. Но јас сум реален човек, не живеам во заблуда дека овие бројни мерки и економски политики ги решија сите проблеми на граѓаните“, рече Ковачевски.„Но колку и да е тешко, ние имаме волја и знаење и тим да работиме и да испорачаме резултати. Постои начин, постои вистинска шанса за промена кон подобро. Ве уверувам дека нема лесни решенија за системските проблеми тука. Само продолжувањето на европскиот пат и усвојувањето на европските стандарди може да донесе реални промени“, беше дециден Ковачевски.„Само членство во ЕУ ни гарантира европски животен стандард, европски институции, право и правичност за секој граѓанин. Нашата заедничка борба за иднината има суштинска цел, а не формална“, рече Ковачевски.„Ви ветувам: Ќе работам и ќе работиме ден и ноќ заедно со мојот тим да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска држава.За европски животен стандард, за подобро образование, подобро здравство, за сузбивање на корупција, за држава по европски стандарди, за држава во која владее правото, за држава како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

eee8051c-ce5b-4361-be96-a3f0500c3b01

Ковачевски: Гласот за Стево и Коалицијата за европска иднина е глас за европска Македонија

„Заедно со нашиот Претседател, Стево Пендаровски, имаме визија и план како да ја внесеме Македонија во Европската унија. Решителни сме, имаме волја, храброст и знаење како да ја обезбедиме европската иднина на земјата, на сите наши граѓани. На сите сегашни и идни генерации. И со вас, граѓаните, заедно во тоа ќе успееме во тоа“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.„Граѓаните на Центар отсекогаш знаеле да донесат вистинска одлука на денот на изборите. Да пркосат на режим, да останат бастион на демократијата, да изберат локална власт и градоначалник како што заслужуваат. Исто така како Центар, така и цела држава ќе избере Претседател каков што заслужува. Нашиот претседател Стево Пендаровски“, рече Ковачевски.„Од другатата страна гледаме дека ништо не е променето. ДПМНЕ е истата партија од минатото, со истите луѓе. Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа“, беше девиден Ковачевски.„Но, сите ние заедно тоа можеме да го спречиме, заедно со граѓаните. Со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со глас за Коалицијата за европска иднина и глас за нашиот Претседател, Стево Пендаровски“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

tetovo8-12042024

Мицкоски: Гласот за Стево Пендаровски е глас за Артан, Али, Талат и Ковачевски

Секој еден граѓанин треба да знае дека, гласот за Стево е глас за Артан, Али, Талат и Ковачевски. Гласот за Стево Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево Пендаровски е глас за прифаќање на бугарскиот диктат и прифаќање на сите штетни политики за државата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Тетово во рамки на претседателската кампања.Претседателот Мицкоски порача дека е време за промени и Македонија конечно да добие вистински претседател, потенцирајќи дека тоа е Гордана Силјановска Давкова, човек со интегритет и знаење.Затоа е време за промени. Време е Македонија да добие вистински Претседател. Затоа ве повикувам да гласате за Гордана Силјановска Давкова. Човек со интегритет и знаење, врвен познавач на уставното право и политичкиот систем. Жена со свој став за работите и жена која работи според принципи. Непоколеблив борец за правда и одговорност, за заштита на човековите права и слободи, рече Мицкоски и додаде:Таа го напушта комодитетот и мирниот живот за да помогне на државата и да работи за заедничката цел Македонија да е подобро место за живеење. Гласот за бројот 2 е глас за професорката Гордана Силјановска Давкова која знаете дека ќе биде на страната на обесправените, која ќе ја брани и преставува Македонија пред светот преку нејзината најсилна страна а тоа е правото и правдата. Излезете и гласајте Македонија да добие вистински претседател.

Македонија | пред 1 година

IMG_3383

Левица: Црвено Куманово за радикални промени со Професорката Ванковска

Вечерва, во револуционерното Куманово, Левица одржа народен митинг каде свое излагање имаа претседателската кандидатка, проф. д-р Билјана Ванковска, носителот на пратеничката листа за ИЕ2 на Левица - Амар Мециновиќ и претседателот на партијата - проф. Димитар Апасиев!,,Сите шестмина, колку и да изгледаат различно, припаѓаат на иста политичка матрица која се обидува да ја сочува оваа статус-кво состојба” - рече Билјана Ванковска, претседателска кандидатка на Левица, вечерва во Куманово.„За нив Сонцето изгрева на запад, за нас Сонцето се движи. Нас нè тераат да се самоцензурираме, да се плашиме да кажеме сè што е на М. Тие ја упропастија државата, уништија се - од здравство, судство, образование... А нам ни велат дека користиме штетни наративи? – Не, ние ја говориме вистината“, изјави Ванковска.Носителот Мециновиќ продолжи: ,,Не може веќе некој да се богати на грбот на народот. Верувајте не’ нѝ се врзани рацете само треба да дојде на власт партија која ќе ја претставува работничката класа.Ние како граѓани, како работничка класа и како конститутивен народ на оваа држава ние - сме кичмата на оваа држава. И ние ако сакаме национализација на ресурсите, нека е 100 пати австриска ЕВН и амбасадорите и нека се жалат до утре, тоа е тоа - ние ќе бидеме управувачи на својата судбина!”

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Изборот е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или изолација со ДПМНЕ и Силјановска

,,Изборот пред граѓаните е јасен, европска иднидна со СДСМ и Пендаровски или изолација со ДПМНЕ и Силјановска.Граѓаните одлучуват меѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото, меѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ.A ДПМНЕ нема план за иднината и може да донесе само враќање назад кон мрачното минато. Ништо не е променето во ДПМНЕ а тоа го видовме и овие денови со апсењето новинари, лажните анкети, лажните вести диригирани од Белата палата. Нема ЕУ со ДПМНЕ и Силјановска ниту за 100 години.СДСМ има конкретен план, кој ќе ја придвижи земјата напред кон ЕУ. Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото.Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3375

Пендаровски во Гевгелија: Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант во Армијата

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за неговиот однос кон жените.„Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант, значи во Армија која е доминантно машка и професија и организација. Значи, поставив за првпат во историјата на независна Македонија, па и во социјализмот, ова што беше трета армиска област на времето никогаш немало жена аѓутант. Второ, јас сум првиот претседател кој има поставено првиот ден кога дојдов на овој мандат советничка за родови прашања, првпат. Посебна советничка само за тоа прашање, можам да речам не ми е надлежност, но многу ми беше битно. Од овие 10тина, 12 луѓе кои сум ги донел со мене во мојот мандат како мои најблиски соработници 52 проценти се жени“ порача Пендаровски, додавајќи дека во изминатиот период не ги делел граѓаните по ниедна основа и дека така и ќе предолжи во следниот мандат.Пендаровски посочи дека на овие избори се профилираа две различни политички понуди, едната е онаа која работи државата да продолжи напред, а втората прави сѐ за да ја врати државата назад во неизвесност.„Со нас одењето напред ќе биде загарантирано нема да биде преку ноќ ќе има потешкотии, ќе има секакви можни предизвици, но овие луѓе имаат демократска матрица во своите глави не се диктатори не се автократи. Ние не сакаме, никогаш тоа не сме го правеле, ниту ќе го правиме, е да го малтретираме македонскиот народ и македонските граѓани“ рече Пендаровски.Кандидатот за претседател ги повика сите присутни на масовна излезност на 24 април и гласање за бројот 1, затоа што тоа во голема мера ќе ги одреди резултатите од вториот круг на претседателските, но и резултатите од парламентарните избори.„Барам од сите вас силна мобилизација, уште во првиот круг затоа што резултатите во првиот круг ќе ги одредат резултатите и во вториот круг за претседател, но и резултатите за парламент“ истакна Пендаровски во Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

IMG_3373

Димитриевски денеска во Карпош и Центар: Притисоците нема да ме одвратат од намерата да ги промениме нештата во наша Македонија

Максим Димитриевски , претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – Занаша Македонија, денеска е во Скопје.Во изјавата за медиумите тој потенцира дека води позитивна кампања,се среќава со голем број на граѓани и отворено разговара за неговатаПрограма Манифест за Македонија и секојдневните проблеми на граѓаните.„Одѕивот е голем, интересот и за мене како претседателски кандидат и заДвижењето ЗНАМ- За наша Македонија, како пполитички субјект,секојдневно се зголемува“, рече Димитриевски.Тој додаде дека и покрај тоа што водат позитивна кампања, притисоците навласта од ден на ден се зголемуваат.„Тие притисоци се насочени првенствено кон нашите членови и активисти,дополнително кон граѓаните од ниските социјални слоеви, а и директно конмене како претседателски кандидат. Бидејќи беа покренати поголем број нафингирани постапки иницирани од поединци коишто се блиски до власта,конкретно со случајот за кривичниот прогон“.Димитриевски при тоа потенцира дека ;„Јас и покрај сите притисоци ќе го дадам мојот максимум да јапрезентирам мојата програма во целост пред граѓаните на територијата нацелата држава. Веќе успеавме да посетиме поголем број на населени местаи се сретнавме со луѓе кои даваат огромна поддршка.Денеска сме тука во Скопје, во општините Карпош и Центар и ќеоствариме поголем број средби со граѓаните на кои ќе им ја доставименашата изборна програма. Верувам дека до крајот на кампањата ќе успеемеда го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата можатда бидат поинакви.Запрашан со какви притисоци се соочува тој и членовите на Движењето,Димитриевски одговори дека се тоа непринципиелни методи, обиди запритисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, алуѓе од ниските социјални слоеви добиваат нерпистојни предлози. Тоа,рече тој, е нешто што се случувало и во минатото.Димитриевски во однос на неговиот случај одговори со прашање:„ Дали имало случај во државата досега, против било кој од досегашнитепретседателски кандидати, во еден неполн месец да бидат поднесени двеобвиненија против него и да биде повикан два пати на обвинител и еднашпред надлежен суд. Следното рочиште е веќе закажано на 30 април во текотна кампањата.Тоа е дополнителен притисок врз мене којшто има за цел да ме одврати однамерата во мојата борба, заедно со граѓаните да ги смениме нештата вонаша Македонија и да ми одземе време во кампањата да не можам да сепосвеатам на изборниот процес“.Димитриевски во рамките на изборната претседателска кампања денеска иќе има средби со граѓаните на општина Карпош и Центар.

Македонија | пред 1 година

IMG_3367

Левица: И Долно Лисиче стана црвено

Феноменот Левица незапирливо се шири. Во општина Аеродром веќе се отвори и втората канцеларија во населбата Долно Лисиче. На официјалното отворање гостуваше и претседателскиот кандидат Билјана Ванковска и порача:Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија! Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава.Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил, кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања, па заради тоа е потребна сплотеност за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија.Да ги збиеме редовите и да делуваме! Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме.Модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетниот ДУП, кој градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

Скопје | пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

,,Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ.Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото.Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото.Граѓаните знаат дека СДСМ има конкретен план, волја и знаење да ја однесе во Македонија во ЕУ.Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Пробиштип заслужува промени и повторно да биде горд

,,Дојдено е времето да се ослободиме од власта на ДУИ и СДС. Пробиштип ја има таа несреќа го владее градоначалник од СДС, граѓаните од Пробиштип не видоа ништо добро во текот на овој мандат.Со новата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека ќе го реконструираме и прошириме патот до Свети Николе, се обврзуваме дека ќе го реконструираме патот и до Кратово. Исто така се обврзуваме дека околу 7 милиони евра ќе делегираме од централниот буџет до општина Пробиштип за нови локални инфраструктурни проекти.Пробиштип заслужува промени. Пробиштип заслужува повторно да биде горд и ги повикувам сите граѓани на 24 април да излезат и да ни се придружат во големата и победа и прослава.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

taravari-809

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените од политички монтирани случаи

Во делот на реформите во правдата и правната држава, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека ќе ја стопира селективноста на правдата, ќе ги спречи политички монтирани случаи, но и ќе ги помилува и оние кои биле жртви на, како што вели, тие монтирани случаи.„Тие случаи или мора да се решат или да се простат. Разговорите што ги објави Заев, со поранешниот министер за внатрешни работи, за одредени случаи за кои знаат дека не се виновни, но морале да ги задржат затоа што "така барал системот". За каков систем зборуваат? Дека народот не бил виновен, ама мораме да го држиме во затвор. Ова е вознемирувачко. Пример случајот Алфа. Има докази за ова дека има монтирани случаи.Треба да седнеме и разговараме за овие процеси за да се најдат решенија и да профункционира правната држава. Се за да се зголеми довербата на граѓаните во правдата“, рече Арбен Таравари во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Би ја искористил можноста како претседател, вели Таравари, да не потпишува некои закони за кои смета дека се против интересите на граѓаните.„Не би потпишал закони кои се спротивни на мислењето на граѓаните, тие кои ги загрозуваат граѓаните, на пример Законот за коцкање и многу други. Би имал тим кој би ме советувал и врз основа на него би одлучувале за некои закони кои се само во интерес на мала група луѓе и наштетуваат на голем број граѓани“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со граѓаните на Градско и Росоман: Во ВМРО-ДПМНЕ сега се „децата“ на Груевски, државата ја гледаат како акционерско друштво

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше заедно со граѓаните на општините Градско и Росоман.Пред граѓаните, Пендаровски посочи дека во изминатите години како претседател на државата не се однесувал дискриминаторски кон ниеден граѓанин, додавајќи дека тој заедно со актуелната владејачка гарнитура работел за подобар животен стандард на сите граѓани.Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Пендаровски истакна дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија каде уште е присутна истата матрица на Никола Груевски.„Тие не се извинија за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се „децата“ на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не се појавува на однапред закажани средби со граѓани во сопствената кампања и ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден.„На 24 април гласајте за бројот еден, и на гласачкото ливче, но и во реалниот живот“ порача Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Пендаровски 5 години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Василево во рамките на претседателската кампања истакна дека Стево Пендаровски којшто 5 години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но 5 години ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево и да праша со какави проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката.„Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во Македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел“ потенцираше Мицкоски.Тој исто така потенцираше дека неверојатно е тоа што Стево Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „Ако не ме гласате, не ме барајте“.„Ете таков претседателски кандидат имаме од едната страна. Човек кој не си ја знае земјата и човек којшто замислете вчера во Делчево, на настан, на митинг обраќајќи се на делчевчани им вели ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува, човекот повеќе од три децении е активен во македонската политика“ нагласи Мицкоски и додаде:„Е тој човек ќе дојде овде, ќе ве гледа во очи и ќе ви кажува колку ве сака, цени почитува и ќе бара поддршка уште 5 години за повторно да не ви види очи. Е тој е човекот којшто денеска и се спротивставува на професорката Гордана Силјановска Давкова позади која што стојам јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.Мицкоски истакна и дека изборот на 24 април и на 8 мај е меѓу човек како Пендаровски кој отворено кажува дека е претседател само на оние што го гласаат и професорката Гордана Силјановска Давкова којашто е неприкосновен борец за граѓаните и светски признат експерт цитирана од светски правници.„На 24 април бираме за овој човек којшто јавно вели дека нема намера да биде претседател на сите граѓани туку на „нашите“, оние коишто гласаат за мене, така му е и паролата, пораката од кампањата „Нашиот претседател“ значи тој е претседател само на тие коишто гласаат и сега не само што е тоа напишано туку мора и да се дообјасни на митинзи, па вели ако не ме гласате очи да не ви видам. Еве вчера, слушајте го. Јас не можев да верувам дека тоа го зборува претседателски кандидат. Е тој е од едната страна кандидатот, а од другата страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, жена која што ја познавам долго време. Можам да кажам дека таа е беспрекорен борец за Македонија, беспрекорен борец за граѓаните на Македонија. Никогаш таа не ги дели граѓаните по верска и етничка припадност, космополит човек, познавач на правото, на Уставот, европски признат стручњак, светски признаен стручњак. Жена што како професор била визитинг професор на многу реномирани светски, европски универзитети. Држела предавања на студенти ширум целиот свет на врвните најпрестижни универзитети. Многу научници, многу професори, правници светски ја цитираат денеска Гордана Силјановска Давкова“ потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

435559788_999709851512079_6218732718296840654_n

Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка, мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори.Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна:"Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!"Ванковска пред Карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав."Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности!""Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!"На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидатите на Левица за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот "Обединети нации" - симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со порака до Давкова

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска на средба со граѓаните на Демир Капија се осврна на моментот кој веќе е добро познат низ медиумите и во јавноста дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова отсуствува од закажани митинзи и средби со граѓани во сопствената кампања за претседател на државата.„Пред ден, два била најавена противкандидатката, дали дошла? Не дошла.Каде што ќе видите дека Стево Пендаровски е најавено да дојде, јас навистина доаѓам, а наместо противкандидатката доаѓаат други. Не одлучува никој за мене, ниту толкува“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски истакна дека таквото бегање од соочување со граѓаните не доликува на некој кој претендира за највисоката функција во државата.„Ние сме сега влезени во трка формално за највисока функција во државата. Според Устав претседателот на државата е и врховен командант на вооружени сили. Тоа значи нема повисоко од тебе. Кога ти уште во кампања носиш други луѓе да зборуваат наместо тебе, па како утре ќе бидеш претседател? Еве ти даваме власт, ти даваме позиција, тие двајца што дошле да зборат, тие ли ќе бидат претседатели во сенка? А, ти само ќе бидеш кукла или во излог ставен и ќе викаш „јас сум претседател ама што викаат слика има, тон нема.“ Не сакам да шпекулирам за мотивите, ама јасно ми е. Тоа е исто како јас да кажам дека имам неколку другари овде и соработници кои се со мене со години и да речам сега „за ова прашање момент тој ќе ти одговори.“ Не ја бива таа работа. Или си претседател или не си,“ рече Пендаровски пред граѓаните на Демир Капија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања