Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

1-1

​​​​​Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент

За пасокизацијата на СДСМ што први ја најавија од Левица, во дебатата на ,,Канал 77", отворено зборуваше носителот на ИЕ 2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ:„Честа е да се натпреваруваме против СДС во секој случај, затоа што СДС редно е да отиде во историја".Со јавен апел до гласачите на СДСМ, Мециновиќ го истакна следново:„Ние дури и отворено се обраќаме до СДС - гласачите дека секој даден глас за СДС, во овој случај, е глас фрлен во бунар! Тоа е очигледно. Ги повикуваме да гласаат за нашата опција, за да се задржи тој лев контингент! Да не потпаѓаат, затоа што ние го носиме знамето на АСНОМ, ние го носиме знамето на партизаните! Да не учествуваат во уште еден проект како НСДП! Да не учествуваат во нешто што се нарекува повторно центар - лево! Центар - лево, всушност, значи: лево ветуваме, центар застануваме. Ние ги ветуваме правите левичарски вредности.Ги повикуваме сите СДС - гласачи да размислат мудро и својот глас да го дадат на левата опција - ЛЕВИЦА, за да се сконцентрираат овие гласови во еден ЛЕВ ПОЛИТИЧКИ ТАБОР".Амар Мециновиќ уште говореше и за фактот дека на неколку месеци пред изборите, СДС ја остави пола држава без плата што е одраз на матрицата со која владее партијата во распад.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-10.13.52

ДУИ дециден дека никој нема да го симне од власт

Европскиот фронт на ДУИ е дециден дека без нив, нема да има следна Влада. Сметаат дека само тие ги претставуваат Албанците, но и другите помали етникуми како Турците, Ромите и Бошњаците. Посочуваат дека ќе победи народот, а не политички стурктури.Според нив, само тие можат да ја внесат Македонија во Европската Унија. На прес-конференција посочија како досега се залагале.Уверуваат дека нивните пратеници ќе бидат дел од наредната Влада.Засилената реторика на ДУИ доаѓа по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да коалицира со нив, туку со албанската опозиција - а по изборните резултати каде СДСМ губеше со 180 илјади гласови на првиот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

„Победата е на дофат. И таа победа е создадена од сите надежи на луѓето кои не гласаа во првиот круг на изборите, и е последица на сите страдања и понижувања кои ги донесе оваа власт“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ѓорче Петров.Мицкоски додаде дека народот е определен дека сака промени, а убедливата разлика од над 180 илјади гласови е гаранција дека народот сака подобро, сака подобар живот, подобра економија, сака да си ја врати контролата над сопствената држава.„И навистина гледам дека пораките од првиот круг од изборите власта не ги сфаќа. Ним народот им е виновен, наместо да погледнат во сопствениот двор“, рече тој.„Тие од СДСМ не разбираат дека партијата, а потоа и цела власт во државата му ја подарија на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и Талат Џафери. Овие луѓе пак од партијата ДУИ направија трговско друштво за криминал и тендери. Стотини души распоредени на позиции управуваат со цела Македонија, злоупотребувајќи ги страдањата и надежите на целиот народ, нивните судбини, нивните проблеми кои ги создаваат, нивната мака. ДУИ стана мафијашка структура, наместо како тие што сакаат да се претстават европска партија. Иако устите им се полни со Европа, нема ништо посмешно и потрагично во исто време кога Артан или Бујар зборат за европски фронт“, појасни Мицкоски.Мицкоски укажа дека тешко на Македонија ако СДСМ и ДУИ се европската иднина како што лажно се преставуваат. Нема полоша услуга и за ЕУ кога ДУИ на Артан, Бујар и Талат збори за европски вредности. Сигурно од таму се молат овие луѓе да не зборат за принципи и европски вредности.„А од СДСМ не знаат дека Али е човек кој седи на повеќе столици истовремено. Во исто време кога СДСМ ги теши за поразот, ми праќа мене емисари за договор. И кога ова јавно го кажувам, вели дека во политиката влегол како востаник и дека замислете што вели Али Ахмети дека тој направил коалиција таква каква што направил со помалите етнички заедници затоа што ВМРО-ДПМНЕ помалите етнички заедници ги гледал со презир. Од овде од Ѓорче сакам да му порачам неколку работи, прво точно е дека на маката и надежта на нашите сограѓани Албанци и измамата од 2001 почна како востаник кој што се претвори во блискоисточен шеик кој што сега со крадените пари ужива во своите хациенди во Зајас. Тоа е точно. Точно е дека голобради момчиња, дел од неговата фамилија во меѓувреме додека тој кажува дека бил голем востаник, купуваат трговски центри за десетици милиони евра во центарот на Скопје. Исто така е точно, додека тој себеси се опишува во својата лична епопеја и романтична приказна како востаник, членови на неговото семејство возат ролс ројс, мерцедеси, мајбах, ренџ ровер џипови, имаат возен парк од неколку милиони евра. Се е тоа точно, дека тој се обидува повторно да тргува со гласовите на Албанците во Македонија. И додека тој ги убедува Албанците во Македонија дека е востаник, си врват бизнисите, си врват тендерите, милионите, и еврата завршуваат во џебот и на конто во семејството. Вистина е тоа Али Ахмети, дека ти си востаник ама сега во овие 23 години постепено но сигурно се претвори во ништо повеќе од обичен криминалец. И наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, итн.“, нагласи Мицкоски.Мицкоски порача дека црвениот картон на СДСМ и ДУИ мора да се даде масовно на 8-ми мај со огромна излезност на изборите.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност, најави Мицкоски

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.- Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.- Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски.ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-19.03.49

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

Во овие пет години се трудев да бидам коректив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува, порача денеска од Желино, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“ порача Пендаровски.Пендаровски изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес.Пред граѓаните Пендаровски побара поддршка во вориот круг, за да продолжи државата по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

05062023_VRSM_BITIKI-7

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика!

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8-ми мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачуваат во видео обраќање до целата прогресивна јавност Фатмир Битиќи и Санела Шкријељ кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.„Македонија е многу повеќе од било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци, Македонци, Срби, Турци, Роми, Власи, Торбеши - на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори. Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат“, порачува во своето обраќање кандидатката за пратеничка, ШкријељНа крајот од видео обраќањето, потпретседателот на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, Битиќи порачува – „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат - не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина.“Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-10.36.52

Д-р Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество.Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица.„Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и интересот, тоа општество оди во погрешен правец и назадува. Тогаш нема иновација, тогаш нема револуција, тогаш нема жар за напредок”, рече Филипче.Филипче е свесен дека кај младите постои незадоволство поради потрошените години и бројните обиди Македонија да се ослободи од минатото и да напредува.„Во Македонија со години се мачиме да излеземе, да се пробиеме, да се ослободиме од минатото и да ја зграпчиме иднината. Младите, со право, очекуваат повеќе. Но младите не смеат да заборават на клучна работа, која СДСМ ја почна храбро и, за жал, поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ не ја заврши. А тоа е обезбедување на трајни реформи и можности преку интеграција во Европската Унија. Ова е заложбата на СДСМ за младите и тоа не само за вашата генерација, туку и за сите следни генерации”, потенцираше Филипче.Во таа насока, Филипче додаде дека СДСМ не ги изневери младите и ќе продолжи да работи на трајна трансформација на општеството која ќе значи подобар живот и можности за секој. Најдобро тоа го знаат младите, кои имаат комуникација со своите врсници и се свесни за придобивките што можат да ги добијат доколку земјата стане членка на Европската Унија, рече Филипче.„Вие сте млади луѓе комуницирате со вашите врсници од светот, некои веројатно и биле, прошетале, се запознале. Прашајте ги за можностите кои ги нуди ЕУ. Прашајте како нивната земја се променила после влезот во Европската Унија, какви можности добиле тие. На пример во Бугарија, во Хрватска или другите земји кои неодамна се во ЕУ. Ќе видите дека единствен начин вистински, трајно и за сите подеднакво да го подобриме општестовото е интеграцијата во ЕУ”, изјави Филипче.Тој ги повика младите да не се обесхрабруваат и да не дозволат повремените пречки и порази да ја спречат реализацијата на нивната цел.„Оваа цел е искрена, правилна и проверено значи подобар живот за сите. Се друго што нуди ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии е несигурен избор и ризик од непозната иднина”, рече Филипче.Токму затоа ова се избори кои ќе ја поместат земјата и младината од раскрсницата на која во моментов се наоѓа Македонија, а младите ја имаат силата преку својот глас да го направат вистинскиот избор за да продолжиме кон патот што значи посветла и постабилна иднина, рече Филипче пред младите.„Гласачкото ливче и пенкалото се вашата алатка за создавање на иднината. Ова е вашиот момент да изберете и бирајте мудро. Вашиот избор може да направи монументална разлика. Разговарајте со вашите врсници, вашите семејства, вашите соседи. Кажете им за влогот на овие избори. Мобилизирајте, организирајте и инспирирајте ги сите до кои можете да дојдете. Заедно, можеме да го свртиме бранот на овие избори”, потенцира Филипче.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-davkova

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Марија Митева, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во свое гостување на Сител зборуваше за големата разлика која ја освои професорката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и посочи дека големата разлика во гласови дава уште поголем поттик до 8 мај да се бара подршката за масовна излезност и поголем број на пратеници во Собранието.-Добро е што на една друга национална телевизија имаше едно видео на кое претседателот Мицкоски уште неколку месеци пред изборите вели дека уште во првиот круг професорката Гордана Силјановска Давкова ќе води со 100.000-150.000 гласа, така што можам да кажам дека некаде во оваа рамка се движеа нашите би кажала мерења на јавните мислења и тоа не го темелевме врз основа на тоа само колку голема ќе биде победата туку на тоа што го добивавме како имплус од граѓаните. Постојано бевме на терен, постојано организиравме најразлични дебати, најразлични трибини, средби со граѓани, бевме помеѓу народот, зборувавме за сите проблеми со кои се соочуваа и некако оттаму ги собиравме идеите кои треба да бидат дел и се дел од нашата Платформа 1198, а потоа и некако го почувствувавме импулсот од граѓаните кои навистина сакаше промени. Не не изненадува поддршката напротив таа ни дава би кажал една друга димензија на одговорност која што ја чувствуваме како политичка партија и обврска да продолжиме до 8 мај континуирано да ја бараме поддршката за масовна излезност и за што поголем број на пратеници во Собранието за една стабилна влада која што навистина ќе ги донесе промените кои што народот го бара, рече Митева.Во врска со претседателските избори Митева потенцираше дека Стево Пендаровски во никој случај нема да биде претседател на Македонија и дека многу е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени.-Апсолутно дека Стево Пендаровски нема да биде претседател на Македонија, ќе бидам директна и конкретна, мислам дека на сите веќе им е јасно дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени. Ова е историски би кажала резултат кој што една партија од опозиција го има постигнато, така што сме прво горди и на тоа што сме го направиле затоа што сме имале добра понуда, на таа понуда граѓаните веруваат, ја дале довербата и треба да продолжиме уште посилно да ја бараме поддршката, порача Митева.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Сите прогресивни сили мора да се мобилизираат на 8-ми мај

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг одржан во Крушево, ги повика граѓаните кои се одлучиле да не излезат на гласање во првиот круг, да гласаат на 8-ми мај, на парламентарните избори и вториот круг од претседателските.„СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобизација на 8-ми мај. Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби.Во време кога и вие добро знаете кога полициски началници ви шетаа по градот по цели две недели додека се одржуваат избори за да може да контролираат како ќе гласаат под присилност граѓаните. Вие тоа најдобро го знаете во Крушево и затоа не дозволувате да ве газат како што ве газеа 11 години“, порача Ковачевски.Ковачевски во своето обраќање рече дека знае дека изборите на 8-ми мај дека ќе бидат тешки и се подготвени на сѐ, но дека нема откажување од европската иднина и од борбата за подобар резултат.„Јас знам дека изборите на 8-ми мај ќе бидат тешки. Ние сме подготвени за резултатот на изборите, но во ниту еден момент не помислуваме да се откажеме од борбата, затоа што конечниот резултатот не е оној од пред четири дена, туку тој што ќе го добиеме на 8-ми мај.Знам дека голем број граѓани сè уште немаат одлучено кому да го дадат својот глас. Затоа ги повикувам убаво да размислат кој заслужува да ја води државата. Убаво да размислат дали сакаат да гласаат „за“ или сакаат да гласаат „против“. Гласањето „против“ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме „за“ може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат“, рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.Ковачевски се обрати на членовите и симпатизерите на СДСМ со порака дека е поголемо задоволството да се бориш со својот политички и идеолошки противник, отколку да се свртиш и да се бориш против своите, што според него, е многу полесна опција.„Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа, ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици. Основната цел на нашата програма е брзи и успешни преговори со ЕУ, затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и подобро владеење на правото“, рече Ковачевски и додава дека во програмата на СДСМ се предвидени многу издржани и конкретни мерки за подобрување на животот во Македонија.„Не дозволувајте сејачите на магла од Белата палата на ВМРО да манипулираат дека тие владееле подобро. Кое е нивното подобро? Дали е подобро повеќе од 1,5 милијарда евра потрошени за криминалниот проект Скопје 2014 кои ние моравме да ги враќаме со еврообврзници?Дали нивното подобро се заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти? Тоа ли е нивното подобро?Тие вложуваа во жални врби, ние вложувавме и ќе продолжиме да вложуваме во вас, граѓаните“,порача Ковачевски од Крушево.Тој ги повика, граѓаните убаво да размислат кому ќе го дадат гласот на изборите на 8-ми мај, затоа што тој глас е клучен за иднината на државата.

Македонија | пред 1 година

mickoski-bitola-28042024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

На вечерашниот митинг во Крушево, претседателот на Социјалдеморатскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, им порача на присутните дека СДСМ е силна партија, која не се откажува кога е најтешко.„Киро Глигоров кој ја внесе Македонија во ОН, ја има првата членска книшка на СДСМ. Во 2005 наш премиер го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ. Во 2016 година СДСМ го сруши режимот на Никола Груевски и ДПМНЕ. Пред 4 години благодарение на СДСМ и повторно на претседател на СДСМ станавме земја членка на НАТО, а пред две години повторно благодарение на СДСМ и на храброста на раководоството и пратениците, почнавме преговори со ЕУ. А од другата страна единствено блокади, единствено бегање и секогаш на погрешната страна на историјата“, порача Ковачевски.Тој додаде дека во партијата се свесни за „казната“ што ја добиле во првиот круг од претседателските избори и таа порака ја примиле со почит кон сите што гласаа, но и кон оние кои одлучиле да не излезат на гласање.Ковачевски посочи дека го разбира незадоволството на граѓаните и дека тоа незадоволство од дел од политиките, одлуките и кадровските решенија е основано и со причина.„Сите ние некогаш се разочаруваме дури и од нашите најблиски пријатели. Имаа ситуации во животот кога можеби ненамерно ќе нè изневерат или ќе погрешат и најблиските. Но, дали тоа значи дека треба одма да се откажеме од нив и да бараме други партнери и пријатели? Не! Треба да седнеме, да поразговараме за проблемите прво меѓу себе, како што тоа ние го правиме со граѓаните. Само така ќе можеме да ги поправиме сите грешки и заедно да градиме подобра и просперитетна иднина за граѓаните“, рече претседателот Ковачевски.Ковачевски во своето обраќање посочи дека историјата покажала дека СДСМ е силна партија, која не се откажува кога е најтешко и која не потклекнува во носењето на тешки одлуки.„Замислете драги мои соседи во Крушево, драги пријатели, Илинденците при првиот предизвик да се откажеле од својата цел за слободна Македонија. Замислете Асномците при првата пречка да се откажеле од својата идеја за македонска држава.Замислете нашите претходници, во 90-тите, да се откажеа од идејата за независна Македонија. Тоа би било исто како ние да се откажеме од идејата за нашата цел за европска Македонија. Тоа значи откажување од идејата нашите деца да живеат подобар живот и нашите деца да го имаат она што денес го добиваат талкајќи по туѓи држави затоа што некој пред нас немаше храброст да донесе одлуки кои ќе ја направат земјата членка на ЕУ. СДСМ била, е и ќе биде силна партија. Партија која не се откажува кога е најтешко, партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. Сите оние кои мислеле дека ќе нѐ скршат, завршиле заборавени од историјата. Затоа, никој не треба да помисли, ниту на сон, дека сега ќе се откажеме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Крушево.

Македонија | пред 1 година

demir-hisar-3-28042024

Соопштение до јавноста 28.04.2024 Мицкоски: Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа разлика, сите оние кои се претставуваат како опозициски гласови да кажа...

„Идниот претседател Гордана Силјановска Давкова победи во сооднос поголем од 2-1 со историска разлика од 183 илјади гласа во однос на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тоа е историски резултат и резултат кој нас не обврзува бидејќи народот со право има големи очекувања и очекува дека идната влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача брзи резултати“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.Претседателот Мицкоски истакна ветува дека ќе има брзи резултати.„Од мое име и од името на коалицијата можам да ви ветам дека брзи резултати ќе има, имаме програма наречена Платформа 1198, во таа платформа, во тој документ се содржани решенија за потребите на граѓаните на Македонија бидејќи тие го најдоа своето место во таа изборна програма како резултат на неколку месечна, годишна комуникација која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја имаше преку организирање трибини, посети лице во лице, разговори. Сето она кое е содржано таму е навистина решение за реалните потреби на секој граѓанин во Македонија“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„Вистинското прашање е дали некој овде во Демир Хисар видел програма на нашите политички противници и дали некој знае како се вика таа програма на нашите политички противници. Ние веќе ја поминавме Македонија еве веќе 25 ден од оваа кампања и претпоставувам дека нема граѓанин, нема човек во Македонија кој не знае дека ние молиме за поддршка за Македонија да биде повторно горда и твоја. Дали некој знае која е пораката на нашите политички противници освен ако се земе дека сите тие се тепаат да ги искористат двете магични букви ЕУ само тоа“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат 61 пратеник, а Гордана Силјановска Давкова ќе е идниот претседател. Тој упати апел масовно на 8 мај да се излезе и да се заокружи бројот 2.„Една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник и Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател, се останато е лага. Сите оние кои се претставуваат како анти владини опозициски гласови или гласачи или политичари четири дена молчат што ќе ги советуваат гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за нив, што ќе прават во вториот круг на гласање. Ќе излезат да гласаат, нема да излезат да гласаат, ако излезат да гласаат што ќе ги советуваат за кого да гласаат за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, ајде да ги слушнеме ајде сите да ги повикаме 4 -5 дена молчите а се претставувате како опозициски кандидати, кажете го вашиот став да го слушнат граѓаните во Македонија да видиме кој е вашиот совет бидејќи сепак неколку десетици илјади луѓе гласаа и за нив“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум осум години а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тога во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамнправни или нема да има среќа за никого“ порача Пендаровски.Тој пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика на каква била нивна определба.„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“ повика Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.15

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража

„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“, вели Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 и додава:Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Македонија | пред 1 година

unnamed

Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија

„Главните политички заложби на ИНТЕГРА, македонската конзервативна партија, со кои сме додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, се однесуваат првенствено на сочувување на македонскиот устав и државотворната позиција на македонскиот народ со комплетниот корпус на македонски национален идентитет во него. Тоа подразбира дека нема промена на уставот под ниту една закана, уцена, притисок од било чија страна, тоа значи дека се додека не го затвориме целокупниот корпус на македонските национални идентитетски прашања, оние црвени линии за кои што македонскиот народ се залага во татковината Македонија нема да се чепне Уставот по ниту една основа, рече Љупчо Ристовски претседател на ИНТЕГРА при денешната посета во Градско.„Втората работа, мора да ја зацврстиме Македонија како држава на македонскиот народ, како круна на вековната борба на македонскиот народ за своја држава, за своја национална слобода, тоа подразбира ние ќе си ја пишуваме сопствената македонска историја согласно нашиот национален македонски интерес“, рече тој.Ристовски истакна дека коалицијата Храбро за Македонија ќе ги гарантираме сите видови на слободи на секој поединец, и економски и социјални и политички слободи, ќе воспостави систем на трајна правна сигурност за секоја индивидуа, тоа подразбира дека со сите владини политики, ќе го таргетираме творечкиот потенцијал на секој поединец.„Нема ниту Брисел, ниту Вашингтон да ни донесат богати и просперитетни семејства, нашиот творечки потенцијал е тој којшто мораме да го покренеме, мора да го таргетираме со сите мерки на владини политики и тој да ја направи преродбата на Македонија. За тоа да го сториме ќе биде потребна сигурна и безбедна Македонија, тоа значи дека ќе мора да изградиме моќна македонска армија и моќен безбедносен систем“, рече Ристовски.Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус. Ристовски потенцираше дека имаат инвестициски проект за 50 илјади микро мали и средни претпријатија кои ќе бидат таргетирани со владини политики. Според него, капиталните инвестиции и субвенциите кои се нецели 700 милиони евра во буџетот на годишно ниво ќе бидат понудени на секој поединец на секое семејство, но паралелно и на државната администрација, за да се поттикне претприемачкиот дух да станат со своите проектни бизниси партнер со владата, односно ако се одлучат да ја напуштат државната администрација и сакаат да влезат во бизнис.„Оттука ако го земеме агробизнисот како еден од клучните потенцијали на Македонија, се наоѓаме во Градско каде има огромен потенцијал за земјоделство и агробизнис, не смееме да дозволиме ниту една педа земја да остане необработена и да не произведува храна. Оттука ние излегуваме со проект за 24/7 за 365 дена, секој ден во годината ќе има отворен јавен оглас, до 10 хектари во атарите на селата и над 50 хектари со задолжително преработувачки капацитети, висока финализација на храна и пијалоци, секоја педа земја ќе кора да дава храна во Македонија, се што е благослов од Бога, Сонцето, ветерот, воздухот, почвата мора да ги ставиме во функција да бидат национални стратегиски ресурси, од тука секоја педа ќе произведува храна и Македонија повеќе никогаш нема да произведува храна туку ќе стане моќен извозник на храна, и органска храна и се што компаративна предност на македонскиот аграр.Околу откупните цени на земјоделските производи, исклучиво приватно-јавно партнерство, ќе донесеме приватни инвестициски фондови, приватни агро берзи секторски ако станува збор за тутунот ќе биде приватна тутунска агро берза, ако станува збор за лозарството ќе поттикнуваме мали винарии, мали дестиларии да грозјето отиде во висока финализација да никогаш повеќе не зависат од уцените на откупувачите, значи ќе ја решиме ниската откупна цена на начин што ќе таргетираме отворен пазар по моделот на Адам Смит, таа слободна економија ќе донесе конкуренција и апсолутна квалитетот на македонските производи ќе ја качи цената, на овој начин ќе ги направи нашите фармери и земјоделци богати, рече Ристовски.Носителот на листата на Коалицијата Храбро за Македонија во ИЕ 3, Иван Николов, доктор по ветеринарна медицина, кој е со домашно и меѓународно искуство во земјоделието и преработката на храна, кажа дека само минатата година во Македонија е увезена храна во вредност од една милијарда долари, а во исто време извозот се намалува.„Ние сакаме да дадеме силна поддршка на фармерите, да дадеме решение за ниските откупни цени, кои сега се уценителни за фармерите, сакаме да ја поддржиме македонската индустрија која е извозно ориентирана како што е конзервната индустрија, кондиторската индустрија и поготово винската индустрија. Сакаме да им помогнеме на фармерите да ја обноват својата механизација да ја обновата опремата за да можат да бидат пококурентни, рече Николов.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања