Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2024-04-27-at-13.45.29

Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

„Денеска сме тука во Ѓорче Петров во Стопански Двор каде што позади мене ова место набрзо ќе започне изградба на градинка и навистина ми е драго и со огромна чест и задоволство можам да најавам јас заедно со Бојан дека за кратко започнува новата градинка во Ѓорче Петров. Онаа градинка каде што јас и Бојан како пратеници во Собранието поднесовме амандмани и ни беа прифатени од владата и Александар Стојкоски како градоначалник ги започна сите постапки и веќе наскоро ќе потпише договор за да се гради таа градинка во Ѓорче Петров“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:Ние како нова влада ветуваме дека сите дечиња ќе ги запишеме во градинките, дека сите дечиња ќе добијат учебник. И затоа ова ветување ни е многу важно за да се започнат сите градинки со изградба. И навистина во Ѓорче Петров имаше голем проблем изминативе години со запишување на дечиња, со нови градинки и така натаму.Но со одличната работа на Александар и неговиот тим може да видиме дека листата е намалена, со отворање на нови градинки, со нови реконструкции, со нови можности и адаптација дека многу дечиња се згрижија. Но со оваа градинка тука во Стопански Двор навистина е полн погодок и уште еднаш ми е драго што јас и Бојан навистина поднесувавме стотици и стотици амандмани, но овој беше прифатен и околу 60 милиони денари токму тука во Стопански Двор за брзо ќе започне нова градинка во Ѓорче Петров.Аирлија нека се сите овие проекти. Може да видиме дека во Ѓорче Петров насекаде е раздвижено, се градат нови улици и тука во Стопански Двор, се градат нови улици во Кисела Јабука, се гради во урбаниот дел, се градат нови спортски терени. Вака се сака Ѓорче Петров, вака се сака Македонија. Но за да има уште повеќе проекти и за победува Македонија сите масовно на 8 ми мај да ставиме печат, да ставиме печат на победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија и после тоа владата да ги засука ракавите и уште повеќе проекти да има за сите луѓе во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-27-at-13.27.01

Стојаноска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидува зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%

„Денес остваривме средба со Здружението на глуви и наглуви лица од Гостивар“, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 и додава:Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20%, а исто така предвидено е вработување на најмалку едно лице со попреченост во јавни институции кои имаат вработено најмалку 50 луѓе.ВМРО-ДПМНЕ покажува подеднаква грижа за сите граѓани. Заедно со сите, Македонија ќе ја направиме повторно твоја и повторно горда. Промените се во твои раце.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите

Тоа што ние сме го ветиле и кажале, тоа ќе го направиме и тоа е резултат на анализа, не е тоа резултат на политичка манипулација, туку многу сериозно и темелно пристапивме, не ветувавме чуда, ниту ќе ветуваме. Тоа што сме ветиле ќе испорачаме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов, запрашан како ќе го одржи ветувањето за пет илјади денари линеарно покачување на сите пензии ако формира Влада.Мицкоски посочи дека пензиите би се нивелирале во септември и март секоја година, така што според планот предвидено е некаде во втора половина на јуни да се креира владата, а втора половина да има ребаланс за буџетот и веќе од септември да почне реализацијата на ова ветување, со тоа што би се заокружиле тие пет илјади денари во март 2025 година.„За оваа година, до крајот на годината ни се потребни околу 40 милиони евра, тоа е некаде околу 2 милијарди и 400 милиони денари, потоа веќе од после март кога ќе се затвори целиот овој процес, бројката е некаде околу 20 милијарди, 20 и нешто милијарди, 21 милијарда денари“, рече Мицкоски.Во однос на прашањето од каде пари за линеарно повисоки пензии од пет илјади денари, Мицкоски посочи дека тоа е многу едноставно, затоа што во буџетот има ставка „други трансфери“ кои во 2016 година биле 28 милијарди денари, а лани изнесувале 52 милијарди, пари кои ќе се искористат за пензиите.„Од каде пари? Многу едноставно. Вие ги гледате трансферите кои што одат во ПИОМ од буџетот и процентуално ги кажувате, но ако ги видите во буџетот другите трансфери, ќе дојдете до следниот заклучок. Други трансфери во 2016 година се 28 милијарди денари, а во 2023 година се 52 милијарди, што значи дека имаме зголемување од 24 милијарди денари, тоа се 400 милиони евра. Сигурно ќе си го поставите прашањето, што прават овие а 400 милиона? Јас ќе ви го дадам одговорот. Ништо, ги злоупотребуваат ти 400 милиона. Од тука ќе обезбедат дел од средствата кои што се потребни за пензионерите и се разбира од страна на другите политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе“, рече Мицкоски.Да бидам до крај брутално искрен, додаде Мицкоски, тие пари се пари кои што се злоупотребуваат, се крадат, а ние немаме намера со тоа да се занимаваме и тие пари ќе отидат кај пензионерите.

Македонија | пред 1 година

izbori-glasanje-51993-92549

Уште два изборни инциденти од вчерашното гласање

На 24.04.2024 во 22.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори.На 24.04.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

IMG_3593

Јакимовски со 2.143 гласа во Карпош и 182 во Крива Паланка

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг на претседателските избори освои само 8.013 гласови. Јакимовски освои помалку гласови од бројот на потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.Јакимовски, кој тера трета година мандат како градоначалник на Карпош, во неговата општина освои само 2.143 гласови. На локалните избори во 2021, Јакимовски освои 14.838 гласови и во вториот круг го победи кандидатот на СДСМ Душко Весковски кој имаше 13.397 гласови.Во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.Откако дојде на градоначалничката функција во Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на големо ги тера постапките за носење нови Детални урбанистички планови (ДУП) за населбата Влае и за просторот кај „Алумина“. Со овие планови се предвидуваат нови висококатници, поради што граѓаните и граѓанските здруженија организираа протести и засега плановите не се донесени.И покрај тоа што граѓаните велат дека немаат никакви услови за живот, Јакимовски велеше дека идните згради во „Алумина“, меѓу кои и две 35-катници, се „убави и современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија и во Белград“. За зградите рече дека се „убавина што ќе го направи Карпош водечка општина во државата“.Јакимовски дозволи да се гради и 17-катница во болничкиот комплекс кај Воена болница. Иако Конзерваторскиот центар ја поништи дозволата, Јакимовски не ја стопира градбата и таа и понатаму се гради во заштитено подрачје, каде не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери во итни медицински случаи. Јакимовски смета дека нема ништо спорно што на овој простор ќе се изградат 419 станови плус два спрата дуќани, што подразбира и околу 2.000 нови жители, но и повеќе од 1.000 нови возила, не само од жителите.Американскиот Стејт департмент на 18 март го стави на црна листа Јакимовски бидејќи со неговите дејствија како градоначалник го поткопал владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Според Стејт департментот, Јакимовски „како градоначалник на Карпош бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3592

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Таравари и Димитриевски во една

Гордана Силјновска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјаваОд тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници – Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

Мицкоски: Ова е победа на народот, цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

,,Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка.Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000.Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време.Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија!Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ.Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија!Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија.Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија.Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен.Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината“. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта.Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно.Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна.Првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт.Вечерва има простор за задоволство и славење, но морам да го споделам со вас и чувството на грижа поради лошите состојби во Македонија и тоа чувство за мене, а и за сите вас со мене, тука е одговорност спрема народот. Свесен сум и треба секој еден што е со мене да испорача брзи резултати, на народот му требаат брзи резултати и не чека работа, многу работа, мерки проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот.Мораме да ја промениме сликата за реалноста, денес секој еден глас кој беше даден со голема надеж и силна верба за менување на работите. Свесен сум дека многумина од вас не се до крај уверени, но сепак ни дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса која и свесен сум и затоа мораме да ја оправдаме.Благодарност за секој еден глас, Македонија постои и е голема поради вас народот кој во клучните времиња се одважува и носи исправна одлука но ќе ги споменам и оние кои не гласаа и се уште се двоумат подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и заедно ќе направиме многу повеќе. Воедно и оние кои излегоа и гласаа за власта сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не била моја цел ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле и кон народот е тие ќе одговараат.Тие ќе одговараат до последниот.Драги пријатели, браќа и сестри. Ве молам да го поздравиме идниот претседател, идната претседателка на Македонија, да и посакаме успешен мандат затоа што тоа ќе се случи, жалам што не веруваа во нас, жалам што многумина денес ќе има разочарани.Среќен сум што народот на Македонија веруваше во нас, народе на Македонија ви благодарам.Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова.Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше.Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда.Професорке заедно ќе успееме!Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски.Почитувани, пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша.Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт.Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме.Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена.Покажавте дека има надеж и дека тоа сме сите ние. Нашиот момент е сега, ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста да го промениме секојдневието, да го промениме светот во кој живееме на подобро, да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас во сите нас заедно, да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја е време е да си ја вратиш во твои раце.Македонија повторно твоја, промените во твои раце.На крај вечерва славиме, утре продолжуваме, утре се гледаме Охрид, Вевчани, Струга, Кичево, одиме од врата на врата, од дом во дом, продолжуваме до конечна победа.Да сте живи и здрави! Бог да ја благослови нашата Македонија! Ви благодарам!”, изјави Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски: Не очекував волкава разлика во првиот круг

Актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ на претседателските избори, кажа дека не очекувал волкава разлика во првиот круг, но најави дека нема предавање во вториот круг. Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) од првиот круг по 80 отсто преброени гласови, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова освои 144.000 гласови повеќе од Пендаровски.Тој кажа дека денешните бројки се должат на тоа што имало 7 кандидати за претседател.„Од утре е нов ден тргаме од нула. Јас длабоко верувам во мојот концепт и од утре ќе продолжам да го промовирам и ги охрабрувам граѓаните на 8 мај да излезат во поголем број. Нема предавање, не се чувствувам малодушно, одиме во втор круг“, рече Пендаровски.Тој кажа дека нема да ги бара гласовите од ниту еден од кандидатите кои не поминаа во вториот круг, туку од граѓаните како што го правел тоа досега.Според неофицијалните резултати од гласањето, во вториот круг на претседателските избори ќе одат Силјановска и Пендаровски, а ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Македонија | пред 1 година

29.9.maksim-dimitrievski

Димитриевски изрази голема благодарност до сите граѓани за денешното гласање

Претседателот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски вечерва изрази голема благодарност до сите граѓани на Македонија за денешното гласање на претседателските избори.„За мене е поголема чест што вечерва можам да кажам дека ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена. Се роди третата политичка сила во Македонија која во наредниот период имаме намера да ја надоградиме и граѓаните да имаат можност да гласаат за нешто ново. Денеска победи демократијата и победи Македонија. Треба да продолжиме да обединуваме, а не да разединуваме“, рече Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Бујар Османи прогласи голема победа

Претседателскиот кандидат на коалицијата на ДУИ – Европски фронт, Бујар Османи објави голема победа над противкандидатот на Вреди, Aрбен Таравари.Османи рече дека победиле во Гостивар, каде Таравари е градоначалник, во Чаир, Струга, Тетово, Кичево.,,Европскиот фронт стана локомотива за европскиот пат на земјава”, рече Османи.

Македонија | пред 1 година

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Стевчо Јакимовски призна пораз и честиташе на Силјановска-Давкова

Претседателот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски вечерва призна пораз и упати честитки до Гордана Силјановска-Давкова за водството во првиот круг.Јакимовски не задоволен од резултатот и има најмалку гласови од седумте кандидати.,,Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признаам поразот на овие претседателски избори, а воедно, да ѝ честитам на водство на госпоѓата Гордана Силјановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки? Според мене, нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е, битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-siljanovska-Konvencija-11-02032024

Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Според првичните неофицијални резултати, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова има двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски на првиот круг од претседателските избори во земјата. Досега се преброени 68,99 проценти од гласовите.Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека на 2.367 од вкупно 3 508 избирачки места, предност има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 38,88 отсто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ кој има 114.373 гласови или 19,04 проценти од гласовите.Трет е Бујар Османи од ДУИ со 14,76 проценти од гласовите, пред Арбен Таравари од коалицијата Вреди со освоени 65.503 гласа или 10,67%, Максим Димитриевски од ЗНАМ има освоени 8,35 %, Билјана Ванковска од Левица, добила поддршката на 4,52 % од гласачите и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,89 проценти.Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ упати порака дека не е паметно ДУИ да повикува на бојкот на вториот изборен круг за избор на претседател на државата, посочувајќи дека разликата меѓу Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски веќе е повеќе од 170 илјади гласови.

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Денеска на заедничка прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев во присуство на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност Тони Ангеловски, оценија дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Во прилог интегралните изјави од министерот Тошковски и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.Министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјава:Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите.Најпрвин, со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти. Во тој контекст сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои со својата посветеност и професионализам придонесоа за одржување на безбедноста на избирачките места и соодветно постапуваа онаму каде што беа евидентирани изборни нерегуларности.Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа на гласање и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на поинклузивно општество.Имајќи ги предвид информациите кои ги добив од надлежните аналитички служби во МВР, во текот на денешниот ден евидентирани се повеќе настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, пријави за агитирање на гласачко место и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес.Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека во текот на денешниот ден:- На ниво на целата држава евидентирани се 12 случаи на фотографирање на гласачко ливче- 2 случаи на кинење на гласачкото ливче- 6 пријави за нудење поткуп- 15 пријави за агитирање- на подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор.- Врз основа на претходно поднесени пријави, од страна на МВР констатирани се 6 прекршоци по чл.190 од Изборниот Законик, а ќе бидат поднесени и 2 кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“ по член 163 од КЗ и една за „Повреда на избирачко право“ предвидено и казниво согласно член 159 од КЗ.- на подрачје на СВР Охрид пријавено е јавно гласање пред Комисијата и на подрачје на СВР Тетово пријавен е настан за упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.- На подрачје на СВР Куманово гласачките места 1100 во с.Умин Дол и 1075 во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ беа затворени, а избирачкиот материјал е вратен до канцеларијата на ОИК.- На подрачје на СВР Струмица, лице при гласање на набљудувач го покажало гласачкото ливче.На крај, дозволете ми уште еднаш да изразам благодарност до сите чинители кои придонесоа денеска да имаме успешни, безбедни, мирни и демократски избори на кои граѓаните слободно го остварија своето право на глас.Дополнителен заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјава:Почитувани граѓани,Почитувани претставници на медиумите,Дозволете ми на почетокот да изразам задоволство од тоа како помина денешниот изборен ден, од првиот круг на Претседателските избори 2024 година – во мирна, фер и демократска атмосфера. Во оваа прилика упатувам искрени честитки до сите граѓани кои и овој пат ја искажаа својата слободната волја на избор и гласање по сопствено убедување, почитувајќи ја демократијата и демократскиот изборен процес како дел од европските вредности кон кои секојдневно се стремиме.Денешниов изборен ден, граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, нешто на што активно работевме изминатиов период, сфаќајќи дека поддршката од секого е драгоцена кога имаме заедничка цел – фер и демократски изборен процес во кој ќе бидат зачувани законитоста, безбедноста, јавниот ред и мир.Во текот на денешниот ден не се регистрирани посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес и јавниот ред и мир во текот на првиот круг од гласањето, земајќи ги предвид досега пријавените случаи во МВР.Со задоволство можам да констатирам дека денеска Министерството за внатрешни работи, како еден од клучните носители за успешно спроведување на изборниот процес беше на висина на задачата во делот на надлежностите предвидени со Изборниот законик.МВР максимално подготвено одговори на предизвиците околу безбедноста на првиот круг од Претседателските избори 2024 година за што би сакал да упатам благодарност до сите припадници на полицијата за извршување на работните задачи на највисоко професионално ниво.Во оваа прилика би сакал да упатам посебна, лична благодарност до медиумите, до вас новинарите, за соработката и за квалитетот на односите што ги градевме изминатиов период, а кој се засноваше на веќе воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Гласањето заврши без ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, велат од Јавното обвинителство

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија izbori@jorm.mk не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите.Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес.Привремената Комисија на Јавното обвинителство за евентуални изборни нерегуларности го следеше текот на гласањето, а во текот на денот беа организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства. Јавното обвинителство се координираше и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.Комисијата ќе продолжи со својата работа до завршување на изборниот циклус. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања