ИЗБОРИ25

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изборниот молк, од 18 октомври до утрово во 7 часот, биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк низ земјата.Најмногу случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – шест, по што следат четири пријави во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, Штип и Битола, и една пријава во Струмица.„По преземените мерки, не се потврдени пријавите за 15 од пријавените настани,“ соопштија од МВР.Покрај тоа, биле регистрирани 47 објави на социјалните мрежи кои го прекршиле изборниот молк, главно со повици за гласање за одредени кандидати или со видеа и фотографии од партиски активности во штабови.Министерството информира дека гласањето на болните и изнемоштените лица, како и на лицата во затвори и притвор, поминало без инциденти, освен еден изолиран настан, кој бил навремено третиран.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК

Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила.„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Случајот стана јавен вчера, откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече тој.

Скопје | пред 3 месеци

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Проблем со струја и уреди – на две избирачки места се гласа без биометриска идентификација

Државната изборна комисија соопшти дека на две избирачки места во Куманово и Штип гласањето се одвива без употреба на уреди за биометриска идентификација, поради технички пречки. На Парламентарните избори, вакви места биле шест.„Во Куманово имаме едно избирачко место каде се запишани 12 гласачи, но немаше електрична енергија. Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука да продолжи гласањето без уредот за биометриска идентификација, бидејќи од ЕВН ни беше кажано дека ќе бидат потребни најмалку еден и пол час за интервенција, а не сакавме да се губи времето“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Слична одлука е донесена и за едно избирачко место во Штип, каде се запишани 507 гласачи. „ИТ тимот направи обиди со два резервни уреди и две резервни смарт-картички, но уредите не можеа да се стартуваат“, објасни Кондарко.Тој нагласи дека гласањето без биометриска идентификација се спроведува само на овие две избирачки места од вкупно 3.474 кои се уредно и навремено отворени на територијата на целата држава.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarye58c4klmj3apa5ueFvS

Излезност до 09:15 часот – гласале околу 3% од запишаните избирачи

Според првичните податоци од Државната изборна комисија, до 09:15 часот своето право на глас го оствариле 41.890 граѓани, што претставува околу 3% од запишаните избирачи на ниво на целата држава.„До 09:15 минути, од вкупниот број на избирачкиот список, бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци е 76,71%, каде што се запишани вкупно 1.394.158 граѓани“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Според податоците по општини, излезноста се движи различно:во Битола излегле 3,38%,во Боговиње 1,28%,во Бутел 3,36%,во Врапчиште 0,70%,во Гевгелија 4,30%,во Гостивар 1,71%,а во Градско 5,61% од гласачите.Од ДИК најавија дека следниот пресек на излезност ќе биде објавен во текот на претпладнето.

Македонија | пред 3 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Скопје избира градоначалник и совет – над 470 илјади граѓани со право на глас

Жителите на главниот град денеска избираат нов градоначалник на Скопје и членови на Советот. На гласачките ливчиња се натпреваруваат 16 кандидати за градоначалник, меѓу кои само една жена, и 19 советнички листи со вкупно 855 кандидати за 45 советнички места.Покрај тоа, скопјани гласаат и за градоначалници и советници во општините каде што живеат. Секој гласач добива четири ливчиња – за градоначалник и совет на градот, и за градоначалник и совет на својата општина.Во Избирачкиот список за Град Скопје се запишани 474.304 избирачи.Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Скопје | пред 3 месеци

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Дронови ја надлетуваат Македонија за време на изборниот ден

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на локалните избори презема континуирани активности со цел изборниот процес да се спроведе безбедно и без нарушувања.Според МВР, полициските службеници денеска се распоредени во близина на гласачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Во соопштението се наведува дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни мерки, мобилни тимови, пунктови и современа технологија, вклучително и употреба на дронови за воздушна контрола и навремена реакција во случај на инциденти.„Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато од 6:00 до 19:00 часот, како и по затворањето, за време на броењето на гласовите и предавањето на изборниот материјал“, наведуваат од Министерството.МВР апелира до граѓаните и политичките субјекти да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат насоките на полицијата и да се воздржат од активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.Полициските службеници имаат обврска да реагираат на секое нарушување на редот и, доколку е потребно, да ги отстранат неовластените лица во објектот каде што се гласа и во радиус од 100 метри околу него.Во случај на инциденти, временски непогоди или други непредвидени околности, избирачките одбори можат привремено да го прекинат гласањето, кое потоа ќе продолжи за истото време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Покрај безбедноста на гласачите, полицијата ќе обезбедува и доверливост и сигурност на избирачкиот материјал до неговата предавање на општинските изборни комисии.

Македонија | пред 3 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Изборите започнаа без проблеми – отворени сите гласачки места низ земјата

Државната изборна комисија соопшти дека денеска навремено се отворени сите избирачки места и дека гласањето се одвива без потешкотии.„Државната изборна комисија известува дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, стои во соопштението на Комисијата.Македонија денеска гласа на осмите локални избори од независноста. На вкупно 3.474 избирачки места право на глас имаат 1.832.415 граѓани, кои ќе го избираат локалното раководство во 80 општини и Градот Скопје.Гласачките места се отворени од 7:00 до 19:00 часот, а по затворањето ќе можат да гласаат само оние кои во тој момент се наоѓаат во објектот.Ден претходно, своето право на глас го остварија 2.162 лица во затвори и притвор, 8.848 болни и изнемоштени, како и 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа.На локалните избори не гласа дијаспората, но државјаните кои живеат или работат во странство и се наоѓаат во земјава денес, можат да го остварат своето избирачко право.Според Изборниот законик, за градоначалник во првиот круг е избран оној кандидат што ќе добие мнозинство гласови од излезените избирачи, под услов излезноста да биде најмалку една третина од вкупниот број запишани гласачи во општината. Ако излезноста биде помала, изборниот процес се повторува.Изборите за градоначалници се спроведуваат по мнозински модел, а за советнички листи – по пропорционален модел, во еден круг.ДИК најави дека првичните резултати ќе бидат објавувани сукцесивно по електронски пат, додека конечните резултати ќе бидат соопштени најдоцна во рок од 24 часа по нивната правосилност.

Македонија | пред 3 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Паника, сценарија и обвинувања — политичките тензии пред изборниот ден

Една партија денеска излезе со остри обвинувања против друга партија, тврдејќи дека таа се подготвува за дебакл и дека веќе применува сценарија за зачувување на лидерски позиции. Според соопштението, активностите кои се водат во предвечерието на изборниот ден се направени „по сценарио“ и се оценуваат како обид за манипулација со јавноста.Во образложението се наведува дека последните информации за гласањето на болни и изнемоштени лица предизвикале паника во редовите на опонентот, поради што тој наводно спроведува организирани акции и контролирани реакции преку засегнати штабови и блиски медиумски и параинституционални структури.Во соопштението се нагласува и дека ќе бидат преземени активности за јавна и правна реакција, доколку е потребно, за да се обезбеди чесноста на изборниот процес.

Македонија | пред 3 месеци

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Обвинувања за тешки прекршувања на изборниот процес: починати лица на избирачки список, закани и злоупотреби

Правната комисија на една партија денеска излезе со сериозни обвинувања за, како што наведуваат, грубо нарушување на изборниот процес од страна на една партија и нејзините коалициски партнери.„Очигледно е дека, соочени со намалена поддршка од граѓаните, партијата повторно го покажува своето вистинско лице – ја злоупотребува институционалната моќ за партиски цели. Ова го загрозува целиот изборен процес и мора веднаш да престане,“ соопштија од партијата.Според нив, ден пред изборите и во текот на изборниот молк биле забележани повеќе прекршувања на Изборниот законик.Како најтежок пример го посочуваат случајот со починато лице на избирачкиот список и на кандидатска листа за Совет на Град Скопје, кое починало уште во 2024 година. „За прочистувањето на избирачкиот список одговорноста е на надлежното министерство, кое мора да објасни како дошло до ваков пропуст и колку слични случаи има,“ наведуваат од партијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Започна гласањето на болните, затворениците и лицата во установи за грижа

Во пресрет на утрешниот главен изборен ден, денес се спроведува гласањето на болните и немоќни лица, лицата на издржување затворска казна или во притвор, како и оние сместени во установи за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).Според податоците, вкупно 8.848 болни или немоќни граѓани ќе го остварат своето избирачко право во текот на денешниот ден.Во 14 казнено-поправни установи низ државата гласаат 2.162 лица кои се на издржување затворска казна или во притвор.Дополнително, 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа го користат своето право на глас во 13 центри низ Македонија.Од ДИК информираат дека гласањето започна во 7 часот утрово и ќе трае до 19 часот, под исти услови и правила како и редовното гласање што ќе се одржи утре.Оваа фаза на гласање е дел од предвремените изборни активности за локалните избори 2025 година и овозможува сите граѓани, без оглед на нивната здравствена или институционална состојба, да го остварат своето уставно право на глас.

Македонија | пред 3 месеци

izbori-makedonija-Copy

Седум кандидати постари од 90 години ќе учествуваат на локалните избори во Македонија

На претстојните локални избори во Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ќе учествуваат седум кандидати постари од 90 години, покажува Прирачникот за локалните избори 2025, издаден од Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество и Фондацијата Конрад Аденауер.Според податоците од Институтот за демократија, овие лица се кандидати на листите за советници во неколку општини низ државата.На изборите во 2025 година ќе има 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници, што претставува зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога беа пријавени 299 кандидати за градоначалници.Најмногу кандидати за градоначалник има во Град Скопје – 16, од кои само една жена, потоа во Прилеп и Струга по девет, и во Битола осум.Од вкупниот број кандидати за градоначалници, 89,6% се мажи, а 10,3% жени, што е мало зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога жените сочинуваа 8%. Кај советничките листи, 45% од кандидатите се жени, што покажува континуитет во рамноправната застапеност.Во старосната распределба, најмногу кандидати – 25,3% – се на возраст меѓу 36 и 45 години, додека 9,1% се постари од 66 години.Има и 409 кандидати меѓу 18 и 20 години, што претставува 3,9% од сите учесници.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycodc4574q33efLnSpil

„Што ти пречи оџа“: Градоначалникот Костовски го прозва имамот кој среде молитва ги повикал верниците да не гласаат за него

Градоначалникот Дарко Костовски остро фреагираше кон имамот од амијата во Бутел 2 поради повикот до Албанците да не гласаат за него и го повика народот да ја избере иднината преку реализираните проекти.Имено, оџата за време на петочната молитва ги повикал верниците в недела да не гласаат за актуелниот градоначалник.Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека албанцице не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел.)Што ти пречи Оџа ?Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ?Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ?Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ?Тоа што Визбегово доби ново училиште ?Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ?Тоа што пред нова година ќе удриме камем темелник на нова поликлиника ?И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај албанците само затоа што се албанци ?Еден куп албанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.Да знаеш дека во Недела, целиот народ меѓу кои и албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца.Весна ДодевскаГрадоначалник за сите Дарко Костовски, нека престанат со ширење омраза по национална основа, Бутел ја градиме како мирна модерна мултикултурна општина .

Скопје | пред 3 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Политички инцидент во Куманово – нападнати лица додека делеле изборен материјал

Двајца Кумановци пријавиле дека биле нападнати додека делеле изборен материјал од нивната партија.На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава.

Македонија | пред 3 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Граѓаните ги слушнаа сите ветувања, на полноќ почнува изборниот молк

Вечерва на полноќ стартува изборниот молк пред денот на гласањето за локалните власти, закажан за недела, 19. октомври.Граѓаните ги слушнаа ветувањата од кандидатите за градоначалници и носителите на изборните листи од страна на политичките партии, независните кандидати и коалиции. Тие уште денеска имаат можност да ги претстават нивните програми и планови за функционирање на општините во наредните четири години.Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања