ИЗБОРИ25

izbori-makedonija-Copy

10 милиони евра за локалните избори – најголемиот дел за партиско рекламирање

Државата ќе потроши околу 10 милиони евра за спроведување на локалните избори закажани за 19 октомври. Дури две третини од парите, односно над 6,5 милиони евра, ќе завршат за политичко рекламирање на кандидатите во медиумите. Останатите средства се наменети за надоместоци на членовите на изборните одбори, транспорт и логистика за гласачкиот материјал. Сумирано – изборите ќе чинат околу 5 евра по секој полнолетен граѓанин.Собранието до сабота, 9 август, мора официјално да ги распише изборите, по што Државната изборна комисија ќе го објави календарот со сите рокови и обврски. До крајот на месецот, ќе треба да се ангажираат 21.000 администратори за 3.500 избирачки места, како и уште 14.000 партиски предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН.Проверката на Избирачкиот список ќе почне 15 дена по распишувањето и ќе трае 20 дена, период во кој граѓаните ќе можат да поднесат барања за исправки на податоците.

Македонија | пред 5 месеци

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга поддршка ќе добие независниот кандидат Менди Ќира. За Кичево, ВЛЕН ќе го промовира министерот за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани.Во трката за градоначалник на Скопје, коалицијата ќе настапи со Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во УКЦ Скопје. Во другите општини, ВЛЕН ги кандидира следниве личности:Дебар: Фисник Мела, заменик-директор на УЈПСарај: Мухамед Елмази, директор на „Номагас“Липково: Неџмедин Садику, директор на Државните резерви на нафтаАрачиново: Даут БеќириЖелино: Блерим Сејдиу, актуелен градоначалникТеарце: Даут Мемиши, директор на Бирото за регионален развојБрвеница: Хаќим Рамадани, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправаВЛЕН со оваа листа покажува сериозна намера да се наметне како водечки албански политички блок на локално ниво, најавувајќи директна политичка пресметка со ДУИ во повеќе општини.

Македонија | пред 5 месеци

bujar-izet

Изет ќе се судри со Бујар во Чаир?

Се уште непотврдени, но многу сериозни најави велат дека Општина Чаир ќе биде епицентар на албанскиот политички судир на претстојните локални избори. Според неофицијални информации, се подготвува директна изборна пресметка помеѓу Бујар Османи (ДУИ) и Изет Меџити (ВЛЕН)Кандидатурата на Бујар Османи веќе е потврдена, а со себе носи партиска поддршка, дипломатски капитал и искуство на високи државни функции, последно како министер за надворешни работи. За разлика од него, Изет Меџити сè уште не ја потврдил официјално својата кандидатура, но внатрепартиските извори велат дека одлуката е речиси донесена. Ако настапи, ќе значи враќање на теренот каде што тој остави силен локален белег – како поранешен градоначалник и моментален прв заменик премиер.Изборната трка во Чаир би можела да прерасне во најава на поширока пресметка за влијанието во албанскиот политички блок, особено по последните тензии и поделби меѓу ДУИ и ВЛЕН. Два силни табора, со изразена инфраструктура и мобилизирана база, ќе се борат за довербата на граѓаните.Чаир не е само локална битка – туку показател за пошироката политичка матрица во земјава. Очекувањата се дека оваа трка ќе биде една од најжестоките и најнабљудуваните на локалните избори 2025.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.14.19

Каја Шукова почна со ветувања за Скопје: „Градот мора да дише, да се исчисти и да се врати на граѓаните“

Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност.„Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една партија. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите нас, и мора да се управува професионално“, изјави Шукова.Таа остро ја критикуваше актуелната состојба во главниот град, посочувајќи дека политичкиот инает, алчноста и бизнис-интересите на владејачката структура го довеле Скопје до, како што рече, „историско дно“. Шукова го нарече периодот на управување со Градот како „четвртата катастрофа во историјата на Скопје, по Пиколомини и земјотресот од 1963 година“.„Скопје е украден град. Го уништија за да се пресметуваат со својот градоначалник. Денес секоја улица сведочи за нивниот неуспех“, рече таа, повикувајќи на промена преку конкретни решенија и прагматичен пристап.Шукова најави дека нејзината програма ќе се базира на реални, стручни и остварливи проекти, со фокус на:чистење на Скопје и функционално управување со отпадот;намалување на загадувањето и создавање здрава животна средина;обнова на јавниот превоз и подобрување на мобилноста;запирање на урбанистичкиот хаос и враќање на контрола кај граѓаните;дигитализација, борба против корупцијата и враќање на културата во градот;зголемена безбедност на улиците и секојдневна грижа за јавниот простор.„Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Ова не е само кампања – ова е заедничко враќање на Скопје на граѓаните“, нагласи Шукова, повикувајќи ги професионалците, стручната јавност и граѓаните активно да се вклучат во создавањето на програмата.„Скопје е модел на град каде сите општини мора да се развиваат рамномерно и синхронизирано – Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Гази Баба, Чаир... Сите заедно мора да изградиме похумано Скопје“, изјави Шукова на крајот од прес-конференцијата.Таа најави дека во следниот период ќе следат серија средби со граѓани, експерти и организации, а програмата ќе се доработува во консултација со јавноста. Со кампањата, вели, нема да продава „шарени и неостварливи проекти“, туку конкретен план заснован на знаење, искуство и почит кон градот.

Скопје | пред 6 месеци

518250358_122166205460556570_7343935164577594277_n

Од Влае до Карпош 1 – Лукаровски во офанзива за нов, зелен Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукаровски, оствари три теренски активности во различни делови од општината, каде што, како што вели, сретнал над 500 граѓани, разговарал со нив и слушнал над 500 различни визии за подобар Карпош.„Секој разговор, секоја идеја и секое ракување ја потврдија мојата верба дека промената е можно, и дека Карпош заслужува многу повеќе – убав, хуман и зелен“, порача Лукаровски.Теренските средби започнале на Платото кај Порта Влае, продолжиле кај летниковецот во Карпош 1, а денот завршил со состанок во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде учествувале над 100 координатори.„Ден исполнет со енергија, искреност и надеж. Ви благодарам од срце за срдечниот пречек. Се гледаме низ Карпош“, објави Лукаровски на своите социјални мрежи.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.19.17

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДС е сенка на Заев, граѓаните нема да дозволат уназадување на Гази Баба

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на кандидатурата на Влатко Митовски од СДС за градоначалник на општина Гази Баба, нарекувајќи го „верна сенка на Зоран Заев“ и симбол на „стари, корумпирани и истрошени кадри“.„Наместо свежи и професионални луѓе, СДС повторно нуди имиња од минатото, познати по скандали, криминал и неработење“, стои во соопштението. Митовски, според ВМРО-ДПМНЕ, не е ново лице туку „дел од сите погрешни политики“ што, како што тврдат, ја уназадиле општината во времето на СДС.Партијата нагласува дека денес Гази Баба е „вистинско градилиште“ и посочува дека се реализираат проекти во секое населено место, со акцент на улици, училишта, градинки и спортски терени. „Граѓаните ја препознаваат разликата и нема да дозволат развојот да запре“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Со порака дека СДС има потреба од „вистински реформи“, ВМРО-ДПМНЕ завршува: „Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, развој и напредок, а не враќање во минатото.“

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-10.45.02

(Видео) Ова се очекувањата на СДСМ на локалните избори

Пратеникот Благој Бочварски од СДСМ во поткастот „Претрес“ зборуваше за локалните избори и настапот на неговата партија. Тој не кажа бројка на општини кои очекуваат да ги добијат, а за нив победа ќе биде дури и да освојат повеќе гласови од парламентарните избори, без разлика на добиените општини.?t=4461„Не верувам дека Струмица ќе ја изгубиме, во Центар мислам дека ќе победиме, во Карпош ако имаме добар кандидат можноста да е победиме е сериозна. Мислам дека можеме да ги добиеме тие општини. Јас мислам дека СДСМ ќе има можност да победи во Скопје, по вакво владеење...“, вели Бочварски.ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе формира зелена коалиција со граѓанскиот сектор со која ќе оди и на локалните избори.Овие три одлуки, информира партијата, ги донел нејзиниот Централниот одбор кои ја поставуваат нејзината идна политичка насока.

Македонија | пред 7 месеци

glasanje-makedonija

Локалните избори го кристализираат теренот: ЗНАМ самостојно, СДСМ се повлекува од неколку општини

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да добива појасни контури. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, додека СДСМ ќе се повлече од трка за градоначалници во неколку доминантно албански општини.Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат свој кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка уште во првиот круг“, изјави Мемов.Преговорите, според него, се во завршна фаза и се водат за повеќе општини – веќе е дефинирано Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали низ земјата.Од друга страна, СДСМ, под водство на Венко Филипче, нема да настапи со кандидати за градоначалници во седум општини со мнозинско албанско население: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Партијата ќе има само советнички листи, додека прашањето кого ќе поддржи во трката за градоначалници останува отворено.Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Македонија | пред 7 месеци

lokalni4

Филипче со 19 кандидати – СДСМ на локалните избори оди со старо-нови имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини. Сега станува збор за 19 општиниДозволете да ги прочитам кандидатите за градоначалници.Некои од нив се веќе споменати во јавноста.За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.За Општина Лозово, Ацо Велковски.За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.Општина Богданци, Блаже Шопов.Општина Дојран, Ристо Џинев.Општина Могила - Зоран Ристевски.Општина Неготино, Петар Мантев.Општина Новаци, Љубе Кузманоски.Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните.Актуелните градоначалници коишто навистина направија вистинска промена во општините: во Центар, во Крушево, во Крива Паланка – општини и градови коишто станаа целосно нови во времето на нивните мандати, и сметам дека се луѓе кои што можат да излезат пред граѓаните и може слободно да кажеме дека сè што ќе ветат ќе биде исполнето согласно нашата програмска заложба, која што ќе биде градена врз основа на вредносните принципи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Нови осум кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го одржа и Извршникот комитет во Штип и одлучи да определи уште 8 кандидати за градоначалници во 8 општини.„ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.Македонски Брод - Жарко Ристески.Могила - Драганчо СаботковскиПробиштип - Тони Тоневски4.Богданци - Марјан ПеевДемир Капија - Наталија ДимитриеваРосоман - Ѓорги КрстевскиНоваци - Стевче СтевановскиДебарца - Златко СилјановскиСметаме дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. На истите ќе им биде препорачано во следниов период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини“, рече Антонијо Милошоски.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања