ИЗБОРИ25

media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад“, кажа Пренџов и додаде:,,После претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.,,Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.Пренџов додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.,,Очекувам една голема и убедлива победа за она  што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryqkmmtv2172946cZk58L

Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.По комплетирањето на процесот ќе следи ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година.

Скопје | пред 4 месеци

media-library7ujojk0lmlao0BrdsqT

„Добро утро Скопје!“ – Марковски и Ивановска со критики за ѓубрето и неуредените контејнери

Независните кандидати за градоначалници на Скопје и Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска, преку објави на социјалните мрежи денеска упатија пораки за потребата од поефикасни решенија за чистотата во градот. Двајцата споделија фотографии од растурен отпад покрај контејнери, а дел од нив и неиспразнети.„Добро утро Скопје! Ако секое утро се туширате и спаструвате за да излезете од дома, такa е и со градот... секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните. Нема философија во чистиот град, само добра организација, математички прецизна и инженерски точна,“ напиша Марковски.Со сличен акцент на темата реагираше и независната кандидатка за Центар, Билјана Ивановска: „Ѓубрето е последно нешто од кое секојдневно сакаме да се ослободиме... но е прво за кое треба издржано речение“.Нивните пораки доаѓаат во пресрет на локалните избори, во период кога граѓаните сè погласно реагираат на проблемите со хигиената и комуналната организација во главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во Западна Македонија

„Оваа власт наметнува наратив кој е целосно антидемократски и ги оспорува можностите да кандидираме градоначалници каде што сметаме дека на граѓаните би им се допаднала платформата на Левица.  Ова е за нас сериозен аларм за капацитетот на оддржување на изборите во демократска атмосфера!" - изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ „ДПМНЕ има тенденција да ја сузбива опозицијата, но за среќа имаме кандидати способни за управување со општините. Пример е нашиот одличен кандидат за градоначалник на Струга, тоа е пратеничката Јована Мојсоска, чиј капацитет може да им се допадне на многу граѓани на Општина Струга и тоа е сосема легитимно! Коалиција со ДУИ не постои, ДПМНЕ има матрица на размислување дека мандатот им е загарантиран и дека не треба да излезат пред граѓаните. Тие кои ни ги имаат уништено општините практично сакаат да избегаат од клучната дебата - какви услови на живот ни имаат оставено, какви се општините финансиски и со каков капацитет на животни услови располагаме!"

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvi87rdrjfp6i0j4x5wT

Мицкоски: Победникот е јасен, правиме план за денот потоа

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека исходот од претстојните избори е веќе јасен и дека ВМРО-ДПМНЕ прави планови за периодот по нивното одржување.„Јасен е победникот на овие избори, правиме ние план за денот потоа. Размислуваме за денот после изборите,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека е логично во изборниот процес да се појават искри на тензија во одредени општини низ државата, но дека по завршувањето ќе следи стабилност.„Избори се, логично е да има некоја искра во одредени општини низ Македонија. Денот потоа ќе значи силна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и огромен број општини предводени од нас,“ изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

“Прво човек, потоа градоначалник на Скопје”, Ѓорѓиевски ја промовираше кандидатурата за Скопје

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, денеска официјално ја претстави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Време е за нов почеток! За нашето Скопје, за најдоброто кое го заслужувате“, порача Ѓорѓиевски на својата промоција пред скопјани, истакнувајќи дека влегува во трката „прво како човек, па како градоначалник“.Тој пред граѓаните зборуваше за својата визија за главниот град, нагласувајќи дека Скопје мора да се издигне од сегашните проблеми и да стане место „каде што младите ќе ја гледаат својата иднина, постарите ќе имаат мир, а сите ќе живеат достоинствено“.„Не сум тука да ветувам чуда, туку да бидам човек што дише ист воздух и се соочува со истите проблеми како вас. Прво човек, потоа градоначалник“, истакна тој.Како приоритети ги наведе нови паркови и зелени коридори, модерен јавен превоз со булевари и катни гаражи, подобри училишта и дигитални услуги за граѓаните.„Скопје заслужува повеќе – чист воздух, современи училишта, функционален јавен превоз и уреден урбанизам. Ова не е само моја борба, ова е наша заедничка мисија. Најсилниот збор во демократија е – ние, скопјани“, рече Ѓорѓиевски.На крајот им се заблагодари на сите поддржувачи, особено на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.„Заедно ќе победиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

(Видео) Концепт за дигитално Скопје: унифицирана платформа, бесплатен интернет и паметни решенија

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави концептот за дигитално Скопје, со кој, како што рече, „со еден клик“ граѓаните ќе можат да пристапат до сите градски услуги.„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ изјави Шукова. Таа нагласи дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде таа.Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна Шукова.Планот вклучува и портал со отворени податоци, апликација за јавно мислење (Citizens engagement system), како и бесплатен интернет во автобусите, автобуските станици, на плоштадот и во Градскиот парк.„Со сензори и апликации имаме решение за паметно паркирање, мерење на квалитет на воздух и бучава, следење и управување со отпад, паметно мерење на проток на вода, мониторинг на инфраструктура, загадување и безбедност во реално време,“ појасни Шукова, додавајќи дека ваквите решенија ќе придонесат за намалување на метежот, помало загадување, поголема енергетска ефикасност и современи дигитални услуги достапни за сите.Посебен акцент е ставен на младите, кои ќе имаат можност сами да креираат апликации и АИ-алатки преку новата платформа. „Со тоа ги вклучуваме младите во градењето на дигиталното Скопје,“ рече Шукова. „Ова не е технологија заради технологија, ова е визија за поквалитетен живот, транспарентно управување и иновативен град што расте со своите граѓани.“„Скопје ќе биде подготвено за иднината – дигитално, паметно и хумано,“ заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) На депонија со метан да никне парк: Ѓорѓиевски раскажа за планот и уверува „Ќе шетам таму со моето дете“

Кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ зборуваше за својата идеја на местото на депонијата Вардариште да изгради голем парк, кој, како што рече, ќе стане „новите бели дробови на Скопје“.„Откако ќе го направам паркот, да, јас ќе застанам таму лично со моето дете. Ќе отидеме и нема да ми смета почесто за викенди да одам таму“, изјави Ѓорѓиевски.Тој објасни дека првиот чекор е целосно одгаснување на депонијата, за што веќе бил во контакт со специјализирани странски компании, бидејќи во Македонија такви нема.„Прво треба Вардариште да се одгаси. Има метан таму. Но, одгасувањето не го попречува процесот да се започне со деконтаминација на просторот, односно чистење на депонијата“, рече тој.„Кога ќе влезам во градот Скопје, првите неколку дена ќе започнам со соодветен третман на Вардариште. Потоа ќе следи повеќеслојно поставување земја, а најгоре ќе биде хумус. Садиме трева“, додаде Ѓорѓиевски, притоа нагласувајќи дека претоварната станица не претставува пречка.„Триста илјади квадрати површина од која што се труделе и јас, и ти, и нашите родители. Одговорно тврдам дека на Вардариште ќе никне нов парк – новите бели дробови на Скопје“, истакна кандидатот.На прашањето од новинарот Ландов дали би ја повлекол идејата и извинил на граѓаните доколку експертите проценат дека теренот останува опасен за деца и рекреација, Ѓорѓиевски одговори:„Откако ќе исчистам депонијата? Да. Но не постои простор да не биде така. Јас ќе го завршам. Не сум спремен после мојот четиригодишен мандат граѓаните пак да се гушат со тоа што се случуваше на Вардариште повеќе од триесет години. Не може цело време да одбегнуваме од проблемот.“

Скопје | пред 4 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема подобар кандидат за Скопје од мене

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Претрес кај Ландов“. Тој изјави дека, според него, во моментов нема подобар кандидат за Скопје од него.„Па не гледам дека засега има подобар. Перински ми е добар соработник, со Боби од Гази Баба сме другари. Покажав четири години како конструктивно се делува,“ рече Ѓорѓиевски.На новинарското прашање дали славата не му се одразила, Ѓорѓиевски одговори дека „славата удира на било која позиција“.Запрашан зошто не останал да продолжи како градоначалник на Кисела Вода, тој нагласи дека во моментов е потребен на градот и на скопјани.

Студио | пред 4 месеци

orce-pretres

(Видео) „Претрес“ на Орце Ѓорѓиевски: Од празните „ќе“ до преполните контејнери, до кога „ќе“ се гушиме во Скопје?

Од фотелјата што заслепува, до дивоградбите што никој не ги руши. Од празните „ќе“, до преполните контејнери. Вардариште, Дрисла, „Егзит“, „Охис“. Зошто срамот е заменет со оправдувања?Но и за тоа што вети, а што остави во Кисела Вода..

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Шукова: Загадувањето од греењето мора да се намали имам план за почист воздух во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, говореше за еден од најгорливите проблеми на главниот град загадувањето на воздухот во сезона на греење.„Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, загадено и загушено Скопје. Дали дишеме воздух или отров?“ рече Шукова.Таа потсети дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот, а тоа, како што нагласи, не е само статистика, туку сурова реалност што граѓаните ја чувствуваат секој ден во зимските месеци.„Маглата не е само временска појава, туку симбол на четиригодишен институционален неуспех и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи општините имаат клучна улога во справувањето со загадувањето,“ истакна таа.Шукова нагласи дека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од греењето во домаќинствата со влажни дрва, јаглен и отпадни материјали, додека индустријата веќе започнала со инвестиции во технологии за намалување на емисиите, но потребни се дополнителни вложувања и сериозен мониторинг.„Промена не може да се случи преку ноќ, но не треба граѓаните да се гушат уште 10 години за да ги видат првите резултати. Јас не можам да ви ветам чудо, туку конкретни решенија. Стојам овде пред вас и велам дека имам план,“ додаде Шукова.Во својот план таа најави конкретни мерки:Во првата година забрана за користење на нееколошки горива во подрачја со достапно парно греење, задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, субвенции за замена на старите системи со еколошки, јавни објекти со еколошки системи за затоплување, засилени инспекции и чистење на градот од отпад. Во првите три години елиминирање на главните извори на загадување, субвенции за енергетска ефикасност за најранливите категории граѓани, модернизација на јавниот превоз и подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура.На долг рок целосна транзиција кон одржлив начин на затоплување во јавните објекти, градска топлинска мрежа со гас и обновливи извори на енергија, зелени коридори за почист воздух и имплементација на BRT-системот.,,Скопје мора да биде град со чист воздух. Ова не е само еколошко прашање овде се работи за здравје и квалитет на живот,“ истакна кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

orce-gjorgievski142

„Главна тема им е загадувањето“ – Ѓорѓиевски со сомнеж за политичка кампања преку пожарите

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше за актуелните случувања околу пожарите.„Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.„Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:„Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

orce-gjorgievski

Ѓорѓиевски најави „SKOPJE CITY GO“ – паметна картичка за услуги во главниот град

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, го претстави проектот „SKOPJE CITY GO“ – унифицирана паметна картичка која, како што вели, ќе им овозможи на граѓаните пристап до сите градски услуги на едно место.„Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана дигитална алатка“, напиша Ѓорѓиевски. Со картичката ќе може да се користи јавниот превоз, паркинзите, културните и забавните содржини како музеи, кина, театри, жичарата и Зоолошката градина.Тој најави дека „SKOPJE CITY GO“ ќе биде симбол на социјална еднаквост, бидејќи средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно, а услугите ќе бидат бесплатни или со значително намалени цени.Картичката ќе има вредност и во приватниот сектор, со што општествено одговорни компании ќе овозможат дополнителни услуги и поволности.„SKOPJE CITY GO“ ќе биде достапна како мобилна апликација и како физичка картичка, за да биде прилагодена на сите возрасни категории и технолошки навики, потенцира Ѓорѓиевски.Тој проектот го претстави како дел од визијата за „модерно, дигитално и европско Скопје“ кое ќе штеди време и пари на жителите и ќе обезбеди еднакви можности за сите.

Скопје | пред 4 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Поднесени 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека по завршувањето на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори 2025 година, до општинските изборни комисии се доставени вкупно 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Во бројката се вклучени и кандидатурите поднесени од политички партии и оние од групи избирачи.Најголем интерес е забележан во Град Скопје, каде се поднесени 18 кандидатури за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Градот.Согласно роковникот за спроведување на изборите, општинските изборни комисии веднаш по приемот на листите доставуваат барања до институциите кои ги поседуваат потребните податоци за проверка на исполнетоста на законските услови, најдоцна до 14 септември. По завршувањето на проверките и евентуалното отстранување на неправилности, потврдените листи треба да се достават до ДИК најдоцна до 20 септември, кога ќе биде утврден и редоследот во единствената листа на кандидати.По завршување на целата процедура, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини што ќе учествуваат на претстојните избори.Табеларен приказ на поднесени кандидатски листи за Локални избори 2025 година - Copy

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања