ИЗБОРИ25

pratenici-sobranie-levica

Мојсоска во Струга, Божиновска во Тетово, Грујоски во Гостивар – трите адути на Левица

Партијата Левица најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.Во Струга, кандидат е актуелната пратеничка и генерален секретар на партијата, Јована Мојсоска, дипломирана на Факултетот за безбедност. Левица ја претстави како личност со политичко искуство и посветеност за заштита на јавниот интерес.Во Тетово, за градоначалничка ќе се бори д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки и вработена на Државниот универзитет во Тетово. Според Левица, таа е подготвена да се залага за враќање на законитоста и владеењето на правото.Во Гостивар, кандидат е Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и оператор со завршени студии по компјутерски науки, кој според партијата ја претставува новата генерација професионалци.Левица нагласи дека е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок со кандидати во овие општини. Притоа ја критикуваше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да нема свои кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, поради коалициските договори со партијата ВЛЕН. Според Левица, тоа претставува „понижување и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата“ и доказ дека интересите на граѓаните се потиснати од „партиските пазари и етничките пазарења“.„Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, кои ќе управуваат на темел на идеологија и програма, а не на етнотрибализам, клиентелизам и корупција,“ соопшти партијата. Левица ги повика граѓаните да се мобилизираат за промени и, како што наведува, за воспоставување на „вистински вредности“ во локалните заедници.

Македонија | пред 4 месеци

IMG-40b5911f7bbdb81a2be94be63586dd56-V

ЗНАМ со кандидатура на Лабудовиќ за Центар и листа за Советот на Град Скопје

Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за Советот на општината и за Советот на Град Скопје.„Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со јасна визија за почист, побезбеден и организиран Центар. Овој хаос мора да запре. Ќе го ослободиме просторот, ќе го исчистиме, озелениме и повторно ќе го слушаме детскиот џагор во маало. Знаеме како,“ изјави Лабудовиќ, заблагодарувајќи се на движењето ЗНАМ за довербата, но и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката.Тој најави визија за системски решенија и подобар живот за граѓаните на Центар, со акцент на повеќе зелени површини, чиста животна средина, подобра инфраструктура и враќање на јавниот простор во рацете на граѓаните.Истовремено, во Градската изборна комисија беше поднесена и листата на советници за Советот на Град Скопје, чиј носител е генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на АРМ.„Влегуваме чесно и со јасен план и визија, со волја да ги решаваме проблемите со кои се соочува Скопје. Граѓаните заслужуваат функционален, организиран и чист град, а ние знаеме како тоа да го постигнеме,“ изјави Котески.Од ЗНАМ порачуваат дека нивната определба останува чесна, одговорна и транспарентна политика, насочена кон реални решенија и создавање на Скопје и Центар како заеднички дом на сите граѓани.

Скопје | пред 4 месеци

viber_image_2025-09-13_12-52-21-441

Ѓорѓиевски ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура пред Државната изборна комисија.„Со голема чест и уште поголема одговорност, ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на Скопје пред ДИК. Овој ден е нашата заедничка борба за Скопје какво што сите го сакаме: достоинствено, модерно, чисто и полно со живот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој им се заблагодари на својата матична партија и на претседателот Христијан Мицкоски за поддршката, како и на граѓаните кои, како што нагласи, веруваат дека Скопје може и мора да биде подобро.„Подавам рака на сите кои Скопје го сакаат како свој град. Подавам рака да го направиме Скопје симпатично, пристојно и убаво место за живеење. Подавам рака за Скопје на сите негови граѓани,“ порача кандидатот.Ѓорѓиевски најави дека ќе ја води кампањата со енергија, визија и решителност, со цел, како што рече, „да изградиме град кој ќе биде гордост и дом за сите генерации“.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-10.47.09

ВМРО-ДПМНЕ очекува повеќе советници и градоначалници споредено со претходните избори

ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници. Генералниот секретар, Ѓоргија Сајкоски, кажа дека кандидати за градоначаници се оние кои имаат кандидати, а советниците се избрани во месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.„Сите анализи и анкети, покажуваат дека ќе имаме голема победа на локалните избори. Граѓаните занаат и го ценат квалитетот на кандидатите. Трудот ќе биде награден на следните локални избори“,Според него, тие ќе имаат плус советници и градоначалници во споредба со 2021 година.

Македонија | пред 4 месеци

dzonson

Поранешен началник во МВР ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави носителот на советничката листа – Дејан Трајковски, познат меѓу ѓорчевци како Џонсон.„Чест ми е да ви го претставам носителот на победничката листа на советници на СДСМ во Ѓорче Петров, Дејан Трајковски - Џонсон. Дејан или попознат меѓу ѓорчевци како Џонсон, е пензиониран началник на сообраќајната полиција во МВР со долгогодишно искуство во безбедноста во сообраќајот. Познат е по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги слуша и решава проблемите на граѓаните“, напиша Ацевски.Тој додаде дека заедно со Џонсон и кандидатите на советничката листа ќе работат чесно, одговорно и посветено за подобар живот во општината. „Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење“, истакна Ацевски.

Скопје | пред 4 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-115611

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

MixCollage-08-Sep-2025-01-08-PM-5077

(Видео) Уште еден лекар во политиката: Д-р Алек Савески, носител на советничката листа за Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска преку видео објава на социјалните мрежи го најави носителот на советничката листа за општината.Станува збор за д-р Алек Савески, за кого Герасимовски истакна дека е негов пријател и дека заедно ја составувале листата на која се наоѓаат професионалци и стручни лица кои придонеле за развојот на Центар.„Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ја креираме победничката советничка листа за Центар, на која тој ќе биде нејзин носител. Верувам во заеднички успех!“, напиша Герасимовски во објавата.

Скопје | пред 4 месеци

Penov

ЛДП и ГРОМ одат заедно на локалните избори во Скопје

Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе учествува на претстојните локални избори во Скопје во партнерство со ГРОМ, партијата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше поранешниот министер за локална самоуправа и ексградоначалник на главниот град, Ристо Пенов.Тој нагласи дека заедно со доктор Никола Пановски ќе бидат носители на советничката листа. Според договорот, ЛДП ќе излезе самостојно на изборите, но ќе ги поддржи кандидатите на ГРОМ за градоначалници, додека пак ГРОМ ќе возврати со поддршка за кандидатите на ЛДП. Во моментов, ЛДП сè уште нема определено свој кандидат за градоначалник на Скопје.Пенов додаде дека партијата имала кратка размена на ставови со СДСМ за евентуален заеднички настап, а потсети и дека пред четири години ЛДП настапила самостојно, во коалиција со ДОМ, со што освоила значаен број гласови на повеќе локации, меѓу кои Скопје и Битола.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи ќе прави нов сектор во Чаир, за одржување на верските објекти

Кандидатот за градоначалник од ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку видео-порака најави нова мерка од својата изборна програма – формирање посебен сектор во рамките на општинското комунално претпријатие кој ќе се грижи за хигиената и одржувањето на верските објекти во општината.Османи ја објави иницијативата за време на посетата на џамија и црква на територијата на Чаир, истакнувајќи дека идејата произлегла од разговорите со граѓаните и веќе добила широка поддршка.„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа,“ порача Османи.Мерката, според него, е поздравена и од верските претставници на двете заедници кои се појавуваат во видеото објавено денес.Кандидатот нагласи дека сеопфатната грижа за духовните простори е клучен дел од зачувувањето на заедничките вредности и почитувањето на различностите во Чаир.

Свет | пред 4 месеци

orce-gjorgievski142

Ѓорѓиевски со културните работници: „Скопје мора да добие ново лице во културниот живот“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со културни работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски автори, МКЦ и независната културна сцена.„Разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции“, изјави Ѓорѓиевски, кој на средбата беше придружуван од својот советник за култура, Лазе Трипков.Тој нагласи дека Скопје е „град на слоеви – град на историја, уметност и визии“ и додаде дека ваквите средби претставуваат мост помеѓу институциите и културните работници, преку кои се создаваат заеднички стратегии и проекти.„Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 4 месеци

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.Кандидати:Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Град Скопје

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 4 месеци

goran-markovski

(Фото) Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска.Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и препораки за решавање на проблемот со Вардариште (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но никогаш не била покажана политичка волја да се спроведат.„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите кои се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија кои ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште,“ рече Марковски.Тој објасни дека едно од можните решенија е со систем на цевки да се собере метанот и потоа да се искористи, меѓу другото, и за производство на електрична енергија. „Постојат и други методи кои веќе се применуваат на над 200 локации во Европа,“ додаде Марковски.Белчева Андреевска нагласи дека иако за Вардариште одамна постојат стручни насоки, тие се игнорирани. „Ако се следеле чекорите од ЛЕАП: чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови и усогласување со безбедносните стандарди,“ рече таа.Според Белчева Андреевска, планот за решавање мора да биде и реален и модерен – со затворање на просторот за диво депонирање, 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, употреба на термални камери и дронови со спектрални сензори за откривање на жаришта уште во зародиш, а сите податоци да се интегрираат во систем со јавна отчетност.„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина,“ порача Белчева Андреевска.„Независни заедно“ е платформа што ги обединува независните советници и локалните иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Тие најавуваат борба за град Скопје, но и поддршка за кандидатурата на антикорупционерката Билјана Ивановска во Центар. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од платформата.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања