ИЗБОРИ25

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатурата на Мециновиќ е договор на Левица со СДСМ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Левица дека со кандидатурата на пратеникот Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје влегла во политички договор со СДСМ и ДУИ, со цел да се спречи победа на Орце Ѓеорѓиевски во првиот изборен круг.„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг. Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник на Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ,“ стои во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија и на ставовите на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој бараше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што се кандидираат за градоначалници да поднесат оставки од собраниските функции.„Го прашуваме Мециновиќ, со оглед на тоа што Апасиев го бараше истото од нашите пратеници, дали и тој ќе си поднесе оставка од пратеничката функција бидејќи е кандидат за градоначалник на Скопје,“ се додава во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

goran-markovski

„Скопје е запуштено, загадено, валкано и депресивно“ - деканот на Градежен ја објави кандидатурата!

„Нашето Скопје е запуштено, загадено, валкано и депресивно. Повеќе од кога и да е му треба јасна визија ослободена од корупција, култура наместо популизам и компетенција наместо импровизација. Скопје моли за шанса од оние што искрено го сакаат,“ изјави денеска професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски.Со ова обраќање тој и официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје, настапувајќи како независен кандидат поддржан од платформата „Независни заедно“.Марковски симболично ја започна својата кампања од Камениот мост, кој го нарече симбол на поврзување, заедништво и истрајност.Тој нагласи дека независните кандидати и граѓанскиот активизам се клучни за вистинска демократија, посочувајќи: „Без независни личности нема здраво општество ниту силни институции.“

Скопје | пред 5 месеци

filipce-51

Слушнав како премиерот дава насоки на градоначалници, тоа доведе Скопје да стане прљав град, нашите градоначалници ќе работат чесно, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше состојбата во главниот град.„Го слушав премиерот како дава насоки на градоначалниците. Сметам дека тоа доведе до тоа да Скопје стане еден страшно прљав, едноставно неубав град за живеење со нивната градоначалничка Данела Арсовска, од која во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат. Јасно е дека не им успеаја диловите, па затоа се скараа,“ изјави Филипче.Тој нагласи дека СДСМ ќе понуди поинаков пристап кон локалната власт и управувањето со општините.„Јас ќе ветам само една работа – дека градоначалниците ќе работат чесно, а дека јас лично и целата партија стоиме како гаранција за тоа,“ додаде Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

filipce34

Ќе коалицира ли СДСМ со ДУИ на локалните избори

Претсдателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека во првиот круг на локалните избори, нема да имаат коалиции со албански партии. Прашан дали разговараат со ДУИ за соработка, Филипче не негираше дека тоа може да се случи по првиот круг.„Во однос на коалициите, во првиот круг на изборите настапуваме со нашата коалиција, а во однос на вториот круг на изборите, ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок“, рече Филипче.Тој рече дека до почеток на следната недела, ќе ги презентираат кандидатите и за останатите општини, кои досега не се презентирани.„Избрани се најдобрите кандидати, кои кога ќе ја презентираат програмата, ќе можат да ја остварат. Ние настапуваме со наши кандидати, тие кои се најдобриот избор. Имаме големи планови за развој на големите општини и мирко планови за да се решат малите проблеми“, додаде тој.Посочи дека му е жал што власта не успеала да собере мнозинство во Собрание за да се донесат измените на Изборниот законик.„Сериозно ги загрозува независните листи, бидејќи може да им се случи, да се случи хаос. Власта не се обиде да собере бадентерово мнозинство“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

mecinovic-51346

На Мециновиќ му се јавуваат експерти и активисти да му помагаат, откако објавил дека е кандидат за Скопје, вели Левица

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, објави дека во неговиот тим се приклучува инженерот Дејан Димовски, кој има долгогодишно искуство како раководител за електромашинско одржување, техничко следење и мониторинг во ЈП „Водовод и канализација“.„Со оваа одлука, како што наведуваат од тимот на Мециновиќ, јасно се става до знаење дека еден од главните фокуси на Левица во Скопје ќе биде решавањето на хроничните проблеми со водоснабдувањето во градот, како и воспоставување на силни и ефикасни јавни претпријатија, целосно ослободени од влијанија на приватни интереси.Оваа објава доаѓа по претходните повици на кандидатот на Левица до Скопјани активно да се приклучат во движењето за подобро Скопје и заедничко решавање на проблемите од секојдневието. Како што изјави тој, уште во првите 24 часа од објавата на кандидатурата почнале да се приклучуваат активисти и експерти од различни области“, велат од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-26-at-11.06.49

Уште еден кандидат за градоначалник на Скопје влегува во трката, овојпат декан на факултет

Граѓанската платформа „Независни заедно“ утре ќе го промовира својот независен кандидат за градоначалник на Град Скопје – проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, познат интелектуалец и активист за безбедно и убаво Скопје.Поддржан од платформата составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“, професорот Марковски ќе ја претстави својата кандидатура на прес-конференција пред споменикот на Гемиџиите кај Камениот мост, во среда, 27 август, во 9:30 часот.„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, порачаа од иницијативата.Претставувањето е дел од поширока граѓанска акција чија цел е враќање на довербата во институциите и покажување дека промена е можна доколку заедницата настапува обединето и граѓанинот е ставен на прво место во политиката.Тој влегува во трката со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

kucinja-kuce

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните.Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека е потребен систем, поддржан од институции, закон и одговорни граѓани.„Без заедничка одговорност нема долгорочно решение. Подготвена сум да ги прифатам и интегрирам најдобрите предлози што доаѓаат од заедницата на љубителите на животни затоа што токму тие со години се на терен и знаат каде најмногу 'шкрипи'. Ни треба државен стационар односно прифатилиште на градот, општините и владата кој ќе работи 24 часа во денот и во чии рамки ќе има комунални инспектори и казни на лице место со цел законот да се применува, а не само да постои“, рече Шукова пред активистите.Притоа таа посочи дека клучно е да се делува кај изворот на проблемот, а тоа е неконтролираното размножување, неказнетото напуштање миленици и недостигот од надзор. Шукова во својата програма најавува задолжително чипирање на милениците веднаш по нивното раѓање, регулација и надзор на одгледувачниците, како и санкции за нелегален увоз и шверц со чипови.„Решавањето на проблемот со бездомните кучиња е прашање на цивилизациска зрелост. Затоа ќе иницираме измена на Законот за благосостојба на животните, со цел системот да стане поефикасен, а институциите поодговорни“, истакна Шукова.Шукова порача дека нема да се дозволи недостиг од политичка волја која ја блокира работата на ЈП „Лајка“. Притоа на средбата Шукова ја осуди неодамнешната изјава на кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски во која тој ја спори работата на ЈП „Лајка“.“Ѓорѓиевски, со изјавата преку која ја оспорува ефикасноста на ЈП „Лајка“, не само што покажува сериозно непознавање на проблематиката со бездомните кучиња, туку и ја открива хипокризијата на еден функционер кој сам не ги исполнува обврските преземени со договор. Наместо да обезбеди континуирана финансиска поддршка, за што Општина Кисела Вода му должи над 5 милиони денари на ЈП „Лајка“, Ѓорѓиевски избира да ја дискредитира институцијата која и покрај сите пречки работи посветено, хумано и транспарентно. Ваквиот пристап не само што е нечесен, туку ја одразува и пошироката незаинтересираност на дел од локалната самоуправа за системски, меѓуинституционален одговор кон овој децениски проблем“, порача Шукова.Според Шукова, ЈП „Лајка“ треба да се зајакне преку зголемување на капацитетите, воведување ноќна служба и дежурни ветеринарни амбуланти, како и со дополнителен кадар и современа опрема. Сите овие мерки не само што ќе го решат проблемот со бездомните кучињата, туку и ќе постават темели за нова култура на одговорно сопствеништво и заштита на животните во Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ од Левица најавува револуција во јавниот превоз и урбанизмот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во своја објава порача дека скопјани, кои го изградиле градот, денес не можат да обезбедат сопствени домови поради енормните цени и неконтролираната урбанизација.„Не можат да се движат низ Скопје поради колапсот на јавниот превоз, ниту да се социјализираат без плаќање поради недостаток на јавни простори. Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа го сакаат – за да креираат урбанистички планови во интерес на фирмите на нивните донатори“, истакна Мециновиќ.Тој ги обвини двете најголеми партии дека ја претвораат секоја потреба на граѓаните во профит за елитите и го уништуваат достоинството на обичниот човек.Како приоритети на својата програма ги најави:– целосен фокус на јавниот превоз, со цел автомобилите да не бидат неопходни во градот,– нов Генерален урбанистички план кој ќе овозможи достапно домување и зачувување на животната средина,– промени во градското функционирање со фокус на јавниот интерес пред корпоративниот профит.„Чистиот воздух е поважен од профитот на индустријалците“, нагласи тој. Мециновиќ најави дека наскоро ќе го претстави и концептот за социјален модел на наплата на комуналиите, со цел подобра заштита на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Прес-конференцијата што требаше да се одржи попладнево, на која Зелен хуман град планираше да ја претстави својата кандидатка за градоначалник на Скопје, е откажана поради здравствени причини.Според последната најава, кандидатката на коалицијата се повлекла од настапот, но и од самата кандидатура, поради здравствени проблеми.Од Зелен хуман град не го открија нејзиното име, туку ја опишаа како личност со искуство во борбата за јавниот интерес и со визија за град кој ќе биде дом за сите, а не место за бетон и профит на мал број алчни поединци што три децении го уништуваат Скопје.„Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години“, се наведуваше во поканата за прес-конференцијата.фото: ФБ/ЗХГ

Скопје | пред 5 месеци

sajtovi-sajt-portal

И фантомски портали во регистарот за изборно рекламирање: 6,5 милиони евра на маса, нефункционални портали со „Account suspended“ страници во регистар

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел - непостоечки.Од порталите „Мкд.мкд“, „Канал12.мк“, „Југоисток.мк“, „Инфовест.мк“, „Регион.мк“, „Мкзабава.мк“, „Сигмак.мк“, „Екобалнс.мк“, „Цуцкат.далее.мк“, „Онтаргет.мк“, „Нопресс.мк“, „Телетексти.мк“ — сите со „.мк“ домеин — се добива само порака „Сајтот не е достапен“. Националниот регистар потврдува дека тие домени не се ниту закупени, иако сопствениците ги пријавиле во Државната изборна комисија.Покрај нив, има и новорегистрирани портали во последните месеци, како „Инфотренд.мк“ (декември 2024), „Гвгливе.мк“ (јануари 2025), „Мојотштип.мк“ (февруари 2025), „Нова12“ (мај 2025), „Фактидитор.мк“ (мај 2025), кој и денес е недостапен, како и „Алопресс.мк“ (јуни 2025).Најинтересен пример е „Таргети.мк“ – пријавен во ДИК до крајниот рок на 12 август, но домеин закупен еден ден подоцна, на 13 август. И денес, наместо вести, страницата покажува само порака „Maintenance mode is on“. Исто така, „Информаторплус.мк“, иако е регистриран во февруари, сега дава порака „Account suspended“.Меѓу пријавените за рекламирање е и порталот „Грамофони.ком“, на српски јазик, кој е специјализиран за музика, грамофони и плочи, и дури има дел со продажба на нови уреди.Иако сите овие портали формално ги исполниле условите за да бидат дел од регистарот, останува на партиите да одлучат дали и кај кого ќе трошат дел од 6,5 милиони евра државни пари предвидени за изборно рекламирање.Според податоците на ДИК, барањата на 22 правни лица се одбиени како неуредни, меѓу нив две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Локалните избори ќе бидат поскапи

Тековниот изборен циклус веројатно ќе чини повеќе од претходните, но институциите имаат должност да овозможат учество на сите кандидати и политички субјекти, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за Радио Слободна Европа.Тој појасни дека конечната слика ќе биде позната по 13 септември, кога завршува рокот за поднесување кандидатски листи, но ДИК веќе се подготвува за прилагодување на формата и содржината на гласачкото ливче.„Можно е процесот да стане поскап, но ние сме должни да го спроведеме и да обезбедиме еднакви услови за сите,“ нагласи Кондарко.Претседателот на Комисијата посочи дека ДИК има овластувања да носи одлуки и упатства со цел непречено спроведување на изборните дејствија, особено во случај на голем број пријавени листи. Постапката за поднесување кандидатури на независни кандидати и групи избирачи, според него, е усогласена со законските одредби и правилно уредена преку правилник и упатство.Кондарко потсети дека дилемите околу потписите за независни листи се јавиле уште во мај, по одлуката на Уставниот суд, и нагласи дека ДИК не смее да го оневозможи учеството на избирачките групи. „Прашањето е веќе затворено, но учесниците ќе треба да исполнат и други законски услови,“ рече тој.Паралелно, Кондарко оцени дека е неопходен целосно нов Изборен законик, со појасни процедури и јасни правила, вклучувајќи финансирање на партиите, регулација на кампањите и улога на медиумите.До истекот на рокот за поднесување листи, ДИК ќе продолжи со усогласување на техничките аспекти – изглед на гласачкото ливче, распоред на кандидатите и логистика на гласањето – со цел да се обезбеди фер и непречено спроведување на изборите, дури и по цена на повисоки трошоци.

Македонија | пред 5 месеци

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба да знае дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со претходни локални избори.„Наместо да броиш гласови на ВМРО-ДПМНЕ, гледај си ја својата партија, бидејќи ти си најголемиот хендикеп на Левица. Во ваква ситуација, кога СДСМ е целосно растурена партија со криминален багаж, вистинска мајсторија е Левица да се бори за пет проценти поддршка“, изјави Петрушевски.Петрушевски оцени дека борбата на Левица се сведува на тоа да обезбеди минимално присуство во неколку општински совети, а најголемиот проблем на Апасиев, според него, е маргиналноста и искривената лична перцепција.Оваа размена на обвинувања уште еднаш ја потврдува напнатата атмосфера пред претстојните локални избори, каде што меѓусебните пресметки на лидерите на опозицијата и помалите партии стануваат сè поостри.

Коментари | пред 5 месеци

kaja-shukova

Шукова го нападна Ѓорѓиевски - почнаа предизборните пресметки за гласови

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше работата на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека последните четири години биле период на хаос, корупција и целосно игнорирање на интересите на граѓаните.„Граѓаните точно знаат кој го доведе Скопје во оваа состојба. Никогаш градот не бил подалеку од своите граѓани. Наместо одговорно управување, Скопје стана заложник на партиските интереси и на пресметките на ВМРО-ДПМНЕ. Денес секоја улица и секое маало сведочат за нивниот неуспех“, рече Шукова.Таа потсети дека Скопје се соочува со целосно уништен јавен превоз, преполни контејнери и нефункционален систем за чистење, како и со урбанистички хаос и криминални дивоградби. „Културниот живот и урбаниот дух на градот се уништени. Наместо вистински решенија, добивме застој и распаѓање“, додаде кандидатката.Шукова го обвини противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, дека отворено го брани урбанистичкото дивеење во Чаир и дека ја продолжува истата политика на бизнис-интереси на штета на граѓаните. „Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе работи за профитот на владејачката елита. Градот е за живеење, а не за партиска каса“, истакна таа.Најавувајќи дека по 19 октомври Скопје мора да добие вистинска промена, Шукова порача дека нејзината визија е град кој обединува, нуди чиста и културна средина и се води од интересите на граѓаните, а не на партиите. „Скопјани заслужуваат чесен градоначалник со визија и план, кој ќе донесе решенија, а не нови разочарувања“, заклучи таа.

Скопје | пред 5 месеци

mickoski-medziti

Меџити најави апсолутна победа во Чаир, уште во прв круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој е и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека очекува апсолутна победа на октомвриските избори и дека битката ќе заврши уште во првиот круг.„Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека визијата на ВРЕДИ ќе обезбеди развој на општината за наредните 50 години“, порача Меџити.Во интервју за МИА, Меџити нагласи дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма насочена кон решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, како и воведување мораториум за нови градби со цел подобра урбанистичка контрола.„Чаир ќе биде првата општина без ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир“, изјави Меџити.

Скопје | пред 5 месеци

mecinovic-51346

Што планира Мециновиќ со Скопје: мора да се ослободи од политичките притисоци

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител телевизија изјави дека главниот град мора да се развива во интерес на граѓаните, ослободен од политички притисоци.„Над луѓето кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат, да функционираат и да создаваат прилики. Тоа се приликите кои му се потребни на нашиот град,“ истакна Мециновиќ.Тој најави дека во наредните два месеци ќе се работи на создавање на пошироко движење кое ќе биде повеќе од партија и повеќе од еден човек – платформа за сите граѓани кои, како што рече, се уморни од „град заложник на интересите на малкумина“.Мециновиќ потсети на своето искуство како советник во Град Скопје и нагласи дека единствена константа во работењето на досегашните власти бил приватниот интерес. Како пример го посочи проблемот со јавниот превоз, за кој, според него, уште во 2022 година се укажувало, но не се решавало.„Нашата поента не е да се претставиме како совршени луѓе. Напротив, сакаме да понудиме платформа на јавен интерес, со која ќе може да се поистоветат сите граѓани кои ги делат истите проблеми во скопското секојдневие,“ рече тој.Кандидатот на Левица нагласи дека мора да престане деградирањето на услугите на Градот и го критикуваше давањето концесии за паркинзи на приватни компании, иако постои јавно претпријатие за таа цел.Во однос на јавниот превоз, Мециновиќ оцени дека во 2025 година е недозволиво Скопје да се соочува со вакви проблеми. „Потребна е набавка на нови автобуси, алтернативни методи на јавен превоз и нов Генерален урбанистички план,“ нагласи тој.Мециновиќ заклучи дека неговата кампања е спротивна на платформите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, според него, не нудат решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања