ИЗБОРИ25

mickoski

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се со план, програма и визија, очекувам убедлива победа на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.„Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.Претседателот дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.„За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

bujar

Османи: Одлучуваме дали државата ќе остане на европскиот пат или ќе биде под влијание на српско-руската орбита

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, предупреди дека земјата е исправена пред сериозна закана да се врати под влијание на српско-руската орбита, надвор од европските вредности.„Тоа е една мрачна зона каде што нема демократија, туку авторитарност и понижување. Ако дозволиме тоа да се случи, ниту историјата ниту нашите деца нема да ни го простат молкот,“ порача Османи.Тој нагласи дека Албанците, но и државата во целина, се соочуваат со драматична историска ретроградност, како резултат на актуелната власт која, според него, го негира државотворниот концепт на Албанците.„Ни се ускратува и правото на јазикот – албанскиот јазик исчезна од институциите и официјалните документи. Затоа 19 октомври не се само избори за Чаир, туку одлука дали ќе прифатиме држава изолирана од Европската унија,“ изјави Османи.Тој додаде дека иако анкетите покажуваат пораз на коалицијата „Вреди“ со резултат три спрема еден, тоа не е суштината на овие избори. „19 октомври е единствената шанса – не за да ја победиме ‘Вреди’, тоа веќе го покажуваат истражувањата, туку за да спречиме создавање нова ‘Вреди’, за да не се уништи идејата дека Албанците се државотворен народ. Ако не ја сопреме таа идеја во корен, ништо не сме направиле,“ порача Османи.

Скопје | пред 4 месеци

ahmeti-bujar-1

Ахмети: Во Чаир потпишан „Актот на Чаир“ – најголемо национално обединување по 2001 година

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на својот „Фејсбук“ профил објави дека заедно со кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и пратеникот Скендер Реџепи – Зејди го потпишале „Актот на Чаир“, кој, како што истакна, претставува „најголемо национално обединување по 2001 година“.„Сите се обединети, како и порано, за да се врати достоинството, за да се врати честа, за да се заштитат постигнатите права. Тогаш повикот беше за да се добие еднаквост, денес е за да се одбрани,“ напиша Ахмети.Тој додаде дека целта на движењето е да ѝ се стави крај на дискриминацијата, потценувањето и лошото управување, потенцирајќи дека станува збор за „сепопуларно движење на отпор и надеж, кое секој ден станува посилно и поинклузивно“.Ахмети во пораката упати повик за мобилизација пред изборите во октомври: „Сите на нозе, подготвени за референдумот во октомври!“ – стои во објавата.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-02-at-10.03.37

Листа со лекари, активисти, професори: Умејр Мухамеди и Јана Белчева ко-носители на „Независни Заедно“ за Град Скопје

Умејр Мухамеди и Јана Белчева ќе бидат ко-носители на советничката листа „Независни Заедно“ за Град Скопје на претстојните локални избори. Мухамеди соопшти дека нивната комбинација ќе биде „најатрактивната, најкреативната и најдобрата“ во изборната трка, нагласувајќи дека граѓаните тоа ќе имаат можност да го видат во кампањата и во мандатот што следи.Листата, како што посочи, е составена од универзитетски професори од различни области, инженери, доктори, правници и долгогодишни активисти кои преку граѓанскиот ангажман веќе придонеле за поубаво и пофункционално Скопје.„Преку нашето кандидирање докажуваме дека не само што будно следиме и објективно критикуваме, туку сме тука и да дадеме предлог-решенија и со конструктивен пристап да поддржиме сè што е во корист на Скопје и скопјани. Скопје има шанса! Шансата е во новите луѓе и во новите идеи кои ќе ги претставиме во претстојниот период,“ напиша Мухамеди во својата објава, споделувајќи фотографија заедно со професорот по право Гордан Калајџиев.

Скопје | пред 4 месеци

ZOran-todorov

Економистот Зоран Тодоров е вториот независен кандидат за градоначалник на Кочани

Уште една независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Зоран Тодоров најави дека ќе се бори за достоинствен, праведен и одговорен живот во градот, повикувајќи на солидарност, искреност и заедничка сила во изградбата на иднината.Вчера ја поднесов независната кандидатура за градоначалник на Кочани. Некој би рекол ракавицата е фрлена, но јас би рекол раката кон сите во Кочани е подадена.Јас сум Зоран Тодоров – сопруг и татко на две деца кои секојдневно ме учат што значат љубов, трпение и посветеност.По професија сум економист, но по суштина сум човек кој целиот свој живот го живее со одговорност, духовност и почит кон заедницата.Роден и израснат сум овде, во Кочани – градот што ми ја вгради љубовта кон луѓето, чесноста кон трудот и верата во вистинските вредности.Со моето семејство секој ден го живееме Кочани – не како место на случаен престој, туку како свесен избор.Избор да бидеш човек, сосед, поддршка.Избор да не молчиш кога можеш да помогнеш.Избор да веруваш во луѓето и во заедничката сила што создава, а не уништува.Јас сум човек од дела – не од зборови. Еден од основачите сум на повеќе организации, преку кои со конкретни акции и хуманитарни иницијативи со години сме им помагале на оние на кои најмногу им требало. Верувам во солидарноста – не како празна реченица на плакат, туку како нормална, човечка и граѓанска реакција кога некој страда или кога нешто може да се подобри.Сакам живот во Кочани – не како навика, туку како одлука.Сакам живот во Кочани – со смисла, со срце и со иднина.Го гледам Кочани не како спомен што избледува, туку како иднина што мораме заедно да ја изградиме – чекор по чекор, човек до човек.Верувам дека овој град има душа, но таа душа бара нов глас. Глас на одговорност, искреност и храброст да се каже:„Доста е – време е за поинаку.“Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол, напиша Тодоров

Македонија | пред 4 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го обвини Орце Георѓиевски дека манипулира со граѓаните или целосно не ја познава состојбата, ветувајќи парк во Вардариште. Таа предупреди дека локацијата е еколошки и правно проблематична, со над 2 милиони кубни метри отпад, и дека единствен стручeн план е изградба на современа претоварна станица за отпад.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани.„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.„Само процесот на санација и деконтаминација на тоа земјиште би траел со години, пред воопшто да може да се зборува за било каква употреба, а најмалку за парк“, посочи Шукова.Покрај еколошката загрозеност, постојат и правни и технички пречки за било каква интервенција на теренот.„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план“, изјави Шукова.Во моментов е во тек и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион. „Секој обид за политичка интервенција на Вардариште пред завршување на оваа постапка е опасен, штетен и спротивен на сите законски и еколошки норми“, додаде Шукова.СДСМ остро реагира на ваквите лажни ветувања и го повикува Орце Георѓиевски да престане со ширење неосновани фантазии и да одговори за четиригодишната неспособност на неговата партија додека беа на власт во Градот Скопје.„Георѓиевски не нуди решение. Тој нуди изборна измама. Вардариште, што ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го оставија да гори и да труе, сега се користи за предизборен маркетинг. Но скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

Скопје | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури, има дури 22-јца независни кандидати за градоначалник

На полноќ завршува периодот предвиден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата поддршка за градоначалнички кандидатури се собираше во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Најмногу пријавени има во Демир Хисар – четворица, додека по двајца кандидати има во Македонска Каменица, Битола и Новаци. Потписи се прибираат и во Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Могила, Гостивар и за Град Скопје.За советнички листи, пак, потписи се собираат во 11 општини за вкупно 12 кандидатури. Меѓу нив се Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (две листи), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.Рокот за поднесување листи со кандидати за градоначалници и советници истекува на 13 септември. До 11 септември граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии и одделенијата на ДИК. Паралелно е отворен и процесот на пријавување за набљудувачи и известувачи за изборите.

Македонија | пред 4 месеци

sdsm

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје, велат од СДСМ

„Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание“, информираа од СДСМ и додаваат:Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење.Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се гради новата еколошка политика на градот, но не како политички маркетинг, туку како план за опстанок.„Овие препораки не се само листа на желби, тие се мапа за здрава иднина. Она што недостасуваше изминативе четири години е токму ова, дијалог, храброст да се именува проблемот и волја да се постапи. Јас се обврзувам да ги ставам граѓаните и науката во срцето на политиката за Скопје“, рече Шукова.Таа најави реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. „Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите“, истакна Шукова.Таа ја посочи нефункционалноста на јавните претпријатија, предупредувајќи дека без реорганизација и вложување во човечки ресурси, ниту една стратегија нема да даде резултати.,,Имаме документи и стратегии, но немаме имплементација. Сè што треба да направиме, веќе е измислено. Само треба да престанеме да се плашиме од промени и да почнеме да ги применуваме решенијата што постојат”, нагласо Шукова.На средбата учествуваше и Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економија, кој потенцираше дека вистинските промени не доаѓаат со спектакли, туку со поставување на системи што функционираат.,,Не можеме да очекуваме да имаме инспектор зад секој проблем. Македонија е мала земја, ни требаат дигитални решенија, автоматизирани системи и пред се, ред. И тука ја гледам разликата, Каја не ветува чудо, туку ред и систем“, констатира Битиќи.Тој посочи и примери од други европски градови, каде воведувањето на зони со ограничен сообраќај за загадувачки возила дало мерливи резултати во квалитетот на воздухот.,,Во Скопје, улиците се чистат еднаш на 14 дена, нема техничка вода, опремата е дотраена, а комуналната хигиена е сведена на добрата волја на граѓаните. Тоа не е политика, тоа е хаос. А од хаос, нема напредок”, посочи БитиќиНа средбата заеднички се заклучи дека граѓаните, институциите и стручната јавност мора да работат заедно, а не паралелно. Вистинскиот напредок, според Шукова, нема да дојде преку камери, ПР акции и еднократни спектакли за чистење, туку преку дневна, упорна работа на системот што ќе функционира без разлика кој е на власт.Кандидатката на СДСМ испрати јасна порака дека Скопје не смее повеќе да биде град на пропуштени шанси. Последните четири години, под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, градот стагнираше. Таа потенцира дека многу беше ветено, малку, ако воопшто и нешто беше испорачано. Институциите беа ослабени, комуналниот сектор занемарен, а граѓаните оставени сами да се борат со загадувањето, сообраќајниот хаос и урбанистичката деградација.„Доаѓа време кога Скопје ќе престане да биде синоним за разочараност. Мојата визија не е базирана на имиџ, туку на суштина. Верувам во град каде воздухот е чист, институциите се достапни, а јавниот интерес стои над приватниот“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

kaja-sukova

Шукова: Ќе ја деблокирам изградбата на мостот кај Љубљанска, Скопје не смее да биде заложник на политички игри

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, остро реагираше на, како што рече, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, кои ја држат метрополата во постојан сообраќаен метеж и го стопираат развојот на клучни инфраструктурни проекти.„Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани,“ изјави Шукова при денешната посета на општина Карпош.Таа го посочи проектот за изградба на булеварот што треба да го поврзе мостот кај Љубљанска со улицата Скупи како еден од најважните сообраќајни зафати кој ќе го растовари метежот и ќе овозможи подобро поврзување на Карпош и централното градско подрачје.„Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата во висина од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено што се чека е дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но веќе две години гледаме блокада и застој,“ нагласи Шукова.Таа додаде дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе ја деблокира изградбата и ќе овозможи реализација на овој проект, за Скопје конечно да добие современа и функционална сообраќајна врска.„Како ваша градоначалничка ќе направам сè што е во моја надлежност оваа блокада да престане. Истражувањата мора веднаш да завршат за да почне изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат модерна инфраструктура и таа ќе ја добијат,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

Gerasimovski-2

„Шанса за Центар“ со критика кон Герасимовски: Популизам пред избори, невладините ги игнорираше целиот мандат

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ жестоко реагира на најавата на актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, дека бара од невладиниот сектор да предложи советник кој ќе ги застапува нивните интереси.„А каде беа тие интереси во целиот негов мандат? Нашите предлози постојано беа игнорирани, одбивани или маргинализирани“, стои во нивната објава. Од иницијативата потсетуваат и на случајот со просторот кај поранешната фабрика „Треска“, за кој велат дека иако инсистирале барем дел од локацијата да се искористи за парк, нивните барања биле саботирани.„Сега, пред избори, одеднаш се сетил на граѓанските организации. Ова не е вистинска грижа, туку чист популизам“, порачаа од „Шанса за Центар“, додавајќи и саркастична понуда: „Еве да возвратиме со љубезноста, го каниме СДСМ да даде нивен предлог кај нас на листа“.Тие ја завршија својата реакција со порака дека очекуваат „фер избори“ и дека ќе се видат со политичките противници на гласање.

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-29-Aug-2025-01-24-PM-6169

Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар

Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, информира општината.„Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.Со оваа активност, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование, што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.

Скопје | пред 5 месеци

sukova

Шукова: До 2028 година со БРТ системот ќе се реши јавниот превоз во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Александра Шукова, на денешната прес-конференција истакна дека јавниот превоз е една од најголемите слабости на главниот град и најави дека решението е реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ).„Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс,“ рече Шукова.Таа додаде дека решавањето на овој проблем не смее да се одложува. „Тоа е услов за квалитетен живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж, добро поврзани општини, побрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје,“ нагласи таа.Како идно решение Шукова го најави воведувањето на БРТ-системот. „Како градоначалничка на Скопје итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбан транспорт преку коридори резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа,“ истакна таа, додавајќи дека за ова се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.„Гарантирам дека до средината на 2028 година скопјани, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче, ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час – брзо и навреме, без доцнења, без гужви и безбедно,“ рече Шукова.Според најавите, првата БРТ линија ќе биде долга 13 километри во една насока, со 21 автобуска постројка и два терминали, со 29 автобуси кои ќе превезуваат до 65.000 патници дневно.„Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на набавка на нови еколошки автобуси за останатите линии низ градот, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети. БРТ е решението зад кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш – за Скопје и за скопјани,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

31122024-Mickoski-pres

Мицкоски се спрема за историска победа

Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната.Тој смета дека локалните избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција.„Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои еден процес на реструктуирање, внатрешна катарза којашто им ја препорачувам за да се ослободат од некои, би рекол, стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција и заедно да работиме за интересот на граѓаните”, изјави Мицкоски.Според неговите бројки, нивниот кандидат за Битола, Коњановски ќе биде победник уште во првиот круг, а победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива.

Македонија | пред 5 месеци

kandidati-sk

Шестмина партиски и еден дизајнер како независен кандидат за градоначалник на Скопје

За скопската градоначалничка фотелја веќе се најавени седум кандидатури – шест од партиски редови и една независна. Изборната трка се очекува да биде жестока, со многу аргументи, програмски понуди, но и дезинформации.ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. СДСМ ја кандидира потпретседателката на партијата и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова. Левица ќе оди со пратеникот Амар Мециновиќ. Коалицискиот партнер во Владата, партијата Вреди, го кандидира Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во Клиничкиот центар Скопје. Европскиот фронт на албанските опозициски партии ќе настапи со Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на Народното движење.Од граѓански иницијативи настапуваат „Независни заедно“, поддржани од Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и Групација 389, со кандидатурата на професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ. Како независен кандидат се пријави и професорот по дизајн на Европскиот универзитет, Александар Рашковиќ, кој ја доби поддршката од ТМРО.Списокот сè уште не е затворен – рокот за пријавување е 13 септември, што остава простор за нови кандидатури, а за учество на ливчето за градоначалник доволни се само два потписа. Првиот круг на локалните избори е закажан за 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Скопје | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Меџити гo објави мотото за локалните избори - се мтивирал од рок бенд

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината.На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и културните процеси кај Албанците во Македонија и пошироко. „Ќе го дадеме целото наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани,“ истакна Меџити.Инспирацијата за мотото, како што беше посочено, доаѓа од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој потекнува токму од Чаир, што слоганот го прави уште посимболичен за локалната заедница.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања