Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште
Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе победа за Алијансата предводена од Арбен Таравари во Гостивар и Врапчиште, додека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди градоначалник во Маврово и Ростуше. Во Центар Жупа, мандатот го освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија.Во Гостивар, кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани, извојува убедлива победа пред противкандидатот Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“. Сличен исход имаше и во Врапчиште, каде што победи Исен Шабани, исто така кандидат на Алијансата.Во Маврово и Ростуше, довербата на гласачите ја доби Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Центар Жупа трет последователен мандат освои Аријан Ибраим.Излезноста на изборите беше ниска. До 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, што е помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. Исклучок беше Врапчиште, каде што беше регистрирана поголема излезност.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот ден поминал мирно и без инциденти и оценија дека со оваа победа партијата сега има градоначалници во 56 општини низ државата.
Македонија | пред 2 седмици