ИЗБОРИ25

komemorativna-sednica-gostivar

Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово нови избори за 60 дена

Пред две недели, во четири општини:Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше немаше законски цензус на излезност за да биде валиден првиот изборен круг.Затоа денеска во овие општини, нема да има гласање.Законодавецот пропишал да се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.Според Државната изборна комисија во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи – услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, и едостасуваа само 21 глас, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49%.Согласно член 132 од Изборниот законик, во вакви случаи се повторува целата изборна постапка, а повторените избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, без повторно условување со цензусот од една третина од гласачкото тело.

Македонија | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 набљудувачи

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.Во Македонија се гласа во втор круг за 32 градоначалника и за градоначалник на градот. Општините каде денеска се гласа за градоначалник се Град Скопје,  Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.Во општина Шуто Оризари на 4 ибирачки ќе се прегласува и за советничката листа поради костатирани неправилности.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Македонија избира градоначалници, започна вториот круг од локалните избори 2025

Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени во 07:00 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.Граѓаните ните повторно излегуваат на гласачките места за да го изберат градоначалникот во општините каде што ниту еден кандидат не успеа да обезбеди мнозинство во првиот изборен круг.Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.Во Скопје во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање, бидејќи се бира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа и за градоначалници, но ќе има прегласување и за советничлата листа.Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени вечерва, откако ќе биде завршено пребројувањето на гласовите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и лицата во затвори и домови помина без проблеми

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или во притвор, како и на лицата сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори и во Градот Скопје.Од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи.Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа, своето избирачко право го оствариле 125 гласачи.„Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности“, соопшти ДИК.Од Комисијата прецизираат дека резултатите од денешното гласање нема да се објавуваат посебно, туку сите гласачки ливчиња се ставени во затворени пликови и во гласачките кутии.Броењето на овие гласови, како и објавувањето на резултатите, ќе се изврши заедно со резултатите од редовното гласање утре по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот, за секое избирачко место и општина каде што се гласа.

Свет | пред 2 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1pdo1kqdmme42k26EdY

Мециновиќ најавува тужби и кривични: Страшна злоупотреба е објавувањето на мојот ЕМБГ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, најави поднесување тужби и кривични пријави поради, како што вели, невиден инцидент во кој бил јавно објавен неговиот Единствен матичен број на граѓанин (ЕМБГ) за време на изборната трка. Тој оцени дека станува збор за сериозна злоупотреба и повреда на човековите права.„Во овие избори се случи преседан кој досега не се забележал. Во моментот кога целата јавност беше насочена кон изборната трка за Скопје, беше обелоденет мојот ЕМБГ – податок кој е длабоко класифициран. Тоа е страшна злоупотреба и кривично дело во отежнати околности“, изјави Мециновиќ.Тој додаде дека не станува збор само за личен случај, туку за поширок проблем што го засега секој граѓанин. „Можеби мене тоа не ми значи ништо, но на сите други треба да им значи. Утре истото може да им се случи и на вас. Каде беа институциите да реагираат и да го спречат ова?“, праша Мециновиќ, нагласувајќи дека се работи за прашање на заштита на основните човекови права.Кандидатот од Левица истакна и дека е задоволен од изборната кампања и поддршката што ја добил, иако, како што рече, бил мета на бројни шпекулации, напади и лични дискредитации. „Имаше измислици, напади по семејството, притисоци… но ова е маратон. Кога ќе победам, моите соборци во Собранието ќе продолжат уште посилно да се борат за интересите на граѓаните“, додаде тој.Мециновиќ порача дека ваквите случаи не смеат да останат неказнети и најави дека уште од понеделник ќе започне со конкретни правни постапки.

Скопје | пред 2 месеци

media-library8jppvk34n1m19ztxOaq

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се  блиски до социјалдемократијата.„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_3593

(Видео) „Мицко и Соте се во страшен очај“ - Јакимовски со реакција за фотографијата на Лукровски со Мојсова

И Стевче Јакимовски кој в недела ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Карпош реагираше на фотографијата на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски со Маја Мојсова, која беше кандидатка на СДСМ.„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во моментов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски во видеото.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryb6teke4bc5pcdpGXJqP

Лукровски со Мојсова - уште една фотографија ја „вознемири“ јавноста, СДСМ демантира дека ќе го поддржи кандидатот на ВМРО во вториот круг

Голем број реакции во јавноста по објавата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, со неговата противкандидатка од првиот круг од редовите на СДСМ, Маја Мојсова. Веќе се шират шпекулации дека СДСМ в недела на вториот круг од локалните избори ќе го поддржи Лукровски кој за противкандидат го има Стевче Јакимовски. СДСМ на тоа реагираше многу остро, отфрлајќи ги наводите од објавата и шпекулациите што се појавија во јавноста.„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се каква било поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг. СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата“.

Скопје | пред 2 месеци

kutija-izbiracka

Од полноќ изборен молк, во недела втор изборен круг

Кандидатите за градоначалници уште денеска имаат шанса дс ги претстават своите програми и ветувања.Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк кој ќе трае до недела. До тогаш граѓаните можат да размислат кому ќе му го дадат својот глас.На 2 ноември ќе се одржи вториот круг од локалните избори.Во вториот круг ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари.Во сабота според законот ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.Во Градот Скопје во трката за градоначалник се кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Во Карпош ќе се натпреваруваат Стевче Јакимовски од коалицијата ,, Искуство за успех и кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, во Аеродром каде во игра се Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, во Центар битката ќе се води меѓу Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ.Во втор круг во Шуто Оризари ќе се соочат Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Курто Дудуш од Унија на Ромите.Втор круг ќе има и во Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово на 2 ноември нема да има гласање бидејќи во првиот круг од локалните избори не беше исполнет законскиот цензус на излезени граѓани. Тука изборната постапка почнува одново по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Македонија | пред 2 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Цензусот не е достигнат – изборите се повторуваат во четири општини

Поради непостигнат цензус во првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се повтори гласањето за избор на градоначалници.Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не била постигната потребната излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи, што е предуслов за успешност на изборите според Изборниот законик.Според податоците, одзивот на гласачите изнесувал:во Гостивар – 33,31%,во Врапчиште – 25,18%,во Маврово и Ростуше – 30,31%,во Центар Жупа – 21,49%.Со оглед на тоа што излезноста во ниту една од овие општини не го достигнала законскиот праг, изборната постапка ќе се повтори во целост.Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, ако во првиот круг не излезе најмалку една третина од гласачите, изборите се повторуваат. Дополнително, член 132-а предвидува дека повторените избори се одржуваат во рок од најмногу 60 дена по објавувањето на конечните резултати, а при тоа не важи условот за излезност.Тоа значи дека целиот прв круг во овие четири општини ќе се спроведе повторно во наредните два месеци, по што ќе следи и втор круг доколку има потреба.Во меѓувреме, вториот круг од Локалните избори 2025 ќе се одржи во недела, кога гласачите ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека изборот на градоначалници во 44 општини беше завршен уште во првиот круг.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Скопје | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

Почна диструбицијата на гласачките ливчиња

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела. Утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013 .357 избирачки ливчиња.Според резултатите од ДИК се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.Во сабота, според законот гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно прегласувањето теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.Во четирите општини за избор на градоначалник не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност на гласачите, а тоа се Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, изборната постапка се повторува со распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 3 месеци

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 3 месеци

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција побара јавни и транспарентни одговори од градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, во врска со стекнување имот во елитниот дел на општината.Митева изјави дека прашањата кои ги упатуваат до Јакимовски не се само политички, туку и морални и институционални по својата природа, бидејќи, како што рече, се однесуваат на довербата што граѓаните му ја дале, а која, според неа, очигледно е злоупотребена.– Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје – изјави Митева.Таа праша и како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски да станат градежно земјиште, со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.– Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога и до каде е постапката? – праша Митева.Дополнително, таа праша дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција.– Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно – изјави Митева.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања