ИЗБОРИ25

media-libraryrtkmifqlfldlci8PXpq

Тензија на првиот ден во Советот на Скопје: ДУИ бојкотираше доделување уверенија

Неславно започна составувањето на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи беа напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје Марија Мошев.ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.

Скопје | пред 3 месеци

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на ФБ го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, дека со рекламирање на приватна болница „Систина“ врши предизборен поткуп и користи нечесен маркетинг во кампањата.Што правиш, бе човек?Втор ден по ред ја рекламираш Систина! Толку ли сте во паника?Не е фер према јавното здравство.Не е фер према останатите приватни клиники.А тоа што го правиш е чист предизборен поткуп.Кога нема идеи - се делат попусти.Кога нема визија - се нудат проценти.А кога се губи - се фаќа сламка за спас.Народот не се купува со попуст!Карпош заслужува чесна кампања, а не евтин маркетинг, вели Јакимовски во обраќањето до Лукровски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Нашиот модел гради, обединува и носи резултати – на 2 ноември заокружете број 9, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на претстојниот втор круг од локалните избори, закажан за 2 ноември, да гласаат за број 9, со порака дека нивниот модел на управување „гради, обединува и носи резултати“.Во соопштението од партијата се наведува дека во изминатите четири години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ докажале дека може да се управува транспарентно, отчетно и во интерес на граѓаните.„Нашите градоначалници работеа со интегритет и визија. Во многу општини го надминаа ветеното и испорачаа повеќе од она што беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните тоа го потврдија уште во првиот изборен круг“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владата предводена од нивната партија извршила суштинска промена во односите меѓу централната власт и локалната самоуправа, овозможувајќи реализација на бројни капитални проекти и инвестиции.„Преку поддршката што Владата им ја овозможува на општините се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го подобруваат секојдневието на граѓаните“, наведуваат од партијата.Тие додаваат дека ваквиот модел на работа не подразбира само финансиска помош, туку и постојан дијалог, соработка и координација со градоначалниците во решавањето на локалните предизвици.Во завршницата од обраќањето, партијата ги повика жителите на повеќе општини — меѓу кои Аеродром, Карпош, Кочани, Виница, Кичево, Пробиштип, Неготино, Валандово, Крушево, Македонски Брод, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје — да излезат на гласање и да го „потврдат правецот на развој“.„На 2 ноември граѓаните имаат можност да изберат напредок и сигурна иднина. Да го поддржат моделот кој гради и носи резултати. Да заокружат број 9 — за својот човек, своето место и својата иднина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

ДИК ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во недела ќе се спроведе втор круг во 33 општини.-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Македонија | пред 3 месеци

media-library38r38jq0l3vg2ilwjCp

Костадинов: Продолжувам натаму, од срце за Струмица

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој не го криеше незадоволството бидејќи неговата партија не го кандидираше за втор мандат, денеска ја предаде функцијата на нивоизбраниот Петар Јанков, му честиташе и напиша на ФБ, но без збор за досегашните несогласувања со СДСМ:„Секој мандат има свој почеток и крај.Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија ина цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.Огромна чест и задоволство е да се води општина како Струмица и верувам дека со мојата јасна визија успеав да ги исполнам очекувањата на сите Струмичани. Заедно со мојот тим, во изминатите четири години ја создадовме најдобрата верзија на нашата Струмица. Проектите и резултатите се евидентни, а голем дел оставаат и траен белег во развојот на општината.Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.За сѐ има вистинско време и место. Да ги видиш и да ги согледаш е доблест, а да делуваш е моќ.Кон нови победи и успеси, продолжувам понатаму, од срце за Струмица“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryht1pis16l2pkdDbCDrr

По 20 години градиначалник од ВМРО-ДПМНЕ седна во престижната фотелја

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг вече седнаа во градоначалничките фотелји.Во Струмица досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му ја отстапи функцијата на новоизбраниот Петар Јанков.Јанков го доби уверението од ОИК и од денеска официјално е нов градоначалник на Струмица.ВМРО-ДПМНЕ по цели 20 години победи во овој град и тоа уште во првиот круг.Јанков го доби уверението за четиригодишниот мандат за градоначалник од претседателката на Општинската изборна комисија, Елисавета Пецева.Претходно и новоизбраните членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата од Општинската изборна комисија, а деновиве се очекува и свикување на првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица.

Македонија | пред 3 месеци

Ramiz-Merko-780x470-1

И Мерко вели дека не се пазарел со ВМРО-ДПМНЕ, веќе не се меша во изборите

Рамиз Мерко остро ги демантира шпекулациите дека се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Менди Ќира во Струга, велејќи дека нема никакви тајни договори и дека „Мерко веќе не се меша во изборите“.„Лаги и шпекулации. Мерко си седи на страна и не се меша во никакви избори“, вели во изјава за „Слободен печат“, Рамиз Мерко, за кого во изминатите денови се појавија информации дека наводно се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата во замена за поддршка на независниот кандидат Менди Ќура во Струга зад кој застана Вреди, а поддршка за него даде и партијата на Христијан Мицкоски, која не номинираше свој кандидат во градот на поезијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Од полноќ СТОП за анкети за вториот круг од Локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно терминот најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година.Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Нема „пазарења“ со Мерко за поддршка во Струга: Нема преговори за поделба на позиции во власта

Од Владата на Република Македонија категорично ги отфрлија наводите објавени во неколку медиуми дека се водат преговори за поделба на позиции во извршната власт во замена за политичка поддршка од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за кандидатот на ВЛЕН во Струга.„Во целост ги отфрламе ваквите невистини. Нема апсолутно никакви преговори за поделба на позиции во извршната власт“, велат од Владата за „Скопје1“.Претходно, дел од медиумите објавија дека, наводно, „се пазарела амнестија меѓу власта на Христијан Мицкоски и Рамиз Мерко“, при што „со оваа поддршка на осудениот Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ“.Од Владата, меѓутоа, истакнуваат дека такви средби или договори не постојат и дека станува збор за дезинформации со политички мотиви.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Мерко нема да го поддржи кандидатот на НАИ во вториот круг од локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, во објава на ФБ ги демантира шпекулациите дека во вториот изборен круг ќе го поддржи кандидатот на Алијансата за национална интеграција, предводена од ДУИ, Арсим Далипи. „Денес ви се обраќам директно и со најголема сериозност за да ги уништам веднаш новите шпекулации и измислени гласини што имаат цел да ја поткопаат вашата доверба. Се шират гласини дека јас, Рамиз Мерко, ќе го поддржам кандидатот на НАИ во вториот круг. Сакам јасно да нагласам: јас, Рамиз Мерко, не го поддржувам кандидатот на НАИ на изборите,“ напиша Мерко.Според него, станува збор за „подли гласини на оние што веќе се губитници и сакаат да манипулираат со гласовите на граѓаните“, потенцирајќи дека Независната листа, која ја предводеше на изборите, е сериозно и решително движење чии одлуки се носат по детални консултации, а не преку шпекулации. Во објавата, Мерко најави дека Независната листа во следните денови ќе одржи состанок со кандидатите за советници и со поддржувачите, по што официјалниот портпарол на листата ќе објави јасна изјава со ставот за вториот круг од изборите. „Не дозволувајте никој да ве збунува. Верувајте само на официјалното соопштение на Независната листа,“ порача Мерко во објавата на ФБ.

Македонија | пред 3 месеци

filipce

Ќе има шут-карта од раководството: СДСМ подготвува кадровски промени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата покажала видливи резултати од процесот на внатрешна консолидација, особено во општините каде што освоила градоначалнички мандати и во оние каде што влегла во вториот изборен круг.„Јас лани ја затекнав партијата во тешка и лоша состојба. Во изминатата година и пол работев со илјадници членови преку директни средби и контакти. Овие избори се показател за ефектите од таа работа – таму каде што имаме градоначалници и каде што одиме во втор круг, бројот на гласови е зголемен за 50 проценти во споредба со минатите избори“, изјави Филипче.Тој посочи дека консолидацијата е видлива, но дека постои потреба од дополнителна работа во дел од скопските општини, каде резултатите не биле на посакуваното ниво.„По еден таков тежок пораз лани, сега овие избори се показател како треба да се поставиме и да функционираме во следниот период. Таму каде што немавме резултати, ќе продолжиме со интензивна работа“, рече тој.Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои, како што најави, ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче, додавајќи дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.„Имаше сериозни притисоци во сите општини каде се одвиваа избори – непосредно пред гласањето, каде што имавме градоначалници имаше финансиски контроли и нудење пари за гласови. Работевме во исклучително тешки околности“, нагласи тој.Лидерот на СДСМ додаде дека, иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија во базата.„Не може преку ноќ да има промени, но во некои општини видовме дека тоа е можно. Тоа ми даде ентузијазам да продолжам да работам и понатаму“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Кого ќе поддржи СДСМ во втор круг во Скопје, Кичево, Брвеница? Нема да биде клучно дали се Македонци, Албанци, Бошњаци...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе ја донесе конечната одлука до средината на следната недела за тоа кого ќе поддржи во општините Кичево и Брвеница, каде што нема сопствени кандидати за градоначалници, но и за Скопје Карпош и Куманово.Филипче нагласи дека, иако дел од политичките партии повикуваат гласањето да се води според етничката припадност, СДСМ нема да ја базира својата одлука на етнички критериуми.„Мислам дека мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите односи треба да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но тоа нема да биде критериум за нас. Во следните неколку денови ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме. Најдоцна до среда“, изјави Филипче.Тој додаде дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори, пред сè од состојбата на општинските организации и расположението на членовите на партијата на локално ниво.„Како ќе коалицираме и кого ќе поддржиме таму каде што немаме кандидати, ќе зависи од тоа каква е нашата организација и ставот на луѓето кои се таму членови. Ако нешто не биде критериум, тоа е етничката припадност“, нагласи тој.Филипче истакна дека одлуката нема да се однесува само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.„Не е само во Кичево и Брвеница. Ќе видиме како ќе се поставиме и во другите општини. Дозволете до среда да го кажеме нашиот став“, рече тој.Во однос на разговорите со други партии, лидерот на СДСМ додаде дека тие се одвиваат во две насоки – каде на СДСМ ѝ е потребна поддршка и каде партијата би можела да даде поддршка.„Разговорите се во тек и ќе бидат завршени утре или најдоцна во вторник“, истакна Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Војнески и Пивковски се откажаа, но имиња им остануваат гласачките ливчиња како противкандидати на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески кои во првиот круг освоија доволно гласовви да се тркаат за градоначалничката фотелја, се повлекоа во корист на кандидидатите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепљк, според Законот, нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноемри.Законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи. Ова значи дека гласање сепак ќе има и тие и покрај декларираното откажување, ќе останат на гласачкото ливче, Пивковски со Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Војнески со Жарко Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.Пивковски која влезе во изборната трка како независен кандидат, напиша дека ја донел одлуката по внимателно размислување и бројни разговори во интерес на заедништвото, наместо поделбите.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане“, напиша тој.Од лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, како негова матична партија, претходно се откажа и Војнески.„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања