(Видео) Се очекува поголема разлика во споредба со противниците - ВМРО-ДПМНЕ со првичен став по изборниот ден
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности.„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема промена. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати и нова енергија“, изјави Манасиевски.Тој најави дека од партијата ќе продолжат со работа „со уште поголема посветеност“ и дека во текот на вечерта ќе бидат објавени првичните резултати од гласањето.„Од утре продолжуваме со работа со поголема посветеност. Од следните прес-конференции ќе излеземе со првичните резултати од гласањето“, додаде Манасиевски.
Настани | пред 2 месеци