ИЗБОРИ25

media-library2nq2km9qnucbbDqOHx3

(Фото) Изборниот караван на СДСМ и коалицијата

СДСМ и коалицијата денеска го претставјиа изборниот караван за локалните избори, со распоред, саатници и места за секој ден за време на целата кампања.-Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата , д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините.Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на претседателот Венко Филипче.Пред овие два настани претставници на СДСМ и коалицијата ќе бидат помеѓу граѓаните на други општини тие се содржани во овој распоред, наведуваат во соопштението

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycdpg4alug6ta6EQfdsN

И во Кочани започна предизборната кампања за градоначалник

Денес започнува кампањата за, како што ја оцени „една од најважните“ градоначалнички трки во историјата на Кочани, изјави д-р Владко Грозданов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.Тој потсети дека пред неколку дена, во зградата зад него, со противкандидатите потпишале кодекс и си подале рака. Очекува и ветува дека изборите ќе бидат „најкоректни, најфер и најмирни“, дури „најмирни досега“ во Кочани.Грозданов најави кампања без „секојдневно малтретирање на луѓето на социјалните мрежи“ и без долги говори со ветувања. Наместо тоа, фокусот, рече, ќе биде на директна комуникација со граѓаните, на терен: ќе се собираат идеи за да се вградат во програмата, ќе се нотираат проблемите и ќе се бараат заеднички решенија.Како аргумент за ваквиот пристап посочи дека Кочани е средина во која „сите се познаваат“ и многумина веќе имаат оформено став кому ќе ја дадат поддршката; според него, најдобрата кампања таму е „од човек на човек, од уста на уста“. Додаде дека така и првично ја замислиле, а така и налага моменталната ситуација во општината.Коментирајќи ја функцијата, кандидатот нагласи дека градоначалничкото место за него не значи „доблест, гордост или моќ“, туку одговорност и доверба дадена од народот, заснована на „чист образ“ — кој, како што рече, мора да остане таков и по истекот на мандатот. Предупреди и дека „некои работи се купуваат со пари“, па доколку и градоначалничката функција се „купи“, ќе стои „на стаклени ногарки“ и ќе биде лесно кршлива.На крај, Грозданов гарантира „мирна, фер, коректна кампања“, со почитување „исклучиво на волјата на народот“, додавајќи: „нека победи најдобриот кандидат“, и се заблагодари на присутните.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvuq7lmbtosu22k4ptAA

(Видео) Лапсус или порака? Мицкоски го нарече Апасиев „Димитар Заев“

Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава порача дека пред граѓаните постојат само две политички опции за претстојните избори – коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица или коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој направи лапсус менувајќи му го презимето на лидерот на Левица од Апасиев во Заев, а потоа кажа дека тоа не е лапсус.„Едната опција е СДСМ, ДУИ и Левица, тоа е коалицијата Венко Филипче, Али Ахмети, Димитар За.. Апасиев. Па и да кажев да кажев Димитар Заев немаше многу да погрешам ако направам една кованица, бидејќи гуруто на оваа коалиција е тој. И тоа е патот кој седум години го гледавме. Пат на криминал, корупција, неиспорака, неработа“, рече Мицкоски.Тој истакна дека нема „трета опција“ и додаде:„Втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е она што го работиме 16 месеци и ако граѓаните се задоволни, ги повикувам на 19 октомври да го дадат својот глас“.Мицкоски апелираше до граѓаните да излезат на гласање, бидејќи, како што рече, „со седење дома, се носи глас за противниците“.

Македонија | пред 4 месеци

darko-kostovski-butel-99121

Костовски: Градиме модерен затворен пливачки базен во Радишани

Актуелниот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат, на почетокот на кампањата најави нови инфраструктурни проекти во општината.„Имаме една убава и радосна вест – граѓаните на населбата Радишани добиваат нов, модерен затворен базен во вредност од 80 милиони денари. Особено ме радува што предност во користење на базенот ќе имаат учениците од ОУ ‘Ацо Шопов’, но и сите ученици воопшто. Во подоцнежните часови базенот ќе биде достапен и за граѓаните“, изјави Костовски.Тој додаде дека покрај увидот во тековните градежни активности за овој проект, се најавува и изградба на уште еден затворен базен во населбата Бутел 1, во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“.„Општина Бутел се менува. Сигурен сум дека и овој пат ќе направиме вистински избор за модерна општина, за развој и за квалитетна иднина на нашите деца“, порача Костовски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfhclao3lm3258HkQEVN

„Ураган на орли“, вели oбвинетиот во „Пулс“, Крешник Бектеши, за митингот на ДУИ откако Ахмети му се обрати на Мицкоски

Крешник Бектеши, еден од обвинетите во случајот „Пулс“, кој по неколкумесечен притвор сега ја чека судската постапка од слобода, вчера се појави на митинг на ДУИ. За своето присуство се пофали и на социјалните мрежи, каде сподели фотографија и напиша: „Ураган на орли!“. Ова доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говорот користеше и метафори, порачувајќи: „Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли“. На ова ВМРО-ДПМНЕ му врати Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“.На собирот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ присутните беа поздравени со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео-бимот се прикажуваа инсерти од војната во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искористи конвенцијата за да упати силна порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за укинување на правата на Албанците, суспендирање на законот за албански јазик и нарушување на Охридскиот рамковен договор.

Коментари | пред 4 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

„Со лесно и Господ на помош“, им порача градоначалникот Костадинов на кандидатите

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на сите кандидати за градоначалник на Струмица, им посака среќа и им порача дека Струмица секогаш била пример за фер натпревар на идеи.„Денес започнува официјално кампањата за претстојните локални избори, период во кој нашата демократска зрелост повторно ќе биде ставена на тест. Струмица секогаш била пример за политичка коректност и фер натпревар на идеи. Овие избори, особено за нашиот град, се различни од сите претходни. Токму затоа, најважно е сите кандидати и за градоначалници и за советници да се насочат кон локалните предизвици и решенија, наместо кон национални или, уште полошо, меѓународни теми. Нашиот град има потреба од визија и континуиран развој. Визионерството понекогаш знае да биде сурово, бидејќи одлуките што се носат можат да изгледаат тешки и непопуларни. Но важно е тие одлуки искрено да се прикажат пред граѓаните, дури и кога во очите на градоначалникот изгледаат сурови. Само така може да се обезбедат трајни резултати и стабилна иднина. Одрекувањето или оградувањето од визионерските проекти не му носи добро на никого, напротив ја поткопува довербата и најмногу им штети на граѓаните.Струмица отсекогаш била пионер на прогресивни политики и проекти, од времето на Манолев, преку Грчев, Јанев, Заев и Јаневски, па сè до денес. Освен со прогресивноста, нашиот град се гордее со дух на мирољубие, вистинска еднаквост и инклузија на етничките малцинства, афирмација на жената и нејзината улога во општеството, зачувување на традиционалните и духовни вредности, развој на културата и спортот, сè што ја прави Струмица посебна. На сите кандидати им посакувам фер и коректна кампања. Нека победи вистинската визија, визијата на човек кој уште денес треба да има јасна слика за тоа како ќе изгледа Струмица по четири години, на денот кога ќе треба достоинствено да ја предаде должноста“ порачува актуелниот градоначалник на Струмица.Со лесно и Господ на помош, напиша тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0mhmrpj1skifcd7Xsdg

За 72 часа Скопје ќе блесне, дел од противкандидатите можеби ќе бидат и во мојот тим, вели Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на кампањата за локалните избори, на која истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата во главниот град.„Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град“, рече Ѓорѓиевски.Тој истакна дека состојбите во Град Скопје биле мотив да влезе во трката за градоначалничката функција:„Состојбите во Град Скопје, се мотив, за од ваква руинирана состојба, да направиме нешто на што сите ќе се гордееме. Имам одлична советничка листа, имам експерти, домашни и меѓународни, за секој од столбовите со ветувања да се реализира. Јас сум спремен да не се штедам и до последен атом да се вложам“.Ѓорѓиевски порача дека сака да биде обединувач, а не да создава поделби:„Дел од тие луѓе можеби ќе бидат вклучени во мојот тим, можеби дел од нивните идеи од програмите ќе бидат реализирани од нас. Не правам поделби. Сакам да обедувам и да работам. Резултатите во мојата општина Кисела Вода, ми даваат најголем кредибилитет“.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryhpie9d2osd9d85piDJG

Левица со ОБСЕ-ОДИХР за забраната за рекламирање на медиуми

Адвокатката Катерина Јовановска, како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич, правен аналитичар во мисијата на ОБСЕ-ОДИХР.На средбата, како што информираат од партијата, било разговарано за правните механизми што досега ги презела Левица во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Според Левица, со ова упатство партијата е директно оштетена, бидејќи ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите за време на целата кампања.Дополнително биле разгледани и идните правни чекори што Левица ќе ги преземе за заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Од партијата велат дека средбата била конструктивна и двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка, со цел навремено информирање за исходот од судските постапки, но и за постапките што се водат пред другите надлежни институции во земјава, како и можната иницијатива пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Некатегоризирани | пред 4 месеци

pratenici-sobranie-levica

ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица

Адвокат Катерина Јовановска - како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич - правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, соопшти Левица.-На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе ја претстави програмата пред скопјани

Денеска почнува изборната трка за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со митинг во Скопје. Вечерва во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, партијата го одржува почетниот собир.Говорници ќе бидат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и носителот на листата на советници за Град Скопје Даме Димитровски.Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат“, се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на, како што велат, влијанието што ДУИ го имала врз поранешниот премиер Зоран Заев и тврдат дека обединувањето на албанските партии е само „седнување во скут“.„Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во партиската реакција Ахмети се нарекува „обично врапче“ кое го користи изборниот период за, како што пишува, „патетика, заплашувања и закани“.„ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Ахмети наместо да оди во пензија по повеќе од две децении власт, „зборува за крв, оружје и орли“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: Се бориме и ќе се избориме за нашиот заеднички дом

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.

Македонија | пред 4 месеци

izet-medziti

Меџити во кампањата за градоначалник: Невработеноста во Чаир падна од 40% на 16%

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба изјави дека денес Чаир изгледа сосема поинаку од 2005 година, кога тој за првпат ја презеде општината.„Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%“, нагласи Меџити.Тој потсети дека во минатото Албанците во државната администрација имале минимална застапеност. „Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија“, рече Меџити.Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, тој додаде дека на овие избори не е најважно што ќе се случи во Кичево, Струга или во другите градови, туку кој ќе победи токму во Чаир.

Скопје | пред 4 месеци

izbori

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓани со право на глас. Меѓу нив има околу 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор и 450 лица од домовите за стари лица.Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места низ земјата. Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголем дел се наменети за медиумско покривање и политичко рекламирање.Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Досега избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања