ИЗБОРИ25

media-library3nr3al534p4d18nn0ur

Со „Ајфон“ вреден околу 1500 евра, Дудуш ја започна кампањата за градоначалник на Шутка

Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, уште на стартот на изборната кампања го насочи вниманието кон себе со фотографија која предизвика лавина реакции. На објавата, поставена на неговиот Фејсбук-профил, тој позира пред својот изборен плакат, а во раката го држи најновиот модел на „ајфон“.Под објавата со краток натпис „IPHONE?“ веднаш започнаа реакции – дел од неговите поддржувачи ја поздравија објавата, но имаше и коментари во кои се посочува дека во време на економска криза ваквите фотографии изгледаат како демонстрација на луксуз.Дудуш кампањата ја почна со симболиката на бројот 17, кој доминира на неговите плакати, а фотографијата со телефонот уште повеќе го истакна неговиот јавен имиџ.Телефонот што го држи е iPhone 17 во портокалова боја – најнов модел чија цена на европскиот пазар започнува од 1.600 евра, зависно од верзијата и меморискиот капацитет. Новата серија на „ајфон“ беше пуштена во продажба на 19 септември.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfp9n23e5v163crEfq7m

(Видео) Мијовска Мојсова: Нема да дозволам Карпош да стане заложник на големи бизнис интереси

Кандидатката за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Маја Мијовска Мојсова, на почетокот на изборната кампања ѝ се обрати на јавноста и на граѓаните на општината, истакнувајќи дека нејзината кампања ќе биде „едноставна, без навреди и без материјални оптоварувања“.Таа нагласи дека нема да се обидува да ја добие поддршката преку поткуп со кафе, сендвичи или мали пакетчиња, туку преку директна средба и комуникација со граѓаните.„Од мене треба да очекувате да бидам присутна во сите месни заедници, во секое маало, на сите места каде што се дружите, работите и го поминувате секојдневието. Ќе се видам со секој еден од вас, ќе го слушнам вашиот глас, вашите потреби и маки, а ќе ви ја претставам и мојата визија за Карпош“, изјави Мијовска Мојсова.Во своето обраќање таа ги истакна инфраструктурните проекти, одржувањето на зелените површини, спортските терени и детските игралишта, како и редовното чистење и миење на улиците, дезинфекција на контејнерите и собирање на отпадот како основни приоритети.„Како лекар, во мојата визија здравјето на граѓаните е најважно“, рече таа, додавајќи дека нема намера да дозволи големите бизнис интереси да надвладеат над хуманите потреби на жителите на општината.Осврнувајќи се на анкети што биле објавени во изминатиот период, Мијовска Мојсова оцени дека тие се обидуваат да создадат впечаток дека изборите се непотребни, а истовремено ја критикуваше нивната тенденција да ја исклучат жената-кандидатка од изборната трка.„Со самото тоа што се обидуваат да ме маргинализираат, овие ‘гладијатори’ само покажуваат колку е голем нивниот страв од мене“, истакна таа.Мијовска Мојсова заклучи дека како кандидатка за градоначалничка на Карпош ќе се води од принципи на чесност, транспарентност и блискост со граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarylaah24uqqk6504HuTHJ

Герасимовски го отвори штабот во Дебар Маало: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Синоќа во Дебар Маало беше отворен централниот промотивен штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Настанот го посетија голем број граѓани и поддржувачи кои со своето присуство ја потврдија довербата и поддршката за неговата кандидатура за втор мандат.Во своето обраќање пред присутните, Герасимовски истакна дека ќе продолжи да работи посветено за Општина Центар и за подобар квалитет на живот на сите жители. Тој потенцираше дека заедно со тимот на најдобар покажале како треба да се води Центар.„Со гордост и со факти кажавме дека во над 90 проценти ја исполнивме нашата програма. Денеска Центар, по мислење на многумина е најдобрата општина во државата. Воведовме нов начин на управување. Слушаме, се консултираме, не има секогаш и насекаде на терен помеѓу граѓаните. Сè што правевме беше единствено за граѓаните на нашиот Центар што го сакаме. Затоа и решив да продолжиме заедно, за да Центар биде уште подобар“, рече Герасимовски.Герасимовски, изјави дека ги има резултатите, програмата, но и енергијата и емоцијата. Тој ги повика сите центарци да продолжи новата испишана приказна во Центар.„Од срце ве повикувам на целосна мобилизација. Ве повикувам на заедничка работа со добра мисла. Ве повикувам да бидеме дел од заедничкиот успех, од заедничката победа за Центар што го сакаме. Да живее Центар, за победа!“, порача Герасимовски.Денеска, кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски ќе биде со жителите на Кале, каде што ќе разговара за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на општината.

Скопје | пред 4 месеци

kaja-sukova

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, реагира на најавата за воведување на системот БРТ (Bus Rapid Transit) од страна на нејзиниот противкандидат Орце Ѓорѓиевски, кој синоќа беше претставен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие“, изјави Шукова.Таа потсети дека во својата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставила проектите, меѓу кои и враќањето и модернизацијата на БРТ системот како брз, ефикасен и одржлив јавен превоз. Според неа, скопјани добро знаат кому можат да му веруваат.„Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ разбираат дека Скопје има потреба од реални решенија. Но граѓаните нема да заборават кој ги кочеше проектите“, рече таа.Шукова нагласи дека сите идеи може да се копираат, но „капацитетот, кредибилитетот и чесноста не се копираат“. Според неа, Скопје заслужува лидер со визија, а не „маркетиншки кампањи без покритие“.

Скопје | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградба во Струга доби нов кат

Пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради надградба на објект во центарот на градот за кој претходно биле констатирани неправилности во градењето.„И покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, објави Мојсоска на социјалните мрежи, нагласувајќи дека случајот е „олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“.Таа посочува дека во градот се јавува феномен на узурпација на државно земјиште и незаконска градба сред бел ден, при што ниту МВР, ниту обвинителството, ниту општината не преземаат мерки за спречување на бесправната изградба.Во ургенцијата, Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење и узурпација на државно земјиште, потенцирајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, работите на терен не запираат.„Проблемот не е во една изолирана институција, туку во комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“, наведува таа.Мојсоска ја поврза оваа состојба со пошироката ситуација во земјата, оценувајќи дека „во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега“.

Македонија | пред 4 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“ на кој се осврна и на коалицијата ДУИ и Левица, односно на Али Ахмети и Димитар Апасиев. Мицкоски објасни дека сега јасно се гледа дека Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играше во корист на СЈО и Зоран Заев.„Постојат две коалиции, две коалиции надвор од видливото. Првата е онаа меѓу Али и Димче, помеѓу  ДУИ и Левица. Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа  дека правеле тајни коалиции за наводно да  ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам“, кажа Мицкоски.Мицкоски јасно укажа „сигурно пресметале дека ќе им вратам, па така ќе им го подобрам уништениот рејтинг“.„Таа нивна игра мора и Албанците и Македонците и сите останати да ја знаат и разберат. Така ДУИ си го крева рејтингот. А тезите им се стари и излитени – те. „крвови“, те „јастреби, те  орлите, те зајаци“, истото тоа, истиот фолклор го споменуваат 20 години, тоа со  години е истиот филм.  Албанците му се иселија. Парам-парчe направија од крадење Албанците – дури и од неговото Зајас – се иселија; исто како  во Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Кичево и насекаде што живеат.. Дваесет години беа на власт. Видовме се што можат, но и што не можат. И тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат – добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryddif007nnse08C2n460

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека Скопје е заеднички дом на сите без поделби, посочувајќи ги успешните проекти кои ги има направено за општина Кисела Вода како градоначалник, како и дека тоа искуство, енергија и исполнети ветувања, го водат кон правиот пат, за уште поголем успех за поубаво и модерно Скопје.„Скопје не е само град. Скопје е наш заеднички дом. Град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или националност. Имам кредибилитет и докажана работа зад мене. Имам биографија на исполнети ветувања и задоволни граѓани на мојата општина Кисела Вода. Тоа искуство, тоа наследство, таа енергија сега ја носам за цело Скопје. Затоа денес повторно ви велам. Јас сум Орце, Јас сум прво човек, па дури потоа градоначалник“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски ги истакна  сите проблеми со кои се соочува Скопје, како дивите депонии, колапсот на јавниот превоз, метежот во сообраќајот и за кои тој има план, реални и остварливи решенија.„Скопје денес се соочува со големи предизвици. Загаден воздух кој ни го краде здравјето, но мораме да го промениме тоа. Метеж во кој губиме часови, а не смееме да го прифатиме како непроменлив факт. Диви депонии што не посрамотуваат, а нема да се смириме додека не ги исчистиме. Јавен превоз на раб на колапс, а сме град кој може подобро. Е, тоа време завршува! Јас знам едно: овие проблеми не се посилни од нас. Тие се тест за нашата решителност. А ние имаме сила, имаме волја и што е најважно имаме план за сето ова, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски ги истакна седумте столбови врз основа на кои е изградена програмата за Скопје, а кои воедно се и темелите за иднината на градот, за чист, зелен, модерен и достоинствен град.„Првиот столб е одржлив урбан развој, ќе изработиме визија „Скопје 2025–2045, 20 годишен стратешки документ изготвен од меѓународни и наши експерти кои во себе ќе ги интегрира просторното планирање мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на културно наследство согласно европските стандарди за квалитет на живеење. Вториот столб е здрава животна средина, во првите 72 часа, почнуваме со „Генералка на Скопје“, Третиот столб е целосна комунална и сообраќајна обнова, ќе ги довршиме сите запрени проекти, хаосот со паркирањето ќе го решиме со катни гаражи во Буњаковец и Пролет, и монтажни паркинзи во сите критични населби, четвртиот столб е културата, Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година, ќе ја обновиме Универзалната сала и киното „Милениум“, петтиот столб е дигитална трансформација, со паметната картичка „SKOPJE CITY GO“ и „Градски портал“, сите услуги ќе бидат достапни на едно место, шестиот столб се младите и науката и седмиот столб е јавната грижа и безбедноста, брз, ефикасен и достоинствен јавен превоз со нови, еколошки автобуси и градски воз кој ќе ги поврзе Драчево, Центар и Ѓорче Петров“, рече Ѓорѓиевски кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Скопје | пред 4 месеци

media-library372pv9grr17hfW2OPp2

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат крај со крај? Не, ова не е горда Македонија“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар заедно со коалицијата ја започнаа кампањата за локалните избори.Филипче оттаму исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ветија правда, а за граѓаните донесоа неправди притоа потсетувајќи на нефункционалноста на институциите, ниските плати, растот на цените и целосниот застој во економијата и правосудните реформи.„Ветија реформи, а не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам, со празни програми од кои не остана ништо. Нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е оставено да пропаѓа. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Најдовски и ниту еден реализиран проект“, истакна Филипче во Демир Хисар.СДСМ и коалицијата ја започнаа со граѓанска трибина во под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ кој воедно е слоган за борба за поголема грижата, солидарност, правда, слободата и еднаквост и подобар живот за сите граѓани.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски: „Правосудството е последната брана на неправдите – следуваат реформи, правдата веќе не може да чека“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“. Тој порача дека промените се видливи во многу сектори, меѓутоа, правосудниот сектор и понатаму останува најголема пречка во земјава.  Мицкоски најави  дека по локалните избори годинава нема да има толеранција кон ваквите структури кои функционираат како длабока држава и го бранат криминалот, а и дека следуваат реформи, бидејќи правдата веќе не може да чека.,,Овие година и половина секаде започнавме со промени, со заздравување на атрофираниот и заболен систем во распаѓање, и секаде вложуваме труд, од образование, здравство, до економија и земјоделие. Промените се чувствуваат: некаде има повеќе резултати, некаде тие се со послабо од очекуваното темпо, но секаде правиме промени. Морам да признаам дека не сум задоволен од функционирањето на правосудниот систем, кој стана главното упориште на неправдите во државата, таму ќе ги најдете аргатите на системот кој го поразивме и  нивните заштитници. Последната брана за правдата во Македонија. И ќе бидам брутално искрен околу дебатата што ја наметнуваат, како сум можел да кажам дека платите на судиите и обвинителите не ги заслужувале.  Со чест на исклучоци, сметам дека не само што не ги заслужуваат, туку им се и преценети во однос на тоа колку испорачуваат правда“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека по изборите нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција за структурите кои функционираат како длабока држава и кои го штитат криминалот, а додаде и дека следуваат реформи кои ќе обезбедат правична држава и држава на народот без поделби и паралелни системи.,,Клановската екипираност и нивните отворени релации ги направија да се ѕид на правдата и штит на криминалот на апаратот што го менуваме.  Сакам да најавам дека после локалните избори нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција кон структурите што функционираат како длабока држава во одбрана на криминалот. Следуваат реформи за кои знам дека некои платени мегафони ќе паѓаат во несвест, но овој пат мора да не биде. Не може веќе правдата да чека, ниту да функционираме во две паралелни, нееднакви Македонии. Доаѓа времето на правда, а Македонија ќе биде само една, таа на народот, таква каква што ја заслужува. Има само една Македонија. Македонија на народот “, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryelmk2b30nisabggh2tN

„Чаир мора да стане модерен и европски“ – порача Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денеска на прес-конференција ја објави својата кандидатура со порака дека „Чаир заслужува визија, работа и конкретни дела“.„Стојам овде за да го објавам моето враќање во Чаир – меѓу луѓето на кои им припаѓам. Мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Одлуките за нашата иднина мора да се носат на улиците, во маалата, меѓу граѓаните, а не во затворени канцеларии“, порача Меџити.Тој истакна дека во изминатата година и пол биле обезбедени десетици милиони евра за Чаир и другите општини со мнозинско албанско население, а општината веќе е претворена во „градилиште“.„Сега е време за решавање на сообраќајниот хаос, за нови паркинзи, за чистота, за нови градинки и целодневна настава во училиштата, за културни фестивали и отворено културно Кале. Чаир мора да биде студентски, образовен и културен центар на Албанците“, истакна кандидатот.Во своето обраќање Меџити порача дека неговата кандидатура не е само трка за градоначалничката функција, туку „почеток на мисија за ослободување од еднопартискиот монопол и корумпиран систем кој со години го држел Чаир во страв и неизвесност“.Тој претстави и дел од програмата, нагласувајќи четири клучни приоритети:изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“, катна гаража кај „Чаирчанка“ и монтажни гаражи во Топанско Поле и кај салата „Партизан“;современ систем за управување со отпад и нови зелени површини;бизнис инкубатор и фонд за млади претприемачи, модернизација на училиштата и нови образовни стандарди;враќање на културниот живот, поддршка за уметниците и инвестиции во спортската инфраструктура.„Ова е наша заедничка битка за Чаир каков што го сонуваме. Време е за работа, за ред и за развој. Време е за Чаир“, заврши Меџити.

Скопје | пред 4 месеци

filipce-mickoski

Филипче до Мицкоски: Точно е дека има само две опции, едната на чесни кандидати кои работат за граѓаните од СДСМ, а другата е неспособната на ВМРО-ДПМНЕ

„Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Но, се согласувам со премиерот кога вели дека граѓаните имаат две опции,“ истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.„Едната е напредна, проевропска опција, која нуди чесни и добри кадри, луѓе кои покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е СДСМ. Другата е ВМРО-ДПМНЕ, кои се служат со лажни кампањи, со лаги и клетви, и кои докажаа дека се неработници. Тие го блокираа и го запустија Скопје,“ нагласи Филипче.Претседателот на СДСМ, Филипче,  порача дека на следните избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу чесно и одговорно водење или враќање во времето на лаги, блокади и застој под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

(Видео) Каја Шукова: Се борам за нашиот дом – Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја започна изборната кампања со порака за визија за „поубаво и поуредено Скопје“.„Градот заслужува современ јавен превоз, чист воздух и вистински решенија. Мој приоритет е Скопје да стане град кој се развива рамномерно и град со еднаков пристап до услугите. Нашето мото е дека се бориме за нашиот дом. Ние мора да се грижиме за него со иста посветеност како што се грижиме за сопственото семејство“, изјави Шукова.Таа додаде дека ќе се залага Скопје да стане нов и модерен град, со јасна цел – „борба за нашиот дом“.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryckpf40hut44i6QCOI8c

Герасимовски: Кампањата ја стартуваме со садење дрвја, како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар.Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме.„Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала, улици и граѓани. Бидејќи за нас најважен е граѓанинот. Со Вас, ја правиме најсилната коалиција, најсилното движење и најдоброто решение за Центар што го сакаме. Како и досега, и во овие денови, со нашиот центарски и најголем тим од 600тини волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби. Директно и јасно, чесно и одговорно, со план и со највисока почит. Верувам во Вашата мудрост и желба да продолжиме да го градиме Центар што го сакаме. Безбеден. Чист. Зелен. Хуман. Солидарен. Достоинствен. Отворен и модерен. Центар на културата, најдоброто образование и спокојното живеење. Посакувам и ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Веруваме дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.Носителот на советничка листа Александар Савевски, истакна дека Герасимовски покажал како најдобро се води општина и како жител на Центар одлучил да ги предводи одличните кандидати за советници, со целосна доверба и поддршка за Горан Герасимовски.„Застанувам зад Герасимовски, затоа што тој и тимот работат за сите, не ги делат луѓето и нудат решенија преку чесна и одговорна работа. Застанувам со него, затоа што тој предводи вистинско граѓанско движење, нова енергија во Центар! Решив да бидам со Горан затоа што како и за мене, и за него, граѓанинот е во центарот, затоа што знае да слуша, да исполнува, знае да обединува и знае да води општина со сите и за сите, без политика и интереси. Центар што го сакаме е за сите, без делби и кавги, со вистинска култура и разбирање. И како доктор и како иден советник, за мене луѓето се најважни. За Центар, за граѓаните, целосно ќе работам. И затоа ја барам подршката да сработиме за Центар што го сакаме“, изјави Савевски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryreh9pijf5jaf3IrLyGr

Меџити за митингот на ДУИ: Говорот на Ахмети е знак за крај на ерата на ДУИ

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, митингот на ДУИ, го оцени како настан што го означува крајот на политичката кариера на лидерот на партијата, Али Ахмети.Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најблиски соработници е доказ за партија која се обидува да го задржи влијанието, но веќе нема поддршка како порано. Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb06s6vgq1hh84gXUeff

Прилеп — Николоски ја стартува кампањата и најавува продолжување на инфраструктурните проекти

На почетокот на кампањата за локалните избори, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп порача дека очекува фер и достоинствена трка, во која граѓаните ќе ги слушнат и споредат пораките на сите страни. „Сме убедени во голема победа на овие локални избори, особено во Прилеп, каде што имаме докажани кандидати и советничка листа“, изјави тој.Николоски се осврна на соработката со кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски, најавувајќи „продолжување на бројни инфраструктурни проекти“. Посочи дека во изминатата година и нешто централната власт работела на крупни зафати: експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш е завршен и пуштен во функција; активно се гради автопатот Прилеп–Битола; а „за многу брзо“ ќе почнат работите и на делницата од Фариш до влезот, со што Прилеп ќе биде целосно поврзан со експресен/автопатски правец кон главниот град и Коридор 10, како и со Битола.„Така Прилеп ќе има пристап до два големи патни правци, со директно поврзување со соседна Србија и со соседна Грција, што отвора можност за силен инфраструктурен развој и поддршка на бизнисот“, рече Николоски.За Проданоски нагласи дека бил активен во Собранието и се борел за општината и регионот, изразувајќи убеденост дека како градоначалник ќе ги реализира најавените проекти. „Ќе ја има нашата силна поддршка — и моја како носител во четвртата изборна единица и како ресорен министер, но и од премиерот Мицкоски, кој посветува голем фокус на Прилеп и регионот“, додаде тој.Настапот го заврши со порака за мирна и коректна кампања и благодарност до присутните.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања