ИЗБОРИ25

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка?

Кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски и надлежните институции околу отворањето на приватна градинка од страна на градоначалникот на заминување, Рамиз Мерко.„Како е можно токму во мандатот на владата на Мицкоски, прочуениот градоначалник од ДУИ да отвори приватна градинка во рамки на неговиот контроверзен универзитет?“, праша Мојсоска.Таа посочи дека е нејасно дали министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, издал дозвола за работа на оваа установа или таа функционира без законска основа, додека Министерството за образование и Министерството за социјална политика молчат.Мојсоска потсети дека во текот на мандатот на Мерко во Струга не била отворена ниту една нова градинка, а една од постојните била затворена, со што се продлабочил проблемот со долгите листи за чекање.„Градоначалникот кој не обезбеди простор за децата на Струга во јавни градинки, токму во време на ДПМНЕ отвора приватна градинка во рамки на универзитет за кој и ресорната министерка Јаневска утврди неправилности, но наместо санкции – сега таму се отвора воспитно-образовна установа. Додека стружани едвај можат да упишат дете во обична градинка, се создава привилегирана приватна институција“, рече Мојсоска.Таа додаде дека на граѓаните им е јасно „кој со кого се амнестирал и кој со кого се пазари изминативе 35 години“, алудирајќи на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarye47pr92c2qlofbDuGml

Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности.„Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон социјалдемократските вредности,“ изјави Филипче.Тој исто така нагласи дека токму таквиот карактер го прави Иванов најдобриот избор за Штип. Филипче воедно зборуваше и за значењето на слоганот на СДСМ „Борба за домот“, истакнувајќи дека тоа е продолжение на историските борби за слобода и правда, од Илинден, преку антифашистичката борба, до денес.„Нашиот народ точно знае кога некој сака да го угнети, да го замолчи или да го ограби токму тоа што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Штип со Павел и со сите чесни, отворени и работливи кандидати за советници, чесни отворени работливи луѓе, ќе покаже дека победата е на дофат,“ порача претседателот на СДСМ.Филипче пред штипјани зборуваше и за работата на актуелниот градоначалник Иван Јорданов кој има 90% нереализирана програма, глас за втор мандат и слабост во соочување на дебати.„Со Јорданов 4 години Штип е без реконструкција на водоводни мрежи, без проекти за заштита на животната средина. Нема гасификација, нема фотоволтаици. Ги остави граѓаните без редовно водоснабдување, да се гушат во чад и смет кој не се собира редовно. Ама затоа цените на основните услуги и даноци ги зголеми. Ете ова е сликата за вледеењето на Јорданов. 4 години загубено време. 4 години застој и разочарување наместо прогрес и развој на Штип. И затоа и бега од дебата со единствениот против-кандидат, кандидатот на СДСМ, Павел Иванов. Бега бидејќи нема како да го брани своето недомаќинско работење“, рече Филипче набројувајќи ги проектите кои остана само ветување од 2021 година на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryomjqrtsq0ge3ePpUD7C

Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина. „Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт.Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.„Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.„Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.„Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

Филипче пак го нападна Мицкоски: Да не глуми опозиција, не сака ни реформи ни правда, туку судство под контрола

„Го слушам Мицкоски вчера, вика после изборите ќе донеле правда. Немало правда заради СДСМ и Филипче. Мицкоски, дали си ти уште во опозиција? Што направи ти за правдата да кажеш после година и пол? Што? Освен што вработивте во судството и обвинителството ваши луѓе — баџанаци, сопрузи на градоначалници. Што друго направивте?“, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Штип.Филипче потенцираше дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нема вистинска намера да донесе реформи во правосудството, но дека тоа СДСМ нема да го дозволи.„Вистината е дека не сакате правда, сакате ваша правда, контролирана правда. За да сеете страв, да вршите притисоци и да владеете со уцени. Тоа сакате и ништо друго. Ама СДСМ тоа нема да го дозволи. Тој филм го гледавме и го знаеме”, порача Филипче.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ свесно бега од реформите и ги блокира сите обиди за подобрување на системот и затоа од нив граѓаните не може да очекуваат правда.„И баш затоа не спроведувате реформи, затоа ги фрливте законите во ѓубре, затоа избегавте од нашата понуда на СДСМ заедно да ги направиме реформите. Со ВМРО-ДПМНЕ правда нема”, рече претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6iighntel8efS3QrWf

Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом, вели Костова

„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, вечерва на митингот на СДСМ во Штип.Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците.„Имам впечаток дека во нашиот општествено-политички живот сме поминале многу време во борба отколку во мирнодопски услови. Се боревме против режимот на Груевски, против суровоста на Мијалков, се боревме за вистината за Македонија. Се соочивме и со пандемија, а подоцна и со светска економска и енергетска криза. И колку и да беа погодени условите, ние никогаш не ги спуштивме ракавиците, никогаш не се повлековме пред предизвиците и никогаш не се откажавме.“ - порача таа.Костова остро го критикуваше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.„Кукавичлукот и малодушноста не се наши особини, ние не бегаме од проблемите. Одлучно и храбро се фаќаме во костец и ги решаваме. Нашите опоненти оние од ДПМНЕ, се спротивност од нас. Тие бегаат дури и од најмалите предизвици. Си кукаат за сопствената неспособност и во традиционален дпмневски манир, повторно избегаа од дебати. Прво Орце, а денеска Иван Јорданов во Штип. Славните вмровски ‘лавчиња’ како глувчиња се разбегуваат од соочување со вистината. Јорданов денеска се исплаши да се соочи со Павел на дебата се исплаши затоа што не сака да ја слушне вистината за своето неработење и за своите неуспеси.“ - рече Костова.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.Тој најави дека е избран изведувач за првата делница – од Зелениково, преку Драчево, Кисела Вода и Аеродром, до новата железничка станица – и дека деновиве ќе биде воведен во работа. Според него, напролет ќе биде пуштена во употреба првата линија. „Следната година, во рамки на финансиските можности, ќе избереме изведувачи и за другите две линии и ќе го заокружиме железничкиот прстен. На тој начин ќе обезбедиме евтин, точен и брз превоз и ќе ја намалиме гужвата во Скопје,“ додаде тој.Николоски најави и дека веднаш по изборите ќе биде распишан нов тендер за 120 еколошки автобуси – 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. „ЈСП мора целосно да ја обнови флотата. Сега има околу 250 автобуси и сите тие треба да бидат заменети во годините што следуваат. Тука градот ќе има огромна поддршка,“ рече Николоски.Заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тој денеска изврши увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода, каде што најавија и пробивање на улицата „Есенинова“ на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryptvi05ggk84k00wxyHc

Милошоски зборува за две тајни коалиции: Левица со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош, Заев и Филипче со Јакимовски за маркици и тендери

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција изјави дека за претстојните избори постојат две „не толку видливи, но проѕирни коалиции“, чија цел е заштита на бизнис интереси.– Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси – рече Милошоски.Тој како прва ја посочи коалицијата помеѓу ДУИ и Левица, при што, како што рече, Левица извадила „прокси кандидати“ во Струга и Тетово за да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие две општини.– Тоа е истата онаа Левица и истиот Апасиев, кои го помагаа СЈО за дебели хонорари. Апасиев нема кандидат во Штип, каде што има пратеник Крмов, затоа што знае дека ќе изгуби. Апасиев нема кандидат во родниот Велес, затоа што знае дека ќе биде поразен, но во Струга и во Тетово, каде што на сите им е јасно дека немаат ниту теоретски шанси, Левица има кандидати за градоначалници коишто треба да служат како гума за спасување на кандидатите на Али Ахмети – изјави Милошоски.Тој додаде дека пратеничката Јована Мојсоска имала средба со висок претставник на коалицијата на Ахмети, неколку дена пред да ја поднесе својата кандидатура за Струга.– Дали се работи за истата Левица којашто за СЈО работеше за хонорари, и сега продолжуваат да шуруваат со Ахмети за одредени хонорари, времето набрзо ќе покаже – рече Милошоски.Тој потсети дека и поранешниот премиер Зоран Заев зборувал за заедничка цел со Левица на парламентарните избори.– И оваа коалиција е коалиција за заштита на бизнисите на ДУИ. А Левица повторно е тука за нечии туѓи интереси, за некоја позиција, и за одреден паушал – изјави Милошоски.Како втора, Милошоски ја посочи коалицијата помеѓу Венко Филипче и Стевчо Јакимовски, која, според него, ја правел лично Зоран Заев во име на Филипче.– Зоран Заев и Стевчо Јакимовски се стари другари од едни претходни локални избори, имаат добро разработена шема со градежната мафија и со доделувањето на маркици во општина Карпош. Во оваа коалиција гледаме дека кандидатката на СДСМ е кандидирана само ради реда, не се ни појавува на одредени митинзи, не се ни појавува ниту во јавност. Кандидатката на СДСМ е буквално пуштена низ вода, да фигурира на гласачкото ливче, но насоката на Заев преку Венко Филипче е членовите и симпатизерите на СДСМ во општина Карпош, да гласаат за Стевчо Јакимовски, при што ниту на Заев ниту на Венко Филипче не им пречи што Стевчо Јакимовски има првостепена осуда, ниту им пречи што е на црната листа на САД – рече Милошоски.Тој обвини дека соработката е базирана на „шема на маркици“ и поддршка од урбаната мафија.– Стевчо Јакимовски го има усовршено методот на бетонизација за профит и тоа го спојува со Заев и Филипче, она што претходно долго време го правеа на ниво на општина Струмица. Планот е во иднина Карпош да му послужи и на Заев и на Филипче, но исто така и на Стевчо Јакимовски, да биде базата од каде што ќе се финансираат овие поединци, групи и нивните политички опции – наведе Милошоски.Според него, оваа коалиција е „проѕирна“, бидејќи „маркиците за градба, тендерите и корупцијата им се побитни од владеењето на правото и почитувањето на црната листа на САД“.– Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има доволно силен потенцијал, граѓаните на Карпош се свесни и зрели и сметам дека овие политичари, особено оние коишто се на црната листа, а и Зоран Заев којшто се обидува во Карпош да наметне и да определи кој ќе биде градоначалник, ќе ги испратиме во политичка пензија – изјави Милошоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqkp9ak61hkce2EgcBVV

Азири: Османи нека каже колку денови како министер бил со Чаирци

Бујар Османи треба да одговори колку денови вкупно поминал сограѓаните на Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски ина СДСМ, прашува ВЛЕН.Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВЛЕН во Чаир, денес го критикуваше кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи, за недостаток на реален интерес кон граѓаните и за преголем фокус на прашања кои се надлежност на централната власт."Кандидатот на опозицијата за општина Чаир,Бујар Османи не гоинтересираат жителите на Чаир, нив ги доживува како алатка заостварување на личните цели. Тој ниту ги знае точните надлежности наопштината, ниту може да ги препознае вистинските потреби на граѓаните.Затоа највеќе сака да зборува за теми од надлежност на централнатавласт“, рече Азири.Како пример, тој го наведе начинот на кој Османи зборува за албанскотообединување во 90-тите години и за политичките активности во 90-тите иво 2001 година, како да бил директно вклучен, иако во 1991 година ималсамо 11 години, а во 2001 само 21 година.„За жал неговите амбиции очигледно го тераат количината на измислици штосекојдневно ги пласира да добиваат размер на епски лаги. Еден пример екога зборуваше за албанското обединување во деведесетите години наминатиот век и даваше оценки како да бил директен учесник. Бујар во 1991имал 11, а во 2001 21 година, а без никаков срам  говори како да билактивен во процесите на етаблирање на албанската политичка сила и воУЧК. Опседнатоста на Бујар себеси да си дава некакви историски улоги гизагрижува и неговите најблиски соработници кои се повеќе се сомневаат воисправноста  на неговите проценки. Вакво потценување на интелигенцијатана Албанците не е видено во поновата политичка историја “, додадепортпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир.Азири предупреди дека нема да биде изненадување ако Османи тврди декабил дел од претседателскиот кабинет на Ибрахим Руговa во Косово."Нема да не зачуди ако следно каже дека бил и во претседателскиоткабинет на Ибрахим Ругова на Косово.  Затоа, ваквите интересџии какоБујар, ќе бидат збришани на локалните избори. Конечно, нека одговориБујар Османи колку дена вкупно поминал со граѓаните во Чаир за време нанеговите мандати во владите на Груевски и СДСМ за да има образ сега даја бара нивната доверба?“ зaклучи Азири.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8fm05i3pi0ljblSxyw8

(Видео) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до навечер присутни на улиците каде што Скопјани и секој поединачно ќе може да дојде до нас и да разговара“, порача Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, на денешната прес конференција.Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација, а како пример ја даде депонијата Дрисла.„Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да се симнеме кај работниците. Со сите работници на јавните претпријатија ќе седнеме и ќе разговараме за условите во кои тие работат“, рече Мециновиќ.Според него јавните претпријатија со години се запоставувани намерно, за да се оправда нивната приватизација. „На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на Комунална хигиена и на Дрисла. Четири дена подоцна, премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, тоа го потврди – рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП“, додаде Мециновиќ и истакна дека  Дрисла е единственото јавно претпријатие кое генерира приходи за Град Скопје а неговата приватизација би значела директен удар врз јавниот интерес.„Дрисла треба да се унапреди, а не да се приватизира. Но, не можеме друго да очекуваме од партии чија единствена цел е приватизација на капацитетите на државата и на градот, партии кои во последните четири години го уништуваа и блокираа јавниот интерес на граѓаните на Скопје“, нагласи тој.Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и е само еден чекор кој наговестува авторитарен режим. „Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта“.  Според него ваквиот потег ќе биде нотиран и во извештаите на ОБСЕ и Европската комисија. „Нашите пријатели од Европскиот парламент и од Австрија беа вчудоневидени од методите што ги користи овој режим. Вакви методи на континентот не се познати од седумдесеттите години. Вакви методи на репресија! И ова е само увод во тоа што понатаму може да се случи,“ порача Мециновиќ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8o34vtj7ji9e50h5VjW

(ФОТО) „Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија“, вети Шукова

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии.„Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,“ истакна Шукова.Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните.Во нејзината програма е предвидено Вардариште: да се огради и обезбеди со 24/7 чуварска служба, да се исчисти и уреди, да функционира како регуларна претоварна станица со селекција на отпад и да биде дел од интегриран систем за управување со отпадот во Скопје.„Не смееме повеќе да дозволиме самозапалувања, ниту пристап на лица кои не се надлежни. Вардариште ќе стане функционално, чисто и безбедно,“ додаде Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Коста Костадинов: „На Филипче ќе му простам и сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство“

Oстри критики упати струмишкиот градоначалник Костадинов кон лидерот на СДСМ  Венко Филипче по неговото вчерашно интервју.Во објава на ФБ, Костадинов вели дека Филипче искажал низа невистини за неговото однесување кон сопартијците и дека тоа воопшто не е негов сти.„Во едно скорешно интервју на МТВ во емисијата „360 степени“ со реномираниот новинар Васко Попетревски, претседателот на СДСМ, г. Венко Филипче, посочи дека наводно јас „сум плукал по партиските другари” и уште низа други нејасни ставови, кои практично ме натераа дури и со замрзнато членство во мојата партија, да одговорам со намера да останам доблесен кон моите партиски другари, луѓе до кои сум растел, сум се развивал и луѓе кои од душа ги почитувам и сакам.Веднаш сакам јасно да кажам, тоа е целосна бесмислица и измислица. Такво нешто никогаш не било мој стил, ниту моја практика. Но, јас нема да одговорам во ист тон и со ист наратив. Не сакам, дури ни несвесно, да направам штета на изборниот процес или на било кој кандидат на СДСМ.Иако ова, за секој политичар, претставува класичен „пенал“ момент можност да нападне и да извлече поени – јас ќе направам нешто друго: ќе простам. На претседателот ќе му простам и сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство кое е нормално на почеток на секоја кариера.Лесно е да се биде во СДСМ. Но, многу потешко е да го носиш СДСМ во себе – особено кога изворно не си дел од неговите темели, туку си дојденец во него.Затоа овде ќе застанам. Ќе останам доследен на мојот принцип дека својот конечен став за визијата за СДСМ ќе го кажам по завршувањето на локалните избори.

Македонија | пред 4 месеци

boban-stefkovski-gazi-baba11

(Видео) Д-р Софијанова: Бобан е мојот човек, за Гази Баба!

Професор Софијанова му дацде силна поддршка на актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковки во новата кампања за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври.-Јас сум професор Аспазија Софијанова, иначе началник на одделот за неонатална педијатериска интензивна, цел живот го посветив на децата на нивното здравје и грижа. Едноставно видовме вистински грижа од градоначалникот на Гази Баба, од изградба на градинки тоа е нешто неопходно, создавање на една инфраструктура која е важна, за посигурна и поубава општина, која ќе ги згрижи, бидејќи се занимавам со децата, им помага на децата.Бобан е градоначалник кој не ветува, тој вистински реализира, тоа јас сум го почувстувала, сум го видела затоа со целото мое срце му ја давам мојата поддршка за втор мандат.Бобан е мојот човек, за Гази Баба!

Скопје | пред 4 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

(Видео) Орце Ѓорѓиевски им ветува „скопско“ Скопје на сограѓаните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави видео порака до сограѓаните, во која вели дека Скопје ќе биде уредено по скопски.Подоброто реално ќе го живееме, вели тој обраќајќи им се на скопјани.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања