ИЗБОРИ25

media-libraryo0grbg5hck474dHyjsM

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

„Општина Карпош има сериозен потенцијал, особено во делот на културата, спортот и младите, но тој потенцијал досега не е искористен. Нашата програма е заснована на реконструкција и репарирање на постојната инфраструктура на културните објекти, отколку на нови градби. Мислам дека е доволно изградено, во изминатите мандати се отиде многу јако со градење згради, претежно на државно земјиште“, истакна Антонио Димитров, кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош во видеоинтервју за „Слободен печат“.Димитров објаснува дека програмата се фокусира на обновување на постојните културни центри. „Меѓутоа, нашата идеја изразена во програмата е да одиме повеќе кон некаква реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот. Порано во секоја општина имало културен центар. Кино имало во Влае и во Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош. Сето тоа е или приватизирано или руинирано, зошто да не го вратиме тој концепт на културни центри во секоја општина, како што било замислено некогаш. Скопје е европски град на културата за две години отсега. Тоа е во технички термини утре.“Димитров истакнува дека враќањето на културните центри не значи само обновување на објектите, туку и обновување на културниот живот во општината, со достапност на културни активности за сите граѓани. „Нашата идеја е да одиме кон реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот и да ги обновиме културните центри во секоја општина“, додава тој.Тој потенцира дека многу од старите културни објекти се приватизирани или во лоша состојба, па е неопходно повторно да се врати концептот на културни центри за граѓаните.Со наближувањето на статусот на Скопје како Европски град на културата, според Димитров, инвестирањето во културната инфраструктура станува уште поважна и стратегиска цел. „Скопје ќе биде Европски град на културата за две години, и тоа е дополнителен мотив да инвестираме во културната инфраструктура“, заклучува тој.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Никој не верува дека СДСМ може да имаат црвени линии, тоа може да биде само уште еден подарок за Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампања за локалните избори 2025 година се осврна на политичките пораки кои доаѓаат од политичкиот противник СДСМ, за кој рече на овие предизборни митинзи одвај успеваат неколкумина да се соберат.Мицкоски посочи дека ова раководство на СДСМ партијата ја сведе под биолошкиот минимум и дека после овие избори кај нив ќе следува реконструкција и промени за да дојдат нови млади ликови кои ќе бидат конструктивна опозиција.„Ќе издвојам две политички пораки кои тие во оваа кампања во овие неколку дена ги артикулираат на нивните собири, нивните митинзи. За волја на вистината едвај се собираат. Оваа раководство во СДСМ ја доведе партијата под биолошкиот минимум, под 150 илјади гласа и мислам дека на овие избори ќе се борат жестоко да освојат помеѓу 120 и 130 илјади гласа. Но тој е нивен проблем. Очекувам после овие избори да има таму катарза, реконструкција и нови млади сили коишто ќе донесат нова енергија, кои ќе бидат конструктивна опозиција и ќе работиме заедно на основа на идеи, аргументи, проекти и визија, а не на црна кампања“, рече Мицкоски.Мицкоски се осврна на пораките коишто опозицијата ги испраќа овие предизборни денови, потенцирајќи дека правата е со нивниот документ за некој таканаречени црвени линии, за кој никој не верува дека тие можат да ги имаат.„Првата порака кои тие ја испратија на оваа кампања, па и пред тоа, беше изготвениот документ кои тие го нарекоа резолуција на СДСМ со така наречени црвени линии. Зарем некој денеска, во Македонија може да верува дека СДСМ може да биде патриот и да има црвени линии? Но зад тој документ се крие, прво тоа што ги уриваат тешко повратените минимални, но повратени национални и државни позиции кои владата ги направи изминатите 15 месеци. И второ, тие имаат уште еден подарок за нашиот источен сосед, а тој подарок кој е? Вели претседателот на СДСМ вели еве уште еднаш да ја свиткаме кичмата, без да добиеме ништо, нашите во Пиринска Македонија не нè интересираат“, посочи Мицкоски.Мицкоски истакна дека втората порака која од СДСМ ја испраќаат на овие избори е безмилосна заштита на нивните аргати и лакеи во обвинителството и судството.„Јас испратив една порака и реков дека ние немаме намера да ги поддржуваме тие малкумина корумпирани аргати и лакеи на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството и рековме и овие плати кои ги земаат не ги заслужуваат. Тие не почекаа ни еден ден да помине, уште истиот ден се изредија во првите редови ги бранат ли ги бранат“, рече Мицкоски додавајќи дека МВР спреми со докази голем број предмети, но судството и обвинителството ги чуваат во фиока.Затоа, Мицкоски посочи дека со масовно гласање за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ се прави вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место и за твојата иднина, за да се стави конечно ред и да дојде правда во државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3jmn8kg048696JeN0EQ

Левица до Мицкоски: Наместо манипулации за коалиции, одговорете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Левица со остра реакција му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за манипулации и контрадикторни изјави, како и за недоследности во однос на неговото владеење и коалициските партнери.„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас,“ велат од Левица.Од партијата го обвинуваат премиерот дека секојдневно ја дискредитира функцијата со спротивставени ставови, наведувајќи дека „наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица“.„Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели,“ стои во реакцијата.Според Левица, Мицкоски во обид за политички маркетинг се понижува во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. Тие потсетуваат дека на митинг на ВМРО-ДПМНЕ премиерот ги повикал своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, а го претставувал како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар.„Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?“ прашуваат од партијата.Тие потсетуваат и на времето кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Зоран Заев, наведувајќи дека тогаш Левица била дел од процесот, додека Мицкоски „објавувал слики како вади масно ткиво“.„Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?“ додаваат од Левица.Во соопштението, тие повторно го отвораат и прашањето за случајот со Артан Груби. „А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?“ завршуваат од Левица.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Со 97 години, Цветанка Велјанова највозрасната кандидатка за Советот на Општина Битола

На претстојните локални избори во Битола, највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола е Цветанка Велјанова, која има 97 години и настапува како кандидатка на политичката партија МААК.Веднаш зад неа по возраст е кандидатот Кирил Добрушевски, кој има 81 година, исто така претставник на МААК. Трет на оваа неформална листа на највозрасни кандидати е Трајан Котевски, стар 80 години, кој се наоѓа на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

Македонија | пред 3 месеци

ali-ahmeti

Ахмети: Октомври е албанско-македонски референдум, политиката на Мицкоски без Албанците е осудена на неуспех

Премиерот Христијан Мицкоски не може да успее во политиката на сметка на Албанците и без да го почитува легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Еуроњуз Албанија. Според лидерот на ДУИ, локалните избори се албанско-македонски референдум.-Октомври е албанско-македонскиот референдум. Христијан не може да биде успешен во политиката без да го почитува легитимитетот на албанската нација во Македонија. Овие политики на деградирање на албанското прашање не му прават никаква корист ниту на Христијан Мицкоски ниту на Албанците што ги има таму нелегитимно. Неколку пати го повикавме Вреди да ја напушти коалицијата и да се обединат околу платформа во мирна одбрана на Охридскиот договор. Успешните политики се прават со политики што имаат легитимитет, фер вклученост, консензуална демократија која е основа на Охридскиот договор. Ние не сакаме да станеме причина за кризи, сакаме да придонесеме и имаме капацитет да ја туркаме земјата напред, вели Ахмети.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygp8spuc1r7444kPthch

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера. „И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryq3975494fr89b4giQqw

Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги - ништо не направи

„Последните четири години, Кисела Вода не виде развој, не виде перспектива. Видовме само илузии, празни ветувања и 3Д спотови без ниту една закована шајка“, порача кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, од трибината во Кисела Вода.Трајковски ја опиша реалноста во општината како резултат на тотална неспособност на актуелното раководство.„Орце Ѓорѓиевски не беше градоначалник. Тој беше администратор на лаги. Ветуваше технолошки зони во Драчево и Чупријан, а не донесе ниту еден инвеститор. Ветуваше модерна инфраструктура, а улиците денес се распаѓаат. Ветуваше трим патеки, монтажни гаражи, мото-крос патеки, нова поликлиника, базен и рекреативен центар, а не направи буквално ништо. Наместо чиста, еколошка општина, остави запуштени плоштади и депонии. И сега истиот човек бара поддршка да го води Скопје! Тоа не е визија. Тоа е навреда на секој граѓанин што чекаше четири години, а не доби ништо“, порача Трајковски од трибината во Кисела Вода.Трајковски ја претстави својата програма пред граѓаните, фокусирана на праведна распределба на општинските ресурси, фер можности за сите и човечен, хуман пристап во секоја сфера од живеењето.„Приоритет ми е Кисела Вода за сите. Во оваа програма, во фокусот се младите и децата, каде ќе обезбедиме бесплатна партиципација за сите деца во градинките, 70% субвенциониран оброк за сите ученици, реновирање на сите градинки и училишта.“, нагласи Трајковски.Кандидатот на СДСМ најави и праведен и хуман урбанизам, достапна инфраструктура во сите населби и маала, без разлика дали се работи за Пинтија, Драчево или Усје.„Ќе има канализација, водовод и осветлување во секое маало. Парковите ќе ги обновиме, запуштените скверови ќе ги раззелениме, а јавниот превоз за пензионери и самохрани родители ќе биде бесплатен“, истакна Трајковски.Програмата предвидува ревизија на урбанистичките планови, монтажни и подземни гаражи, реконструкција на улици и мостови, како и решенија за паркирање и водоснабдување. Секое маало ќе добие функционална инфраструктура, не само елитните делови. Во економијата планира 1.000 нови вработувања, 100 мали бизниси, бизнис-инкубатор, преквалификации и поддршка за зелени иновации.Социјалната правда вклучува субвенции за самохрани мајки, бесплатни оброци, домашна нега за стари лица, центар за жртви на семејно насилство и пристапност за лица со попреченост.„Не ветувам чуда, туку работа за секој граѓанин. Време е парите да одат за децата, не за партиски ПР“, рече Трајковски.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryrntfr16dvfc097I424B

Стефковски: Граѓаните на Гази Баба добиваат граѓански штаб, прва општина по транспарентност во скопскиот регион

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Стефковски зборуваше на темите за транспарентност и отчетност, проблемот со депонијата Вардариште, а го спомена и граѓанскиот штаб во Хиподром како отворено место за сите граѓани на општина Гази Баба.„Ова е резултат којшто искрено ме израдува мене, да се биде прва институција по транспарентност во скопскиот плански регион, според Центарот за граѓански комуникации, која што е независна и реномирана организација е сериозно признание“, рече Стефковски.Стефковски додаде дека тоа што општина Гази Баба е прва општина со 98% транспарентност и отченост, значи дека постои доверба меѓу граѓаните и институциите.„Докажавме дека може да се влее една заедничка одговорност меѓу локалната самоуправа и вработените и граѓаните. Ќе се трудам и понатаму да  ја продожиме таа транспарентност и отчетност, затоа што преку тоа граѓаните имаат увид каде се трошат нивните пари, на кој начин функционира општината и кои се приоритетни проекти што се реализираат“, кажа Стефковски.Стефковски посочи дека Гази Баба има граѓански штаб, за кој веќе имаше свечено отворање и е замислен како отворено место за сите граѓани, независно од нивната политичка определба. Како што вели тој, неговата цел е преку активности со невладини организации, културни и здравствени работници, како и спортски клубови, да се создаде простор за дијалог и соработка.„Лично сметам дека целта на овој граѓански штаб ни е многу јасна а тоа е да ги отвориме вратите за сите граѓани без разлика кој е политички активен и кој ја дал поддршката за мене или не ја дал. Покрај тоа што имаме партиски штабови во голем дел од население места, таму мооже да се приклучат и наши сопартијци, поддржувачи, симпатизери и обични граѓани. Овој граѓански штаб има за цел да ги отвори вратите за сите. Ќе имаме низа на активности со НВО, со културни работници, здравствени работници, спортски клубови. Веќе е направена соодветна програма. Веќе се остварени одредени комуникации. Тој се наоѓа во Хиподром на улица Благоја Стефковски, во зградите на поранешна млекара. Веќе имавме промотивно отворање. Го ценам она што тука веќе се работи за принципи и вредности. Овие 4 години покажавме сериозен напредок дека во Гази Баба може да се работи“, кажа Стефковски.Стефковски зборуваше и на темата за депонијата Вардариште и нагласи дека проблемот со Вардариште е заеднички предизвик за сите, вклучително и за него и неговото семејство.,,Се сочувствувам со проблемот со Вардариште, затоа што и јас живеам во Гази Баба моите деца живеат во Гази Баба, она што не тангира сите е проблемот со амбиенталниот воздух и проблемот со дивите депонии на кои што треба да им ставиме крај“, истакна Стефковски.Стефковски на оваа тема дополни дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, има план како да го реши овој проблем.Тој потсети  и на веќе познатите информации за ова прашање, нагласувајќи дека крајот на дивите депонии и подобрувањето на амбиенталниот воздух се приоритети од интерес на целата заедница.,,Ќе се отстрани делот на депонијата Вардариште, ќе се рекултивизира земјиштето со нова земја, плодна земја и потоа ќе се прават спортски терени, паркови итн“.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytei23fpr4jrv4RKHe9Q

Паунов: Патната инфраструктура ќе биде во фокусот на општина Карбинци, ќе обезбедиме и 150 нови плацеви за домување

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Паунов се осврна на досега сработеното во изминатите четири години, потенцирајќи дека и покрај 3 годишните опструкции од страна на централната власт, посветеното работење резултираше со реализација на многубројни проекти во патната инфраструктура, расчистени диви депонии како и изградба на нови училишта и детски забавни паркови.„Реализирани се бројни проекти во делот на патната инфраструктура: вкупно 46 улици во целата општина добија асфалт. Реконструирани и модернизирани се 5 мултифункционални игралишта. Изградивме 2 нови училишта во Таринци и Радање, пет нови детски забавни паркови ги красат нашите населени мести кои пружат можност за рекреација, забава на најмалите, расчистени се сите 6 диви депонии во 6 населени места кои беа опасност по животната средина, подземните води, а и воздухот во Карбинци, тоа беа депонии кои беа стари ѓубришта со децении!“, вели Паунов.Паунов истакна дека следниот четиригодишен мандат ќе се темели врз неколку основи т.е. столба како обезбедување на нови плацеви за домување, нова спортска сала, велосипедска патека, а воедно посочи дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години.„Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку основи или врз неколку столба, обезбедување на 150 нови плацеви за домување, една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци, која ќе го добие името „Вршник“, според историската населба во атарот на село Таринци. Нова спортска сала со којашто ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци, а тоа се индивидуалните спортски клубови, боречките клубови „Киро Ристов“ и БК Карбинци и карате клубот којшто исто така функционира на територија на општина Карбинци, ќе обезбедиме можност за спортување и натпреварување. И оваа спортска сала ќе има карактер на натпреварувачка сала којашто ќе понуди и програма за различни видови на спортови. И ќе споменам уште 2 покрупни проекти, велосипедска патека долж регионалниот пат од село Таринци до Карбинци во должина од 1.8 км. Патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината. Со тенденција да ја продолжиме од Карбинци во една втора фаза до локалитетот „Баргала“ со должина од дополнителни 4.8 км. Во делот на патната инфраструктура, којашто исто така ќе биде во фокусот и во следните четири години. Клучниот патен правец од село Карбинци до селото Радање целосно ќе го реконструираме во должина од 4.5 км“, појасни Паунов.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

(Видео) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.Инаку тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев од Велес: Левица се факторизира како втора партија во државата

,,Левица за првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават", истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес.- Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две - три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е - ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори - образложи лидерот на Левица, Апасиев.Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.- Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно - во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза - рече Апасиев.- Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме - Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд - исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Македонија | пред 3 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

Ахмети на последниот ден од кампањата ќе биде на протест во Тирана, ги откажа сите партиски активности, соопшти ДУИ

ДУИ денеска соопшти дека лидерот Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонароден протест.За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од ОВК била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија.Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybkk6rvof6n792JwUOB6

Шукова: Хуман третман за бездомните кучиња, зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни.„Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова.Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот.„И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во корен“, додаде таа.Шукова најави зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација на уличните животни, во соработка со ветеринарни станици и граѓански здруженија.„Мораме на хуман начин да го решиме проблемот. Секако, и институциите и граѓаните треба да бидат дел од решението“, потенцираше Шукова.Во својата програма таа предвидува и изградба на крематориум за домашни миленичиња, како сервис што, според неа, недостасува во градот.„Покрај тоа што мораме да се грижиме за уличните животни, мора да понудиме и достоинствен начин на збогување со нашите домашни миленици. И тоа е дел од хуманиот пристап кон животните“, изјави Шукова.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryc1ap85n8vj4ucWbLAz4

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.“НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.“Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети!“ – беше пораката која Меџити ја упати до раководството на ДУИ.На крајот, Меџити упати порака и за неговиот противкандидат во општина Чаир Бујар Османи, кого го нарече “докторот на Тик-Ток“.„Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања