ИЗБОРИ25

media-libraryoqfh3b8fio431gjXo4g

ДУИ им порачува на граѓаните да останат смирени: Бараат МВР да ги уапси напаѓачите на Шаини

„Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листа во општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и повреден. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска помош“, соопштија од ДУИ за вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Куманово.Остро го осудуваат, како што велат, овој варварски чин на насилство и бараат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат, со целосна транспарентност и решителност, за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој напад.-Ги повикуваме сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓаните да останат смирени, да не потпаѓаат жртва на провокации и да ја покажат разумноста што отсекогаш го карактеризирала нашето движење. Во солидарност со повреденото лице и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучува да ги прекине денешните активности, додека институциите преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на терен, стои во партиското соопштение.Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини беше ранет во оружен инцидент којшто се случи вчера попладнето во центарот на Куманово. Д-р Шаини е надвор од животна опасност, но има прострелни рани на рацете и нозете.ОЈО информираше дека на расчистување на случајот работат двајца обвинители. Се прибираат траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните индиции, според ОЈО не се работи за политички мотиви зад инцидент, но сите околности се проверуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцирше тој.„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

„Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?“ Мицкоски со нова порака до Филипче

На денешниот народен митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Филипче и го повика јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.„Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба“  кажа Мицкоски.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.„Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин“ заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3vivlnqq0baf9UDMQiK

Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али, вели Стојаноска

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие - од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел - онаму кај што другиве оставиле пепел.Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 - лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9grujkr347ecf29jwT9

Ранет е д-р Зекирија Шахини, носител на Листата за советници во Општина Липково

Попладнево имало пукање во Куманово.Според неофицијални информации, пуканo е кон д-р Зекирја Шахини од Слупчане, носител на Листата за советници во Општина Липково.Тој бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување, по што веднаш е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност, ранет е во ногата.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykro89ii2bnir2z1cPmu

Герасимовски „ќе ги направи противниците салата“ на 19. октомври, порача Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на синоќешниот митинг во општина Центар порача дека актуелниот градоначалник кој е во трка за нов мандат, противниците на 19 октомври ќе ги „направат салата“.„Горан не сакаше ништо за противниците, а јас ќе кажам само една работа. На 19-ти октомври ќе ги направи салата“, порача Филипче. Обраќањето беше проследено со гласна смеа и аплауз од присутните.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymbvdmr2enqol5Kfpjzc

Шукова: Парите за градски штаб ги донираме, градот е нашиот штаб

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни.„Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни,“ изјави Шукова.Со оваа порака, Шукова ја отвори својата визија за политика што не почнува и не завршува во партиски штабови, туку меѓу луѓето во секој дел од градот.Таа потсети на борбениот дух на Центар, како симбол на отпорот и граѓанската храброст.„Во 2013 година, кога Македонија беше заробена во канџите на режимот, вие бевте симбол на пркосот и непокорот. Симбол на слободарскиот дух и борбата за слобода. Тука почна борбата за нашиот дом. И борбата ќе почне од тука, и за Скопје и за Македонија" рече Шукова.Таа истакна дека оваа борба денес продолжува  не само за победа на изборите, туку за враќање на достоинството, за создавање модерно, зелено и хумано Скопје, град што ќе биде дом за сите.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu6vodh0te90h1EpHzAP

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата.„Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие. Ги слушам, едните биле загари и орли, другите за врапчиња и што уште не. Театар за деца“, рече Филипче.Филипче на трибината исто така рече дека подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните, секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“, режимските практики се доблестите кои и оваа влада ги носи се едни од најлошите времиња на груевизмот.„Не е времето кратко да се види дека имаме власт отуѓена од народот, власт која партизира, узурпира и одбива да го слушне крикот на граѓаните за подобар живот и за напредок. Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека  зад кампања се кријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysfelq7h945cndN21ZSk

На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, порача Мицкоски од митингот во Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на синоќешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или останати  се иселуваат.  И едните, и другите и третите. Сите  имаат тежок живот, сите сакаат  иднина“, истакна Мицкоски.,,Има луѓе кои изградија кариери на етнички теми, цели партии се одржуваат на бранот на едно вештачко непријателство и нетрпеливост, која се гради помеѓу кичевчани. И знам дека кога вака ќе ги соочите со вистината во очи, многу тешко е да ве погледаат во очи, но и сите ние и сите вие не треба да наседнуваме на стапицата на дневните партиски препукувања, на романтичарските идеи кои не носат храна на трпезата и подобар живот. И тие кои постојано го прават ова, нема да имаат среќа ако нивниот народ е несреќен“, кажа Мицкоски.Мицкоски истакна дека додека Али Ахмети и неговите соработници се богателе, народот страдаше и се раселуваше. Според него, Ахмети не успеал да обезбеди просперитет за сите.,,Што ќе му е Зајас на Али ако тоа е празно? Нема радост ниту во палатите, ниту во дворците, ако преку оградата народот и соседите ти се гладни и раселени“, рече Мицкоски и додаде:,,Тоа го направи тој за Албанците. Ги испразни нивните места, села, градови, ги расели после 20 години владеење тука. Додека тој и неговите блиски се богатеа, народот страдаше и тонеше во сиромаштија.  Затоа, слушнавте дека докторот Александар има проекти за сите. И за Албанците, и за Македонците, и за Турците, и за Македонците муслимани, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците и за сите останати. Буквално за секој еден кичевчанец. За сите ќе правиме и планираме проекти“.Мицкоски повикa на заеднички одговор од сите против нечесноста и поделбите, нагласувајќи итност за резултати, дела и единство.,,На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани.  Утре, ако некој и од нашите редови постапи погрешно, исто ќе ве повикам да се обединиме против тоа. Немаме време веќе за грешки, пропусти и губење време. Мора резултати. Мора дела. Мора заедништво. Само така победите се можни и тие се на дофат. Поделбите одат во прилог на тие што не ѝ сакаат добро на земјата, на граѓаните, и на тие што ја злоупотребуваат нивната доверба“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqltofkkvhnas5Aj6QIP

Заев е лидер во сенка на СДСМ – Николоски обвини дека партијата работи за свои елити и за ДУИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција изјави дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, иако формално се повлече од политиката, сè уште ги „влече конците“ во партијата и е во постојана координација со актуелното раководство.„Јасно е дека ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, и во време на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Тоа е најдобар доказ дека се во целосна координација и дека лидерот во сенка на СДСМ е токму Зоран Заев“, рече Николоски.Тој посочи дека изјавите на Заев и Филипче се со „ист вординг“, што, како што додаде, укажува на тоа дека се координираат на дневна основа или дека „ист човек им ги пишува говорите и статусите“.„Со тоа што кажа дека ќе мора да внимаваме да не ја повлече државата во провалија, јасно е дека тоа е израз на паника и страв. СДСМ има само една цел – да заштити одредени елити во рамки на партијата“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, отпорот кон реформите во судството и обвинителството е последната одбрана на тие елити, а СДСМ денес, како што рече, „служи само на Зоран Заев и на ДУИ“.„Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите предавства и во чие време криминалот и корупцијата царуваа, повторно се појавува во кампањата за да им покаже на Филипче и СДСМ кој ја води партијата“, додаде Николоски.Тој повика на „масовна излезност“ на изборите на 19 октомври за, како што рече, „да се стави крај на овие корумпирани елити“.Николоски нагласи и дека „декларацијата која СДСМ ја понуди во Собранието, само неколку дена пред почетокот на кампањата, е доказ за концесии кон источниот сосед“, додавајќи дека документот, според него, „ја пишувал Заев, а ја однел Филипче“.„Понудата на овие избори е јасна – од една страна се Заев, Ахмети и Филипче, а од другата страна се реформите и напредокот што ги почнавме и кои мора да продолжат со засилено темпо, паралелно со силни реформи во судството и обвинителството“, изјави Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypo43q1a5v71hfb4Vq74

(Видео) Сите урбанистички планови за Скопје ќе бидат достапни онлај, ветува Шукова

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска од Карпош истакна дека решавањето на проблемот со паркирањето и уредувањето на урбанизмот се врвни приоритети во нејзината програма.Таа најави  решенија, како паметни паркинзи со дигитална наплата и информации во реално време, како и зони за паркирање на периферијата поврзани со јавен превоз. Една од мерките во програмата е субвенциониран паркинг преку стратегијата „Скопје за сите“ каде се опфатени семејства со ниски приходи, пензионери, млади невработени и лица со попреченост.„Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци – не по изградбата, туку како предуслов,“ потенцираше таа.Шукова најави и дека урбанизмот ќе биде целосно транспарентен: сите планови ќе бидат достапни онлајн, со можност граѓаните да даваат свои предлози и коментари.„Ќе донесеме нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план и ќе ја изработиме стратегијата ‘Скопје 2050’, која ќе е долгорочна визија за Скопје со мешовити урбани зони и уредени јавни простори,“ додаде таа.Шукова порача дека е време Скопје да се развива плански и во интерес на граѓаните:„Скопје мора да се развива паметно. Не може веќе да се бориме со хаосот. Скопјани заслужуваат многу подобро.“

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

„Ќе се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа, правдата ќе ве стигне“, Мицкоски со порака до СДСМ

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум штител на олигархија. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото, и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање, како од едно просечно семејство се стигнува до милиони какви што тие имаат и располагаат.„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разрушена држава и систем кој пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. И нека создаваат лажна слика на душегрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте ниту помислувајте дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.Мицкоски со порака до Филипче: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто“.Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.„Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu9s7e7lei0hnbrtswow

(Видео) Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во иднината на Скопје

На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе.„Денес не сме тука само да им честитаме на наставниците, туку и да зборуваме за она што е суштината на секое напредно општество – образованието. Скопје ја гради својата иднина преку училиштата, преку наставниците и преку младите кои секојдневно учат и создаваат“, изјави Цаневска.Во рамки на програмата „Образование и можности“, Цаневска најави повеќе проекти кои го ставаат образованието во центарот на развојот на градот. Еден од клучните приоритети е изградбата на нова гимназија во Општина Аеродром, општина со над 80.000 жители, која засега нема ниту едно средно училиште од тој тип.„Новата гимназија ќе биде современо, енергетски ефикасно и пристапно училиште, со спортска сала, социјални простори и услови за вистинско образование од 21. век“, рече Цаневска, додавајќи дека тоа ќе биде инвестиција која ќе го поддржи растот на младата популација во овој дел од градот.Во првата фаза од програмата „Образование и можности“, фокусот ќе биде ставен на:• реновирање и опремување на постојната училишна инфраструктура,• модернизација на наставните методи,• воведување нови наставни содржини,• како и поддршка на неформалното образование преку ревитализација на Планетариумот во Младинскиот културен центар.Цаневска најави и зголемување на поддршката за младинските иницијативи за 300%, потенцирајќи дека младите не се само иднината, туку и сегашноста на градот.„Во следната етапа ќе воспоставиме мрежа на младински центри во сите општини на Скопје, каде што младите ќе можат да се развиваат, поврзуваат и креираат заеднички проекти. Ќе развиваме партнерства меѓу училиштата и локалниот бизнис сектор, за наставата да се поврзе со реалниот живот преку менторски програми, практична обука и кариерно насочување“, објасни таа.Во долгорочната рамка на програмата, визијата предвидува дигитална трансформација на наставата, изградба на нови училишта во брзорастечки населби и создавање на програмата „Млад граѓанин“, преку која младите ќе имаат активно учество во процесите на одлучување и креирање на градските политики.„Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во поконкурентна економија, во повисок квалитет на живот, во култура и во заедница што дише подобро и живее подобро“, истакна Цаневска.Таа додаде дека 5 октомври е ден кога треба да им се оддаде признание на наставниците – „срцето на градот“ – но и ден кога сите треба да се обврзат дека ќе продолжат да создаваат град кој го вреднува нивниот труд и обезбедува еднакви можности за секое дете, без разлика каде живее.„Скопје што вложува во своите училишта и ученици – вложува во сопствената иднина“, заврши Цаневска.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycnhsh83b0jmb48pIRR4

Независниот Марковски се појави на скопскиот маратон со велосипед и плакат

Со велосипед и плакат со својот број на гласачкото ливче, независниот кандидат за градоначалник на Скопје Горан Марковски се појави на Wizz Air Скопскиот маратон, испраќајќи симболична порака за поддршка на спортот и потребата од промени во градот.„Честитки за сите кои денеска учествуваа на Wizz Air Скопски маратон. Овој настан ја истакнува убавината на Скопје и неговата отвореност кон спортот, здравите навики и позитивниот дух,“ напиша Марковски на социјалните мрежи.Тој додаде дека овојпат не трчал, но бил таму за да ги бодри своите пријатели и соработници: „Јас не учествував директно, туку ги бодрев моите другари и соработници, кои секогаш биле физички поактивни и поподготвени од мене. Тоа е знак дека и лично треба да се менуваме, а на Скопје – секако – му требаат промени.“Марковски со своето појавување на маратонот испрати порака дека спортот, здравиот дух и граѓанската енергија треба да бидат двигатели на едно поуредено и динамично Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-library5osbeoh65v3q87lHTvn

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.„Ова е порака дека Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека не може политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин, и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен, и да биде предмет за нечии коалициски апетити“, истакна Мојсоска.Во однос на црната кампања и обвинувањата дека Левица соработува со ДУИ, Мојсоска одговори дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица никогаш не амнестирала заедно со ДУИ, ниту пак дозволила функционери како Артан Груби да избегаат неказнето.Според неа овие избори ќе бидат најбрутални.„Апел на овие избори ќе биде дека не можеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државна администрација. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски пропусти“, изјави Мојсоска.Таа истакна дека корупцијата, партизацијата и нефункционалниот систем чинат човечки животи, а борбата против овие појави е нејзината најголема мотивација и причината поради која е дел од Левица. „Верувам дека нема ништо поскапо од човечкиот образ“, порача Мојсоска.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања