ЈСП

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

Автобусите назад по улиците, ќе се сообраќаат како периодот пред да снемаат нафта

Во автобусите се наточи нафта од стоковите резерви на државата, па возачите се вратија на вообичаените линии. Од ЈСП нема детална информација колку автобуси се пуштени на терен утринава, откако вчера, се сообраќаа само 25 автобуси на гас. Очекувано е на градските и приградските линии да има автобуси, според истиот интензитет како до петокот.За денеска во 13:30 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14:30 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.Нормализирање на состојбите во градот побараа и советниците во Градот Скопје кои вчера на вонредна седница изгласаа заклучоци.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

И студентите излегуваат пред Град Скопје денеска во 14:30 часот

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за денес, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Скопје | пред 1 година

danela-avtobus-1170x780-1

Град Скопје ќе добие заем од државните резерви со нафта, за да има јавен превоз

Владата на денешната вонредна седница на која расправала за недостигот на енергенти за функционирање на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, донела одлука да се вклучи во решавање на проблемот. Како што информираат оттаму, донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.Со ова, додаваат од Владата, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.„Денес, меѓу другото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настанатата потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“, велат од Владата.Претходно од Бирото за јавни набавки информираа дека управната контрола увидела дека ЈСП „Скопје“ избрало неприфатлива понуда за најповолна при набавката на горивото еуродизел. Оттаму посочија дека понудата, која била и единствена поднесена во постапката, не исполнува услов што самиот ЈСП го навел во тендерската документација.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

Финансиската полиција испитува како се набавува мазут во ЈСП, кажа Обвинителството

Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации.Од таму известуваат дека веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Бирото за јавни набавки се скара со ЈСП за набавката на нафта: нашле нерегуларности во тендерот

„Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува“, велат од Бирото за јавни набавки.„Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП.Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот.Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава“, соопшти Бирото за јавни набавки.

Скопје | пред 1 година

avtobuska

(Фото) Граѓани се организираат да си помогнат оти нема автобуси: „Имам и бебе со мене, ама ќе се стуткаме“

Жителите на Скопје не знаат дали ќе имаат превоз, додека, градските власти молчат. Вчера дел од патниците чекаа автобуси и со часови, а и денеска состојбата не е ништо подобра. Нема одговори од ЈСП, дали и зошто нема нафта, кој ќе преземе одговорност што поради немање деривати возилата не можат да се вклучат во сообраќај. Вечерва од 18 часот ќе има и вонредна седница на Совет на град Скопје за да се види - каде е проблемот и што може да се реши итно.Во исто време, по групи на социјални мрежи, граѓани се организираат да се превезуваат групно со такси или приватни возила. Се пишуваат траси на поминување, за на секој што му одговара може да се приклучи во групата за да отидат од еден на друг крај од градот.Последните информации се. дека ЈСП нема нафта поради наводен долг кон „Пуцко петрол“. Град Скопје во понеделникот се пофали дека превоз во полн капацитет ќе има и покрај опструкциите. Два дена подоцна, оттаму само молк.За утре (петок), 13:30 часот е најавен протест пред Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

(Видео) Полни автобуски, нервозни граѓани: ЈСП молчи дали има нафта и дали ќе има превоз од попладнево

Состојбата со јавниот превоз во Скопје се влошува, сведочат патниците кои ги користат услугите и на ЈСП.Се жалат дека од утрово многу ретко има автобуси, некои од нив тврдат дека чекале и по два часа, но и натаму останува неодговорено прашањето дали претпријатието на Град Скопје останува без нафта.„Скопје1“ четврти ден нема добиено одговор од директорот на ЈСП, Драги Кушовски дали е точно дека се трошат и последните резерви на нафта.Вчера од Град Скопје испратија соопштение преку кое сакаа да лоцираат вина кај премиерот Христијан Мицкоски што нема нови автобуси, но не напишаа ниту збор за тоа дали воопшто има нафта и за постоечкиот возен парк.Од утрово „Скопје1“ забележа гужви на дел од автобуските станици како во приградските места, како Волково, така и во центарот на градот, кај „Рекорд“.Гужви има и на Железничката станица во Скопје. Иако се шпекулира дека од попладнево ќе нема градски превоз, но ниту за ова не се кажува ни збор од ЈСП или Градот кој го води Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Граѓаните ги губат работните места, учениците отсуствуваат од часови, болните не можат да отидат на доктор

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје за да го изразат незадоволството од хаосот со јавниот градски превоз.„Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат“, вели Дудуш.Тој ги повика сите засегнати граѓани, ученици, студенти, работници и пензионери да бидат дел од протестот кој, како што вели „во моментов ни е крајно решение за да ни се реши проблемот со кој две години живееме во Шуто Оризари и Градот Скопје“.„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, додава градоначалникот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 1 година

AVTOBUS-JSP

(Фото) Автобус на ЈСП се запали во Злокуќани при движење

Автобус на ЈСП се запалил во Злокуќани, а интервенирала и Противпожарната бригада. Ова се случило околу девет часот утрово, а за среќа, во автобусот во моментот, немало патници.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.Ова не е прв автобус на ЈСП во изминативе месеци што гори среде автобуски станици. Претходно ова се случи и кај Железничката станица, како и Бутел. Постојано има дефекти, а јавноста го памети случајот кога гума на автобус излета среде Партизанска кај Соборниот храм.„Скопје1“ во повеќе наврати бара одговори од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, која е причината што вакви автобуси воопшто се пуштаат во сообраќај, но и чија е вината. Претходно, од Кушовски баравме и одговор кој ќе понесе одговороност при евентуална несреќа. Од него нема одговори.Истовремено, Арсовска бара нови автобуси, но не е јасно зошто не се сервисираат и постоечките, за да може нормално да се сообраќаат. Советниците се децидни дека автобуси мора да се набават согласно соодветна постапка, но тоа не е решение. Тие гледаат спас во нормалнизирање на сообраќајот со приватните превозници и автобусите на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз

Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија - ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.Како што најави Дудуш, мирниот протест ќе се одржи в петок од 13 часот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-141600

„Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи“, велат од Независниот синдикат на ЈСП

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Град Скопје вети редовен превоз од ЈСП од утрово, а се пожали и на притисоци - претходно имаше поплаки

Во текот на викендов, жители на Скопје се жалеа на нередовниот јавен превоз. Покрај автобусите на приватните превозници кои не возат поради нереализирани барања од Град Скопје, корисници на јавен превоз посочуваа дека ниту ЈСП не вози според возниот ред. „Скопје1“ побара одговори за овие случувања од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, но не доби одговори.Сепак, од Град Скопје, вчера, доцна вечерта пред полноќ, известија дека имало притисоци, без да посочат какви и од кого. Потоа додадоа дека превозот од утрово ќе биде редовен.„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во кусото соопштение од Град Скопје предводен од Арсовска.Ова соопштение дојде откако претходно имаше низа јавни критики.„Скопје1“ побара одговори од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, уште во саботата. Бидејќи граѓани се жалеа дека нема автобус на линијата 66, цел ден, зошто е тоа така? Притоа, прашавме дали се точни информациите дека ЈСП снемува нафтени деривати, како и дали се точни информациите дека се префрла нафта од автобус во автобус за да можат дел од линиите да имаат возила. На ова нема одговор, како и на прашањето дали се користат резервите и каква е состојбата во тој дел.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

„Покрај притисоците, ЈСП ќе се сообраќа редовно и со полн капацитет“ велат од Град Скопје, а по жестоките реакции во јавност

Од Град Скопје, без објаснувања, испратија соопштение во кое тврдат дека од утре автобусите на ЈСП ќе возат во полн капацитет. Тие посочуваат дека имало притисоци и дека без разлика на истите, ќе продолжат со работа. Но од Град Скопје, нема никакво објаснување на каков притисок мислат и кој го правел.„Почитувани, Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во краткото соопштение на Град Скопје.Викендов, имаше куп поплаки од граѓани за автобуси кои не се сообраќале на редовните линии.Имаше и јавни објавни на социјалните мрежи во кои се повикуваше итно да се преземе нешто со превозот, во спротивно се најавуваше протест.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-jsp-1

(Фото) Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.„Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од кого очекуваме одговори. Детали побаравме и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.Во септември, „Скопје1“ побара информации од директорот на ЈСП, дали тој ја гарантира безбедноста на патниците кои го користат јавниот превоз, особено во период кога тие често се расипуваат низ улиците, во дел избија и пожари, а пак трети остануваа и без тркала. Од него, не добивме одговор. Прашавме и дали директорот е свесен дека може да се случи сериозна несреќа доколку неисправни возила циркулираат низ градот, како и дали ќе понесе одговорност - но и на ова добивме молк.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

Коментари за ЈСП: „Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, никогаш не би ви платила за ваков безобразлук каков што гледам“

ЈСП промовираше нов начин на плаќање, а граѓаните во коментари упатија низа критики за нередовниот автобуски превоз, непочитувањето на возниот ред, но и за нефункционирање на апликацијата. Апликацијата „Скопска“ е заменета со новата „Скопјебус“. Се обидовме да ја симнеме апликацијата, но, безуспешно. Иако во објаснувањето стои дека треба да работи од изминатиов понеделник.„Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, среќа не користам ваш превоз инаку никогаш не би ви платила за ваков безобразлук каков што гледам...срам да ви е што народот го множите со нула.....А СЕГА АКО САКАТЕ ИСФИЛТРИРАЈТЕ ГО МОЈОТ КОМЕНТАР“, стои во еден од коментарите.„Имав купено месечен билет во износ од 1400 ден. Истите не се префрлија на новата апликација па бев приморана утринава да купам нов билет. Автобуси немате ама битно нов систем за наплата имате. Срамота!“, стои во друг коментар.„Оправете се со возниот ред. Нема возила“, пишува жителка на Скопје.„Еве го 30ти, ни Скопје ни Бус, уште нема ни трага ни глас од апликацијата“, додава друг корисник на услугите на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања