ЈСП

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Продавачки на билети во ЈСП добија обвинение: присвоиле 23 милиони денари, проневера правеле со уплати во билетари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица кои ги товари за продолжено кривично дело – Проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист.Две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложи и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Македонија | пред 1 година

462476380_122095490264583013_6147689187489026640_n

„Се крадат податоци од платежните картички“: ЈСП Скопје утврди лажна вест

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Карта за јавен превоз на Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје.Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 година

jsp

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа, велат од СДСМ

„Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед“, соопшти СДСМ.„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо.ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Скопје меѓу градовите со најлош јавен превоз во Европа, според Еуроњуз

Според истражувањето кое го спроведе Еуроњуз, Македонија е меѓу трите земји кои имаат најлош јавен превоз во Европа.Како што се вели во истражувањето седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.Во Скопје само 47 проценти од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија. Најмногу задоволни се Австријците со 91 отсто.Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред за време на продолжениот викенд

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година - 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.На 11.10.2024 година (петок) и 13.10.2024 година (недела), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:- Транспортен центар;- Ѓорче Петров; и- Зелен пазар.Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-10.51.47

(Видео) ЈСП не трпи критики: Избришани купот коментари под објавата за бесплатен превоз, но ние ги имаме

ЈСП најави бесплатен превоз за „Бела ноќ“ односно за денеска во периодот од 18:00 до 02:00 ноќеска, а граѓаните ја искористија објавата за да ги искритикуваат за нивното функционирање. Нервозата кај жителите на Скопје е се поголема поради донцењето на автобусите, нивното недоаѓање, но и поради гужвите во нив. Иако вчера имаше десетици коментари, администраторот на фејсбук страницата на ЈСП, чиј директор е Драги Кушевски, поставен од Данела Арсовска, сите критикити ги избришал.„Скопје1“ уште вчера направи видео од коментарите, па може да прочитате што се граѓаните пишуваа:Утрово, се прикажуваат само три коментари, а само шест стојат како објавени. „Преживеале“ бришење, бидејќи се критикува Владата која нема врска со проблемот во ЈСП, а во другите се бараат автобуски линии.[caption id="attachment_305562" align="alignnone" width="878"] Screenshot[/caption]

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Во сабота, ЈСП неколку часа ќе вози бесплатно

ЈСП се реши да има бесплатен превоз во сабота. Ова доаѓа во период кога нема доволно автобуси, кога скопјани се револтирани, но и во време кога често може да се забележи како автобуси се исклучуваат од сообраќај поради тоа што остануваат дефект.„Ве информираме дека на 5 октомври 2024 година (сабота), поради oвогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен“, вели ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

(Видео) Хаос во автобус на ЈСП: возачот тргна да вози со отворени врати, патници висеа

Патниците на мака оти нема доволно автобуси по улиците, а и оние кои ги има се преполни. Возачите на мака бидејќи во возилата им се случува хаос. Возач на 22-ка проба и да вози со отворени врати, бидејќи куп патници влегоа во возилото, а вратите не можеа да се затворат. Но, голем дел останаа и на станицата да го чекаат следниот автобус. Поплаките дека автобусите доцнат се множат.За три автобуси досега „Скопје1“ доби поплаки од граѓани дека истовариле патници бидејќи се расипале и им кажале да чекаат друго возило. Молкот на Драги Кушевски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска продолжува.„Скопје1“ упати прашања за хаосот со превозот. Оттаму, со оглед на праксата не очекуваме одговори. Воедно, го потсетивме дека повеќе од месец чекаме одговор дали ќе понесе одговорност за нефункционалноста на претпријатието, тоа што автобуси се самозапалуваат по улици, а патниците се загрозени.

Скопје | пред 1 година

beeb9df5-9f76-4e7b-9792-d5326e0c71f6

(Видео) „Господ знае што се случи, наеднаш нѐ симна од автобус и отвори прозори“, нов паднат војник на ЈСП

Во Автокоманда, автобус кој возел на линијата 2, ги истоварил сите патници, без да им образложи зошто. Тие се лути, бидејќи ова доаѓа во време кога приватните превозници не возат, автобусите на ЈСП не го почитуваат возниот ред, а притоа, постојано се расипуваат.„Господ знае што се случи, нѐ симна наеднаш од автобус, отвори прозори и толку беше“, вели читателка на „Скопје1“.„Скопје1“ упати прашања до директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска во кои бараме одговори што се случило со овој автобус. Оттаму, со оглед на праксата не очекуваме одговори.Воедно, го потсетивме дека повеќе од месец чекаме одговор дали ќе понесе одговорност за нефункционалноста на претпријатието, тоа што автобуси се самозапалуваат по улици, а патниците се загрозени.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-01-at-09.25.04

(Видео) Хаотично по автобуските во Скопје: „Висат луѓе, одвај се затвори“

Ученици не можат да стигнат на настава, вработени на работа. Приватните автобуси останаа паркирани, а возилата на ЈСП не можат да ги опслужат сите патници. Турканици, нервоза, расправии – ваква беше атмосферата на дел од автобуските кои беа преполни. Учениците се принудени да прават снимки за да оправдаат зошто не стигнуваат на време во училиште.„Чекај сеа на класнава, еве на школо како доаѓаме. Висат луѓе, одвај се затвори. Ќе висат сега до кај мене на станица“, вели ученикот кој не може да стгине на настава, снимката ја достави до нашата редакција.Главната менаџерка на Градот Скопје, Данела Арсовска, вчера има две објави на социјалните мрежи, поврзани со културни случувања. Но ниту една за проблемот со автобускиот превоз. Проблемот започна минатата недела, а револтот изби откако приватните превозници побараа повисоки цени по услугата за изминат километар.Побараа од Советот да заседава на вонредна седница, а вчера имаше и координација на советнички групи, но на истата, не присуствувала Данела Арсовска ниту некој претставник од Градот Скопје. Заклучоците засега не се понзати.Проектот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси или не е ставан на дневен ред или не ја добива поддршката од мносинството советници, а премиерот Мицкоски пак пред извесно време рече дека тој нема веднаш да го реши проблемот на граѓаните бидејќи како што посочи и да се нарачаат возила сега тие нема веднаш да бидат испорачани.

Скопје | пред 1 година

avtobus-skopje

Пак наплати со „пари на рака“ во ноќните линии на ЈСП

Поминаа пет дена, ЈСП молчи заедно со директорот Драги Кушовски, а праксата во автобус да се наплаќаат билети по 50 денари – продолжи. И вчера, патници за „Скопје1“ сведочат дека им биле приморани билети да платат кај возачот. За разлика од претходното сведоштво, сега парите се плаќаат кај шоферот на автобусот.„Кажуваат оди кај возачот да извадиш билет, се плаќа по 50 денари, а не знам дали им даваше билет. Не видов никој да плаќа преку апаратчето“, вели читател за „Скопје1“.Неспорно е дека во ноќните линии не важат слободните карти, но плаќањето во автобусите е регулирано да биде електронски, а билетите беа исфрлени од употреба. Во случајов, повторно има наплати директно во автобус.„Скопје1“ уште пред една недела упати прашања на оваа тема до директорот на ЈСП, Кушовски, но тој, исто како и на другите медиуми – не испрати одговори. Меѓудругото, во текот на оваа недела имаше и повеќе расипани автобуси низ градот. Побаравме одговор дали ќе сноси одговорност при сериозна несреќа, со оглед дека се дозволува вакви автобуси да возат низ градските улици. Од него – молк.За потсетување:

Скопје | пред 1 година

IMG_4819

Нови проблеми со јавниот превоз во Скопје: утрово нема и дел од приватнтие автобуси, се жалат жителите

Нови проблеми со јавниот превоз во Скопје. Жители се жалат дека утринава ги нема ниту дел од приватните превозници на скопските улици. Укажуваат дека покрај тоа што ЈСП не вози според возниот ред, сега има уште едно редуцирање на бројот на автобуси – а по автобуските се создаваат гужви.„Утринава два приватни автобуси на ЈСП не дојдоа. Се работи за 22-ка, што се сообраќаат од Железничка до Волково. Се создаде ненормална гужва на автобуските“, вели патничка за „Скопје1“.Претходно пак, ученик се пожали дека линиите 45 и 23 своеволно и без никакво известување се исклучуваат од линии.„Професорите и наставниците често се лути зошто не сме тргнале порано. Како да знаеме? А кога е ваква гужва и во 9 да тргнеш – попусто“, вели тој за „Скопје1“.Остануваат и другите проблеми на градскиот јавен превоз, како што е честото расипување на автобусите, а пред една недела уште еден се запали додека се сообраќаше на линија. За среќа, по навремена реакција на возачот се избегна трагедија.Иако ЈСП го тресат низа скандали – директорот Драги Кушовски не одговара на никакви прашања од „Скопје1“. Па така, среде ноќ се наплаќаат билети со пари на рака, патниците се жалат на нередовност, на автобуси им пукаа и гуми, а имаше и случај кога гума излета на булеварот Партизански одреди. Го прашавме дали си ја гледа одговорноста – не одговара и по еден месец.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-13.53.07

(Видео) Се запали автобус на ЈСП на раскрсницата кај „Веро Џамбо“

Повторно се запали автобус на ЈСП, овојпат, на раскрсницата кај „Веро Џамбо“. Возачот веднаш истрча и со апарат за противпожарна заштита го гаснеше пожарот. Чадот доаѓал од делот на моторот, а навремената реакција од вработениот во ЈСП, спречи поголема катастрофа.Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда. Ова не е ниту прв автобус кој се запалил. Претходно вакви сцени имаше во Бутел, како и под Железничка. Голема несреќа можеше да се случи на Партизански одреди, кога од автобус излета гума.Скандал го тресеше ЈСП кога контролор се закануваше на патничка.Проблемите се куп, решение нема од градската мајка, Данела Арсовска и нејзиниот директор Драги Кушевски.Меѓу последните случаи е и кога автобус остана без гума во Кисела Вода.„Скопје1“ и утринава постави прашања до директорот на Арсовска, од кого побаравме одговор, дали е свесен дека со пуштање на неисправни автобуси во сообраќај, може да дојде до сериозна несреќа, како и дали ќе сноси одговорност. Одговор до сега - нема.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-10.36.33

(Видео) Нов скандал го тресе ЈСП: Патници сведочат на изнуда на пари за да се возат со ноќна линија, снимени и наплаќачите

Нелегална наплата на билети се прави во автобусите на ЈСП, тврдат патници кои се возат со ноќните линии. Повеќе вакви видеа се појавија на мрежата „Тикток“, а во нив, претежно млади лица, велат дека на врата им се бараат по 50 денари за да можат да се превезат. Во спротивно, треба да го напуштат автобусот. „Не даваат да влезеш ако не платиш. Тие знаат дека луѓе немаат како да се вратат и им плаќаат. На секоја постојка чекавме по 10 минути, за да наплатат по 50 денари! И други реагираа, дека имаат картички, но не им даваа да влезат“, вели сведок на настанот.Спроед сведоштвото, се отворало по една врата додека возел автобусот, се додека не се стигнало кај Градежен факултет каде имало премногу гужва па се отвориле двете врати.„Скопје1“ побара детали од раководството на ЈСП и директорот Драги Кушовски поставен од градоначалничката Данела Арсовска, а во чиј мандат куп автобуси остануваат дефект по скопските улици, не доаѓаат на време, се кратат линии.

Скопје | пред 1 година

jsp-danela-kusoski

Град Скопје против вработени во ЈСП: Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата

„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата“, велат од Град Скопје и додава:„Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати.Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија.Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања