ЈСП

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата, најавуваат блокади

Вработените на ЈСП повторно не добиле плата.Според законот плата треба да и легне најдоцна до 15-ти во месецов.Доколку не ги добијат нивните плати најавуваат блокади на раскрсниците низ главниот град.Се жалат на притисоци од раководството на претпријатието, од каде до овој момент не се огласиле за предупредувачката прес конференција на СПАЈС.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

,,По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование, Уставниот суд информира:На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (МОН, Град Скопје и ЈСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации во врска со извршувањето на одлуката за да подготви извештај и за одговорот да го информира Судот.Имено, согласно членот 86 од новиот Акт кој се применува од септември оваа година, Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може од секого да побара податоци и информации во врска со преземените мерки со цел извршување на одлукатаОбврската за извршување на одлуките на Уставниот суд почнува да тече од денот на нивното објавување во „Службен весник” и одлуките на Уставниот суд се извршуваат без одлагање, на што упатува член 85 од Актот.Дополнително, согласно член 90 од Актот, Уставниот суд, има можност по потреба, да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката.Уставниот суд потсетува дека членот 91 овозможува врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот.Во однос на прашањата дали некој се обратил до Уставниот суд да информира дека одлуката не се спроведува, информираме дека досега нема добиено таква претставка. Барањето на информации за спроведување на конкретната одлука се покрена по службена должност и по информациите во јавноста дека одлуката на Уставниот суд која е донесена на 5 декември 2023 година не се извршува.”, велат од Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз, бараме веднаш да се пушти автобус

,, Град Скопје и ЈСП поради својата неспособност ги оставија жителите на Долно Лисиче без градски превоз, а за тоа се правдаат со некакви причини, кои да не беше трагична целата оваа ситуација, ќе ги оценевме како смешни и инфантилни.Остро реагираме на одлуката да се укине единствената линија со број „33“ што го поврзува Долно Лисиче со останатиот дел од Аеродром, поради, како што велат од Град Скопје во демант до медиумите, техничка неисправност на автобусот. Оттаму тврдат дека ЈСП има средства за регистрација на возилото, но тоа е исклучено од сообраќање поради неисправност.Нас како Општина, но и граѓаните на Долно Лисиче не нè интересираат причините за прекинот на градскиот превоз до овој дел од Аеродром, и не планираме да навлегуваме во работата на Градот и на ЈСП, туку бараме веднаш да се изнајде решение и да се пушти автобус на оваа и онака ретка линија.Ова е само уште еден во низата факти кои укажуваат дека Град Скопје е во тотален колапс, за што цената ја плаќаат сите наши граѓани.”, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 година

jsp

Ученици останаа без превоз, ЈСП ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина Аеродром. Причина што автобусот кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема. Жителите се гневни бидејќи тие и нивните деца трпат и секојдневно се снаоѓаат за нешто што им следува и што никој нема право да им го одземе, а тоа е редовниот автобуски превоз.Тројцата возачи кој ја должат оваа линија останаа дома на принуден одмор. Средношколците кои учат во СМУГС „Панче Караѓозов“, од СУГС „Марија Кири Склодовска“, во хемиското училиште, а и во СУГС „Владо Тасевски“, кои ја користат оваа линија, бидејќи друг автобус кој сообраќа од Долно Лисиче и минува директно низ Горно Лисиче, па стасува до Центар, нема. Сега се снаоѓаат како знаат и умеат. Голем дел од учениците задоцнија на првиот училишен ден поради исклучување на оваа линија.Оброзложението од директорот на ЈСП, Драган Кушовски е дека проблемите во претпријатието се решаваат во рамките на можностите.„Проблемите кои ги имаме се решаваат во рамките на можностите и ресурсите кои ги имаме. Како што сум запознаен има друга линија што може да се користи. Линијата не е укината, но ќе проверам кога најбрзо може да се стави во функција“, вели директорот Кушовски за овој голем проблем кој ги затекна учениците на почетокот на школската година.Редакцијата на МКД.мк му појасни на директорот дека приградските линиите со број 31 и 33, иако тргнуваат од Долно Лисиче, имаат сосема различни автобуски постројки на поаѓање и различна траса на движење. Од раководството на ЈСП добивме ветување дека ќе се искористат сите можности за да се врати оваа линија и официјален одговор очекуваме во текот на денешниот ден.На официјалната страница на ЈСП си стои распоредот дека автобусот со број 33 вози иако линијата е исклучена.Јавното сообраќајно претпријатие подолго време се соочува со недостиг на автобуси и со проблеми со превозот. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека работата ја кочат советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не сакаат да ја изгласаат програмата за работа на јавните претпријатија.Премиерот Христијан Мицкоски за овој проблем изјави дека немањето превоз нема да се реши со набавка на нови автобуси бидејќи тоа е процес кој ќе трае и периодов повторно би имало проблеми со превозот.И додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, најмногу трпат граѓаните кои секојдневно имаат главоболки и нервози со што тие да стасаат на работните места, а учениците да стасаат до училиште.”, пишува мкд.мк.https://mkd.mk/uchenici-ostanaa-bez-prevoz-jsp-nema-pari-za-registracija-i-ja-iskluchi-linijata-so-broj-33/

Скопје | пред 1 година

jsp-avtobus

ЈСП: Линијата 33 се исклучува оти возилото е неисправно

“Не проверена е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Причина што автобусот (погоре во текстот приградската линијата со број 33) кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема, објави МКД. Не проверена е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Причина што автобусот (погоре во текстот приградската линијата со број 33) кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема, објави МКД. “. И во самата изјава на В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Драги Кушовски, која ја цитирате подолу не е наведено дека има проблем со регистрација на автобусот.Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на редуцирани возни линии, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за редуциран возен ред поради исклучување на автобус кој сообраќа неколку пати на тој реон, а причина е технички неисправно возило, а не како наведеното дека се работи за финансиски проблем околу регистарцијата на истото. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје има предвидено средства за регистрација на возилата во годишниот план за јавни набавки, и согласно тој имаме активни договори за осигурување на моторни возила од автоодговорност и технички преглед.“. И во самата изјава на В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Драги Кушовски, која ја цитирате подолу не е наведено дека има проблем со регистрација на автобусот.Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на редуцирани возни линии, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за редуциран возен ред поради исклучување на автобус кој сообраќа неколку пати на тој реон, а причина е технички неисправно возило, а не како наведеното дека се работи за финансиски проблем околу регистарцијата на истото. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје има предвидено средства за регистрација на возилата во годишниот план за јавни набавки, и согласно тој имаме активни договори за осигурување на моторни возила од автоодговорност и технички преглед”, вели ЈСП.

Скопје | пред 1 година

B0A7AD1E-7E63-432F-A3D6-F30AED0AC078

(Фото) Автобус на ЈСП остана без гума во Кисела Вода

Проблемите со автобусите на ЈСП станаа скоро секојдневни, а прашањето дали граѓаните се безбедни со јавниот превоз – се погласно се поставува. Утрово, автобус остана без гума, кај Дом за слепи во Кисела Вода. Возилото беше паркирано на последната лента и вон возна состојба. Од фотографиите се гледа дека гумата е целосно искината и излезена од бандажот.Ова не е првпат да се случи истово. „Скопје1“ на почетокот од август објави како гума од автобус буквално излета низ „Партизанска“.Вчера пак, прокисна еден од автобусите.Подолг период се поставува прашањето за исправноста на возилата на ЈСП со кои се превезуваат патници. Летово, значителен дел од нив се расипуваат среде улици и булевари, на еден автобус му испадна тркало среде Партизанска, други се запалија.Директорот на ЈСП, Драги Кушовски уште во јули кажа дека сервисите се одвиваат тешко, бидејќи ЈСП должи милиони.„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.„Скопје1“ на 23 август го праша директорот Кушовски, дали чувствува малку одговорност што се растовараат патници среде улици, но и поради расипаните автобуси. Тој ни одговори: „Ќе проверам“ и оттогаш, не одговори на прашањето.За ужасната состојба е свесна и градоначалничката Данела Арсовска. Досега од неа, јавноста не слушна за план како да се реши проблемот со постоечките автобуси и тие да се поправат. Во континуитет, зборува за набавка на нови, нешто што е неминовно за надминување на проблемите со јавниот превоз, но кои би стигнале дури другата година.

Скопје | пред 1 година

jsp

(Видео) Тече вода и внатре - автобус на ЈСП прокиснат: Надвор врне, автобуси нема. Ајде дојде еден - во него сите стојат а седиштата мокри

Дождот во Скопје, освен улиците, почна да ги покиснува и автобусите. Граѓаните кои се револтирани бидејќи не се следи возниот ред од ЈСП, сега реагираат и поради тоа што водата влегува внатре во возилата. Таков е случајот со автобусот кој утринава се обраќал на линија број 58. Патничка за „Скопје1“ сведочи за катастрофалната слика од автобусот.„Јас како студент оваа утро одам на факултет. Надвор врне, автобуси нема. Ајде дојде еден - во него сите стојат а седиштата мокри. Изгледа цело зимо со вакви автобуси ќе се возиме“, вели студентка од Скопје за „Скопје1“.Подолг период се поставува прашањето за исправноста на возилата на ЈСП со кои се превезуваат патници. Летово, значителен дел од нив се расипуваат среде улици и булевари, на еден автобус му испадна тркало среде Партизанска, други се запалија.Директорот на ЈСП, Драги Кушовски уште во јули кажа дека сервисите се одвиваат тешко, бидејќи ЈСП должи милиони.„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.„Скопје1“ на 23 август го праша директорот Кушовски, дали чувствува малку одговорност што се растовараат патници среде улици, но и поради расипаните автобуси. Тој ни одговори: „Ќе проверам“ и оттогаш, не одговори на прашањето.За ужасната состојба е свесна и градоначалничката Данела Арсовска. Досега од неа, јавноста не слушна за план како да се реши проблемот со постоечките автобуси и тие да се поправат. Во континуитет, зборува за набавка на нови, нешто што е неминовно за надминување на проблемите со јавниот превоз, но кои би стигнале дури другата година.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Стотина автобуси остануваат во гаража: приватните превозници од денеска не возат, а ЈСП и онака нема доволно возила

Започнува училишната година, а приватните автобуси кои требаше да ги заменат и расипаните возила на ЈСП - ќе останат паркирани. Се воведува редуциран сообраќај. Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш  во денот, наутро или навечер. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси. Оваа одлука следи откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат. Но потоа, не даде одговор колку од овие автобуси се поправени, а на улиците се сведочеше уште за други десетици кои се расипуваа, а неколку и се запалија.Во меѓувреме, посебна компанија која работи на линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55 нема да учествува во прекинот. Оваа компанија ќе се придржува до договорот со ЈСП и ќе го одржува редовен распоред на услуги. „Компанијата продолжува да ги исполнува своите обврски според прописите за транспорт и ќе ги одржува линиите во функција“, потврдија тие.Владата го повика градоначалникот да го подмири долгот со приватните превозници за да се реши прекинот и да се обезбедат непречени градски транспортни услуги.

Скопје | пред 1 година

jsp-danela-kusoski-1

ЈСП тоне во проблеми: Директорот си игра „криенка“ со долгот, сервисери откажуваат, не кажуваат ниту колку треба да им се плати на приватните превозници

Градската власт не успева да набави нови делови за расипаните автобуси, а не пак, нови возила. Истовремено, приватните превозници се гневни бидејќи ЈСП не им ги исплаќа фактурите, па решија да кренат рачна и да си ги бараат парите. Во две реченици, ова е состојбата со јавниот превоз во Скопје. Во понеделник, учениците треба да се вратат во училиштата, а во исто време е најавен и стартот на поголемиот хаос во градот.„Скопје1“ пред осум дена побара од ЈСП да кажат, колкав е долгот кој го има претпријатието заклучно со август, но и колку побарувања имаат кои не им се наплатени. Наместо бројки, добивме проширена реченица и криење на информацијата.„Со оглед дека за материјалот кој треба да се прибави од секторот за финансиско работење треба подолг временски период за обработка Ве упатуваме Вашето барање да го упатите преку слободен пристап до информации од јавен карактер, преку соодветната законска постапка“, велат од ЈСП.Истиот однос, го имаа од ЈСП и на прашањата поврзани со приватните превозници. Баравме од претпријатието да кажат колку фактури ЈСП треба да исплати кон приватните превозници (се мисли на сите кои имаат договор со ЈСП) заклучно со 1 август и на кој износ, но и колку фактури досега се исплатени заклучно со истиот период и на кој износ. На ова не добивме никаков одговор.Неколку автобуси се запалија, куп се испорасипаа по градските улици, еден учествуваше и во несреќа за која возачот кажа дека е поради неисправност. „Скопје1“ упати јасно прашање до Драги Кушевски, директорот во ЈСП поставен од Данела Арсовска, дали тој чувствува малку одговорност. На ова, добивме одговор: „Ќе проверам“, за по осум дена – тој да молчи.Претходно, Кушевски, на седница на Совет на Град Скопје самиот призна дека не успеваат да ги сервисираат расипаните автобуси. Тој посочи дека тоа е последица на долгот кој го имаат направено раководствата на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

IMG_6319

“Побрзо стигнав од Јужен Трипол до Скопје, него од Ѓорче до Центар, секоја чест Данела”, граѓаните гневни за ЈСП, директорот проверува дали чувствува одговорност

Поплаките за превозот со ЈСП, се побројни. На социјалните мрежи граѓаните се жалат на хаосот, а тоа го гледаат и посетителите, како и странските туристи. Болна точка се автобусите и нивното недоаѓање на време, но и честото расипување.,,Секоја чест JSP Skopje (ЈСП Скопје) Danela Arsovska. Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, одколку од Ѓорче до Центар!!! Секако после маратонско чекање автобус морав да одам со такси на работа (едвај најдов)! До толку ли не можете еден јавен превоз да средите?! Народот не го заслужува овој хаос!", напиша Силвана Ивановска на својот Фејсбук профил.“Скопје1” веќе побара одговори од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, дали гледа кај себе одговорност за тоа што превозот е и небезбеден. Тој рече: “Ќе проверам” и седум дена не добиваме одговор.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-27-at-08.42.11

(Видео) Контролорот-заканувач од ЈСП ќе си помине неказнет: директорот ја знае снимката и сите детали, ама нема да постапува оти нема пријава од патник

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска, нема намера да го најде неговиот вратен контролор кој се закануваше дека ќе тепа патничка. Кушовски доби точно време, место и линија каде се случи настанот, но тоа на нему не му е доволно за санкционирање и превенција од идни вакви случувања.„Во однос на прашањата поврзани со заканите на контролорот кон патничка, ако се однесуваат и се повикувате на видео материјалот кој излезе на социјалните мрежи, ве известуваме дека Јавното сообраќајно препријатие како општествено-одговорно претпријатие постапува само по добиена пријава на граѓанин, патник (корисник на услугите на ЈСП Скопје). До овој момент, сеуште немаме добиено пријава за упатена закана или било каква злоупотреба на работната позиција за некој вработен во препријатието“, велат од ЈСП во име на Кушовски.Од настанот поминаа десет дена. Од снимката се слуша како контролор упатува закани кон патничка, притоа е арогантен и безобразен.Патниците скоро секој ден имаат низа поплаки од ЈСП. Автобусите неретко се расипуваат, а скоро постојано и доцнат.“Ваква е сликата во ЈСП. Утрово се качив во Центарот, хигиената беше 0. Ова е во автобус со број 2, на 24.08 во 07:25 минути наутро”, вели читател за “Скопје1”.

Скопје | пред 1 година

IMG_6194

(Фото/Видео) Се запали автобус пред Бит пазар, се гаснеше со противпожарни боци

Утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус. Навремената реакција по чадот од моторот - спречи катастрофа. Возачот излезе со две противпожарни боци со кои превенираше поголема катастрофа.Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 1 година

IMG_6194

Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кај Бит Пазар - снимки од дел од расипаните автобуси во текот на месецов

Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кој утрово пред Бит Пазар остана дефектен, а граѓани сведочат дека се запалил. Според ЈСП, било скинато црево за антифриз. За нив, тенденциозно е да се информира дека автобусите постојано се расипуваат.„Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил“, велат од ЈСП.Сепак, како што и претходно информиравме, скоро секојдневно автобуси на ЈСП остануваат дефект по скопските улици, на што сведочат граѓаните. Па така, вчера, беше интервенирано на автобус кој вози на линија 5-ка.Пред два дена, беше влечена со камион автобус на линија 22-ка.Во автобусите, минатата недела имаше и инцидент со контролор, по револт на патничка која не платила карта бидејќи автобусот доцнел цел саат.Минатата недела, исто така дефект остана и 58-ца, чиј возач со саати чекаше помош од колегите.Истиот период, имаше и расипан автобус и на Рекорд, кој беше влечен до база.Исто така пред седум дена...На 12 август, автобус се расипа на Илинденска.И ваквите случаи можеме да ги редиме уште куп. Потсетуваме дека претходно се запанија два автобуси во Бутел и под Железничка. Притоа, еден автобус имаше сообраќајка, а возачот тврдеше дека е технички неисправен.

Скопје | пред 1 година

jsp

Фалсификувано логото на електронската картичка Скопска, се работи за измама со лажен линк

,,ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП.", информираат од ЈСП Скопје

Македонија | пред 1 година

arsovska-jsp-41

(Видео) Првиот дел од снимката со закани кон патничката: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“ знае за состојбите!

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, не го оправдува однесувањето на контролорот кој и се заканува на патничката, но бараше да се објави и првиот дел од снимката која му ја доставивме, а од која се слуша тоа што и го констатиравме – дека патничката не сака да плати карта и си има свои оправдувања. Но, од првиот дел на снимката се слуша и друго, а тоа се поплаките на контролорите и еден од нив вели: „Ало! Не знаете во што мука сме ние!“. Контролорите, на почетокот побарале од патничката да излезе од автобусот, но таа одбила:Во остатокот на снимката се слуша дека контролорот низ пример објаснува дека и вработените во ЈСП плаќаат карти кога се возат, но и одговорот на девојката која посочува дека за разлика од нив, таа не вози автомобил и мора да биде во автобус без разлика на нивната состојба и доцнењето.На крајот од снимката се слуша и како патничката бара за состојбите да бидат запознаени сите, на што контролорот вели дека сите знаат и додава: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“, што асоцирана градоначалничката Данела Арсовска за која нејзиниот екссоветник Умејр Мухамеди обзнани дека патувала таму а дел од трошоците ги платиле скопјани.По барање на Кушовски, го објавуваме и првиот дел од снимката, која во вториот дел ги содржи заканите на контролорот до патничката.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања