ЈСП

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Пензионерка со тешки повреди, пријавила дека ги добила додека се возела во автобус на ЈСП

На 29.03.2024 во 13.00 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје М.З.(82) од Скопје пријавила дека додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Има јавен превоз, вработените во ЈСП ги надминале недоразбирањата

Вработените во ЈСП се предомислија и ги извадија автобусите на улиците, а граѓаните имаат јавен превоз. Наспроти најавите дека поради тоа што им доцни платата за јануари која до вчера ја немаа добиено, ќе штрајкуваат - денеска на терен состојбата е поинаква.„Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Ќе ја сервисираме обврската кон граѓаните“, велат од Синдикатот на ЈСП.Очекувањата на вработените во ЈСП се денеска да добијат плата за јануари.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Скопје пак останува без превоз: Нема плата, нема возење

Скопјани повторно остануваат без превоз, овојпат на еден ден. Вработените во ЈСП немаат земено плата заклучно со денеска, кога е последниот законски рок за исплата. Нема информации од претпријатието, кога платата за јануари ќе биде исплатена. Лути и се на градоначалничката Данела Арсовска, оти ваков договор за донцење – немало.„Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот. Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката (за субвенции на ЈСП). Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок“, вели Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на претпријатието.Тој праша каде ќе им оди душата на виновниците поради кои тие немаат јануарска плата. Стојановски е дециден дека ако нема лата, нема возење односно нема првеоз.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-22-at-10.43.22

Револт на вработените од ЈСП оти остануваат без плати: Немаат ни срце ни душа тие луѓе, ништо немаат

Вработените од ЈСП остануваат да чекаат нова седница на Град Скопје, за да се изгласаат субвенции, со цел, тие да земат плата. Вработените ја исвиркаа одлуката да не се изгласаат парите кои треба да легнат во сообраќајното претпријатие. Тие се пред салата на Советот на Град Скопје.„Немаат ни срце ни душа тие луѓе, ништо немаат“, вака вработените од ЈСП ја коментираат одлуката на Советот на Град Скопје да не се изгласаат субвенции за претпријатието.Според претседателот на Синдикатот, Миќо Стојановски, за саат и половина ќе има нова итна седница, а ако и на нејзе не се изгласаат субвенции, јавен превоз нема да има.„Мене ме интересира платата, мене да ме исплатат, друго ништо. Нивните деца ќе одат во школо, ќе ги возат со коли, ние немаме со што да ги носиме“, кажа вработен во ЈСП.Според Стојановски, вработените остануваат пред Град Скопје.„Ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница. Такви информации добивме, дека ќе има за саат и половина. Ако не се закаже, јавен градски превоз нема да има“, рече Стојановски.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-13.26.37

(Видео) Скопје останува без јавен превоз - советниците не изгласаа субвенции за ЈСП, пари за плати - нема

Јавното сообраќајно претпријатие нема да ги добие субвенциите со кои треба да подели плати, одлучи Советот на Град Скопје. Од нив, 22 гласаа „за“, а пак 13 гласаа „воздржано“. Немаше ниту еден советник кој гласаше „против“.„За одлуката гласале 22 членови, 13 се воздржани. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е донесена“, кажа Славески.Дискусијата траеше повеќе од два часа. Дел од советниците кои и гласаа воздржано, жестоко реагираа на раководењето на ЈСП, бидејќи директорот според нив, трошел недомаќински, а во претпријатието се вработувале партиски кадри. Вработените во ЈСП рекоа дека без да им се даде плата, нема да ги извршуваат работните задачи и одат да штрајкуваат. Ова значи дека Скопје ќе остане без јавен превоз, а со оглед дека ниту приватните превозници нема да возат низ градот.Што се случуваше и текот на настаните - видете [ТУКА]

Скопје | пред 2 години

jsp

Конечна одлука: ЈСП нема да вози по 9 часот наутро

Автобусите на ЈСП утре ќе останат во гаражите, по 9 часот наутро. Ова е конечната одлука на Синдикатот на вработените во ЈСП. Вработените ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму.„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.Ако легнат парите на сметка, возачите ќе ги вратат автобусите на терен.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

ЈСП протестира, автобуси нема, вработените на седница во Град Скопје

Автобусите на ЈСП ќе бидат паркирани во гаражите во Ѓорче Петров и Гази Баба, а утрово возеа само пет часа. Во знак на протест бидејќи вработените ја немаат земено декемвриската плата поради блокади во Град Скопје, тие нема да ги извршуваат своите работни задачи. Наместо тоа, тие ќе одат на вонредната седница во Град Скопје, закажана за во 10:30 часот.„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.Барањата на Синдикатот се јасни, исплата на декемвриската плата и на субвенциите за ЈСП и тоа во целосна сума а не исплата на секои шест или три месеци, како што е една од можностите.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-10.43.22

Ниту приватни автобуси нема низ Скопје - градот на пат да остане без јавен превоз доколку не се изгласаат субвенции за цела година

Ниту приватните превозници не возат низ скопските улици, оти и тие зависат од субвенциите кои треба да ги добие ЈСП. Пред Град Скопје, има околу 400 вработени во ЈСП, кои ќе бараат од советниците да изгласаат одлука за да тие земат плата. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, посочи дека ако се донесе одлука за исплата на средства за само еден месец - градски превоз нема да има.„Како ќе функционира јавниот превоз и како ќе се однесуваат вработените, ќе зависи од денешната седница на Советот на Град Скопје, каде на четврта седница по ред, не се гласаат субенциите за ЈСП. Затоа се собравме во голем број, за да извршиме притисок врз советниците кои не ја носат одлуката. Ако денеска, седницата заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, односно како што мора да заврши, тогаш вечер, јавниот превоз ќе функционира нормално“, рече претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.Тој додаде: „Ако парцијално биде донесена одлука односно одлука месец за месец, што на вработените не им одговара оти се ближат избори кога нема да можат да се носат одлуки, тогаш јавниот градски превоз ќе биде стопиран во наредниот период и нема да се одвива на улиците на Скопје“.

Скопје | пред 2 години

pecakov-3

„Ви се ближи крајот! Не си ги познавате законите“, Пецаков ѝ се налути на Бисера која не дава градење катна гаража во Охрид

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков ѝ порача на власта дека и се ближи крајот, а откако министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојческа, кажа дека катната гаража за Охрид нема приоритет во рејзиниот ресор. Според Пецаков, тој и граѓаните се малтретирани година дена со куп забелешки, а обвини и дека тие кои ги даваат се неписмени.„Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство. За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“‼️ Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно катна гаража“, пишува Пецаков.„Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности. Непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од најбитните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување‼️ И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите‼️ За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава‼️ Ви се ближи крајот“, додава Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-11.22.17

(Видео) Директорот на ЈСП: Да ја донесеме одлуката, да ја изгласаме за овие гладни луѓе надвор

„Да ја донесеме одлуката, да ја изгласаме за овие гладни луѓе надвор“. Ова е повикот од директорот на ЈСП, Крсте Петревски до советниците во Град Скопје. Тој побара ова да се направи за да вработените ги земат заработените пари, а граѓаните да не мрзнат по улиците без превоз.„ЈСП се соочува со недостаток на средства за плата. Јас накратко сакам да образложам неколку моменти. Во јавноста струјат тези дека ЈСП ги троши средствата без отчет пред Советот и без осет. Управниот и надзорниот одбор се изгласани од овој совет и имаат комплетен увид во работата. Јас како директор на ова јавно претпријатие, неколкупати детално сите трошоци, јавно пред сите ви ги образложив, каде се трошат парите на ЈСП“, посочи директорот Крсте Петревски.Според него, во ЈСП нема превработеност, па споредуваше податоци. Петревски кажа дека тезата не држи вода.„Меѓу 40-50 милиони трошиме за нафта месечно, 20 милиони за метан, 30 милиони исплаќаме на приватниците месечно. Само тие трошоци се стотина милиони. Каде се гуми, греење, резервни делови.. Тезата дека нема отчетност сакам во старт да ја побијам. ЈСП месечно од сите приходи прибира 70 милиони денари – билети и договори со школи кои ги возиме“, додаде Крсте Петревски.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-11.28.20

(Видео) Нема партиски вработувања, туку 300 работници помалку во ЈСП, тврди Арсовска и седна до синдикалците

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги поддржа вработените од ЈСП кои ги оставија автобусите и претпријатието и излегоа на протест да бараат плата. Според неа, тезите на советниците дека има партиски вработувања се неточни, а ниту тезите дека ЈСП не е транспарентно како ги троши парите. Таа ги повика советниците да ги изгласаат советниците за да вработените во ЈСП земат плата.„Како што можевте да видите во изминатите денови, од синдикатите на ЈСП имаше реакции, дека со неизгласување на одлуката за доделување на субвенции за ЈСП, средства кои се веќе одобрени и изгласани во буџетот, тие истите се тука со нас и јас им давам поддршка. Тие својата плата ја имаат одработено. Тие работат макотрпно, би сакала да поразговараме за тезите – зошто како советници не сте гласале за одлуката. Првото е транспарентноста и како се трошат парите од ЈСП – на кратко образложи директорот. Управниот и надзорниот одбор го излгасавте вие. Дека целосно и детално сте информирани е видно од извештаите за резултатите кои сте ги добиле“, кажа Арсовска.За обвинувањата за превработеност, Арсовска посочува дека тоа не е точно.„За илустрација, во 2022 година, има намалување од 150 вработени од претходната година, а во 2023 година има намалување за 300 вработени. Вработувањата не се зголемени“, додаде Арсовска.Според неа, расчистени се тие кои не оделе на работа и нема никакви вработувања. Посочува и дека ваква криза може да има и во другите јавни претпријатија.„Некој тука сака да креира ваква слика и во другите претпријатија, кои средства не се гласаат и за таа криза, одговорноста ќе ја носите вие на грб“, посочи Арсовска.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-11.39.12

(Видео) Во времето на Коце, ЈСП функционираше со 150 милиони, а сега со 700 милиони не функционира - зошто?, прашува советничката Андоновска

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Марија Андоновска, смета дека во ЈСП се истураат пари, а нема квалитетен превоз, туку гужви и помалку линии. Таа направи споредба на мандатот на Данела Арсовска со мандатот на Коце Трајановски и праша како може ЈСП да не функционира со над 700 милиони субвенции, а можело со 150 милиони субвенции. Постави низа прашања до директорот на ЈСП, Крсте Петревски.„Како во времето на Коце Трајановски со 150 милиони можеше да функционира, а сега со 700 милиони не може да функционира?! Ве прашуваме што е проблемот, кај се парите – велите ви дадовме извештаи. Да ви го читам извештајот, вие нема да го разберете, не пак граѓаните. Не можеме да ви даваме постојано средства оти не се наши. Треба да кажете како со помалку пари да функционира и да има постојано јавен градски превоз. Зошто да немаат луѓето автобуси, а имало со помалку средства? Се гужваат по автобуси, чекаат по 45 минути минимум“, вели Марија Андоновска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.Таа побара извештај за финансиското работење на ЈСП.„Овој совет има неколку одлуки, се однесуваат на продолжување на одредени автобуски линии, за воведување на автобуски линии, одлуките кои сме ги предложиле и се изгласани, до тука е наша одговорност. Понатака, вие, ЈСП и градоначалникот треба да ги реализирате. Зошто одлуките за минимум пет-шест автобуски линии кои се продолжени, не се направени? И зошто воведување на минимум две линии не е направено тоа. Ова Собрание има одлука со рок, каде бара детални информации за финансиското работење на претпријатието – ги немате доставено. Лага е дека сте доставиле извештаи. Не, сте ни доставиле штури извештаи, а не онакви какви што баравме како Собрание“, додаде Андоновска.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-11.48.12

„Ова е срамота, мизерно и перверзно“, вели заменик-градоначалникот на Скопје за неисплатата субценции за ЈСП

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски и член на Советот на градот, побара да се одобри исплата на субвенциите за ЈСП. Според него, ова што се случува е срамота и изрази поддршка за вработените.„Како може уште да дебатирате, надвор чекаат луѓето да земат плата, јака им душа како прекрцале во декември и јануари. Да излегувате и да прашувате за автобуски линии е мизерно и перверзно“, рече Трајановски.Тој додава: „Во тоа јавно претпријатие не работат луѓе од само една политичка определба, не купувајте вака политички поени“.Укажа дека одговорноста е кај советниците.„Оваа деструктивност не треба да се користи како политика, нема има исход позитивен. Ако мислите дека можете друг да посочите како кривец, се лажете. Одговорноста е кај нас. Граѓаните ни ја дале“, додава Трајановски.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-12.17.36

(Видео) Граѓаните нема да видат нови линии, додека не се купат нови автобуси

Директорот на ЈСП, Крсте Петревски, одговарајќи на советнички прашања во Град Скопје, кажа дека нови автобуски линии нема да има додека не се добијат нови автобуси.„Не е проблем да ги воведеме линиите, изгласајте ги автобусите за ЈСП веднаш ќе ги воведеме. Ресурсите на ЈСП со оваа флота која ја имаме 13 години стара, тие се можностите“, посочува Петревски.Кажа дека трошоците се зголемени, оти цените се повисоки.„Во времето на Коце, нафтата беше 27 денари, платата минимална беше 9.000 денари и споредувате тој период со овој. На крај, за трошоците – на секое прашање ќе ви одговарам. Со претпријатието управува Управниот и надзорниот одбор, директорот извршува. Тие имаат увид за секој потрошен денар. Треба да присуствувате на состанок да видите како се дискутира по седум часа. Ако вас не ве известуваат тоа е ваш проблем“, додаде директорот.Тврди дека не троши пари за ресторани и патувања.„Ако треба три дена ќе ви образложувам за секој денар. За репрезентација и патување, имам 0 денари потрошено. Импутирате доблест и чест, а за тоа да го дискутирате треба да го поседувате“, додаде тој.

Скопје | пред 2 години

filip22012024

(Видео) Јаневски: Вашите вработени директоре немаат плата да земат, а вие се возите со службен автомобил

Она што се случува во претпријатието изминатите две години е целосно крахирање на системот и функционалноста на претпријатието. За ваквата состојба никако не може да се обвини Советот на Град Скопје, бидејќи ние сме локална законодавна власта во градот. Извршната власт во градот се градоначалникот и директорот на ЈСП односно менаџментот на ЈСП, вели советникот во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски на денешната вонредна седница.Јаневски посочи дека во извештаите има ставки за договорни услуги од 200.000 евра, за нематеријални трошоци од 350.000 евра, потенцирајќи дека нејасно е каде се потрошени тие пари.Ние како локална законодавна власт вршиме контрола врз извршната власт. Затоа вие кога нас ни велите, не можеме за извештајот да поставуваме прашања, тоа е нелогично, бидејќи ние сме тука да дискутираме за извештаите на сите претпријатија и да поставуваме прашања за нејаснотите и нелогичностите кои ги има во тие извештаи. Велите дека истата форма била на извештаите децении наназад. Но, тоа не е точно. Првиот квартален извештај има различна форма, вториот квартален извештај има различна форма. Таму имате ставки кои велат 12 милиони денари договорни услуги, кои се тие договорни услуги од 200.000 евра. Што се договарате толку за 200.000 евра? Пишува други нематеријални трошоци 21 милион денари или 350.000 евра. Кои се тие други нематеријални трошоци од 350.000 евра? Тоа се тие прашања за кои ние бараме одговори, бидејќи е нејасно каде се потрошени тие пари, истакна тој.Јаневски потсети дека советниците до сега за ЈСП изгласале помош од 12 милиони евра, укажувајќи дека на седницата на 14 ноември, директорот велел дека тие 2 милиони евра кои ги изгласале во советот ќе бидат доволни за исплата на ноемвриската и декемвриската плата.Што се однесува за грижата за вработените во ЈСП, да ве потсетам ние на 14 ноември имавме деветта вонредна седница на која што изгласавме дополнителни 2 милиони евра за субвенции за ЈСП, на што директорот ни кажа дека тие ќе бидат за декемвриските плати. Првично дадовме 10 милиони евра, па дадов 2 милиони евра и ни беше ветувано дека со тие пари целосно ќе се покрие годината и ќе се заврши. А сега ни кажувате дека декемвриската плата не ја земале. И сега се поставува прашањето како успеавте да го доведете претпријатието до ова дереџе, праша Јаневски.Јаневски нагласи дека во време на Коце Трајановски субвенциите за ЈСП биле 150 милиони денари, додека сега со Данела Арсовска субвенциите се 750 милиони евра, или 600 милиони денари повеќе.Кога Коце Трајановски бил градоначалник 150 милиони денари биле субвенциите, а сега се 750 милиони денари повеќе. Тоа се 600 милиони денари односно 10 милиони евра повеќе. Па ние во 2022 година изгласавме субвенции од 525 милиони денари, а ЈСП ја заврши годината со загуба од 384 милиони. Па тоа е дупка од над 900 милиони денари, дециден е Јаневски.Јаневски му порача на директорот на ЈСП дека додека неговите вработени протестираат, тој го користи службеното возило платено токму со нивни пари.Вашите вработени директоре немаат плата да земат, а вие се возите со службен автомобил, платена со нивни пари. Ако веќе се грижевте ќе дојдевте со нас да разговараме за сите нејаснотии, да ги објасните, му порача Јаневски на директорот на ЈСП.Јаневски вели дека Советот упорно одобрува пари за ова претпријатие, а упорно и упорно не ни се даваат одговори каде се трошат парите.Значи ние упорно и упорно истураме пари во ова претпријатие, а упорно и упорно не ни се даваат одговори каде се трошат парите. Минатата година беа дадени рекордни 740 милиони денари, 12,5 милиони евра на ова претпријатие, а сега допрва ќе видиме со колкава загуба ќе ја заврши 2023 година кога ќе стигнат извештаите. Знаете ли кој е концептот на субвенции. Помош при потешкотии во работењето. Ние гласаме потешкотии на работењето за 2024 година, а годината уште не е започната. Знаете што значи ова? ЈСП не може ниту плати да ги исплати на своите вработени без од градот да има над 10 милиони евра секоја година дадено, тоа е 10 проценти од буџетот на градот. Тоа се помалку пари за булевари, водовод, улици, заклучи Јаневски.Јаневски порача дека нема да ја поддржат точката за дополнително давање на помош на ЈСП, додавајќи дека вработените во ЈСП треба да се обратат до нивниот директор бидејќи тој не им обезбедил плата.Ние нема да поддржиме ваква точка, не за вработените да не земаат плата, туку тие треба со својот проблем да отидат кај директорот на ЈСП. Тој не им овозможил плата, тој им е директор, порача Јаневски.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања