ЈСП

slaveski-5151

(Видео) Наместо за платите во ЈСП, дискусија за телефонот на Славески: Пинот е 220960, отклучете, видете

Советничката Ирена Витина, која во ноември лани го напушти ВМРО-ДПМНЕ и остана да дејствува како независна советничка во Советот на Скопје, пак се скара со претседателот на Советот, Трајко Славески. Таа посочи дека тој нема концентрација и куца на телефон, односно дека добива инструкции.Славески ѝ го понуди телефонот таа сама да се увери дека тоа што го кажува не е точно и да го задржи кај неа. Таа одби. Потоа Славески отиде на говорница и го кажа пинот и пак го понуди телефонот.„Пинот е мојот роденден, 220960.. Користам Вибер, Телеграм, Сигнал. Ќе го оставам телефонот тука, се заклучува на две минути, отклучете го“, кажа лавески.Потоа, тој кажа дека не се правда. А Витина врати: „Сега не ви ѕвонат, таква е насоката, а постапувате како ќе ви кажат“.

Скопје | пред 2 години

JSP-avtobusi1-1-750x430

ЈСП пријави двојно поголема загуба

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ до Град Скопје пријави загуба од 6,2 милиони евра во 2022. Приходот од 28 милиони евра бил недоволен за да се оствари одржливо салдо.Од таму ја информирале градската управа дека ова е двојно поголема загуба во работењето во споредба со 2021 година кога минусот беше 3 милиони евра, објави СДК.Сега од Град Скопје бара да им се покрие минусот, што ќе се разгледува на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во четврток.„Загубата од работењето во 2022 годин е 384 милиони денари или 6,2 милиони евра. Загубата останува непокриена. Во текот на 2023 година основачот Град Скопје да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени сите законски резерви на ЈСП Скопје, па согласно Законот за јавни претпријатија основачот да изврши докапитализација на претпријатието“, стои во одлуката доставена до Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

JSP

ЈСП денес вози по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.Дежурни од 6 до 13:30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

ЈСП го укина бесплатниот превоз, еден ден откако го воведе за да се исчисти воздухот

Од утре нема повеќе бесплатен јавен превоз во ЈСП. Ова го соопштија од претпријатието. Мерката траеше еден ден.„Ве информираме дека од утре, среда (28.12.2022 год) прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста“.

Скопје | пред 3 години

jsp

Алармантната состојба со воздухот во Скопје, донесе бесплатен превоз во ЈСП

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерствтото за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспедндирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.29

Проблемот со приватните превозници се продлабочува, Арсовска им порача дека нема да можат да се јават на новиот повик

„Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје“, вели Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.Таа додава:Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, сигурна и стандардизирана услуга.Што се однесува до јавниот повик, истиот ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба - тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници.

пред 3 години

JSP-avtobusi-parkirani

Хаос во ЈСП: Нема гориво, има дефекти - Скопје може да остане без превоз

Градскиот автобуски превоз на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е пред колапс, така што постои опасност утрешниот ден да почне со многу проблеми за скопјани кои на работа патуваат со автобус, алармираат возачи и вработени во јавното претпријатие со кои конктактираше Плусинфо.– Од петокот од 17 часот нема нафта во гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Денеска 3-4 автобуси на ЈСП останаа на улиците без нафта. Во моментов десетина автобуси се принудени да се повлечат во гаражите. Секој момент може да се случи кинеските двокатни и украинските автобуси да немаат повеќе нафта за возење – велат изворите на Плусинфо од ЈСП.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

jasp

Aвтобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град

Денес автобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените.Советот на Скопје донесе одлука за пренамена на средства за исплата на плати за вработените, а градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на институциите кон ЈСП, но и одговорност од раководството и сите кои придонеле за лошата состојба во претпријатието.Скопјани вчера по прв пат останаа без услугите на јавниот градски превоз, поради проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП.Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење линиски превоз за студенти и ученици во средно образование.

Скопје | пред 3 години

jsp

Бадијала чекате, автобуси на ЈСП - нема

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утринава во пет часот, на почетокот на работното време, останаа во гаража.Скопјани бадијала ќе чекаат на станица, автобусот нема да дојде.Вработените на ЈСП ќе бидат во автобазите на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда.На вонредната седница на Советот на Град Скопје, вчера се одвиваше расправија, а присутните меѓусебно си ја префрлаа вината. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а и советниците на СДСМ вината ја гледаат во локалната власт.Арсовска пак, повторно имаше расправија со претседателот на Советот, Трајко Славевски, а на советниците им порачуваше да не шират лаги во јавноста.Заклучокот е дека за прв пат во својата историја, Градот Скопје останува без јавен превоз.

Скопје | пред 3 години

2

Коментар на денот: Вие од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, сосе шушумигана Данела, обезбедете плати, JСП утре мора да не' вози

Новинарката Соња Христовска Угриновска реагираше на социјалните мрежи откако ЈСП прогласи штрајк. Таа вели дека не може да не возат, без законски прогласен штрајк.„Не слушнав дека ЈСП прогласи штрајк!Како тогаш нема да не' возат, без законски прогласен штрајк?Синдикатот вика, нема да ве возиме, зашто сме гладни! И ладно, од утре нема да возат во поламилионски град.Законот вика дека во случај на штрајк или спор на дејностите од општ интерес или во оние каде прекинот на работата може да го загрози животот и здравјето на луѓето или да нанесе штета од големи размери, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање!Незаконски штрајк повлекува последици за организаторите и учесниците.Така да. Едно е протест. Друго е штрајк.ЈСП утре мора да не' вози.Убаво би било медиумите да се сетат и на овој аспект.А вие слоти во Совет на Град Скопје од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, сосе шушумигана Данела, обезбедете плати за возачите кои имаат многу одговорна работа и чесно ја работат, за да не ви дојдеме пола град пред баракичкине картонски и да ве оддуваме“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

JSP-avtobusi1-1-750x430

JСП денес на протест пред владата

Вработените во ЈСП Скопје денес на пладне ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати.-Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од денеска,12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП, соопшти вчера генереланиот секретар при Град Скопје, Зоран Глигоров.Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, се додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП.

Скопје | пред 3 години

JSP

Средношколците од прва година, билети за автобус ќе добијат во училиште

Ги информираме учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта, велат од ЈСП.Тие додаваат:Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје.Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Возачот на ЈСП кој претепа патник е суспендиран, се гледаат снимките

Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.Министерството за внатрешни работи го потврди немилиот настан кој вчеравечер се случил во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Воведени две дополнителни редовни автобуски линии на ЈСП - Скопје

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно.Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по ул. 1646, ул. Благоја Стефковски, бул. Александар Македонски, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори Македонски, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски и бул. Мајка Тереза и обратно.Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Арсоска: Жал ми е што ЈСП ќе штрајкува, не знам зошто има потреба од вакви активности

Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават, но не најави како ќе го спречи ова.„Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат“, кажа Арсовска.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања