ЈСП

avtobus-policija

(Видео) Контролор на ЈСП се заканува на патничка: Да беше маж, ќе беше тепан, седи мирна!

Снимка од која се слуша како контролор на ЈСП се заканува на девојка со реченицата: „Да беше маж ќе те тепав“, стигна до „Скопје1“. Од неа, се слуша непримерно однесување и закана од контролорот, а откако, патичката одбила да плати карта со укажување дека автобусот го чекала 50 минути и доцнел, а нејзината плата не и дозволува да се вози со такси.„Ти да си маж, нема вака да поминеш, биди сигурна!“, и вика контролорот на патничката, а таа го прашува: „Ќе ме тепаш?“, на што тој враќа: „Сто осто маж ќе биде тепан!“.Патничката го прашува: „Сакаш да те снимам сега?!“, на што контролорот на висок тон продолжува: „Ало, да е маж ќе го тепам биди сигурна, ти кажувам“. Патничката во останатиот дел од снимката ми посочува на контролорот му кажала работи за ЈСП кои побарала да ги пренесе до Централа, дека не се бунтува само таа, туку и други патници, на што тој и приоѓа и вели: „Пшш, седи мирна!“.Дополнително, друг контролор почнува да се жали: „Дали зимаме плата или не зимаме, никого не го интересира!“.Целата драма се одвивала во средата (14.08) во автобус кој се обраќал на линија 4А. Останатите патници сведочат дека контролорот бил дрзок и безобразен кон патничката. Патничката сакала да го сними инцидентот, но не можела.Инцидентот доаѓа во време кога жителите на Скопје чекаат и повеќе од еден час да дојде автобус, а тие се расипуваат низ булеварите, неретко и се запалуваат. ЈСП кубури со кадар, со нафта, но и со делови. Револт поради неисправните автобуси има и кај вработените.За случајот, „Скопје1“ го извести и директорот Драган Кушовски, кој веднаш одговори дека ќе направи проверки и ќе информира за резултатот од истите.

Скопје | пред 1 година

nesrekja-avtobus-kola

Возач на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајка: загина 17-годишник, а уште едно лице е во критична состојба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец постапувајќи по кривична пријава, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 12 август, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи автобус сопственост на ЈСП Скопје по општинскиот пат Шуто Оризари –Горно Оризари, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.Кога дошол во близина на крстосница со сервисна улица која го поврзува општинскиот пат со улицата “Александар Урдаревски”, постапил спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока.Дејствието го сторил невнимателно, без претходно да се увери дека може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот и имотот, не водејќи притоа сметка за положбата, правецот и брзината на движење. Како резултат на наведениот пропуст со предниот лев дел од автобусот се судрил со автомобил “Форд галакси” со скопски регистарски ознаки, со кого управувал 17-годишник кој немал стекнато право за управување со моторно возило.При ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а неговиот сопатник во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност.Надлежниот јавен обвинител за осомничениот предложи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, привремено одземање на возачката дозвола, забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице.

Скопје | пред 1 година

nesrekja-avtobus-kola

(Фото) Се судрија автобус на ЈСП и дрвокрадци на патот Шутка за Оризари

Дрвокрадски се судриле со автобус на ЈСП. Несреќата се случи на патот што оди од Шутка за Оризари.Според првичните информации, нема повредени лица.На патот, испаднаа дрвата кои дрвокрадците ги носеле со возилото, а причинета е поголема материјална штета.

Скопје | пред 1 година

avtob

(Видео) Автобус на ЈСП со патници остана без гума, потврди директорот: едната пукнала, другата се тркалаше по Партизанска

Една гума пукнала, другата од притисокот излетала на булеварот „Партизански одреди“, посочува директорот на ЈСП, Драги Кушовски за „Скопје1“ откако објавивме снимка од која се гледа целиот инцидент. Според директорот, кога возачот увидел што се случило, одма го запрел автобусот.Директорот посочува дека во автобусот имало неколку патници, но не и повредени. Во МВР до пладнево, инцидентот не бил пријавен.Од снимката се гледа како гумата стотина метри се движи долж булеварот, па завршува на тротоар.Автобусите на ЈСП станаа “распад систем”. Постојано се расипуваат, некогаш и среде булевари. Најстрашен беше примерот кога автобус влета на жардењера, а возачот сведочеше дека причината е неисправност. Изминатиот месец, два автобуси се запалија, од кои еден под Железничка, друг во Бутел 2.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-06-at-17.04.39

(Видео) Автобус на ЈСП паркиран, гума „лета“ низ „Партизанска“ – директорот и претпријатието молчат!

Снимка на која се гледа како автобус е паркиран среде Партизански одреди, а пред него има излетана гума, додека непосредна близина нема други возила, доби „Скопје1“. Според неофицијални информации, станува збор за уште една несреќа на ЈСП. Лицето кое ни ја прати снимката тврди дека гумата е од автобусот на ЈСП.За потврда на оваа информација се обративме до јавното претпријатие. По теркот на градоначалничката Данела Арсовска, и тамошното раководство назначено од неа, не одговори на прашањата. Го исконтактиравме и директорот Драги Кушовски телефонски, а тој не одговори ниту на прашањата кои ги доби по СМС, ниту на повиците.Автобусите на ЈСП станаа “распад систем”. Постојано се расипуваат, некогаш и среде булевари. Најстрашен беше примерот кога автобус влета на жардењера, а возачот сведочеше дека причината е неисправност. Изминатиот месец, два автобуси се запалија, од кои еден под Железничка, друг во Бутел 2.

Скопје | пред 1 година

IMG_5225

(Видео) Се запали автобус во Бутел

Се запали автобус во населбата Бутел 2.Стаклата на автобусто распукале, чад го зафатил целото возило.На помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада.Повеќе детали се очекуваат во текот ма денот, нема информации за повредени лица.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-20-at-12.31.03

(Видео) Автобус на ЈСП се запали на Железничката станица во Скопје

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали на Железничката станица во Скопје. Според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана Противпожарна бригада, со што се спречило негово проширување.Во моментот на несреќата, во него немало патници, сведочат граѓани. Ова доаѓа по околу две недели откако автобус на ЈСП имаше сообраќајна несреќа и се качи на жарденери, а возачот обвини дека тој бил неисправен. Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој беше поставен пред помалку од месец, остро реагираше и кажа дека сите автобуси кои вршат превоз на патници се исправни.Потоа, полицијата запираше автобуси, кои ги испраќаше на технички преглед, а еден од нив беше и на ЈСП.Детали како избил пожарот не се познати.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.31.54

(Видео) Ужасна се состојбата со ЈСП: Од септември ќе биде полошо, тоне во долгови, нема автобуси, откажуваат сервисите поради неплатени сметки!

„Не можеме да го опслужуме ни летниот возен ред“, призна директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој на функцијата не е ни цел месец.Најави дека од септември со зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде далеку полоша.„Од денешен апсект, да не ни се расипе ни еден автобус, ќе недостасуваат 100 автобуси. Во моментов има недостаток од 40-50 автобуси“, рече тој.Посочи дека и сервисите на автобусите се одвува тешко, дека има долгови кон добавувачите.„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.

Македонија | пред 1 година

451001856_10159908318116245_5893143132112351475_n

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

Скопје | пред 1 година

IMG_4935

КСОМ и возачот на автобусот што удри во жардиниера тврдат дека возилото било технички неисправно

Двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ вчера околу 14 часот удри и се качи на жардиниера на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во скопски Центар.Според возачот, несреќата се случила поради техничката неисправност на возилото. Тој ова го кажа на прес-конференцијата која пред управната зграда на ЈСП денеска ја одржаа претставници на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ), кои посочија дека и покрај неколкуте алармирања, автобусот повторно бил пуштен во сообраќај како исправен.„Јас го приметив автобусот дека не е исправен. Јас ќе пријавам дефект и утредента истиот автобус го земаме со потпис и печат дека е сервисирано и исправно е за линија. Со години сообраќам на линијата 2-ка, од Сарај до Автокоманда и обратно, ги знам најситните дупки. Таа линија ја возам и мене не може такво нешто да ми се случи. Мене ми побеле коса од волан и сега јас целиот се ежам додека зборувам. Жал ми е за патниците, пред се, кои добија стрес и за мене исто така“, рече возачот на автобусот.Според претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, директен виновник на вчерашната несреќа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.„Замислете доколку такво нешто се случело тогаш, затоа што се работи за технички проблем на автобусот, додека шоферот максимално направил што можел“, вели Ристески.Ристески вели дека за конкретниот автобус неколкупати било пријавувано дека е технички неисправен, но и покрај тоа бил пуштен во сообраќај, а пред извесен период, како што рече, го користеле на линија до Водно.

Скопје | пред 1 година

IMG_4939

(Видео) Во автобусот на ЈСП кој се качи на Жарденери имало патници: три жени се во болница!

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП излета од коловозот.Со Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.Полицијата е на местото на сообраќајката каде врши увид. Повеќе детали најавуваат за подоцна.

Скопје | пред 1 година

IMG_4935

(Видео) За малку да се преврти: Автобус на ЈСП се качи на жарденери кај Мавровка

Автобус на ЈСП удри, па да се качи на жардинери во близина на Мавровка. Засега не е познато дали имало патници во него и дали има повредени.Според првичните информации, има само материјална штета. На улицата има траги од течност, најверојатно од автобусот.Повеќе информации подоцна од МВР.

Скопје | пред 1 година

279182601_517070986781958_2641926417678271177_n

Приватните автобуси од петок нема да возат, не им платилe од јануари

Приватните превозници од петок нема да возат, бидејќи ЈСП „Скопје“ повторно не им плаќаат за услугата. Заклучно со јуни им се должи 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра.Денеска возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.„Последна исплата имавме за јануари и тоа само 35 проценти од сумата. Веќе не можеме да издржиме. Сакаме да им се извиниме на граѓаните и да им кажеме да не чекаат приватни автобуси на топлово оти нема да возиме“, кажа Оливер Петрушевски, возач кај приватните превозници.Велат дека имале средба со ексдиректорот Крсте Петревски кој им ветувал исплати, но сега ЈСП има нов директор Драги Кушовски, кој уште не ги примил на средба и немаат никакви најави дека ќе добијат пари.Скопје без приватни автобуси остана и во ноември 2022, исто така поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш Арсовска го раскина договорите со превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ велејќи дека на градот не му требаат приватни автобуси.

Скопје | пред 1 година

jsp

Јавниот превоз е во незавидна состојба, граѓаните постојано се жалат за нередовни автобуси, велат од Град Скопје

,,Пред советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани треба да се заменат со нови, а советниците на ВМРО ДПМНЕ кои ветуваа нови еко автобуси пред скопјани веќе две години не го исполнуваат ветеното.Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да се охрабрат да гласаат за реализација на ветувањата кои ги имаат дадено за нови еколошки автобуси, на секоја седница им предлага банката која ќе го финансира проектот како и условите за набавка да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука можат единствено тие да ја донесат и да се помогне скопјани да не чекаат ни минута повеќе на автобуските станици.За унапредувањето на линискиот превоз на патници, да се обезбеди ефикасен и еколошки превоз кој нема да загадува, неопходно е редовно обновување на автобусите, а досега според програмата требаше да се набавува секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години не ја гласаат одлуката. Иако е доставена одлука за нови автобуси за следната седница, Претседателот на Совет Трајко Славески спротивно на деловникот и статутот, воопшто не ја става точката на дневен ред за гласање со што го зголемува незадоволството на скопјани поради дотрајаните автобуси. Единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје и од кои зависи дали ќе има нови еко автобуси и подобар превоз.Со реформирање на автобускиот превоз и сукцесивно обновување на возниот парк на ЈСП Скопје со нови еколошки автобуси, ќе се реши проблемот за кој граѓаните постојано се жалат за нередовни автобуси, но нивните реакции нема кој да ги слушне бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје, не гласаат за набавка иако тоа го ветуваа пред граѓаните на локалните изборите во 2021 година.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која лично континуирано изјавува дека ја поддржува.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

jsp

ЈСП утре со неделен возен ред поради неработниот изборен ден

Јавниот превоз во Скопје, утре ќе функционира по неделен возен ред а жичарницата на Водно нема да работи, соопштија од јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров“, стои во соопштението.Инаку, Владата пред една недела одлучи дека 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови за сите граѓани на државата, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања