„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кавадарци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Една година затвор за кавадарчанец кој прегази полицаец при легитимирање

Основниот суд во Кавадарци изрече казна затвор од една година за 46-годишен жител на Кавадарци, кој намерно прегази полициски службеник при обид за легитимирање, соопшти Обвинителството.Инцидентот се случил на 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи возило „фолксваген“, не запрел на знак од полициски службеници. Откако бил опколен од две полициски возила на една крстосница во градот со цел да биде запрен, тој со возилото се залетал кон полицаец кој излегол од службениот автомобил за да го легитимира.Како што информира Обвинителството, обвинетиот го удрил полицаецот во пределот на стомакот и левата нога, по што удрил и во полициското возило и продолжил да вози. Полицаецот се здобил со повеќе телесни повреди.Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против осомничениот за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот бил лишен од слобода на 25 декември и следниот ден изведен пред суд, каде го признал делото.Со пресудата, судот го огласи обвинетиот за виновен и му изрече казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата му одреди мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Македонија | пред 2 дена

media-librarygh60gmt9ar5daHAJ3Jt

Илија Панов – Јапан осуден на 16 години затвор за убиството на Сузана во Кавадарци

Илија Панов, познат под прекарот Јапан, е осуден на 16 години затвор за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана – фемицид што ја потресе македонската јавност.Злосторството се случило меѓу 20 и 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Сузана лежела во спалната соба, зад вратата, а просторот бил целосно разфрлан – траги кои покажувале дека претходела брутална семејна расправија.Трагичниот момент го открила нејзината ќерка, која, откако мајка ѝ не одговарала на телефонски повици, решила да дојде во станот. Таму наишла на хорор-сцена која го покрена целиот град.Жителите на Кавадарци зборуваа дека Сузана имала тежок живот, исполнет со социјални и здравствени предизвици, додека за Илија Панов истакнуваа дека долги години се борел со зависност од дрога и проблематично однесување.Како што соопшти обвинителството, Панов при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата партнерка. Обвинителниот акт утврдил дека тој, свесен за своите постапки, насилно ѝ го затворил носот и устата, предизвикувајќи механичко задушување. Обдукцијата ги потврдила овие наоди. ДНК траги беа најдени под ноктите на жртвата, а кај Панов беше констатирано дека во исказите има висок степен на лага. Тој се обидуваше да создаде алиби дека не ја убил жртвата, односно дека не бил во домот во критичниот момент.За делото што го сторил – убиство извршено при семејно насилство – законот предвидува максимална казна доживотен затвор. Сепак, судот денеска му изрече казна затвор од 16 години.Овој случај останува едно од најстрашните убиства од почетокот на годината и повторно ја отвора дебатата за институционалната заштита на жртвите од семејно насилство, како и за механизмите кои треба да ги спречат сторителите – особено оние кои се познати по насилно или зависничко однесување – да ги загрозат животите на најблиските.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

ОЈО Кавадарци поднесе обвинение против три лица за закани и ширење омраза кон градоначалникот

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение до надлежниот суд против три лица за кривичното дело загрозување на сигурноста според член 144 од Кривичниот законик. Првообвинетиот дополнително се товари и за продолжено ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем по член 394-г.Според обвинението, првообвинетиот подолг временски период објавувал содржини со говор на омраза, навреди, повици на насилство и директни закани кон градоначалникот на Кавадарци. Тој на својот Фејсбук-профил споделувал и фотографии од градоначалникот и неговите малолетни деца, а објавувал и видеа во кои пука со автоматска пушка и пиштол, претставувајќи ги како доказ за сериозноста на неговите закани.Од јули оваа година, обвинетиот започнал и директно да му се јавува на градоначалникот преку телефонска апликација, испраќајќи закани по неговиот живот и по безбедноста на неговото семејство.Второобвинетиот, исто така преку телефон, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет, додека третообвинетиот во коментари на Фејсбук дополнително упатувал закани за убиство.Обвинителството соопшти дека првообвинетиот, кој има македонско и бугарско државјанство, претставува ризик од бегство и потенцијална опасност повторно да го изврши делото. Поради тоа, до судијата за претходна постапка поднесен е предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryf2gbjmdfoo8tdKuVrAE

(Видео) Лукас обвиен со македонско знаме ја изведува „Јовано Јованке“, по приведувањето напиша „Ја сакам Македонија“

Познатиот пејач Аца Лукас, на мрежата„Инстаграм“ утрово објави видео од изведба на македонската песна „Јовано Јованке“.На видеото од настапот тој е обвиен во македонското знаме и свири на ударен инструмент.Тој под видеото напишал: „Ја сакам Македонија“.Лукас ова го објавил откако за време на настап во угостителски објект во Кавадарци беше приведен.МВР соопшти дека при акциска контрола било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена и парична казна.При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и прекршување на Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 месец

2059087055622723752c949419523457_v4_big

Парично и прекршочно казнет: Аца Лукас настапувал без дозвола

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект.Според информацијата од МВР, при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола.„Утврдено е дека лицето од Република Србија настапувало без потребна дозвола. За сторениот прекршок до Основниот суд Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. Лицето е спроведено во Основен суд Кавадарци по скратена постапка, каде му е изречена парична казна“, стои во соопштението на МВР.При контролата, според полицијата, во локалот биле забележани и други прекршоци: неиздавање фискална сметка, непочитување на правилата за пушење и присуство на гости над дозволениот број. За сите овие прекршоци ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

aca-lukas-2

Полициска интервенција го прекина настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат локал во Кавадарци, но настапот што започнал во одлична атмосфера бил ненадејно прекинат околу полноќ. Според сведоштва на присутни, објавени од повеќе веб-портали, полицијата влегла во објектот и го прекинала настапот.„Атмосферата беше супер, сè додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа видовме дека дојдоа полициски службеници“, раскажуваат гости за Викимедиа. Според нив, пејачот кратко негодувал и се расправал со службениците, по што заминал со нив.Публиката околу половина час чекала повторно да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека Лукас е однесен во полициска станица. На социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата, обидувајќи се нешто да им објасни на службениците.Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за причините за интервенцијата.И покрај инцидентот, останува најавениот голем концерт на Аца Лукас во Скопје, кој треба да се одржи на 20 декември во Арена „Јане Сандански“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Мајка нападнала шестмесечно бебе во Скопје, пренесено е на скопските клиники

23-годишна жена од Кавадарци е уапсена откако физички го нападнала своето бебе.Денеска (10.11.2025) во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

lisici

Хорор во Кавадарци: Го убил сопствениот брат, па го влечел телото од домот во шупата за да го крие

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.-Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, се вели во соопштението на обвинителството.Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 2 месеци

45378819_869472936776676_5451244269576650752_n

Осуммина кавадарчани насилно влегле во дом и нападнале брачен пар

Група лица ги искршила вратите и покуќнината во дом на сограѓанин и физички го нападнала сопружничкиот пар.Во периодот од 22:05 до 01:25 часот во Кавадарци, полицијата извршила разговор со осум лица осомничени дека ја оштетиле влезната врата и нападнале брачен пар во нивниот дом. По документирање ќе бидат поднесени пријави, информира МВР.

Македонија | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

По смртта на Панчо Минов, носителка на независната листа во Кавадарци ќе биде неговта ќерка

На веб страницата на Државната изборна комисија се направени измени, имено по смртта на носителот на независна листа за Кавадарци, Панчо Минов, носител на независната листа за советници ќе биде неговата ќерка Лимба Минова Златевска.Според Изборниот законик, во случај на смрт на кандидат на советник, се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите. Ако кандидатот што починал е носител на листа, како што додава, носител ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов беше носител на независна кандидатска листа за советници во Општина Кавадарци за претстојните локани избори кои ќе се одржат на 19. октомври.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4q48ufn5p23reRj0oxu

Почина Панчо Минов, еден од најпознатите македонски политичари

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67-годишна возраст.Минов во два мандати беше градоначалник на општина Кавадарци од 2000 до 2009 година.Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази жалење за смртта на Панчо Минов.-Со тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и уважен човек.Ќе го паметиме по неговата посветеност и човечност. Сочувство до семејството и сите негови пријатели.Нека Господ му подари вечен мир, а на неговите најблиски утеха и сила, напиша Спасовски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykb9lktfgrla82ukZPsY

(Фото) Гореше куќа во Кавадарци

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информира дека екипите на Територијалната противпожарна единица Кавадарци со три возила и брза интервенција успеале за само половина час да го стават под контрола пожарот во куќа во селото Горна Бошава.„ТППЕ Кавадарци со три противпожарни возила и навремена реакција, за само 30 минути од приемот на повикот пристигна во с. Горна Бошава. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот во куќата е ставен под целосна контрола,“ објави Јанчев.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-09-135509

(Видео) „Мрш бре“! Марија Шерифовиќ луто се обрати кон девојче во публиката на настапот во Кавадарци

На последното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, што се одржа минатиот викенд во Кавадарци, српската пејачка Марија Шерифовиќ се најде во центар на внимание не само поради настапот, туку и поради една неочекувана реакција кон публика.Додека пееше и се движеше меѓу публиката придружувана од обезбедувањето, девојче од првите редови се обиде да посегне по нејзиниот микрофон. На тоа, Шерифовиќ збунето ја погледна и се слуша како вели: „Мрш бре“.Сцената е забележана на видео што брзо се прошири на TikTok и предизвика поделени реакции. Дел од јавноста ја критикуваат пејачката, нарекувајќи ја надмена и недолична кон своите фанови. Други, пак, ја оправдуваат, со коментар дека никој не треба да си дозволи самоволно да посегне по микрофонот на изведувачот, без оглед на ентузијазмот. @goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound - Good_boy_

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.44.03

(Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, еве тече песната „страдаме од нашите душмани“, му рече Силјановски на Јанчев

Јавната дискусија за тоа кој треба да настапува на „Кавадаречки гроздобер“, а која се води меѓу пејачот Спасен Силјановски и градоначалникот на градот Митко Јанчев, продолжува. Откако Јанчев му порача на Силјановски „Дојди во Кавадарци да видиме колку публика ќе донесеш“, пејачот му одговори јавно, преку видео.„Ме омаловажи мене, ја омаловажи македонската естрада. Во позадина тече песната 'Ние страдаме од нашите душмани', една од омоите омилени песни. Јанчев се најде прозван, со обвинувања дека сум ги навредил изведувачките, него и манифестацијата - а тоа не е точно. Не се навредени ниту изведувачите од Србија, ниту нашата манифестација, туку вие ја отсликавте таа слика да личи на Роштилијада, бидејќи поканувате српски изведувачи на македонска традиционална манифестација. Го правите Кавадарци да личи на Врање. Јас сакам да биде побогата, па затоа изнесувам критики. Ја имам таа должност како човек што ја сака својата нација, култура, музика, спротивно од вас!“, рече Силјановски.Пејачот додава: „Да, јас прашав каде сте градоначалник бидејќи ако дојде некој на манифестацијата, ќе се запраша дали е во Лесковец на роштилијада. Ви пропаѓаат обидите да наметнувате реторика дека сум ве навредил вас и манифестацијата“.Силјановски му порача на Јанчев дека ги омаловажува македонските пејачи односно изведувачи.„Ја омаловажувате македонската музика. Вие ги понижувате сите мои колеги, сосе дојените. Тврдите дека вашето место е само за ѕвезди од Балканот. За мене се ѕвезди Васка Илиева и Сариевски. Не знам кои се за вас ѕвезди!“, додаде пејачот.Му замерува и на речникот.„Споменувате бројки, викате 'дојди ти да видиме колку публика ќе донесеш', тоа знаете како звучи: како две првачиња кои викаат 'ајде да се пробаме да се степаме, да видиме'. Толку мизерно звучи. Јас се натпреварувам со сам себе, секоја песна да биде подобра од претходната“, додаде Силјановски.Потоа кажа: „Еве јас да ви го направам кејфот, можеби јас не можам да наполнам.. ама нема ли македонски изведувачи кои не можат да наполнат сцена? Во Македонија, за странците важи 'не играј, не пеј, не свири'!„Викате дека повеќе пари ќе се заработат со тие ѕвезди.. Па повеќе пари ќе се заработи и со 'Кнез Милош' (вид на вода), ете таа за мене е поубава вода.. Зошто само 'Кожувчанка' правите? Зошто да се пие само 'Кожувчанка'? Правите монопол таму каде имате личен интерес, а за националниот интерес - ич не ви е важно. Ако ви дадат Илинден да го организирате.. Што ќе направите, ќе донесете турски пејач? Како што носите српски пејачи во тиквешијата?“, додаде пејачот.

Магазин | пред 4 месеци

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Убиство во Кавадарци: До смрт натепан 43-годишен човек пред влез на казино

Неколку лица до смрт претепале 43 годишен кавадарчанец, утрово околу пет часот. Според првичните информации, тие го затекнале сега усмртениот на задниот влез од локално казино, што што почнале да го удираат.Брзо потоа интервеинрала полицијата, како и Брзата помош за десет минути - но не успеала да го спаси 43-годишниот маж. Екипата констатирала смрт.Во краток рок, поради сомнение за инволвираност во нападот, полицијата ги лишила од слобода Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициската станица.На местото на настанот увид вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски екипи. Се прегледуваат и снимките од надзорните камери на казиното. По целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања