КОЧАНИ

media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

(Видео) „Марш за ангелите во Кочани“ – семејствата на жртвите бараат правда за трагедијата во „Пулс“

Денеска во Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, кој го организираат семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс.Семејствата, со болка и револт, излегоа на улиците држејќи транспаренти и фотографии од своите најблиски кои трагично ги загубија животите.Со маршот тие бараат правда и одговорност за трагедијата, потсетувајќи дека, и по повеќе месеци од несреќата, сè уште нема конкретни одговори ниту завршена истрага.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfn4t5h0nscfv24pUFIE

Овој викенд без ‘Марш на ангелите’ – ден за молитва и почит кон жртвите од ‘Пулс’

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ соопшти дека поради Задушница, оваа сабота, 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, традиционалниот собир во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.„Овој ден е посветен да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“, стои во соопштението објавено на Фејсбук.Родителите на починатите млади минатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, повикувајќи повторно на правда и вистина за случајот кој ја потресе целата земја. Тие потсетија дека институциите и натаму молчат, дека системот кој требаше да ги штити, не реагирал и дозволил пред нивните очи да се создаде „шупа однадвор, а замок на монструм внатре“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7n3jh7q76f4jdqiQeON

Бараме судница што ќе биде храм, а не циркус, судија што ќе мери со срце и закон, а не со нарачка, прака од „Маршот на ангелите“

Родителите, блиските и пријателите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, на 16 март, излегоа на на 28. „Марш на ангелите’’ на кој побараа вистината да излезе на виделина.Од надлежните бараат да имаат совест, а не да преовлада интересот.„Само вистината може да им донесе мир на нашите ангели.Застанете сега, кога катастрофалната штета веќе е направена. Барем со грам жал и сочувство за нашите ангели одговорно признајте ја вината. Не се кријте зад прес-конференции, трибини, митинзи и лажни насмевки. Наведнте ја главата и кажете -Да, згрешивме.Бараме правда, не за утеха, туку за вистината. Бараме тишина во која совеста ќе проговори, судница што ќе биде храм, а не циркус, судија што ќе мери со срце и закон, а не со нарачка. Бараме држава што нема да ја штити вината, туку вистината и бараме инситуции што ќе имаат совест, а не интерес“, порачаа учесниците на собирот.Почетокот на судскиот процес за пожарот во „Пулс“ каде згаснаа 63 млади животи и во кој беа повредени повеќе од 200 лица. е закажан за 19 ноември годинава.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

По девет дена од смртта на Панчо, членот на бендот „ДНК“ кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, јавно се извини на неговото семејство и на пријателите за својата претходна изјава во која бараше Панчо да се најде на обвинителна клупа – и тоа во период кога тој се бореше за живот.Во видеопорака објавена денеска, Крстевски исто така им се извини и на сите кои, како што рече, биле „повредени во емоциите“ кога го гледале како слави со трубачи влез во вториот круг од локалните избори.„Ова е повик за обединување, за да ја победиме партиската машинерија. Им се извинувам на сите што ги повредив во емоциите затоа што славев. Немав лоша намера, само сакав да се заблагодарам на граѓаните што ми дадоа поддршка. Се извинувам и на семејството на Панчо и на неговите пријатели, затоа што искрено одговорив на новинарско прашање. Јас сум човек, можеби ќе згрешам, но моите гревови се капка во морето во споредба со нивните и со системот што создаде трагедии, неправди и болка“, изјави Крстевски.Во видеото, тој практично повикува граѓаните да го поддржат на изборите, наведувајќи дека единството е потребно за „да се порази системот кој создава поделби и страдања“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvn3r79d5q8e363MClMJ

(Видео) „Додека ние маршувавме со сликите на нашите деца, тие седнаа заедно на кафе“, се бара притвор за обвинет во случајот „Пулс“

Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов, во емисијата „Претрес со Ландов“ откри дека заедно со другите родители на жртвите поднеле барање за замена на мерките на претпазливост за обвинетиот Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани и обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“.Стојанова објасни дека родителите ја донеле оваа одлука по саботниот настан кога го виделе Димитровски во ресторан во друштво со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани и, според нив цитирајќи го обвинението, лице кое во постапката има својство на оштетен. Според нив Димитровски не смеел да се среќава со грозданов зошто имал забрана од судот.„Тие се одлучиле баш во тој момент да прават средба, да излезат на кафе, не знам што им била целта, ама тоа е толку нечовечки. Денес поднесовме предлог-барање за определување на други мерки на претпазливост до ОЈО Кочани, ОЈО Скопје и Кривичниот суд, бидејќи Димитровски има забрана за приближување или контакт со лице кое се јавува како оштетен во случајот — Влатко Грозданов“, изјави Стојанова.Таа додаде дека средбата се случила токму во моментот кога родителите одржувале протестен марш во Кочани, посветен на жртвите од трагедијата.„Не знам како можеле баш во тој час, кога ние родителите маршувавме со сликите на нашите загинати деца, тие да седнат на кафе. Тоа боли“, рече мајката на Андреј.На прашањето дали е разочарана што Обвинителството само не реагирало по службена должност, таа одговори:„Нашето разочарување се виде на 16 март. Поголемо разочарување од тоа нема.“Родителите очекуваат институциите да постапат по нивното барање и да ги заштитат, како што велат, достоинството и довербата во правдата, која ја бараат речиси една година по кочанската трагедија.Целиот тежок разговор за случајот:

Македонија | пред 3 месеци

media-library8n7oou7f5qjg83BwM1H

Д-р Мирчовска: Хипербарната капсула во ОБ Кочани е функционална и безбедна, со стручен пристап и едуциран персонал

Во врска со интересот на јавноста за хипербарната кислородна терапија и третманите на повредените во несреќата во дискотеката „Пулс“, в.д. директорката на Општата болница Кочани, д-р Катарина Мирчовска, даде појаснување за постапките и начинот на работа на установата.„Во болницата е донирана еднокоморна хипербарна капсула, наменета за третман на едно лице, која користи кислород под притисок. Таа претставува медицински уред за повеќе индикации во доменот на дерматологија, неврологија, физикална медицина и лекување на повреди. Уредот беше дониран со цел поддршка на повредените во трагедијата, по што беше одржан стручен колегиум за утврдување на безбедносни процедури и потреба од обука на медицински персонал“, вели д-р Мирчовска.Таа додава дека, по стручна консултација со Клиниката за пластична хирургија, е направена проба на апаратот и мерење на времето за декомпресија, кое изнесува околу пет минути — потребно за безбедно извлекување на пациент во случај на паничен напад.„Хипербарната терапија бара прецизен пристап и не може да се споредува со употреба на вакви капсули од страна на спортисти или лица без медицинска индикација. Кај пациенти со изгореници, инхалациски повреди и психолошка траума, третманите мора да се спроведуваат под надзор на обучен тим“, нагласува директорката.Еден физијатар и еден физиотерапевт од ОБ Кочани веќе се здобија со обука во Шпанија. Во наредниот период, хипербарната капсула ќе биде преместена во просторија на физикалната медицина, каде што ќе биде под контрола на едуциран персонал и достапна за пациенти кај кои има медицинска индикација за нејзино користење.Во однос на тековните активности, д-р Мирчовска објаснува дека реновирањето на просториите во болницата започнало во јуни, најнапред во физикалната медицина, а дел од терапиите на повредените се изведувале на Пониква како дел од процесот на рехабилитација и психосоцијална поддршка.„Во целиот период не недостигал стручeн кадар — терапиите се спроведуваа и со поддршка од специјалисти и физиотерапевти од Штип, 8 Септември и Институтот Козле. Што се однесува до силиконските лепенки, дел од доставените беа за рани, а не за лузни, и во таа фаза не беа применливи за повредените“, појасни Мирчовска.Таа додаде дека болницата останува отворена за соработка со сите поединци и организации кои имаат волја и можности да помогнат во создавање подобри услови за лекување и опоравување на пациентите.„Целта ни е заедничка — подобро здравје и побрзо закрепнување на повредените и сите граѓани“, порача в.д. директорката на ОБ Кочани.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Претрес со Ландов се емитува во живо од Кочани седум месеци по трагедијата во дискотеката во Пулс во која загинаа 63 лица.Во третиот дел од Претрес говорат Клаудија Николова, координатор во „Супорт Кочани“, дефектолог, Јорданчо Ефтимов, преживеан од „Пулс“, волонтер и Марко Димитријев, дел од „Супорт Кочани”.Во поткастот една од мајките рече дека нејзиниот син не е загинат туку убиен, а сестра која го загуби братот бара правда а не сожалување.Преживеаниот Јорданчо Ефтимов се потсетува на кобната вечер.Ноќите се тешки и му навираат тешките мисли. Ако говори вели, му олеснува.„Беше сурово тешко но мора да продолжиме. Сега се чувствувам добро, задоволен сум од медицинската нега. Третманот за лузните ќе трае долго. Имам трет степен на изгореници и трансплантирана кожа”, вели Ефтимов, кој покажа како изгледа неговата рака по 7 месеци. На сите 5 прсти има изгореници и трансплантација на кожа. На лицето има лузни кои ги лекува со креми.Марко Димитријев вели сите тука тагуваме и се тешиме.Клаудија Николова смета дека ова е процес кој не завршува.„Не револтира кога некој ќе каже дека ова е проект. Не ова е живот, мора да имаме емпатија сите.Јавноста треба да сфати каква е состојбата”, вели Николова.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Во вториот дел од Претрес со Ландов, кој се емитува во живо од Кочани, за нивната болка и трагедијата говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.За нас како семејства, вели Светлана низ долзи времето не лечи ништо.„Болката за нашиот Андреј боли и не минува.Тој е убиен во дискотеката на ужасот.Не ми е се уште јасно што се случило, но сигурно не му е пружена помош.Не беше изгорен, само му требало кислород.Оставам на господ”, вели Светлана.Таа говори за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, кој седел во кафуле со родител на повредено дете додека тие имаа протестен марш со слики од загинатите чеда.Побаравме други мерки од Обвинителството за обезбедување за Димитровски, кој е еден од обвинетите.Не знае дали проработи свеста кај надлежните.Во првите денови рекоа да не помислуваат политичарите да дојдат и да го бараат нивниот глас„ Повеќето од познатите и роднините веќе не ни се јавуваат.Мислев за мене животот е завршен, иако имам ќерка за која мора да живеам”, низ солзи говори мајката на Андреј.За снимката на која се гледа како кандидатот за градоначалник Венко Крстевски, слави со трубачи и лепи пари, Светлана вели:„Животот за секого продолжува но зарем со трубачи и лепење пари мораше да слави.Себичноста и злобата ги видовме. Нашите деца ништо нема да ги врати, се надевам да се појави мојот Андреј на вратата.Сакам да верувам дека е некаде отиден и ќе ни се врати”.Тие ќе го следат судењето.Розета Блажева не може да го преболи братот и не може да разбере како немаат некои човечност. Не верува во правда.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymc6esn341thq49hHKDa

(Видео) Супорт Кочани: Ни се закануваат бидејќи ја говориме вистината

Гости во Претрес со Ландов, кој вечерва се емитува во живо од Кочани се родители на починати, преживеани и со хероите на градот.Од Супорт Кочани укажуваат на проблемите со кои се соочуваат, на несоодветниот однос на новата директорка на болницата која дури и врти глава од нив, иако има и пожртвувани медицински лица.Политичарите велат политика тераат.„Ние имаме дури и закани бидејќи многу сме зборувале, а ние ја говориме вистината”, велат од Супорт Кочани.Во вториот дел од Претрес за нивната болка и трагедијата ќе говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3c6tq1rv06ne39Dso0j

(Видео) Хероите од Кочани: Сѐ се сведува на пропаганда и политизирање

Претрес со Ландов, вечерва во живо од Кочани.За трагедијата и состојбата отворено говорат родители на загинатите, преживеани и хероите што не молчат. Во Кочани и по седум месеци кога во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 63 лица, има болка и револт.Во првиот дел од Претрес говорат Ана Вучева, една од преживените од пеколот. Таа е дел од маркетинг тимот на „Супорт Кочани”, Иван Ивановски, иницијатор за основање на „Супорт Кочани” и Дарко Стоилов, претседател на здружението.Не сакаат да кажат кој им задал нож во грбот, имаат проблеми, но секогаш одат напред за решавање на проблемите.„На Кочани не му требаат ветувања и големи пари, туку добро образование, здравство и настани. Најверојатно не не разбираат. Се сведува се на пропаганда и политизирање”, вели Иван.Ана сака да има позитивна енергија и дружба во центарот. И дава надеж дека ќе почне процесот за да се добие правда.Од повредените дел се добро, но има повредени со ампутирани делови, со тешки изгореници и ќе им требаат трансплантации и помагала.Дарко говори за девојка која била сместена во Систина и на која и требале средства за трансплантација, бидејќи треба да се набави од странство.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys5rpceji555g93jcX9Y

(Видео) Инцидент на „Маршот за ангелите“: родителите на жртвите од „Пулс“ се соочија со обвинет, го затекнаа во кафеана

Инцидент го одбележа денешниот 27. „Марш за ангелите“ во Кочани, кога учесниците го затекнаа обвинетиот во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, поранешен градоначалник на градот Ратко Димитровски во друштво на кандидат за градоначалник Владко Грозданов, во кафеана.Настанот се случил додека колоната на родители и роднини на загинатите поминувала покрај објектот, по што дошло до кратко вербално соочување.И покрај инцидентот, маршот продолжи по веќе воспоставената рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, за повторно да заврши таму од каде што почна.За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа испратени јасно и гласно преку транспарентите што ги носеа: „Крив е системот, не беше несреќа“, „Правда за нашите деца“, „Одговорност, не забораваме“.Десетици граѓани, и покрај дождливото време, им се приклучија во маршот, кој неколку минути го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.Со денешниот марш, родителите уште еднаш ја потврдија својата решеност да не замолчат додека не се утврди вистината и не се казнат одговорните за трагедијата во „Пулс“, во која загинаа 63 млади животи.

Македонија | пред 3 месеци

puls-6

Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка.Советот за оценка на обвинителниот акт го прифатил и второто обвинение со број КО 2317/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.Обвинението, поднесено на 4 септември 2025 година, се однесува на едно лице – А.Н., осомничен за кривично дело по член 292 став 2 во врска со член 288 став 3, став 2 и член 22 од Кривичниот законик.Според информациите од судот, А.Н. се јавува како одговорно лице и реален сопственик на обвинетото правно лице „Рубикон секјурити солушн“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, фирма за обезбедување на имот и лица.Со одобрувањето на обвинителниот акт е формиран кривично-правен предмет со број К.бр. 1970/25, кој, согласно АКМИС-системот, е распределен кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.Кривичниот суд информира дека за сите нови информации поврзани со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Македонија | пред 3 месеци

kocani-puls-protest-4

Блокадите ќе бидат во мирување: Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ очекуваат фер судење

Родителите на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани решија да ги стават во мирување најавените секојдневни блокади на сообраќајот, откако конечно беше закажан датумот за почеток на судскиот процес.Од здружението на родителите велат дека одлуката да се прекинат блокадите не значи дека ќе престанат со борбата – напротив, тие најавуваат дека ќе продолжат со симболичниот „Марш за ангелите“ секоја сабота, како потсетник на општеството дека трагедијата не смее да се заборави и дека одговорност мора да има.„Ќе го следиме судскиот процес внимателно, ќе бараме тој да биде фер, транспарентен и непристрасен. Секој кој има вина мора да одговара“, велат од здружението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во март годинава однесе 62 животи, претежно млади луѓе, и остави трајни последици врз локалната заедница и јавноста. Од тогаш па наваму, родителите неколку пати организираа протести, блокади и јавни повици до институциите, обвинувајќи ги за бавност и незаинтересираност.Иако одлуката за мирување на протестите доаѓа како резултат на конкретен чекор од правосудниот систем, семејствата јасно ставија до знаење дека ќе останат будни и ќе реагираат ако процесот почне да се одложува или да се одвива со недозволиво темпо.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Закажано првото судење за трагедијата во Кочани, познат датумот на одржување

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата на КПУ „Идризово“.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителниот акт, кој првично беше поднесен од ОЈО Кочани, а потоа по одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија пренесен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост.Според судот, предметот согласно АКМИС-системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.„Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања