КОЧАНИ

media-library7ra5i71kgrcrdtybfc3

Судијката која го судеше Заев, ќе го суди „Пулс“: предметот е распределен преку АКМИС системот

Судијката Диана Груевска-Илиевска е назначена да го води судењето против обвинетите во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, соопшти Кривичниот суд. Распределбата била направена преку АКМИС-системот на судот.Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, случајот за новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев.Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинителниот акт за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој се опфатени 37 обвинети лица со 33 бранители. Од Кривичниот суд нагласуваат дека при постапката била земена предвид сензитивноста на случајот, јавниот интерес и чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на жртвите.„Судот се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да обезбеди навремено постапување. Понатамошните процесни дејствија ќе бидат спроведени од надлежниот судија, а јавноста и странките ќе бидат известувани за текот на постапката“, соопштија од Кривичниот суд.

Македонија | пред 4 месеци

puls-19

Одобрен обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ – судот го потврди обвинението во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.„Како што наведовме во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел доследно, точно и навремено известување на јавноста, Кривичниот суд во конкретната постапка ги ангажираше сите расположливи ресурси за навремено и законито постапување, за да не се создадат непотребни пропусти кои би ја компромитирале постапката. Поради тоа, потребно е јавноста да го има хронолошкиот тек на постапката, и тоа:• Врховниот суд на РСМ на 25.06.2025 година донесе решение КР–35/25 со кое за стварно и месно надлежен за постапување по обвинителниот акт се определува Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи дека по предметот треба да постапуваат „судии со стекнато искуство и познавање на кривичната материја кои ќе овозможат ефикасно, стручно и законито постапување, а воедно ќе придонесат за сензибилизирање на јавноста“.• На 02.07.2025 година Основниот суд во Кочани до нашиот суд го достави обвинителниот акт, а на 08.07.2025 година достави дополнение на истиот.• Веднаш по приемот на обвинителниот акт истиот е распределен во Одделението за кривично полнолетни. Со оглед дека станува збор за обвинителен акт кој согласно законските одредби треба да биде оценет од совет, актот преку АКМИС системот се распредели кај судијата Моника Бахчовановска, која постапува како Претседател на советот за оценка на обвинителен акт. Согласно Годишниот распоред во совет за оценка заедно со судијата Моника Бахчовановска, се судиите Билјана Коцевска и судијата Бранка Наумовска. Овие две судијки побараа изземање од советот за оценка, бидејќи ќерката на судијата Билјана Коцевска – адвокат Ивана Коцевска е бранител на дел од осомничените, а судијата Бранка Наумовска е во роднинска врска со една од жртвите, причини што се предвидени во законот како основ за изземање. По изземањето на овие две судии, како судии кои што ќе постапуваат во фазата на оценка поставени се двајца судии од Специјализираното одделение за судење на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција и тоа судијата Софче Гаврилова Ефремов и судијата Илија Трпков. Нивното определување е на начин како што актите од одделението за организиран криминал и корупција ги оценуваат судии од одделот за кривично полнолетни (а ова е од причина што судиите кои што го оценувале актот не можат да учествуваат во постапка на главна расправа, а се со цел да не се доведе Основниот кривичен суд Скопје како најголем суд во државата да нема судии кои што ќе постапуваат по овој предмет). Двата члена на советот за оценка се поставени по редослед според годишниот распоред, како што и е предвидено во Судскиот деловник.• Додека советот веќе постапуваше по предметот, на 15.07.2025 година Јавниот обвинител на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со кое за стварно и месно надлежно обвинителство за постапување по обвинението поврзано со пожарот се определува ОЈО Скопје.Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше исклучително тешко да се достави обвинителниот акт до сите нив, особено од причина што на голем дел од нив мерките притвор беа заменети, па во моментот на достава Претседателот на советот за оцена имаше потешкотии да може да утврди кој обвинет каква мерка има и каде се наоѓа за да може да се изврши доставата. Особено потешкотии имаше и доставата на делот од бранителите на кои и покрај тоа што им се најавуваше терминот на достава, сепак истите не беа пронајдени во нивните канцеларии. Доставата ја вршевме преку судските служби на Основен кривичен суд Скопје, сѐ со цел да не се одолговлечи истото доколку оди по редовна пошта.Дополнителен проблем при доставата се јави поради тоа што во првично поднесениот обвинителен акт, пред истиот да биде доуреден, во диспозитивот не беа целосно наведени личните податоци на обвинетите од страна на Основниот суд Кочани, како и решенијата за адресите каде се издржува мерката куќен притвор, што дополнително мораше да го проверува Кривичниот суд.Но, и покрај сето тоа, судот во целост ја имаше предвид сензибилноста на постапката, јавниот интерес и пред сè чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на починатите во пожарот. Токму поради тоа, се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да го оцени актот во предвидениот законски рок.Советот за оценка донесе Решение К-ООА бр.155/25 на 03.10.2025 година со кое го одобри обвинителен акт во целост, по што се оформи кривичен предмет К.бр. 1872/25.Како што посочивме, во претходното постапување по овој предмет од советот за оценка беа изземени судијата Билјана Коцевска и судијата Бранка Наумовска, а од постапување во кривичниот совет иземен е и судијата Ивица Стефановски, од причина што како бранители во овој предмет се јавуваат неговата сестра и бранител со кој е во кумовска врска, додека пак судијата Елизабета Постоловска, која го нема законски предвиденото искуство, неможе да постапува по овој предмет и заради сето тоа при распределбата на предметот овие судии се исклучени од автоматската распределба во АКМИС системот .Предметот согласно АКМИС системот е распредлен кај надлежен судија за понатамошно постапување, а за сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, странките и јавноста ќе бидат известени“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd3q5mp9skq82aOAc6ln

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на изборната кампања за локалните избори, денес учествуваше на трибина во општина Кочани од каде што испрати неколку пораки.Мицкоски порача дека Владата останува партнер на општините во кои за 15 месеци, од централниот буџет се распределени околу 500 милиони евра, посочувајќи дека Кочани ќе биде во центарот на вниманието, така што веќе се работи со меѓународните партнери каде надвор од овие тековни трансфери коишто ги финансира централниот буџет за капитални инвестиции во општините, само за Кочани и регионот ќе се обезбедат дополнителни околу 100 милиони евра.Додаде дека ова се пари коишто ќе се вложуваат исклучиво во инфраструктурни проекти и проекти кои ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион.„Државата и Владата остануваат партнери на општините како ниедна претходна Влада. Во овие 15 месеци, отприлика половина милијарда евра реалоциравме од централниот буџет кон општините и не беше лесно бидејќи мандатот го започнавме со минус на сметката на Владата од 200 милиони евра. Сега е добро, тие ги вративме, сега сме 50-60 во плус и ликвидни сме како влада, ја консолидиравме таа состојба, успеавме да дојдеме до месечна ликвидност и на општините да им помогнеме со половина милијарда евра, нешто што беше незамислено и невозможно. Дел од тие пари завршија и во општина Кочани, но сакам да ви кажам дека работиме со нашите меѓународни партнери, надвор од овие тековни трансфери коишто ги финансира централниот буџет за капитални инвестиции во општините, само за Кочани и регионот ќе обезбедиме приближно дополнителни 100 милиони евра, пари коишто ќе ги вложиме исклучително во инфраструктурни проекти и проекти коишто ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион“, рече Мицкоски.Мицкоски исто така порача дека на овие избори се гласа само за две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто значи работа и напредок на државата, а другата опција е коалицијата во која членуваат Венко Филипче, односно Зоран Заев, Али Ахмети и Димче Апасиев.Исто така, Мицкоски порача дека после изборите ќе дојде вистинската одговорност и правда и секој што се огрешил ќе одговара за стореното, повикувајќи дека одговарањето пред лицето на правдата за сторените криминали, да не се толкува како политички прогон.За сево ова да се реализира, Мицкоски повика да се излезе масовно на гласање и да се даде поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и за број 9, затоа што е време за вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Не е завршена постапката за Кочани, се води предистрага за УЈП и други институции поврзани со „Пулс“, уверува државниот обвинител Коцевски

Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката за Кочани и дека податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо ново и дека сите овие пораки се испратени до одбраната и судот.-Јавното обвинителство уште од почетокот постапуваше по поднесена кривична пријава. Меѓутоа Јавното обвинителство водеше и предистражна постапка и во однос на сите останати други институции, што значи дека во моментот на подигање на обвинение, немаше докази во однос на инспектори во УЈП, меѓутоа предистражната постапка беше отворена веднаш и таа сè уште трае, со тоа што со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани изјави Коцевски.Во однос на другиот предмет за пожарот во „Пулс“ што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против 13 полициски службеници и за кој сè уште нема обвинение, Коцевски рече дека тоа е така затоа што на предметот работи само еден јавен обвинител, но и дека се запазени сите рокови.-По другиот предмет постапува само еден јавен обвинител. Причината зошто е така, е затоа што сè уште немаме доволно јавни обвинители, односно сè уште имаме 70 јавни обвинители помалку. Наредните три и пол години така ќе биде и од тие причини, со оглед дека е еден јавен обвинител, постапката се води подолго време, меѓутоа таа ќе заврши наскоро, рече Коцевски.Истражувачката репортерска лабораторија во неделата објави документарен филм со наслов „Нашиот морален компромис“, во кој беа објавени нови снимки и сведоштва на родители на загинати и лица кои биле во објектот, како и разговори преку апликации меѓу сопствениците на дискотеката и инспектори на УЈП.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryem24g7aqh5lq7XSN9Iq

По шест месеци си замина дома: Младата Мелани која беше повредена во „Пулс“ излезе од болница

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, конечно се врати дома по повеќе од шест месеци лекување, пишува „Плусинфо“.Несреќата на 16 март остави сериозни последици врз младата девојка – опасност по живот, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, па вратена во Македонија.Родителите на Мелани велат дека чувството кога нивното дете повторно се вратило дома е непроценливо.„6 март беше денот кога времето застана за многу семејства. Трагедија која никој не може да ја предвиди, ниту да ја прифати. Токму тој викенд Мелани замина во Кочани, среќна што ќе оди на концерт на својот омилен бенд ДНК. Така започна нашиот кошмар. Неколку часа подоцна, наместо фотографии и пораки, добивме повик што никој родител не сака да го слушне. Кога конечно ја видовме, и покрај болката и шокот, имавме едно чувство – благодарност што е жива – изјавил таткото Александар за „Плусинфо“.Тој додава дека по долги месеци неизвесност, конечно насмевката се вратила во нивното семејство:„Мелани е дома и се опоравува. Поминавме низ многу непроспиени ноќи, стравови и надежи. Нема зборови со кои можеме да ја изразиме нашата благодарност до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и целиот тим што се грижеше за нашето дете. Таа беше хоспитализирана во две клиники пред тоа, но упорноста, пожртвуваноста и мултидисциплинарниот пристап на тимот во „Аџибадем Систина“ беа клучни за нејзиното излекување“, изјавил таткото.

Македонија | пред 4 месеци

puls-kocevski

Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, не правна грешка

Правникот и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“.„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави Калајџиев.Тој посочи дека сите правни авторитети се сложиле дека таква правна конструкција „не може да издржи“, но Обвинителството сепак инсистирало на неа.„Згора на тоа, обвинителите кои ја туркаат ваквата теорија дури и се унапредуваат во кариерата,“ додаде тој.Калајџиев оцени дека уште поголем проблем е тоа што судот нема храброст да го отфрли „широкото обвинение“ и да испрати јасна порака дека такви нарачани постапки не можат да поминат.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

„Судот мака мачи со нарачана правна конструкција без докази“, вели адвокатката Анастасовска за обвинението за „Пулс“

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која застапува еден од обвинетите во случајот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, остро реагираше на дел од ставовите што произлегоа од Обвинителството.„Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ не треба да бидат предмет на обвинение. Но, наместо јасно разграничување што е криминал директно поврзан со пожарот, што е злоупотреба и несовесно работење на службите со конкретни докази, а што е системски пропуст за кој нема индивидуална кривична одговорност, вие измислувате термини како ‘верижни пропусти’ или ‘синџир на континуирани пропусти’ за да му се додворите на власта,“ изјави Јошевска Анастасовска.Таа обвини дека обвинението е „налицкано“ со квалификации за умисла и соизвршителство, само за да изгледа „тешко“, и дека е избрзано заради кариерни поени на поединци.„Нашиот Кривичен суд, кој и самиот мака мачи што да прави, се бори со фактот дека против природата му е да удри силно и да врати обвинение со јасна порака дека ваква нарачана правна конструкција без докази не може да пројде. Во целиот тој галиматијас се прави двојна штета – семејствата на жртвите остануваат збунети и разочарани, а општеството сѐ повеќе тоне во недоверба,“ додаде таа.Адвокатката заклучи дека „синџирот е силен онолку колку што е силна најслабата алка“ и предупреди дека „траумите допрва доаѓаат“.

Коментари | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери, вели Филипче

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во одоговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврди она што и СДСМ го зборуваше во јавноста - власта направи се за да си ги заштити своите функционери.„Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести гости и привилегирани гости на таа дискотека “ изјави Филипче.Тој потенцираше дека токму поради јавните настапи и прес-конференции на СДСМ беа обелоденети значајни информации и факти, кои инаку не би биле дел од официјалната истрага.„Да не беа нашите прес-конференции во коишто обелоденувавме многу работи и факти огромен дел и од тие што беа опфатени немаше да бидат опфатени со истрагата. Жалам што морам да констатирам дека вчера мислам дека го видовме најгрдото лице на оваа власт“, истакна Филипче.СДСМ останува посветен на барањето за целосна, независна и неселективна истрага, со цел да се утврди вистинската одговорност и да се обезбеди правда за жртвите и граѓаните.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycdpg4alug6ta6EQfdsN

И во Кочани започна предизборната кампања за градоначалник

Денес започнува кампањата за, како што ја оцени „една од најважните“ градоначалнички трки во историјата на Кочани, изјави д-р Владко Грозданов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.Тој потсети дека пред неколку дена, во зградата зад него, со противкандидатите потпишале кодекс и си подале рака. Очекува и ветува дека изборите ќе бидат „најкоректни, најфер и најмирни“, дури „најмирни досега“ во Кочани.Грозданов најави кампања без „секојдневно малтретирање на луѓето на социјалните мрежи“ и без долги говори со ветувања. Наместо тоа, фокусот, рече, ќе биде на директна комуникација со граѓаните, на терен: ќе се собираат идеи за да се вградат во програмата, ќе се нотираат проблемите и ќе се бараат заеднички решенија.Како аргумент за ваквиот пристап посочи дека Кочани е средина во која „сите се познаваат“ и многумина веќе имаат оформено став кому ќе ја дадат поддршката; според него, најдобрата кампања таму е „од човек на човек, од уста на уста“. Додаде дека така и првично ја замислиле, а така и налага моменталната ситуација во општината.Коментирајќи ја функцијата, кандидатот нагласи дека градоначалничкото место за него не значи „доблест, гордост или моќ“, туку одговорност и доверба дадена од народот, заснована на „чист образ“ — кој, како што рече, мора да остане таков и по истекот на мандатот. Предупреди и дека „некои работи се купуваат со пари“, па доколку и градоначалничката функција се „купи“, ќе стои „на стаклени ногарки“ и ќе биде лесно кршлива.На крај, Грозданов гарантира „мирна, фер, коректна кампања“, со почитување „исклучиво на волјата на народот“, додавајќи: „нека победи најдобриот кандидат“, и се заблагодари на присутните.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5515

Премиерот: Секој вмешан во случајот со „Пулс“ мора да одговара пред правдата, од Обвинителстовто не сум задоволен

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско за вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:„Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата.“

Македонија | пред 4 месеци

puls-6

Судот најави дека обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Кривичниот суд информира дека до крајот на неделата ќе биде донесена оценка за обвинителниот акт поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, па токму поради тоа досега на неколку наврати ја информираше јавноста за текот на оцената и преземените чекори“, соопштија од судот.Се работи за постапка против 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 адвокати и претставници. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги ангажирал сите ресурси за негова достава до странките и прием на приговорите. Меѓутоа, во изминатите месеци, дел од адвокатите и претставниците на правните лица биле недостапни во нивните канцеларии, поради што доставата, а со тоа и роковите за приговори, се одолговлекувале.Откако обвинителниот акт е доставен до сите обвинети и нивните бранители, на 3 октомври 2025 година истекуваат законските рокови за приговори.„Со тоа се исполнети сите услови за оцена и се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет. Јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, додаваат од Кривичниот суд.Од судот нагласуваат дека прават максимални напори за да се исполнат сите законски обврски и да се гарантираат правата на странките, со цел предметот да не биде компромитиран во понатамошната постапка.

Македонија | пред 4 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Тешко повреден возач во сообраќајка во Кочани

На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (24) од с. Чешиново, и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а неговиот сопатник С.Е. (26) од с. Чешиново добил телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

(Видео) Родителите од „Пулс“ даваат рок до 3 октомври — ако нема одговори, следуваат протести и блокади

Дел од родителите на загинатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ упатија остар повик до јавните обвинители и до судиите: бараат итни и јасни одговори за напредокот на постапките и најавија дека доколку до 3 октомври не добијат конкретен одговор, мирните маршеви ќе прекинат и ќе следуваат протести и блокади.„Обвинители и судии, ние, семејствата на жртвите од трагедијата во ‘Пулс’, бараме итен и јасен одговор од вас. Доста е со молчење, поминаа шест месеци. Срамота е“, рече мајка на едно од загинатите деца. Родителите појаснуваат дека до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) веќе доставиле прашања и очекуваат информации за тоа до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе се подготви обвинителниот акт. На судиите од Кривичниот суд им упатија прашање дали ќе донесат оценка на обвинителниот акт или ќе се повлечат пред политички влијанија.„Нема повеќе трпеливост, бараме итна одговорност. Време е да заврши одолговлекувањето. Ако до петок, 3 октомври, не добиеме одговор, нема повеќе мирни маршеви — ќе има протести и блокади. Нема повторно молчење“, додаде мајката. Роднините нагласуваат дека нивниот повик не е политички мотивиран, туку е израз на бес и тага поради месеци без одговори и без правна разврска. Тие порачаа дека ќе ја бараат вистината и одговорноста „до крај“, бидејќи, како што велат, цели семејства се уништени и немаат што да изгубат, па ја повикаа правосудната власт да покаже доблест.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Мицкоски за барањата за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.„По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Родителите од трагедијата во „Пулс“: Ако можевте 30 километри до Штип, можете и 300 метри до Паркот?

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во кое се обединети дел од родителите на загинатите деца во кочанската трагедија, упати порака до јавноста по големиот концерт на Дино Мерлин во Штип.„Скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт. А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин. Респект за гестот, респект за одзивот! А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу? Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град,“ стои во реакцијата.Од здружението додаваат дека следниот марш не е за концерт или медиуми, туку за човечка почит и за вистинска правда:„Наши сограѓани, родители – ве очекуваме на следниот марш. За 62 светлосни траги кои ја оставија младоста на овој град, за секоја насмевка што ќе недостасува, за секој срцев удар на сеќавањето – да покажеме дека споменот живее и дека љубовта и почитта остануваат засекогаш.“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања