Промени тема
Контакт

По шест месеци си замина дома: Младата Мелани која беше повредена во „Пулс“ излезе од болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryem24g7aqh5lq7XSN9Iq

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, конечно се врати дома по повеќе од шест месеци лекување, пишува „Плусинфо“.

— реклама —
media-libraryv3euoi8omc82eIvvhpO

Несреќата на 16 март остави сериозни последици врз младата девојка – опасност по живот, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, па вратена во Македонија.

— реклама —
media-libraryds9e138snf5q1zAmzli

Родителите на Мелани велат дека чувството кога нивното дете повторно се вратило дома е непроценливо.

„6 март беше денот кога времето застана за многу семејства. Трагедија која никој не може да ја предвиди, ниту да ја прифати. Токму тој викенд Мелани замина во Кочани, среќна што ќе оди на концерт на својот омилен бенд ДНК. Така започна нашиот кошмар. Неколку часа подоцна, наместо фотографии и пораки, добивме повик што никој родител не сака да го слушне. Кога конечно ја видовме, и покрај болката и шокот, имавме едно чувство – благодарност што е жива – изјавил таткото Александар за „Плусинфо“.

— реклама —

Тој додава дека по долги месеци неизвесност, конечно насмевката се вратила во нивното семејство:

— реклама —

„Мелани е дома и се опоравува. Поминавме низ многу непроспиени ноќи, стравови и надежи. Нема зборови со кои можеме да ја изразиме нашата благодарност до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и целиот тим што се грижеше за нашето дете. Таа беше хоспитализирана во две клиники пред тоа, но упорноста, пожртвуваноста и мултидисциплинарниот пристап на тимот во „Аџибадем Систина“ беа клучни за нејзиното излекување“, изјавил таткото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања