Промени тема
Контакт

Судијката која го судеше Заев, ќе го суди „Пулс“: предметот е распределен преку АКМИС системот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library7ra5i71kgrcrdtybfc3

Судијката Диана Груевска-Илиевска е назначена да го води судењето против обвинетите во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, соопшти Кривичниот суд. Распределбата била направена преку АКМИС-системот на судот.

— реклама —

Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, случајот за новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев.

— реклама —

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинителниот акт за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој се опфатени 37 обвинети лица со 33 бранители. Од Кривичниот суд нагласуваат дека при постапката била земена предвид сензитивноста на случајот, јавниот интерес и чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на жртвите.

— реклама —

„Судот се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да обезбеди навремено постапување. Понатамошните процесни дејствија ќе бидат спроведени од надлежниот судија, а јавноста и странките ќе бидат известувани за текот на постапката“, соопштија од Кривичниот суд.

— реклама —
puls-19

Одобрен обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ – судот го потврди обвинението во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.„Како што наведовме во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел доследно, точно и навремено известување на јавноста, Кривичниот суд во конкретната постапка ги ангажираше сите расположливи ресурси за навр

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања