Промени тема
Контакт

„Судот мака мачи со нарачана правна конструкција без докази“, вели адвокатката Анастасовска за обвинението за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Коментари
media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која застапува еден од обвинетите во случајот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, остро реагираше на дел од ставовите што произлегоа од Обвинителството.

„Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ не треба да бидат предмет на обвинение. Но, наместо јасно разграничување што е криминал директно поврзан со пожарот, што е злоупотреба и несовесно работење на службите со конкретни докази, а што е системски пропуст за кој нема индивидуална кривична одговорност, вие измислувате термини како ‘верижни пропусти’ или ‘синџир на континуирани пропусти’ за да му се додворите на власта,“ изјави Јошевска Анастасовска.

— реклама —

Таа обвини дека обвинението е „налицкано“ со квалификации за умисла и соизвршителство, само за да изгледа „тешко“, и дека е избрзано заради кариерни поени на поединци.

„Нашиот Кривичен суд, кој и самиот мака мачи што да прави, се бори со фактот дека против природата му е да удри силно и да врати обвинение со јасна порака дека ваква нарачана правна конструкција без докази не може да пројде. Во целиот тој галиматијас се прави двојна штета – семејствата на жртвите остануваат збунети и разочарани, а општеството сѐ повеќе тоне во недоверба,“ додаде таа.

— реклама —

Адвокатката заклучи дека „синџирот е силен онолку колку што е силна најслабата алка“ и предупреди дека „траумите допрва доаѓаат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 10 часа

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 6 дена

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања