„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кралица елизабета

d7081981-8ea3-4eab-b569-bfed50bb2892

(ФОТО) Откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора

Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата.Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година.Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета.Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата”, соопшти Бакингемската палата.Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребана на 19 септември. Новиот крал е Чарлс Трети, нејзиниот најстар син.https://twitter.com/RoyalFamily/status/1573732488869986306?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1573732488869986306%7Ctwgr%5Eb3a76d13cda2fe6e86d39b95ef866cef0ae220d2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-oficijalno-otkrien-nadgrobniot-spomenik-na-elizabeta-vtora%2F

Магазин | пред 3 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Како се презиваше кралицата Елизабета

Кога си толку познат како кралицата Елизабета, никој не треба ни да го знае твоето презиме. Знаеме дека припаѓа на династијата Виндзор, но дали некогаш сте се запрашале кое е презимето на британскиот монарх со најдолг стаж?За да ви дадеме адекватен одговор, мора да се вратиме далеку во минатото, кај нејзината прабаба, кралицата Викторија. Таа беше последната од династијата Хановер. Кога се омажила за принцот Алберт од Германија, го зела презимето на неговата куќа - Фон Саксобурготски и Гота. Сепак, нивниот внук Џорџ V, кој го наследил тронот во 1910 година, решил да го промени ова поради зголеменото антигерманско расположение во пресрет на Првата светска војна.Кралот го свикал Парламентот во 1917 година и тогаш било одлучено да се одземат германските благородни титули на сите членови на династијата. Новото презиме е избрано поради традиционалната поврзаност на англиското благородништво и народот со стариот замок во Виндзор.Кралицата е родена како Елизабета Александра Мери Виндзор. Првото име го добила по нејзината мајка Елизабета, второто по нејзината прабаба Александра, данската принцеза, а третото по нејзината баба, познатата кралица Мери. Кога се омажила за принцот Филип во 1947 година, го додала неговото презиме - Маунтбатен, кое потекнува од германската куќа Батенберг. Значи, целосното име на неодамна починатата британска кралица беше Елизабета II Александра Мери Виндзор-Маунтбатен. Ова презиме го носат и нејзините деца.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Хари на интернет дознал дека неговата баба починала

Сурфајќи на интернет, принцот Хари и брат на престолонаследникот Вилијам, налетал на веста дека неговата баба, кралицата Елизабета II, починала.Како што објави Page Six, тој очајнички се обидувал да дојде до неа на време за да се поздрави, а лошата вест ја дознал читајќи ги порталите. За жал, тој пристигна во Балморал два часа по нејзината смрт.Анонимен извор рекол дека кралот Чарлс III утрото му се јавил на принцот Хари и му рекол дека треба да дојде во Шкотска бидејќи нејзиното здравје е многу лошо. Меѓутоа, подоцна никој од кралското семејство не го известил дека кралицата починала.Хари и Меган Маркл по погребот останаа уште неколку дена во Лондон и покрај тоа што се во лоши односи со остатокот од семејството. Британските медиуми објавија дека „двете страни се обидуваат да ги решат несогласувањата“.„Исто така, сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рече Чарлс претходно.За потсетување, Хари и Меган живеат во Калифорнија со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.

Магазин | пред 3 години

elizabet-2

Сајбер-криминалците ја најдоа својата можност и во смртта на кралицата

Смртта на кралицата Елизабета Втора изненади голем број луѓе и во моментов има различни проекти кои овозможуваат купување на крипто токени или комеморативни сувенири во нејзина чест.Истражувачите за безбедност на Kaspersky открија бројни обиди за измама поврзани со овој настан и предупредуваат дека треба да бидете внимателни кога купувате такви сувенири.Експертите на Kaspersky открија неколку локации кои нудат крипто токени, како и незаменливи токени (NFT) именувани по кралицата Елизабета Втора. Големите настани обично се користат како мамка за многу светски инвестициски потфати за крипто, така што смртта на кралицата не беше исклучок.Повеќето од овие страници се неодамна поставени и ги немаат потребните нивоа на заштита, така што нивната база на податоци може лесно да се протече и сите внесени податоци за крипто паричникот се компромитирани. На корисниците им се нуди шанса да инвестираат во новиот токен или да купат NFT, „оддавајќи почит на кралицата“.Во спомен на најдолго владеењето на монархот во светот, на корисниците им беа понудени монети и маици со ликот на кралицата Елизабета Втора на новосоздадените веб-страници кои не се безбедни, а при плаќањето, корисникот не беше пренасочен на специјална, заштитена страница.Резултатот е дека деталите за картичката, адресите или корисничките имиња не се целосно заштитени, што значи дека напаѓачите, доколку ја компромитираат базата на податоци на страницата, можат да ги украдат овие информации.Секогаш кога купувате преку Интернет, не заборавајте да ја проверите адресата на страницата – измамниците често создаваат страници за фишинг чие име е слично на имињата на познатите брендови. Исто така, бидете скептични за профитабилните понуди и длабоките попусти, бидејќи ниските цени често се користат како мамка за да се привлече вниманието на корисниците на одредена локација или производ.За да се осигурате кога купувате онлајн, постојат неколку елементи на заштита:– За да ги заштитите вашите податоци и финансии, проверете дали страницата е безбедна. Ако URL-то на страницата започнува со HTTPS, наместо вообичаениот HTTP, ќе знаете дека сте на безбедно место; Покрај тоа, обично ќе се појави веднаш до URL-то и лентата за адреси ќе биде зелена во некои прелистувачи. Ако не ги гледате овие елементи, не продолжувајте со купување.– Користете сигурно безбедносно решение кое може да ви помогне да ја проверите безбедноста на URL адресата што ја посетувате и има можност да отвори која било локација во заштитен режим и на тој начин да спречи кражба на чувствителни податоци (како што се финансиските).– Проверете дали вашиот софтвер е ажуриран – ажурирајте ги оперативниот систем и апликациите.

Магазин | пред 3 години

07-Fotografii-od-zhivotot-na-kralicata-Elizabeta-ii-koi-go-pokazhuvaat-sozdavanjeto-na-modernata-istorija-kafepauza.mk_

Зошто нема ниту една фотографија од кралицата Елизабета кога била бремена

Јавноста ширум светот отсекогаш била заинтригирана од кралските бремености. Сепак, нема фотографии од кралицата Елизабета Втора бремена и со причина.Кралицата Елизабета родила четири деца: кралот Чарлс III (1948), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард (1964). Таа никогаш не била фотографирана бремена бидејќи во минатото било табу бремените членови на кралското семејство да бидат видени во јавноста.Во минатото, кралскиот протокол бил исклучително строг, па на трудниците воопшто им било забрането да кажат дека се бремени.Во 1948 година, Њујорк Тајмс објави кратка изјава во која пишуваше:„Принцезата Елизабета нема да учествува на каков било вид јавен настан до крајот на јуни“.Пет месеци подоцна таа го родила Чарлс. Таа, исто така, никогаш не се сликала со бебињата на скалите на болницата, што оттогаш стана традиција.Принцот Вилијам беше првиот наследник кој се роди во болница. Следниот ден, принцезата Дијана и кралот Чарлс „позираа“ со него пред болницата Сент Мери во Падингтон.

Магазин | пред 3 години

elizabet-2

Камила: Кралицата Елизабета ја обликуваше сопствената улога во светот во кој доминираат мажи

Британската кралица Камила изјави дека кралицата Елизабета Втора успеала да ја обликува сопствената улога во светот во кој доминираат мажи.Кралицата Елизабета Втора засекогаш ќе биде дел од нашите животи, истакна Камила во телевизиско обраќање на Би-Би-Си, потсетувајќи дека кралицата се искачи на тронот кога во светот немаше жена претседателка или премиерка, што ја отежна нејзината позиција.Камила се присетила и на, како што изјавила, прекрасните сини очи на кралицата Елизабета Втора и нејзината незаборавна насмевка.The Queen Consort истакна дека Елизабета има јасна граница помеѓу јавните должности и приватниот живот и дека нејзините летни одмори во Балморал во Шкотска биле моменти на релаксација.Камила ја спомна и страста на Елизабета за трките со коњи.Консортот на кралицата се потсети и на денот на нејзината венчавка, 9 април 2005 година, кога носеше чевли со различна висина на потпетиците, а кралицата Елизабета го забележа тоа и рече дека и е жал.Обраќањето на Камила беше емитувано од Би-Би-Си непосредно пред националното минута молчење за кралицата Елизабета Втора.

Магазин | пред 3 години

elizabet-2

Кралицата Елизабета само еднаш го прекршила кралскиот протокол, прв и единствен пат и се поклонила на друга личност

Кралицата Елизабета Втора само еднаш го прекршила кралскиот протокол и постапила по сопствена дискреција, а тоа се случило во 1997 година на погребот на принцезата Дајана, првата сопруга на нејзиниот наследник, кралот Чарлс Трети.Кога ковчегот на покојната принцеза Дајана, која трагично почина на 31 август во Париз, на нејзиниот погреб во Лондон помина покрај вратата на Бакингемската палата пред која стоеше целото кралско семејство, Елизабета Втора ја наведнала главата и се поклонила. Тоа било прв и единствен пат кралицата да се поклони на друга личност, а со тој чин ѝ оддала почит на Дајана.Ковчегот на принцезата потоа продолжил кон Вестминстерската опатија. Бил обложен со кралското знаме. Дописникот на Би-би-си, Дејвид Димблби, известувајќи од Лондон, истакна дека потегот на кралицата е уште едно отстапување од протоколот.Ќерката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Ана, во интервју во 2017 година, кое беше објавено само по смртта на нејзината мајка, исто така ги коментирала нејзините отстапки по ужасната несреќа на Дајана. Таа изјавила за ITV дека кралицата ја направила вистинската работа со тоа што останала во Балморал со принцот Вилијам и Хари во деновите по смртта на нивната мајка.„Мислам дека мајка ми ја направи вистинската работа. Секој родител верува дека не е алтернатива да се донесат децата во Лондон во тоа време. Не знам кој би можел да помисли дека тоа е опција. Вака беше подобро“, рече таа, а сестрата на Дајана, лејди Сара Мекоркудал, се согласила со неа.„Да сум на нејзино место, би го направила истото. Зошто да ги донесам во Лондон? Зошто да не им дадеме шанса да го преболат почетниот шок кој го потресе целото семејство?“, изјавила сестрата на принцезата Дајана.Во тоа време кралицата Елизабета Втора се соочила со многу критики за престојот на имотот во Шкотска, бидејќи во тоа време во Лондон владеела јавна жалост поради сообраќајната несреќа во која загина Лејди Ди. Принцот Вилијам тогаш имал 15 години, а принцот Хари 12 години.Кралицата Елизабета Втора беше најдолготрајниот британски монарх. Таа седеше на тронот цели 70 години.

Магазин | пред 3 години

Midlton

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон откри како принцот Луис реагирал на смртта на кралицата

Принцовите Вилијам и Хари со нивните сопруги Кејт и Меган Маркл вчера се појавија пред замокот Виндзор за прв пат заедно во јавност од 9 март 2020 година, а во оваа прилика принцезата од Велс ја сподели реакцијата на нејзиниот син, принцот Луис за смртта на кралицата Елизабета.Ова нивно јавно појавување ги изненади сите, но изгледа решија за момент да ги остават сите разлики на страна и заедно да и оддадат почит на неодамна починатата кралица.„Фантастичната четворка повторно се заедно“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.Сепак, двата пара не комуницираа многу за време на 40-минутната прошетка во близина на еден од омилените англиски домови на кралицата. Застанаа да читаат пораки оставени меѓу цвеќињата, се ракуваа и разговараа со илјадници луѓе.https://twitter.com/SkyNews/status/1568724748758122508?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568724748758122508%7Ctwgr%5E61761cd9cf1dc4f63f028e4f398b9541453399a6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bad0b5d198d182-d0bcd0b8d0b4d0bbd182d0bed0bd-d0bed182d0bad180d0b8-d0bad0b0d0bad0be-d0bdd0b5d198d0b7d0b8d0bdd0b8%2FПосебно внимание привлече принцезата од Велс.Банита Ранов (28), која присуствуваше на настанот, рече дека слушнала како Кејт им кажува на децата до неа за тоа како нејзиниот најмлад син Луис реагирал на веста за смртта на кралицата.„Луис рече: ‘Барем баба сега е со прадедо ми’“, им рекла Кејт на децата.Таа откри дека Кејт ги охрабрувала најмалите, а потоа друга жена која присуствувала на денешниот собир на членовите на британското семејство рекла дека навистина било убаво да се видат сите заедно, пренесува „Дејли мејл“.„Се чувствував толку емотивно, мислев дека тоа би и се допаднало и на кралицата. Само се надевам дека во иднина ќе останат во таква врска и дека браќата, како и семејствата, ќе останат заедно“, рече таа.

Магазин | пред 3 години

Elizabeta

Кралицата оставила тајно писмо, но не смее да се отвори уште 63 години

Кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија во ноември 1986 година. Во оваа прилика таа им напиша писмо на граѓаните на Сиднеј, а писмото беше тајно запечатено во трезор во зградата на кралицата Викторија.Писмото не смее да се отвори уште 63 години.Според тоа, писмото се наоѓа во трезор речиси 36 години, а наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Истиот е адресиран до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот што ги содржи упатствата за отворање и читање на писмото.„Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината Господова 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да ја пренесете мојата порака до граѓаните на Сиднеј“, стои во пликот на писмото.Како што споменавме, писмото се чува во зградата на кралицата Викторија, бабата на Елизабета, која била изградена по повод нејзиниот дијамантски јубилеј (60 години од владеењето) во 1898 година.Патем, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, прв пат во 1954 година.Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.

Магазин | пред 3 години

elizabet-2

Ковчегот со телото на кралицата заминува од Балморал за Единбург

Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора денеска ќе биде преместен од замокот Балморал во Единбург.Погребната кола полека ќе ги помине 280-те километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.Ковчегот ќе биде изваден од Балморал околу 11:00 часот и ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа. Ковчегот ќе биде поставен во кралската резиденција Холирудхаус во Единбург, каде ќе остане до утре попладне, јави Би-Би-Си.Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.

Магазин | пред 3 години

Elizabeta

Сите споделуваат смешна анегдота од животот на кралицата: „Се надевам дека некој ќе му каже“

Поранешниот службеник за кралска заштита, Ричард Грифин, неодамна сподели со јавноста една од најдобрите анегдоти за кралицата Елизабета Втора која се уште се раскажува до ден-денес.Имено, во интервју за Sky News во јуни, тој се присети на моментот кога кралицата запознала двајца американски туристи додека се шетала низ нејзиниот шкотски имот - и иако дефинитивно била една од најпознатите луѓе на светот, тие немале поим која е таа."Таа шеташе околу замокот Балморал во Абердиншир, Шкотска, облечена во твид и со шал околу главата. Дојдоа овие двајца планинари, одеа кон нас, а кралицата, како и секогаш, застана и ги поздрави. Беше јасно дека таа Американците воопшто не ја препознаа, што беше во ред.Еден ја праша Елизабет дали живее во таа област, на што таа одговори дека има куќа во близина. Таа му рекла дека нормално живее во Лондон, но дека има куќа овде веднаш над ридот. Американецот се интересираше и колку често доаѓа овде. „Повеќе од 80 години“, се пофали Елизабета, а дотичниот планинар воодушевено додаде: „Тогаш сигурно сте ја запознале кралицата?!“.А таа му рекла: „Па, не сум, но овој човек овде редовно се среќава со неа“. Тој ме праша каква е кралицата.„Понекогаш знае да биде многу зајадлива, но има прекрасна смисла за хумор“, му реков, знаев дека можам да направам ваква шега бидејќи поминав многу години со кралицата.Тој човек потоа ми пријде, ми ја стави раката околу рамо, ја даде својата камера на кралицата и ја замоли да не фотографира! На крајот ги сменивме местата, ги фотографирав со кралицата, им мавтавме и им кажавме топло збогум.Се надевам дека некој ќе му каже која сум“, заклучи таа на крајот – изјави Ричард Грифин.

Магазин | пред 3 години

severina

(ФОТО) Родени во ист ден: Северина и оддаде почит на кралицата

Штом веста за смртта на кралицата Елизабета Втора го обиколи светот, познатите личности почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи.Меѓу нив беше и пејачката Северина Вучковиќ која, како што малкумина знаат, е родена на ист ден со починатата кралица, 21 април.Смртта на кралицата многу ја растажи, па со објава на Инстаграм и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.„Изјавувам пред сите вас дека целиот мој живот, без разлика дали е долг или краток, ќе биде посветен на вашата служба...“ Нејзиното Височество Кралицата“, напиша Северина.

Магазин | пред 3 години

FireShot-Capture-2105-Voditelj-otvorio-ampanjac-povodom-smrti-kraljice-Elizabete-Info-_-mondo.rs_

(ВИДЕО) Сред емисија во живо отвори шампањ и објави за смртта на кралицата

Водител во Аргентина отвори шампањ во емисија во живо кога најави дека кралицата повеќе не е со нив.Сантијаго Кунео, покрај шампањот, јадеше и сендвич, а на крајот на емисијата објави и непримерна порака дека кралицата починала.Додека политичарите и лидерите во светот испраќаа сочувство до британското кралско семејство, а новинарите од светот и оддаваа почит, Кунео ја објави веста за смртта на кралицата Елизабета Втора со зборовите: „Старата кретенка е мртва. Силен аплауз за сатаната, кој, конечно, ја зеде“.Контроверзната најава на аргентинскиот новинар бргу се рашири во Аргентина, а хаштагот #Cuneoalmediodia почна да се појавува и на „Твитер“. Многумина се шегуваа дека бил најстудениот Аргентинец и дека веќе некое време се подготвувал со шампањот за оваа пригода.„Кој би рекол дека има подготвен шампањ во фрижидерот, патриот. Кунео го претставува просечниот Аргентинец во денешницата. Ако во Аргентина има ирски пабови, таму прославата ќе биде интензивна“, му коментирале некои од фановите.Имаше и такви што го критикуваа и дека имал лош вкус.„Јас сум Аргентинец и овој човек мене не ме претставува. Жал ми е за овој губитник“, му порачаа тие.За потсетување, Аргентина и Британија водеа војна за Фокландските Острови во 1982 година. На крајот Аргентина изгуби.https://twitter.com/porquetendencia/status/1567957079872225282?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567957079872225282%7Ctwgr%5Ec8c8dc9ae94200715bbf37806432cdd5ef070ece%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fkjumram%2Fvideo-argentinski-voditel-so-shampan-objavi-za-smrtta-na-kralitsata%2F

Магазин | пред 3 години

imot-elizabeta-kralica-airbnb

407 евра од ноќ: Кралицата го изнајмувала имотот преку Airbnb

Британската кралица Елизабета нудела куќа за изнајмување. Познато е дека има повеќе имоти, па за нејзиниот приватен имот во Сандрингам имало понуда за издавање на Airbnb.Куќата претходно била дом на главниот градинар на нејзиното височество, на имот во областа Норфолк, каде членовите на кралското семејство го поминувале Божиќ, пишува „Дејли мејл“.Во огласот е наведено дека објектот има два ката, може да прими осум гости и содржи мебел и уметнички дела во сопственост на кралското семејство.Цените се различни, но понудата била 354 фунти (407 евра) за ноќ, следниот февруари, а најмалку може да се резервираат три ноќевања“, пренесува „Дејли мејл“.Огласот се појави само една недела откако сега починатата кралица објави дека туристите ќе можат да го посетат нејзиниот имот Балморал во Шкотска по намалени цени, поради кризата што ја зафати Британија, пишува британскиот весник.

Магазин | пред 3 години

1631035304-h_55450299-1536x1024-768x512-1

Драма во пресрет на смртта на кралицата, Чарлс: „Меган не е добредојдена“

Како што пренесуваат британските медиуми, во пресрет на смртта на кралицата Елизабета Втора дошло до мала драма, а главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс.Кралот Чарлс му рекол на принцот Хари да не ја носи неговата сопруга Меган Маркл во замокот Балморал, додека тој и другите членови на кралското семејство патуваат да бидат покрај кралицата Елизабета во нејзините последни моменти, пишува Дејли мејл.И покрај несогласувањата во последните години, принцот Хари отсекогаш бил посветен на својата баба и имале топол однос.Според The ​​Sun, принцот Хари бил во Фрогмор кога добил повик од неговиот татко, кралот Чарлс III, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.„Чарлс му кажа на Хари дека не е соодветно Меган да биде во Балморал во време на голема тага“, изјави извор за Сан.„Нему му беше кажано дека ниту Кејт нема да оди и дека посетата ќе биде ограничена само на членовите на потесното семејство“, рече изворот, додавајќи: „Чарлс јасно стави до знаење дека Меган не е добредојдена“.Дејли Мејл шпекулира што навистина се случило во оваа прилика. Додека едни тврдат дека Хари и Меган не знаеле дека и Кејт нема да биде во Балморал, па се согласиле со одлуката Меган да не оди ниту во замокот, други велат дека нејзиното присуство било буквално забрането, тврдејќи дека доколку не беше Кејт Мидлтон, таа немаше да биде таму.Некои медиуми објавија дека на Хари не му било дозволено да се качи во авионот со кој Вилијам, Едвард и Ендру ги однесе во Балморал, пишува Мирор.Да потсетиме дека принцот Хари не успеа да се збогува со кралицата Елизабета Втора, туку пристигна во Балморал неколку часа откако кралицата почина.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања