МИЦКОСКИ

475516384_1216189899862934_6900980275429949115_n

Поединечни трговци заработуваат преку енормни цени на производи, ќе се спротиставиме, најави Мицкоски

„Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција.Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард.Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки: Денес остварив средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција. Наложив засилени контроли и итна реакција на терен.Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка.Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените.Ги повикувам сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот. Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-29-at-11.21.16

(Видео) Мицкоски кажа што мисли за бојкотот на маркетите, а најави и дека два маркети ќе ги пријави за проверки поради маржите

Премиерот Христијан Мицкоски им даде поддршка на граѓаните за овој петок да се бојкотираат маркетите поради високите цени, по примерот на Хрватска.„Тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат“, изјави Мицкоски.На коментарот на новинар, дека производителите се уценувани од големите ланци на маркети, односно два маркети, кои се обидувале да го изиграат законот за нефер трговски практики, кој месецов стапи на сила, им се даваат договори со 10 отсто маржа, а потоа им се нудат специјални договори, каде маржата се зголемува на 40 до 45 отсто, Мицкоски рече:-Ако ова се случува е кривично дело и треба да ги кажете маркетите, да ги кажете пред органите задолжени за тоа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-29-at-09.49.56

(Видео) Скандалозен говор: Додик го фалеше путин и ги критикуваше ЕУ и НАТО, Мицкоски се огради

Милорад Додик од свечената Светосавска академија  испрати анти ЕУ и анти НАТО пораки. Говорот предизвика реакции во македонската јавност и беше наречен „скандалозен“.„Да живее Македонија, да живее Србија, да живее Република Српска и да живее братска Русија.Путин и раководството направија се за да ги одбранат руските национални и државни интереси во вистински момент“, порача Милорад Додик.На сево ова, од првите редови сведочеа премиерот Христијан Мицкоски, повеќе функционери, како и лидерот на опозицијата Венко Филипче. Ден потоа, Мицкоски го критикуваше Додик.„Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти-ЕУ, анти-НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се согласувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање на такви пораки. Сепак, тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-6

Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ, и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вчерашната емисија „360 Степени“ вели дека се уште не сме земја членка на Европската Унија бидејќи претходната Влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ, прифаќајќи секакви договори кои им биле ставени на маса, бидејќи како што рече тој, тие мислеле дека на тој начин ќе им се прости криминалот кој што го правеле.„Народот јасно кажа што мисли за договорот кој што тогаш беше на маса. Нормално ли беше она тегнење на пратеници во рамките на Парламентот да гласаат тогаш? Тоа е во рамките на духот на НАТО Алијанса и ЕУ вредностите? Прашањето не беше за преименување на името за НАТО, туку беше и за членство во ЕУ. Каде сме сега? Јас и вие разговараме за таа тема, а не треба да разговараме, бидејќи треба да сме членка во ЕУ. А мене таа 2018 година некои од тие европски политичари ми велеа дека сме фронтранери за 4 до 5 години ќе бидеме членка на ЕУ. Поминаа тие 5 години минатата година, а каде сме ние во чекална“, рече Мицкоски и додаде:„Виновни се овие кои што претходно ја водеа македонската влада што прифаќаа се што ќе им биде ставено на маса, мислејќи дека на тој начин криминалот и растурањето дома, ќе им бидат простени.“

Македонија | пред 1 година

27122024-Mickoski

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на службите додека беше лидер на опозицијата за што потенцираше дека била класична  злоупотреба на државните ресурси и дека нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.„Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање исто така со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата  служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази“, истакна Мицкоски и додаде:„Тоа за мене не е во ред и ќе ви кажам и зашто. Затоа што ако јас сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, а тоа го констатирала една од овие две агенции, тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Ќе го дадам и одговорот. Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, не го информирала министерот бидејќи во тој период министер е техничкиот министер Наќе Чулев. Затоа што не е точно. Затоа што ќе се констатирало класична злоупотреба.“

Македонија | пред 1 година

hristovski

Мицкоски: Директорот на АНБ, Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува

Во гостувањето во емисијата „360 степени“ на МТВ, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше запрашан за кадровските решенија со акцент на именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност.„Неспорен факт е дека Бојан Христовски во моментот е носител на сертификат за безбедност кој што е од највисок вид. Не само кај нас како држава, туку и во рамките на НАТО. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе, меѓу кој сум и јас, 12 вработени во ДБКИ и луѓето кои што работат во НАТО мисијата во Брисел. Тој сертификат го поседува Бојан Христовски“, одговори премиерот Мицкоски и дополни дека овој сертификат се издава под строгите правила и мониторинг на НАТО алијансата.„Не може вработени во НАТО периметарот, кој што го поседуваат овој сертификат издаден од истата институција да не се мониторирани од самата НАТО структура. Апсолутно, со сето ова сите оние тези во јавноста дека тој не исполнува услови за безбедносен сертификат или не знам што, паѓаат во вода“, заклучи Мицкоски.„Само во изминатите неколку недели откако е именуван, односно неколку месеци таму каде што е, покажал вонредни резултати заедно со нашите стратешки партнери во разбивање на три многу сериозни терористички ќелии во државата. Прашањето е зошто во минатото не биле сузбиени“, рече Мицкоски и посочи дека како премиер може да суди врз основа на квалитетот на извршување на работните задачи за кои може да се рече дека се вонсериски во овој момент.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ, вели Мицкоски

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата да Ви го честитам празникот Свети Сава и Ви посакам многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина.Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели.Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост.Нека е честит големиот празник Свети Сава!“Со почит,

Македонија | пред 1 година

mickoski-9-vlada

Мицкоски одговори дали ќе менува министри

Премиерот Христијан Мицкоски, е задоволен како функционриа Владата. Смета дека тие функциораат добро во сооднос на сите предизвици кои ги наследиле. Тој одговори на прашањето дали планира реконструкција на Владата.„Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било инртервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука“, рече Мицкоски.Според него, наскоро многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-15

Македонското прашање не е затворено додека не влеземе во ЕУ, а Фројд е чудна работа, вели Мицкоски откако Грците реагираа на негова изјава

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е Фројд е чудна работа и дека не знае каде се препознале Грците, откако вчера грчкото МНР реагираше на неговата изјава дадена пред иселениците во Њу Џерси дека македонското прашање не е решено. Од грчкото МНР го обвинија Мицкоски за иредентизам и додадоа дека македонското прашање е затворено со Преспанскиот договор.„Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада пресуди што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, а кои не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја членка на Европската Унија, која не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век сè уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сè додека ја вршам оваа улога што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат од човекот што ја предводи македонската Влада“, изјави премиерот Мицкоски.Според Мицкоски, поразително е што во 21 век, Бугарија како земја-членка на ЕУ која не ги почитува човековите права, согласно одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.„Вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада на пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои што не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за членка на ЕУ која што не ги почитува човековите права на македонската заедница и тоа е нешто кое што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век се уште е предизвикан македонскиот идентитет“, дециден е Мицкоски.Изјавите на Мицкоски за македонското прашање деновиве предизвикаа реакции во Грција, која оцени дека Мицкоски се обидува „да го врати на преден план прашањето кое еднаш засекогаш е решено“.„Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста. Фројд е чудна работа, но јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на ЕУ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

1-5

Остри тонови: Мицкоски ги потсети Бугарите да си ги исполнат обврските, ако сакаат Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски нема никакви комуникации со Владата во Бугарија, а порача дека има желба да седне и да се види како би ги решиле прашањата кои ги блокираат европските интеграции на Македонија. Тој е дециден дека во тој момент ќе им порача на Бугарите дека ако договорите важат – тогаш сите треба да ги почитуваат. Кога го вели ова, Мицкоски веројатно мисли на фактот дека Бугарија не го почитува Договорот за добрососедство во делот каде се вели дека тие нема да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ.„Немам комуникација со претседателот на Владата на нашиот источен сосед. Со задоволство би реализирал една таква средба. Со задоволство би имал желба да седнеме, да поразговараме, да видиме какви се можностите и единствената моја порака ќе биде многу јасна и гласна, а тоа е ако договорите важат и треба да се почитуваат за нас треба да важат и да се почитуваат и за нив и дека билатералните прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес“, рече Мицкоски.Порача дека ако за Македонија важи условот за Бугари во Устав, тогаш и за Бугарија важи почитување на Македонците во нивната земја, а со оглед дека ЕУ нотираше дека немаат никакви заложби за остварување на нивните индивидуални права. Ова значи дека Македонците се уште не можат да основаат здруженија со ваква цел.„Свесен сум за тоа што го направи Бујар Османи како министер за надворешни работи и Димитар Ковачевски како премиер. Јасно ми е дека прифатија нешто што не успеаа да го испорачаат. Сето тоа ми е јасно дека е проблем и дека сега секогаш ќе ни биде ставано тоа на маса како услов. Ако за нас тој услов важи тогаш треба да важат и за сите други оние договори што претходно се прифатени како што е Резолуцијата за почитување на човековите права, Договорот за добрососедство. Сето тоа треба да претставува обврска за сите страни“, рече Мицкоски.Пред четири месеци, Советот на Европа нотираше дека Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, односно дека не постои свест за правата на малцинствата.„Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските малцинства во странство, вакви напори не биле забележани и во рамките на Бугарија. Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. Власите не гледаат објективни критериуми ниту за лицата кои се идентификуваат како Помаци односно етничките Македонци со исламска вероисповед кои во земјата и натаму се нарекуваат бугарски муслимани“, стои во извештајот на Советодавниот комитет.

Македонија | пред 1 година

dogovor-1

За грчкото МНР, изјавата на Мицкоски е провокација: Прашањето е решено, конечно и неповратно

Официјална Атина одговори на изјавите на Христијан Мицкоски, кој рече дека Скопје не го смета спорот за името со Грција решен.Мицкоски, велат од грчкото МНР, се обидува да го врати во преден план прашањата кое веќе е решено, како што знаеме конечно и неповратно“.Тоа е одговор на коментарите на Мицкоски на собирот на, како што пишуваат грчките медиуми „Северномакедонците“ во Њу Џерси.„Треба да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим ако сакаме, конечно, македонското прашање да дојде до својата завршница. Нашето прашање не е решено. Тоа тлее со векови и сè уште постои“, рече премиерот.„Овој настан е провокација за Грција”, велат од Миинистерството за надворешни работи на Грција.„Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји“, посочуваат од грчкото МНР.

Македонија | пред 1 година

22012025_Mickoski_SAD_8

Мицкоски: Како Влада правиме сѐ за да вратиме дел од загубеното време и достоинство, за да можете да кажете дека повторно Македонија е ваша

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави присуствуваше на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од постоењето на црквата „Свети Никола“, на коj присуствуваа и бројни македонски иселеници.Во своето обраќање тој истакна дека овие 7 месеци откако е избрана Владата, таа ја води борбата дома за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија и дека таа борба ќе продолжи и нема да запре.„Но, таа борба за македонскиот народ се плашам дека не е доволна, дека ќе треба да победуваме и тука во Вашингтон и во Њујорк и во Брисел и во Берлин и во Лондон и во Париз и во Рим и во други светски метрополи, ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сѐ уште постои. Затоа е многу важно оваа врска којашто ја има татковината со Македонците надвор од татковината да продолжи да функционира да се засили, да биде уште посилна. Како Влада сме определени да ја градиме нашата релација со македонската дијаспора. Врската мора да ја засилуваме и таа да биде силна. Не смееме да дозволиме нашата дијаспора да биде разочарана затоа што македонските политички елити не успеваат таа врска да ја негуваат и одржат“, истакна премиерот Мицкоски.Според претседателот на Владата, нема посилна потврда од македонскиот идентитет ако има повеќе Македончиња, без разлика дали тие се родени во Македонија или надвор од Македонија, бидејќи на тој начин се брани нацијата и македонскиот идентитет, со потомство.„Ние Македонците сме едноставни луѓе, со големо срце, домаќини, домаќинки. Нема подобар начин од тоа од мали години, уште од најмала возраст да ги учиме децата на македонските традиции и обичаи. Традицијата и обичаите мора да се негуваат, тие се нераскинлив дел од македонскиот идентитет“, подвлече тој.Тој истакна дека знае дека можеби во овие повеќе од три децении демократија во Македонија, често пати политичките елити знаеле да ги разочараат Македонците и дека често пати тие разочарувања биле причина за многу нашинци да заминат од својата татковина.„Сакам да испратам една порака дека ќе направиме како Влада сѐ што можеме и правиме сѐ што можеме и правиме и повеќе од што можеме за да вратиме дел од тоа загубено време и дел од тоа загубено достоинство за да можете вие да кажете дека повторно Македонија е ваша и повторно ќе бидете горди Македонци. Тоа е нашата цел и тоа е нашата инспирација зошто се нафатиме како генерација да ја работиме оваа работа. Бидете сигурни дека ќе го вложиме секој атом енергија да работиме само за интересот на татковината и на граѓаните“, им порача премиерот Мицкоски на присутните.Тој упати уверување дека и покрај сите предизвици дома и покрај сите предатори коишто не сакаат Македонија да биде успешна, оваа Влада, оваа генерација ќе ги потврди илинденските идеали ќе го продолжи делото на Илинденците, на комитите, на војводите, подоцна и на партизаните за суверена, независна, демократска Македонија, која што ќе биде најбогатата и најпросперитетна држава на Балканот, а зашто тоа да не биде и во Европа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-22.51.01

Милошоски: Првпат премиер на Македонија присуствува на инаугурација на претседател на САД

„Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена. Ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија“, вели пратеникот Антонијо Милошовски и додава:Склученото стратешко партнерство од 2008ма година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес.Во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика!“, стои во фејсбук објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните

„Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, разбирање и благослов. Овој свет ден нè потсетува на вредноста на верата, духовното единство и љубовта кон ближните. Затоа, да го негуваме духот на заедништвото, почитта и поддршката еден кон друг, ставајќи ги мирот и добрината во прв план.Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас.Воедно треба да бидеме свесни дека промените за кои работиме и за кои сакаме да се случат зависат од сите нас. Иднината мора да биде заедничка и секој ден мора да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет.Посакувам срдечна прослава, семејна топлина и радост во овој убав празничен ден, а благодатта на денешното осветување да биде наша водилка низ животот“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД.Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.Меѓудругото делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.Исто така премиерот Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања