МИЦКОСКИ

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Да се избере јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не како до сега заштитник на криминалот на СДСМ и ДУИ

„Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина и услов за да ние работиме спротивно од тоа“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата на СДСМ дека се врши партизација на судските органи.Премиерот Мицкоски посочи дека правосудните органи под палка на СДСМ и ДУИ е октруирано и партизирано и има доверба од 2 проценти.„Тоа значи дека имаме октруиран, партизиран целосен систем кој што има за цел да биде последниот браник, последниот штит на Владата која што пред повеќе од 8 месеци замина во историјата на македонската политичка сцена, а тоа е Владата на СДСМ и ДУИ, иако тие заедно со Левица функционираат исклучително одлично и ефикасно во опозиција и мислам дека уште долго време така ќе продолжат да функционираат како коалицијата“, истакна тој и додаде:„Со самото тоа што тие велат дека не треба да се промени Коцевски, ние мора спротивно да работиме, да направиме се што е во наша моќ да го промениме, бидејќи знаеме што мислат граѓаните за правосудниот систем под палката на ова коалиција СДСМ и ДУИ во минатото, довербата е 2 до 3 проценти.“Премиерот Мицкоски порача дека треба да се избере јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ.„Така што јас очекувам овој процес брзо и ефикасно да заврши, да биде избран обвинител кој што ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на СДСМ и ДУИ“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

2402025_Mickoski_pres_2

(Видео) Мицкоски најави реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните

„Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле.Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум.Нема да се повторувам од тоа коешто го кажаа претходните говорници, за техничките карактеристики на овие два проекта, за сето она што ќе биде реновирано итн. Само на крај би сакал да изразам благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, до министерот за здравство Арбен Таравари, како и до директорот на болницата 8 Септември д-р Синиша Стојаноски за нивната посветеност и ангажираност во реализацијата на овие проекти.Сѐ на сѐ, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните. Важно е да се знае дека мора да одиме напред и Македонија повторно да биде ваша“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-24-at-12.20.55

Со контактите кои ги имаме од најблискиот периметар на Трамп можеме само да добиеме, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека од САД каде на чело е Доналд Трамп и контактите таму - Македонија не може да изгуби.„Со контактите кои ги имаме од најблискиот периметар на Трамп можеме само да добиеме, не и да изгубиме. Билатералниот спор со источниот сосед е спор кој генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век. Ценам дека треба час поскоро ние како држава и формално да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, кои што се дел од овој билатерален спор“, рече Мицкоски.Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина. Истовремено ЕУ, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција. Запрашан зошто земјава се одлучи на ваков чекор, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави „па, така одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата поднесена од САД“.

Македонија | пред 11 месец

ahmeti-mickoski

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, во спротивно предупредувам дека продолжувате со сеење магла

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити. Мицкоски рече дека одма ќе ги даде на органите за да постапуваат. Но посочи и дека има доверба во Меџити, а за ДУИ повтори дека нивното второ име е „корупција“.„Сите кои поседуваат било какви докази, за такво нешто, како што тврди ДУИ, еве мојот број сите го знаат, ако треба ќе напуштам состанок, за да ги видам докази и да ги дадеме на органите кои треба да постапуваат“Тој упати предупредување до ДУИ.„Треба да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сејат пердуви и да се занимаваат со магла оптоварена со корупција, кое беше нивно второ име во минатото. Главен атрибут им беше ТЦ Соравија, „Ролс-ројс“ автомобилите на сватовите, деловните простории на тогашниот шеф на кабинет на Ахмети и така натаму, можам една цела прес-конференција да ви ги редам скандалите. Тоа е Фројд, владее со нивната потсвест, јас имам доверба во работењето на господинот Меџити“, додаде Мицкоски.Претходно се огласија од ДУИ.„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ.ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите не само против Меџити, туку и против клучните личности во неговиот кабинет, вклучително и шефот на неговиот кабинет, за кој велат: „Со месеци води добро организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-23-at-12.39.29

Мицкоски: Тука нема играње, ние први го запоседнуваме теренот, јас така работам

Ја раскажувавме вистинската вистина за Македонија во Вашинготн, вели премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од десет дневната тура. Тој посочи дека таму ја испратил пораката дека Македонија 20 години не може да мрдне бидејќи некој треба да решава работи од 10 век во 21 век. Мицкоски рече: „Може да испишете статус, нема да смени ништо. Но ако отидете таму, се борите и аргументирате - тоа е вистинскиот начин. Јас и натаму ќе се борам“.„Сега во Вашингтон буквално на најголемиот настан на Републиканците разговарав со десетина луѓе. Таа е линијата, тоа е новото нормално кое доаѓа и ќе го преплави светот. Тука нема играње, ние први го запоседнуваме теренот. Тоа е мојот начин на работа, немаме втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па другите се редат зад тебе. Ние мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално. Таа е кампањата која јас ја водам. И мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка“, рече Мицкоски.Потоа, тој најави посета на Турција.„Одам на приватен ручек со Ердгоан, за потврда на стратешкото партнерство. Одиме потоа во Будимпешта. Мораме да градиме сојузништво, ова е новото нормално“, додаде Мицкоски

Македонија | пред 11 месец

31122024-Mickoski

Македонскиот јазик е длабока емоција, да го чуваме, напиша Мицкоски на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме.“Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков. Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

480558399_1232364441578813_6010815432671394883_n

Судиите и обвинителите се назначени од оние кои станале политички криминалци, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски преку „Фејсбук“ статус се обрати за да посочи дека отпатувал за Вашингтон за да се бори за Македонија.„Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: Ние се бориме против нив, и тоа одлучно.Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале“, пишува Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-20-at-19.36.27

Русија го негира украинскиот идентитет, исто како што Бугарија прави со македонскиот - што со нас?!, ги праша Мицкоски во Вашинготн

Премиерот Христијан Мицкоски застана на страната на ставот на ЕУ кои останаа на ставот дека Украина е нападната од Русија, со цел да го негираат нивниот идентитет и јазик. Но во исто време ја потсети ЕУ дека во Унијата, Бугарија како земја членка го негира македонскиот идентитет и јазик. Им порача, дека мора да имаат исти пристап до двата слуачи.„Оваа војна и агресија на Русија кон Украина е нешто ужасно. Ние мора да и помогнеме на Украина и луѓето таму. Бидејќи Русија има за цел да го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е ужасно, страшно. Но во исто време, Парламентот на една од земјите во ЕУ, го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик кој е мој мајчин јазик, кодифициран од 1977 година. Ние мора да имаме исти пристап во двата случаи“, рече Мицкоски.Тој продолжи: „Таму има инвазија, ужасно е, луѓе умираат. Ние им помагаме, ние сме во првите пет земји кои донираме муниција и оружје на Украина. Но што со Македонија?“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-20-at-19.31.30

Вината за корупцијата во Македонија е кај обвинителите и судиите, не ги применуваат законите, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски за „Atlantic Council“ во Вашинготн, отворено порача дека нема што да се менува во законите, бидејќи тие се добри, а вината за корупцијата ја префрли кај судиите и обвинителите. Посочи дека одлучно како Влада, девет месеци работат на реформи, за да се применуваат законите.„Борбата со корупција е нешто на што особено работиме, на борбата со корумпирани со политичари. Одлучно се бориме со нив. Имаме одлични закони, но неговата примена недостасува. Кој е одговорен за тоа? Судиите и обвинителите. Прво мора да го промениме менталитетот на судиите и обвинителите. Ние преземаме реформи. Се е напишано, мора да се примени“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција .Премиерот Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат".Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова.Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО- рече премиерот Мицкоски и дополни дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.Премиерот Мицкоски посочи дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи?- запраша Мицкоски.Ние сме дел од Европа и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно. Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш- потенцираше Мицкоски и посочи дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додаде:„ Ова изгледа како визија за иднината на Северна Македонија која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап- да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад.Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Северна Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност. “

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Дефанзивен пристап на Владата кон маркетите по вторите мерки, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и договореното со Владата. Тој рече дека сака со разговор да се дојде до решение, но работите ескалираме оти довербата помеѓу трговците и Владата ја немало.„Тоа е процес и процедура која е тековна. Имаме некои индиции, очекувам во вторик реферирање. Мислам дека Државниот пазарен инспекторат ќе излезат во јавност со некои параметри. Ако не се почитува тоа од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно“.Тој додаде дека не се само маркетите се предмет на анализа туку и аптеките, продавниците со бела техника.„Не може производите во соседни земји да бидат 2-3 пати поевтини од кај нас“, додаде Мицкоски.Според него, уште во вторник можно е да се донесат мерки од страна на Владата.

Македонија | пред 11 месец

26122024-Mickoski

„Цениме дека треба да се удри во чело“ - иницијатива за разрешување на членовите од Судски совет поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Иницијатива за разрешување на Судскиот совет, односно членовите поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, телото е главно упориште на корупцијата. Ова доаѓа откако граѓаните излегоа на улиците бунтувајќи се против системот, а по прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин од страна на Васил Јованов.„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.„Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функционриање, избор и институционалната мерија и сето тоа што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Кога не знам, се трудам да учам. Заедно со министерот, со сите луѓе кои работат во Министерството за правда, пратениците, анализираме. И споделуваме искуства, бараме решенија. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задовлни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Ние не можеме да направиме целосно распуштање или ниту можеме за кратко време да ги најдеме аномалиите. Но можеме да избереме судски совет кој ќе биде своевиден монитор како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, а не да правиме импланти. Тоа подразбира дека се што е под ингеренции на Парламентот, таму каде се бираат, таму да се изгласа интерпелација. Тие можат да останат во Судскиот совет. Но ако ти водиш инает а ти изгласале интерпелација - не е добро. Тогаш имаме други алатки“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

mickoski-protest

Мицкоски го поддржа протестот: Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е оправдан протестот пред Универзална сала на „Партизанска“, а откако младата Фросина Кулавкова беше смртоносно прегазена. Тој рече: „Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град“.„Оправдан е револтот на граѓаните и тука нема дилема. Еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем кој треба да детектира вакво дивеење по булеварите и улиците насекаде низ државата. И знам дека МВР го спроведува тоа и наскоро ќе имаме таков систем кој ќе санкционира. Тоа мора да се случи без разлика на политичките куршуми“, рече Мицкоски.За судството рече дека се надева оти судско-обвинителскиот систем ќе се ослободи од канџите на политичарите и дека ќе судат според закон, а ќе спречат вакви појави.

Македонија | пред 11 месец

mickoski-9-vlada

Кој ќе го советува Мицкски: познати имињата на дел од „дрим-тимот“

Познати луѓето кои се дел советничкиот тим на премиерот Христијан Мицкоски. Вкупно 17 советници, од кои две жени, ќе советуваат за надомест од 60.000 до 90.000 денари.Поранешниот спикер Трајко Вељаноски од судница влезе во Влада.На Трајко Велјановски, судот минатата недела му го одобри барањето за аменстија за случајот „Организатори за настаните на 27 април”, со што заврши процесот против него за „Организаторите за 27 април“. Тој ќе дава совети за правосуден систем и парламентарни работи.Двајцата луѓе од доверба, Владимир Пешевски и Зоран Ставревски ќе бидат економски советници. Пешевски, поради измените на Кривичниот законик куртули во предметот „Траекторија“. Советник ќе биде и Ставревски кој не беше под обвинение но го слушавме во многу бомби на Заев. Позната е неговата реченица за трошењата во буџетот: „Ние немаме за леб, а трошиме за чоколадо”. Екс министерот за финансии беше во салата и даваше наредби да се исфрлат пратеници и новинари кога се носеше буџетот на Црниот понеделник.Татко на актуелен министер, поранешниот безбедњак, Љупчо Андоновски и неговиот колега и последен директор на УБК како наследници на Сашо Мијалков, Горан Николовски-Џони, ќе го бидат советници за безбедносни прашања.Владата уверува за квалитетот на советниците на премиерот.„Овие експерти ќе донесат вредни сознанија за развојот на политиките, економските стратегии и меѓународните односи. Со нивното долгогодишно искуство и во јавниот и во приватниот сектор, надворешните советници ќе ја поддржат Владата во донесувањето информирани одлуки кои се усогласени со најдобрите практики и националните приоритети. Активностите на Владата се водени од анализа и непристрасни совети, зајакнување на транспарентноста и стратешкото лидерство!“, соопшти Владата.Мицкоски ќе го советува и еден Германец.„Јоханес Хајдекер, надворешен советник, интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ“, велат од Владата.Совети на Мицкоски ќе му дава и поранешниот амбасадор Сашо Марковски и експратеникот Александар Спасеновски, чие име се вртеше како можен претседателски кандидат.На списокот советници се и професорот Јован Пејковски, Снежана Трпевска, Мимоза Рајл, Лазар Јовевски, професорот по римско право Гоце Наумовски инаку брат на Васко Наумовски, поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор на Македонија во САД.Шенер Биљаљи ќе го советува премиерот за односите помеѓу заедниците.

Македонија | пред 1 година

dr-nikolov

Лекарот и советник на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека еден од неговите советници, Игор Николов, кој го советувал за здравствена политика, е предложен да биде наш нов амбасадор во Франција.„Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика, а договорот ќе му престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција“, изјави Мицкоски.Премиерот претходно соопшти дека има вкупно 17 советници.„Вкупно имам 17 советника. Сите советници, ќе ги имате имињата, сите тие 17 советници земаат плата во вкупна вредност од 60 илјади денари. Со исклучок на оние кои се на полно работно време, тројца или 4-ца кои се во владата, имаат хонорари од 90 илјади денари месечно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања