МИЦКОСКИ

13032025-Mickoski-1

Премиерот апелира сите што биле во близина за време на пожарот да одат на лекар

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска апелираше сите лица кои биле во близина на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да одат на доктор, без разлика дали чувствуваат симптоми или не.„Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавите на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација”, апелираше Мицкоски.Премиерот ја истакна улогата на медицинските тимови, кои вложуваат максимални напори во спасувањето на повредените, како и на транспортирањето на пациенти во соседните држави.Мицкоски информираше дека ќе бидат покриени трошоците за двајца членови од семејството на повредените за да можат да патуваат и да бидат со своите најблиски во болниците во други држави.

Македонија | пред 10 месеци

484867144_1250085113140079_1661927536193139607_n

Мицкоски: Никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во Скопје.На новинарско прашање според кои протоколи тоа е дозволено и дали може да има последици врз здравјето на пациентите, бидејќи не е дозволена посета ниту на семејствата, Мицкоски рече дека и вчера и денеска посетил пациенти и ги запазил сите протоколи побарани од медицинскиот персонал и од докторите.„И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема да видите лице, ниту да слушнете и прочитате име на пациент што јас сум го посетил. Ќе ги видите сите фотографии, ќе видите како јас сум влегол. Да, има и такви што влегуваа со камери и слично, но како што видовте и вчера и денеска, јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова. Фотографиите се во тил, нема ниту едно лице, многу внимателно ги избиравме фотографиите за да нема ниедно лице. Не го правам тоа поради пиар, туку го правам за да излезам пред вас за да не се кријам и за да зборувам отворено за сето она со кое се соочуваме. Ако е тоа проблем, подготвен сум да сносам одговорност. Мојата задача е преку медиумите да се обратам со пораки до граѓаните и тие пораки важни за граѓаните, тоа е мојата цел“, изјави премиерот.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-18.40.05

Фалсификувана била лиценцата за кабаре која ја имала дискотеката, а лага е дека полицијата ги затворила вратите

Дискотеката „Пулс“ немала документ за работа, односно лиценца, цела година, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека дискотеката функционрала со лиценца која била фалсификувана – односно, имало оригинален печат, ама била издадена под архивски број, кој во книгите на Министерството за економија бил заведен документ со назив „комуникацијата со странски инвеститор“. Ова значи дека дискотеката немала легална лиценца за кабаре.„Не е точно дека полицијата ги затворила вратите. Полицијата не била таму да контролира дали има важечка лиценца или не, туку се вршела проверка, по основани сомненија дека се тргува со недозволени супстанци и дека има на местото малолетници. Полицијата доаѓа пет минути пред да се случи настанот. Групата полицајци е со лице кое под сомнение дека тргува со недозволени материјали, а починатиот полицаец легитимирал дали внатре има малолетници“, рече Мицкоски.Објектот бил кабаре, па тој бил под надлежност на Министерството за економија, а не на општината и смеел да работи до 04 часот сабајле.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-18.30.36

Мицкоски најави морална одговорност: Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната

Со едноминутно молчење започна прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека наредните денови ќе има и морална одговорност за несреќата.„Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната“, рече Мицкоски.Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ, Мицкоски рече: „Ова е битка помеѓу чесните и нечесните од сите партии“.„Потребна е демонстрација на морална одговорност. Многумина велат знаат граѓаните дека владата е нова. Но без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример, и мора да има морална одговорност. Јас по ова прашање немам дилеми, ни ќе калкулрирам. Не ми е потребна власт по секоја цена. Тука сум преку личен пример да демонстрирам.. Во следните денови ќе има низа мерки, активности кои ќе значат многу за семејствата. Ви го должам вам, на семејствата на загинатите“, рече Мицкоски.„Во сето ова што ни се случува и случи најпрво мора да има кривична одговорност за сите инволивирани, без разлика од која партија, институција, на кое место. Кога станува збор за одговорност, нема да има милост“, додаде Мицкоски.Тој рече: „Или ќе нѐ биде овојпат, или нема да постоиме“.Мицкоски

Македонија | пред 10 месеци

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-4

Се огласи премиерот Христијан Мицкоски

„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!

Македонија | пред 10 месеци

22112024-Mickoski-1

Мицкоски го предупреди Судскиот совет: Зоврива работата, може да има масовни протести, со самороганизација

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека граѓаните може да се самоорганизираат против членовите на Судскиот совет и правосудството.„Па очигледно граѓаните, се додека не заминат од тоа место, уште некое време ќе треба од буџетот да ги плаќаат тие високи плати. Тие се вознемирени, ја чувствувам негативната виврација кај граѓаните, гледам дека работата зоврива и може да се самоорганизираат, а тоа да бидат масовни протести“, рече Мицкоски.Тој додаде дека е загрижен, бидејќи оваја доведува во прашање безбедноста на државата.

Македонија | пред 10 месеци

saiti-1

Мицкоски: На Врховен суд си ставија човек од кожната фотелја од штабот на ДУИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените протести доколку членовите на Судски совет на коишто им беше изгласана недоверба во Собранието, не си поднесат оставка, изјави:„Па видете, јасно е декa мал дел од обвинителите и судиите се последниот браник на Владата на СДСМ и ДУИ, јасно е од нивното однесување. И јасно е, тоа што го прават дел од членовите на Судскиот совет, дека практично тие ги поддржуваат тие политики и тоа однесување.Исто така е недвосмислено и јасна е одликата на тие коишто ги гласале, а тоа се пратениците во македонското Собрание. Кога тие коишто претходно ви ја дале довербата, ви гласаат интерпелација, односно ви гласаат недоверба, доблесно, чесно е да не правите трикови, да не барате дупки во законите, да си заминете. Многу едноставно е.И гледаме дека поединци од таму тераат инает. Мислат дека со инает ќе успеат нешто да направат. Јас сум постојано со народот. И го слушам народот како реагира. И јас само сакам да кажам дека, доколку не постапат соодветно на одлуката на тие коишто ги бираат, тоа се парламентарците, се плашам дека може да им се случи народ. Да се самоорганизираа и да протестира, затоа што народот е желен за правда.Ние излеговме на избори, освоивме пола милион гласови. Нас ни беше важно и многу важен дел од нашата кампања и програма беше правдата. Правда за сите. Не само за поединци, туку правда за сите, дециден е Мицкоски.И во име на тоа, имам чувство, дека доколку дојде до ваква ескалација и излезе народ да протестира, дека тој може да биде многуброен и нормално поддржан лично од мене. Така што, јас само сакав тоа да го кажам, дека ако се служат со трикови, водат инает, дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ.“А во однос на обвинувањата дека ваквата најава е преседан и дека се врши директно класичен упад врз судската власт, премиерот Мицкоски додаде:„Видете, јас не мислам дека ова е преседан. Не мислам дека вршам упад. Јас само како претседател на Владата предупредувам на последиците од однесувањето на членовите на Судскиот совет, дека може да се случи народ.Тоа е моја должност. Да не биде после не сум предупредил, да не биде после не сум кажал. Затоа што, ако нè фатат во спиење и ни се случи народ, тогаш се плашам дека може да има поголеми последици како во минатото, се сеќавате имаше и други претседатели на Влада коишто буквално ги користеа заканите за да партизираат во судството.Ќе ве потсетам, за мене крајно дрски и разочарувачка одликата на Судскиот совет, за вршител на должноста, претседател на Врховниот суд, да постави човек којшто доаѓа буквално од кожната фотелја во салонот во Речица.И сега што зборуваме ние, и како тоа да не го иритира народот? Па нормално е дека ќе народот биде иритиран. Јас не знам зошто сме изненадени и кој е изненаден? Јас воопшто не сум изненаден, јас само пренесувам тоа што го слушам. Бидејќи сум секој ден со народот, помеѓу граѓаните разговарам и гледам дека навистина се луѓето вознемирени. И загрижени. Затоа што децата си одат, не си одат поради економски причини. Сега за волја на вистината процесот и е обратен. Но до скоро си одеа затоа што чувствуваа дека нема правда. И тоа е суштината. Јас сум само должен да предупредам, да не биде потоа не сме знаеле и не сме кажале.“Потоа премиерот Мицкоски на прашањето за Извештајот за напредок од страна на Европската комисија и критиката од известувачот Томас Бајц, како ќе влијае на текстот и на заклучоците, потенцираше:„Ние имавме со известувачот многу плоден и корисен состанок, кога беше тука. Дали ќе влијае, тоа е одлука на известувачот и на Комисијата. Но мене ме радува фактот што после многу години, не сме повеќе хибриден режим, според Економист.На 27-ми февруари излезе податок, чекав да видам дека тој податок да се пренесе, ама очигледно се пренесуваат веднаш овие вести, ама овие добрите не се пренесуваат. Македонија напредува 10 места на скалата. И сега веќе не сме хибриден режим, сега сме малку погоре, за разлика од другите земји во соседството коишто бележат опаѓање. Ај да се радуваме на овој успех. Да кажеме на граѓаните дека не сме повеќе хибриден режим според Економист, туку дека сме ја унапредиле демократијата. И мислам дека тоа треба и самата Европска Унија и известувачот да го забележат и да го стават во својот извештај.“Во однос на членовите на Судскиот совет, на коишто им е изгласана интерпелација и платите кои ги земаат како функционери со највисок коефициент, Претседателот на Владата, потенцираше:„Па очигледно граѓаните, сè додека не заминат од тоа место каде што се, уште некое време, ќе треба да ги плаќаат преку Буџетот, нивните високи плати и затоа тие се вознемирени. И затоа јас го чувствувам, ја чувствувам таа негативна вибрација кај граѓаните, гледам дека работата зоврива и дека можно е да се самоорганизираат. И тоа може да бидат масовни протести. И тука сум веќе и јас загрижен, бидејќи логично е да се грижиме за безбедноста на државата.“, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

31122024-Mickoski-pres

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам.“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.Претседателот Мицкоски вели дека членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи кои што за жал рече тоа го дозволи Европската унија.„Нашата близина и далечината со ЕУ не зависи од тоа дали ние сме ко-спонзори на оваа или онаа резолуција, туку зависи исклучиво од билатерални прашања, кои што за жал истата таа ЕУ дозволи да се случат. Дали јас грешам не знам, дали ќе успеам во ова не знам, јас сум го добил легитимитетот од граѓаните пред 9 месеци, пола милион луѓе излегле и гласале.“, рече Мицкоски.„Јас немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани.“, нагласи Мицкоски.На прашањата доколку Вашингтон рече тоа е тоа, дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи:„Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-13.52.11

Агелер не коментира зошто министерот за труд Лимани не доби виза, Мицкоски смета дека е непристојно да ја надсинхронизира

Во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, амбасадорката Агенла Агелер упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.„Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани му е одбиено барањето од САД за американска виза, а при тоа се повика на објаснување од страна на амбасадорката Анџела Агелер.„Сега би било многу непристојно, јас нејзината екселенција - амбасадорката Ангела Агелер да ја надсинхронизирам. Тоа што е поврзано со процедурите на издавање виза на американската администрација таа многу фино ви објасни“, рече Мицкоски.Изминатите денови опозициските СДСМ и Алијанса за Албанците соопштија дека на Лимани му било одбиено барањето за американска виза. Министерот, наводно, требало да присуствува на конференција на Обединетите нации.

Македонија | пред 10 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на Љупчо Коцевски посочи дека партиски луѓе не треба да има во судството.„Последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате. Најголемиот дел би рекол 95% од обвинителите и судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, коишто обвинуваат и судат според закон и Устав. Но, за жал има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари и коишто ценат дека кога ќе ја облечат тогата наместо да заборават на партиските привилегии и оние коишто ги предложиле таму, тие се уште се верни слуги на истите коишто на времето ете бидејќи такви се законите и процедурите ги предложиле да бидат таму каде што се“, одговори Мицкоски.Премиерот Мицкоски го потенцираше однесувањето на еден обвинител којшто наместо да биде заштитник на владеењето на правото, одбрал да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада.„Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена којшто одлучи наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“, објасни Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Kapusevski-Jahoski-Kovacevski

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави:„Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што користеле, ете такви недозволиви, би рекол, средства и согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот и го уништувале единственото право на живот коешто е уставно гарантирано за сите граѓани.Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној којшто се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, без разлика за кого станува збор.Но, исто така дозволете ми да се заблагодарам и на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР коишто беа вклучени во акциите. Затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правната држава и таа да биде подеднаква држава за сите граѓани, а не само за едни да биде мајка, а за други маќеа.Така што еве ги охрабрувам овие акции коишто се во насока на борба против организираниот криминал, како што е овој случај за којшто вие зборувате.“А во однос на тоа дека станува збор за набавка на сомнителен мазут, со сомнително потекло и квалитет, премиерот Мицкоски додаде:„Да почекаме истрагата да заврши и дури откако ќе заврши истрагата можеме да коментираме кои се сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. До тогаш ќе се држиме до она до коешто Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го соопштија на јавноста.“

Македонија | пред 10 месеци

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски директно до Османи: Човекот кој го распродаваше македонскиот идентитет има најмал кредибилитет да зборува!

Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека ќе има политичка криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд. Ахмети и Османи се заканија дека во ваков случај нема да има ниту локални избори.„Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик“, му порача Мицкоски.Рече дека ДУИ беше пример за двојни стандарди, корупција и криминал.„Таму владее паника и страв, се гледа од коментарите на челниците на од ДУИ, а за што станува збор, многу скоро ќе биде сведок и јавноста“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

07012025-Mickoski

За Шпанскиот амбасадор Мицкоски е пример за едноставност и нормалност, ги минал аеродромските формалности како и секој друг патник

Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Соријано Ортиз, на социјалните мрежи, изрази изненаденост откако при патување од Скопскиот аеродром, забележал дека премиерот Христијан Мицкоски ги минува сите аеродромски формалности како и сите други патници.Ортиз вели дека премиерот без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги почитувал сите процедури како другите патници.Во објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го посочи овој момент како пример за едноставност и нормалност во однесувањето на високите функционери.„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски, кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!”, напиша вчера амбасадорот.

Македонија | пред 11 месец

03012025-Mickoski-9

Мицкоски: На пат кон Турција ја добив оваа одлична вест

„На пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган денес, ја добив одличната вест која ја најавив и претходно, односно потврдата дека Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат.На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша!

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-05-at-12.20.53

Мицкоски: Војната во Украина наскоро ќе заврши, ако згрешам ќе се извинам

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за поставување пратенички прашања рече дека војната во Украина, ако не греши, ќе заврши наскоро, а ако не се случи тоа, рече дека ќе се извини.Мицкоски одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ посветено на гласањето на резолуцијата за Украина во Обединетите Нации. Од опозициската СДСМ го обвинија премиерот Мицкоски дека Македонија со начинот на гласање во ОН ризикува меѓународна изолација, додека другите држави според нив, балансираат во геополитичките односи.„Одлуката беше таква, затоа што имавме избор дали да застанеме меѓу првите во редот заедно со нашиот стратешки партнер САД или да поддржиме заеднички став на Европската Унија. Кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме позади резолуцијата која што ја предложија Соединетите Американски Држави“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања