МИЦКОСКИ

mickoski-bedzeti

(Видео) Беџети од ДУИ и Мицкоски влегоа во „клинч“, се дискутира според кој закон може да се „влече за уши“

Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети упати пратеничко прашање кон премиерот Христијан Мицкоски и го обвини дека се мешал во правосудната власт преку прес-конференцијата која ја одржа во Владата. Според Беџети, премиерот обвинувал. На ова, возврати Мицкоски кој кажа дека тој не го прави тоа што не сака да му го прават на него.„Јас никогаш не се изразив како што вие велите, да било кого осудам пред време иако ние како политичка партија, знаеме што значи да се биде жртва на таков тип квалификации, сме го почувствувале тоа. За нас важи правило не им го прави на луѓето тоа што не сакаш да ти го прават. Јавното обвинителство ја води истрагата, а кога ќе ја заврши, ќе се произнесе дали обезбедените лица се  осомничени или не. Јас не би обвинувал, ниту сум обвинувал како што вие велите. Точно е дека јавно кажав, со триста огради, дека може да влијаам на истрагата ако кажам дека постои фалсификуван документ/лиценца за истиот клуб каде се случи трагичниот настан и точно е дека откако се провери во архивата, под тој архивски број е друг документ заведен. Документите (лиценците) се издавани од Министерството за економија, таму јас не сум бил министер, министри (со исклучок), од 2008 година наваму биле предлози на ДУИ. Овој клуб почнува во 2012 година, а тогаш бил министер од ДУИ. И додека постоел, министер бил од ДУИ. Тогаш се поставува кој ги потпишувал овие документи? Таму стои ‘во име на министерот’... Да почекаме обвинителството да се произнесе, нели го браневте? Тие дојдоа таму, тие ја водат истрагата. Нека ја завршат, да видиме, можеби јас ќе бидам осомничен, можеби Тошковски, можеби некој друг и тогаш да направиме заклучок дали е селективно или не “, рече Мицкоски.Потоа, Беџети излезе на говорница го праша Мицкоски, кој закон му овозможува да спроведува правда со влечење за уши, алудирајќи на негова претходна изјава. Беџети констатираше дека имало дофрлање „според нашиот“, па искоментира.„Ооо... тогаш важи вашиот закон во оваа држава, не законите и Уставот. Се надевам дека целата јавност го слуша овој одговор, дека од законот на премиерот Христијан Мицкоски, можат да се влечат луѓе за уши“, рече Беџети.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-13.03.55

Мицкоски побара МВР и Финансиска да ја „тресе“ Левица оти купила евтин деловен имот, го праша Апасиев дали ќе се наддава и за Соравија

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека купил деловен простор по ниска цена а во центарот на Скопје, како и дека сторил кривично дело. Потоа ги повика институциите да истражат. На ова одговори и Апасиев, кој го нарекува Мицкоски „северномакедонски премиер“, посочувајќи дека е спремен за кривичната пријава.„Политичката партија Левица купила деловен имот од 409 метри квадратни на адвокатската улица зад седиштето на компанијата А1, верувале или не, за цена од 295.000 евра со ДДВ или просечно квадратот на овој објект е 721 евро во центар на Скопје. За какво кривично дело е ова професоре? Сега ќе ви кажам.. Градот Скопје ви пресметал дека ова кривично дело кое го зборувам е еднакво на цена квадрат од 1150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ова кривично дело е, некое кривично цело, ќе видиме, ќе се позанимаваат органите. Ова дело е преку Универзална инвестициона банка“, рече Мицкоски.Потоа му покажа фотографија од „Соравија“.„Што е заедничко помеѓу ова и ова? Извршителот Андреја Буневски. Тој е заеднички извршител за двата објекти. За Соравија очигледно не успеа бизнисот и е закажано јавно наддавање и проценета на 22.4 милиони евра, па имам дилема, дали како што го купивте овој деловен објект, а сте неподмитливите, ќе наддавате и за Соравија од 22.4 милиони евра“; додаде Мицкоски.Потоа Апасиев се обрати до МВР и Финансиската полиција.„Прво да проверат дали има основа за кривично дело, дали Левица сторила кривично дело, нема да кажам кое, ќе оставам професорот Апасиев да каже, така што го купила овој простор по 721 евро по метар квадратен, а вреди најмалку трипати повеќе, а Градот Скопје вели дека најмалку 50 проценти повеќе вреди, а потписник на договорот е Димче Апасиев, професор на Правниот факултет во Штип“, додаде Мицкоски.Апасиев му посочи дека е спремен за кривична пријава, па потоа додаде дека подготвува кривична против Мицкоски за попречување на правдата и оддавање службена тајна. Апасиев му посочи на Мицкоски дека тоа не му одговара на пратеничкото прашање и дефокусира, е „синдром на дива коза“.„Синдром на дива коза или дијареја, се вика ова што вие го правите. За се се правите флека, не зборувате за се што сте прашан, туку за други. Ние купивме подрумски простории со приземје, затоа е таа цена.  Мене и Заев ова ми го правеше. Да сум имал страв од вакви,  немало да се бавам со политика. Уште утре да ми поднесете кривична пријава, како што јас ќе ви поднесам за оддавање на службена тајна. Немојте вие да зборувате за поштеност.  Вашите два часовници вредат колку таа зграда“, врати Апасиев.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Талески за скандалот на бодигардот на Мицкоски: Кој му ги доставил доверливите информации на Самараков?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кое се однесуваше на криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.Во продолжение интегрален текст од прашањето:Моето трето прашање е поврзано со криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како оддава доверливи информации. Со докази, со видео, слики. Фатен жив.Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање кое вака лебди во јавноста.Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија.А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци, јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога.Овие инциденти министре отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.На неговото ниво, во структурата на МВР, тој немал пристап до таков вид на информации, значи морало да има некој што има пристап, за да му ги даде.Затоа, Ви ги поставувам следното прашање:Кој му ги доставил доверливите информации на лицето Ангел Самараков?Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи на лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи.Затоа што ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна, или заробена од мафијата.

Македонија | пред 9 месеци

mitskoski-filipche

Филипче ќе бара состанок со Мицкоски, премиерот е спремен да седне со него и на полноќ - темата ќе бидат системските слабости

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика премиерот Христијан Мицкоски на тет-а-тет средба, а потоа и на лидерска средба. Мицкоски пак, му одговори дека е спремен да се сретнат ако треба и на полноќ. Филипче смета дека треба да разговараат по трагедијата во Кочани, бидејќи, според него, системот на многу места не функционира и јавните сервиси немаат перформанс каков граѓаните засложуваат.„Јас ќе побарам состанок уште денеска или утре согласно агендите да ја организираме таа средба. Сега дадов малку подетално објаснување и се надевам дека кога политичките партии ќе го слушнат ова навистина ќе ја прифатат таа лидерска средба, но добро е прво тоа да го разговараме со премиерот имајќи предвид дека тој прв подаде рака и одговори дека средбата е прифатлива. Навистина не знам што од она што го кажувам како концепт би било неприфатливо или некој не би сакал да разговара кога тоа е констатација на секој еден граѓанин во државата“, рече Филипче.На ова, одговори Мицкоски.„Јас во една моја изјава кажав дека ова сериозна тема, а за сериозна тема се седнува и се разговара. Непристојно е преку медиуми да се разговара. Ако има план, подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, за да го образложи планот. Ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, кога треба.. Ако планот има пристап ‘стабри’ (фантом фирма за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека била планирана од Заев и Филипче за книжење провизии од кинеските вакцини), тогаш таков план не можам да прифатам“, врати Мицкоски.Филипче ги оправда револтот и бесот на граѓаните бидејќи, како што рече, она што се нарекуваат реформи и транзиција очигледно не го дале посакуваниот резултат повеќе од три децении наназад.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

И свети ВМРО нека е ќе биде казнет ако има сомневања за криминално однесувања, вели Мицкоски за обезбедувачот од МВР кој заврши во затворот во Шутка

Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека апсењето Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на неговото обезбедување е порака дека никој нема да биде поштеден ако стори криминал, без разлика колку му е нему близок.„Претпоставувам е ангажиран откако сум избран за претседател на Владата и откако се екипираше тимот. Но пораката е важна, дека ваков тип на однесување, каде постојат основани сомневања за криминално однесување, ќе бидат санкционирани. Се сеќавате дека имаше лица кои беа страв и трепет, вршеа прљави работи за Влада, а не беа санкционирани. Кој и да е, и брат и сестра да ми е и свети ВМРО да е, ако ја изневери довербата на граѓаните, ќе биде најжестоко и најостро санкциониран“, рече Мицкоски.Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.

Македонија | пред 9 месеци

filkov-milososki

Филков и Милошоски имале лош ден, вели Мицкоски откако пратеникот и министерот јавно се скараа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и минситерот за правда, Игор Филков, вчера имале лош ден. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски, откако тие двајца јавно се искараа.„Милошоски е дел од мојот најблизок периметар, тој е додадена вредност во рамките на партијата. Соработката со Милошоски ја оценувам на највисоко ниво“, рече Мицкоски.Потоа го искоментира и министерот Филков.„Филков знам каква состојба затекна во Минситерството, се координираме на дневно ниво за реформите. Но она што можев да го заклучам, а убеден сум дека ова ќе застане на овие два лични ставови, секој има право на лош ден, па така мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот помина“, додаде Мицкоски.Тој кажа дека и соработката со ВЛЕН е квалитетна, а Владата е стабилна.„Имаме исклучително квалитетна соработка, Владата е стабилна, граѓаните да бидат стабилни. Повеќе од 2/3, официјално 78 пратеника ја поддржуваат оваа Влада. Огромно е позитивното мислење дека Македонија се движи во правилна насока“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-1

Обезбедувачот на Мицкоски требало да земе 50.000 евра за документите од МВР, фатен бил на паркинг, соопшти Обвинителството

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.„Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот.За ова кривично дело предвидено и казниво по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.НАПОМЕНА: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите“, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 9 месеци

Penzioneri

Мицкоски: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари

„Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари“, им порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пензионерите во денешното видео обраќање.Премиерот Мицкоски нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери.„Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат повисоки пензии за 5.000 денари. Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме ние тука да ги решаваме проблемите и со решавање на проблемите Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша. Нека е со среќа повисоки пензии, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства“, вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-31-at-21.51.11

Безбедноста на Мицкоски не е загрозена, истрагата е во тек, вели Митева по апсењето на обезбедувачот на премиерот

Безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски не е загрозена, вели портпаролката на Владата, Марија Митева, за „Скопје1“, а по апсењето на Ангел Самараков од Велес, член на неговото обезбедување, кој се сомничи дека од МВР извлекол материјали кој требало да ги предаде на трети лица. Засега останува непознато за какви материјали станува збор.„Не е загрозена безбедноста на премиерот. Истрагата е во тек. За првпат во историјата на државата, уапсен е човек од обезбедувањето на премиерот поради сомневање за сторено кривично дело“, вели кусо Митева за „Скопје1“.Обезбедувачот на Мицкоски беше фатен во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“ велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

Паузирањето на разрешувањето на Коцевски не е трајно, за градоначалник на Кочани е рано да се зборува, за лидерска средба треба сериозен пристап, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е рано да се разговара за заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани, па посочи дека тие се подготвени за Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но да се разгледаат и други високопрофилни случаи за кои имаше низа реакции од јавноста. За паузирањето на разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека не е трајна одлука.„Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние да размислуваме за избори во Кочани и кандидати за градоначалници. Прерано е за тоа да се дискутира и комбинира. Таков тип на пораки ќе биде дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Се уште 40 дена не се поминуати од овој настан, а некој размислува за избори, градоначалници“, рече Мицкоски.За лидерската средба рече: „Лидерската средба е пресериозна тема за да преку медиуми се разговара. Разбрав од јавнсота дека има план, може да го соопшти преку прес, но доколку смета дека и мене треба да ме запознае, јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап“.Предлозите да се формира Анкетна комисија„Ги слушнав овие предлози и ова барање. И едната и другата опозициска партија, не биле задоволни од начинот како Обвинителството ја води истрагата. Тука би констатирал - прво обвинителот е истиот кој овие две политички партии го гласаа. Утрото во Кочани пред 8 часот, во просториите на МВР во Кочани пристигна со двајцата свои соработници, Ислам Абази и Гаврил Бубевски. Јасно ви е од кај доаѓаат, од кои тефтерчиња беа избрани. Тоа што не продолживме во процесот на процесот за промена на обвинителите, не значи дека сме заборавиле од каде доаѓаат и потекнуваат. Се повлековме за да оставиме простор да се даде јасен одговор и одговорност за секој кој има и најмало учество во оваа голема трагедија. Не е ова трајно. Будно ја следиме работата. Истите овие беа миленици на СДСМ и ДУИ кои сега велат дека не се заодовлни од истрагата која ја прават. Јас би ги прашал: Дали беа задоволни од истрагата за Ласкарци, Беса Транс, трговскиот центар Соравија, Модуларната болница? Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да бега, но би сакал да ја прошириме со овие судски случаи“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

rabotnik-gradezen-

Со измените на законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата коишто се пензионирани и на студенти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените измени на законот за работно ангажирање на лица, истакна дека е тоа закон за кој којшто делумно има поддршка и од опозицијата.„Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или оние лица коишто се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата“, истакна премиерот Мицкоски и додаде:„Задоволни сме од резултатите во третиот и четвртиот квартал, тие се меѓу петте во Европа, над 3%. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување“.

Македонија | пред 10 месеци

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Ќе се зголемат средствата за капитални проекти, а ќе се донесат и странски инвестиции и ќе се отворат нови работни места во Кочани

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се плановите на Владата за поддршка на Кочани, освен помошта на семејствата на повредените и загинатите во големата трагедија, изјави:„Апсолутно да. Апсолутно да, Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така. Ќе бидат средствата зголемени во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму. Но, исто така и ние како Влада преку овој проект за којшто денес зборуваме ќе одвоиме два до три пати повеќе средства за Кочани, во делот на инвестиција на инфраструктурните проекти.Истовремено продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Можам да кажам дека поминаа оние два критични, можеби најкритични меѓника, тоа е 72 часа и 7 дена. Од тие речиси две стотини повредени коишто најголемиот дел имаат изгореници и повеќе од 50% до 80% и покрај тешката состојба, сите се во моментот стабилни, иако имаме 5 или 6 случаи коишто се критични, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме.Ова беше прецизна, точна реакција, благодарност до медицинските тимови коишто ја дадоа онаа потребна прва помош и во Кочани и во Штип и во Скопје. Благодарност и до сите институции коишто помогнаа. Тој ден навистина сè функционираше, но и деновите потоа, беспрекорно. И ние сите должиме една огромна благодарност.Сите оние лица, а тоа се повеќе од стотина, се веќе надвор, згрижени, со двајца членови на нивните семејства. Како Влада, ние го обезбедивме и превозот и сместувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме. Од информациите со кои располагам, од Министерството за здравство, дел од пациентите ќе почнат да се враќаат, дел коишто се хоспитализирани кај нас се отпишуваат, односно откако е пружена негата, одат во домашно лекување. Така што, со Господ напред, очекувам сè да биде добро, колку може да биде добро во оваа ситуација. Продолжуваме да се грижиме и за сите оние коишто, за жал, невини жртви, кои трагично го загубија животот, за нивните семејства и сè она за кои може Владата да помогне, во периодот којшто следи, ќе помага.“

Македонија | пред 10 месеци

kocevski1111

Коцевски добива шанса од Мицкоски, постапката за разрешување му е паузирана - кажано е и што се очекува од него

Премиерот Христијан Мицкоски, чија Влада ја покрена постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцевски, сега му дава шанса да работи. Според Мицкоски, постапката ќе застане таму каде што се наоѓа во моментов, а тоа е во Советот на обвинители.„Во овој момент имајќи ја в предвид чувствителната, планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои работат посебно на случајот кој се случи во Кочани, треба да работат и да сработат. Кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека има заедничка акција и работа помеѓу МВР и ЈО кое резултираше со 34 обезбедени лица, кои имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, но ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.Но, Мицкоски има и други очекувања од Коцевски.„Јавноста е чувствителна на некои случаи од минатото, па ќе почекаме да видиме дали ЈО има амбиција да констатира неправилности од минатото и дали би можело тие случаеви да ги преразгледа и да видиме дали сме сите за правда или таа ќе биде селективна. Да видиме дали таа правда е некогаш добиена или е селективна. Како Влада го охрабруваме, да се движи во таа насока и секој што направил било каква грешка да биде санкциониран“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2021-08-13-at-13.58.36

(Видео) Угостителите со неправилности ќе добијат мораториум за работа - има огромен број на неправилности

Мораториум за работа ќе добијат угостителските објекти кои имаат неправилности и тој ќе важи се додека не ги отстранат. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека од досегашните контроли регистрирани се неправилности во работата кај голем број објекти и затоа Владата подготвува акционен план.„Ќе продолжат контролите и во наредниот период. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности зборувам за 70-80 отсто од објектите, не зборувам за исклучоци туку за пракса која функционирала, но повеќе нема да функционира. Разработуваме акционен план, за одреден период да се прогласи мораториум и да се остранат сите тие неправилност за оние кои сакаат да продолжат да функционираат со дејноста што ја вршат“, рече Мицкоски.Владината активност следи по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-24-at-11.49.05

(Видео) Мицкоски ги разбира протестите и гневот: Но не ги разбирам политичките глодари-лешинари

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ги разбира сите кои гневот и протестите, но не ги оправдува, како што вели, политичките глодари, кои ги нарече и лешинари.„Протестите се демократска алатка за изразување на незадоволство. Сите сме незадоволни од тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Се решија многу работи со изборот на оваа Влада, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи разграбувањето, националното уништување, разграбувањето на Македонија и токму тоа за политичките глодари е проблем, преку овие протести сакаат да добијат политички поен. Јас се придржувам на изразувањето револт и гнев, има многу работи пред нас да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто за идните генерации. Преку ноќ не може ништо да се направи, поразивме неколку мафијашки здруженија кои функционираа во државата“, рече Мицкоски.Вечерва, во 18:59 минути има собир и марш од скопскиот плоштад.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања