МИЦКОСКИ

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Блерим Беџети од ДУИ и премиерот Христијан Мицкоски се судрија на собраниската говорница.„Да не бидете вие тој што ќе ги повлечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад Македнија, па не ќе мора да трчаш по нив. Човечки е за сите овие политички политички прашања, вие да побарате извинување за пристапот“, рече меѓудругото Беџити.На ова врати Мицкоски кој му рече на Беџети дека не го сфаќа.„Веројатно сакавте да покажете мускули, 'еве како му се обраќам на премиерот, видовте?', добро, супер, одлично, секоја чест, покажавте мускули. Немате друга тема, не знаете што да зборувате, па единствената тема ви е да ги злоупотребувате чувствата на Албанците“, одговори Мицкоски посочувајќи му дека подединакво мисли на сите.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

„Дехидрирајте од плукање, да ги оставиме семејствата“, рече Мицкоски прашан од пратеник дали се разводнува истрагата за Кочани, за да се штитат функционери

Никола Трајчулевски, пратеник од СДСМ на собраниска седница констатираше дека не постои чувство на морална одговорност кај Владата и дека тоа е поразително за една Влада. Потоа, посочи дека се води селективна истрага за да се заштитат сегашни носители на високи позиции во МВР, Пазарен инспекторат. Објасни дека според нив, истрагата е контаминирана и е обид да се задоволи јавноста за сметка да не се откријат директните виновници за пожарот во дискотеката. Трајчулевски постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски дали разводнувањето на истрагата е за да се заштитат функционери.„Најмалку вие имате право да зборувате за морал, можеби немаме ни ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци, но најмалку имате вие. Мој совет, да ги оставиме семејствата. На мене да удират секој ден, дехидрирајте од плукање, нормално е тоа. Логично е, измислувајте.. граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина или онаа вистина која ние ја кажуваме. Да ги оставиме семејствата оти болката и тагата е огромна“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија Лутник

„Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додаде:„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“.

Македонија | пред 9 месеци

31122024-Mickoski-pres

Мицкоски: Згрозен сум од пресудата за смртта на Теодора, Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата, правдата ќе ја истераме до крај

„Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството. Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека е згрозен од пресудата за случајот во Тетово, каде младата Теодора беше прегазена, а сторителот кој одзема млад човечки живот беше осуден на 2 години казна. Како што рече тој тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот и побара јавно од Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата.„Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда.Ова не е партиска борба, ова е битка за вистината, за одговорноста, за правдата. Затоа што ова е борба меѓу луѓе и нелуѓе. И луѓето мора да победат. Само така можеме заедно да победиме. Ако овој систем не се ресетира сега, ако не се преземат мерки сега, тогаш бадијала ни е сè. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината. Кој бил дел од ова, кој дозволил, кој гледал настрана – ќе одговара. И институциите, и одговорните лица, и сите кои на било кој начин придонеле за оваа трагедија да се случи. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата. Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мораме да покажеме дека законите важат за сите. Затоа што можна следна жртва е секој еден од нас. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-bjb

Мицкоски: Корупцијата е најголема пречка за развојот и иднината на еден народ, и затоа мојот став е остра и бескомпромисна борба

„Со денешната седница, го конституираме Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:Но дозволете ми веднаш да бидам јасен:Ова тело нема да биде само уште една административна конструкција.Ние сме овде за да создадеме нова форма којашто ќе има суштина, а нема да биде форма којашто ќе биде без содржина. Сакаме да изградиме механизам што ќе делува – брзо, ефикасно и бескомпромисно.За жал, изминатите години гледавме како корупцијата тивко, но упорно ја разјадува довербата и кај граѓаните, но и во институциите.Судски постапки што траат со години.Обвиненија што никогаш не завршуваат со пресуда.Истраги што се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација.Сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна, а корупцијата – прифатена.И токму тоа е најголемата штета. Не само изгубените пари. Туку изгубената верба.Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството.Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава.Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата.Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда.Ова не е партиска борба, ова е битка за вистината, за одговорноста, за правдата. Затоа што ова е борба меѓу луѓе и нелуѓе. И луѓето мора да победат. Само така можеме заедно да победиме. Ако овој систем не се ресетира сега, ако не се преземат мерки сега, тогаш бадијала ни е сè. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината. Кој бил дел од ова, кој дозволил, кој гледал настрана – ќе одговара. И институциите, и одговорните лица, и сите кои на било кој начин придонеле за оваа трагедија да се случи. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата. Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мораме да покажеме дека законите важат за сите. Затоа што можна следна жртва е секој еден од нас. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата.Ова е моментот кога мора да покажеме дека законите важат за сите.Оваа борба не е само борба против криминал, корупција туку ова е борба за душата на нашата татковина.За вредностите што сакаме да ги живееме.За тоа дали ќе бидеме општество на ред и закон или на „врски“ и „договори под маса“.Меѓуресорското тело има историска одговорност – да воспостави координација помеѓу сите клучни институции:– Државната комисија за спречување на корупција,– Министерството за внатрешни работи,– Јавното обвинителство,– Финансиската полиција,– Управата за јавни приходи,– Царинската управа,– Министерството за правда,– Министерството за финансии,и други.Овие институции веќе имаат надлежности. Она што им недостасува е:координација, храброст и одговорност.Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено.Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати.Но исто така, мораме да ја признаеме и реалноста:За жал, граѓаните не се задоволни од работата на судиите. Судството и обвинителството се слабата алка во борбата против корупцијата.И тоа не е мое мислење. Тоа е впечаток на народот.А народот не греши кога со години гледа како правдата се одложува, извртува, исчезнува.Судството мора да ја врати својата улога – не како нем набљудувач, туку како клучен актер во оваа борба.Ќе ги поддржиме со законски решенија, со буџет, со логистика, сѐ што треба ќе направиме. Но истовремено – бараме отчетност.Не може повеќе предметите да чекаат, додека јавноста очекува.Како што има кажано Винстон Черчил: „Силата на еден народ не се мери само со армијата, туку и со правдата што тој народ ја гарантира.“Граѓаните не сакаат спектакл. Тие сакаат резултати. Сакам да гледаме функционери коишто кога ќе се огрешат, кога ќе бидат вовлечени во криминал ќе одговараат, институции што не толерираат, и систем што штити – не краде.Нема да дозволиме борбата против корупција да остане на хартија.Ќе следиме конкретни резултати. Ќе поставиме индикатори и истите ќе ги објавуваме јавно.Нема веќе недопирливи. Нема веќе „тој е наш“.Јас лично – како претседател на Владата – ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка.Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар – ако не дава резултати, се разбира.Ова не е борба на една Влада. Ова е борба на целото општество.И затоа ги повикувам сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да бидат дел од овој процес.Да пријавуваат. Да реагираат. Да не молчат.Ќе изградиме систем каде што функцијата ќе значи служба, а не привилегија.Каде што законот ќе важи за сите – не само за обичниот човек.Каде што младите ќе останат тука – затоа што ќе имаат причина да веруваат.И не заборавајте корупцијата е најголемата пречка за растот, развојот и иднината на една држава.Да создадеме држава која нема да се срами од вистината. Туку ќе се гордее со неа.Држава во која корупцијата не е навика – туку забранета зона.Држава во која не победуваат најгласните – туку најчесните.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите

„Во името на Владата и во мое лично име на сите граѓани од ромската етничка заедница им го честитам 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Македонија е земја која историски и традиционално гледано секогаш била пример за толеранција, разбирање и инклузивност на своите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.Наш предизвик и цел како Влада и како држава, во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите, а со тоа и подобрување на целосната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење.Ова е процес кој мора да започне од потполна достапност до системот на образование и едукација, преку организиран и институционален систем на заштита од дискриминација, до апсолутна вклученост на Ромите во економските и социјални текови на нашата заедница. Македонија е земја со ограничени ресурси и затоа мора својот приоритет да го постави во насока на искористување на сите кадровски и човечки потенцијали со кои располага, со стремеж постигнување на заеднички напредок.Најдобар одговор за социјалното и економското назадување е образованието. Нашите напори се да воспоставиме реформи кои земјава ќе ја реформираат, унапредат и обезбедат иднина и развој.Мораме да ја претвориме нашата земја во држава која дава еднакви можности на сите, која ќе го цени и вреднува успехот и квалитетот на индивидуалецот, како предуслов за градење на подобра иднина на сите.Заедно можеме повеќе, подобро и само така Македонија ќе биде нашиот заеднички дом.

Македонија | пред 9 месеци

mickokski-tramp

Царините кои ни ги воведе САД се резултат на некаква грешка, контактираме, очекуваме да излеземе од состојбава, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека работат на темата со царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.„Очекувам многу скоро да се корегира ова што очигледно е резултат на некаква грешка. Ние сме во дефицит во 2024 година, а тие кои се во дефицит немаат вакво зголемување на даноците. Во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија.. Така што очекувам да се излезе од оваа состојба“, рече Мицкоски.Тој посочи дека ако земјите од ЕУ не го надминат ова со САД, ефектите по домашната економија ќе бидат поголеми.„Процесот е сензитивен, не би откривал ништо додека сѐ не се заврши. Додека не се заврши - нема ништо, кога ќе се заврши, ќе соопштиме“, додаде Мицкоски.Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.Трамп воведе царини од 20 отсто на земјите од ЕУ, како и 34 отсто на Кина. На Балканот, најголема царинска стапка отсега ќе има Србија – 37 отсто, по што следува БиХ со 35 отсто, додека Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто.Новите царински стапки треба да стапат во сила задутре.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-9-vlada

Ниту Таравари заминува, ниту Димитриевски доаѓа: Реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да има реконструкција на Владата пред локалните избори. Ова доаѓа откако дел од медиумите објавија дека Максим Димитриевски се подготвува да биде нов министер за одбрана.Ова би значело дека и Арбен Таравари останува министер за здравство, наспроти информациите во јавноста дека тој ќе замине од функцијата.Претходно на ова прашање одговараше Изет Меџити од Вреди, кој рече дека реконструкција на Владата е возможна, но не е планирана.

Македонија | пред 9 месеци

mickokski-tramp

Мицкоски за царините на Трамп: За скоро денеска очекувам добра вест

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека работат на темата со царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.„Работиме и на таа тема. Со САД сме во постојана комуникација и со Министерството за економија и Министерството за финансии. На дневна основа работат тимови и телефонски се разговара. За многу скоро денеска очекувам добра вест за македонските граѓани и македонската економија“, рече Мицкоски.На презентацијата на новите царини во Белата куќа, Трамп покажа серија табели со детали за царинските стапки, но и за царинските стапки кои што другите земји и ги наметнуваат на САД. Во овие царински стапки на другите земји од администрацијата на Трамп велат дека се вклучени „манипулации со валутите и трговски бариери“. За Македонија, оваа бројка изнесува 65 отсто, но не е јасно како е пресметана.Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.Трамп воведе царини од 20 отсто на земјите од ЕУ, како и 34 отсто на Кина. На Балканот, најголема царинска стапка отсега ќе има Србија – 37 отсто, по што следува БиХ со 35 отсто, додека Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто.Новите царински стапки треба да стапат во сила во текот на наредните седум дена.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-12.19.43

(Видео) Мицкоски до Ахмети: Вратете се на џогирање на падините на Водно, ќе ви се разбистри умот за да дадете квалитетна идеја

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека ДУИ се уплашени оти треба да одговараат, па ги делат граѓаните. Им порача да се посветат на џогингот и зелената агенда, но остава на нив да одлучат. Според него, ДУИ предизвикува етнички тензии и во јавноста наметнува етнички предзнак на многу прашања, оти се водат истраги против нивни функционери.„Јас би ги повикал да се вратат на зелената агенда што ја промовираа пред неколку години, кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков еден џогинг, ќе им се разбистри умот и ќе дадат една квалитетна идеја“, рече Мицкоски.За обвинувањата од Али Ахмети, Мицкоски рече: „Навистина толку успеси има оваа Влада, што беспредметни е да се коментираат изјавите на Али Ахмети. Не ги делиме граѓаните, имаме мултиетничко општество кое не го делиме. Ние ги делиме граѓаните на лојални и чесни кои почитуваат Устав и закони и оние кои не почитуваат“.

Македонија | пред 9 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: Трагедијата во Кочани да ни биде потсетник дека човечноста, солидарноста и заедништвото се најсилното оружје што го имаме

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, кој денеска се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.Нагласи дека треба да се размисли за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел.Во продолжение говорот на премиерот Мицкоски:„Пред само неколку недели, нашата нација беше погодена од трагедија која остави длабоки рани во срцата на нашите граѓани. На 16 март, во пожар во ноќен клуб во Кочани, животите ги загубија 59 млади луѓе, а над 150 беа повредени. На огромна жал вчера животот го загуби и Александар Карадаковски. Лекарите се бореа до последниот момент да го спасат неговиот живот. Битката продолжува.Оваа несреќа не само што ни покажа колку е кревок животот, туку и ја истакна важноста на солидарноста и меѓусебната поддршка.Во тие тешки моменти, сведочевме на вистинска солидарност од нашите сојузници и партнери. Девет европски држави понудија помош на нашата земја веднаш по трагедијата во Кочани. Европската унија, пак, преку механизмот за цивилна заштита, координираше медицински евакуации на повредените до специјализираните болници во регионот.Оваа трагедија ни покажа дека солидарноста не е само збор, туку дело што ги поврзува народите. Таа е темелот на нашата Алијанса-принцип што не води во заедничките напори за зачувување на мирот и безбедноста.Солидарноста значи дека кога еден од нас страда, сите страдаме.Кога еден е во неволја, сите притрчуваме на помош.Во изминатите пет години од нашето членство во НАТО, активно придонесувавме кон колективната безбедност и стабилност на Алијансата.Нашите вооружени сили учествуваа во НАТО мисиите во Косово и Авганистан, демонстрирајќи ја нашата посветеност кон заедничките цели. Ја зголемивме одбранбената потрошувачка со јасен план да постигнеме резултат којшто ќе биде поголем од 2% од нашиот БДП, со што ја зајакнавме способноста да придонесеме кон колективната одбрана. Преку организација на вежби за цивилна подготвеност и придонес во НАТО Фондот за одговор на пандемии, покажавме дека сме подготвени да преземеме одговорност и во мир и во криза.Во изминатите пет години, значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници.Преку учество во заеднички вежби, нашите војници стекнаа искуство и знаење што ја подобри нивната ефикасност во мултинационални операции. Интеграцијата во НАТО системите за воздушна и ракетна одбрана овозможи подобро споделување на информации и координација т.е. суштинска компонента на модерната безбедност.Во духот на нашата заложба за целосна интеграција, спроведуваме темелни реформи во одбранбениот сектор.Работиме на подобрување на стратешкото планирање, цивилната контрола врз армијата, модернизацијата на опремата и транспарентноста во управувањето со одбранбените ресурси.Обуките се одвиваат според НАТО-доктрини, а новите институционални механизми нè прават поотпорни на хибридни закани. Сето тоа е одраз на нашата политичка волја и консензусот дека безбедноста и интегритетот на државата се врвен приоритет.Иако сме горди на постигнатото, свесни сме дека патот не завршува тука.Хибридни и сајбер закани, дезинформации, климатски кризи-сите тие бараат постојана адаптација и координација.Продолжуваме да инвестираме во човечки капитал, дигитална отпорност и капацитети за брза реакција. Но најважно од сè-остануваме доследни на вредностите кои нè обединуваат: демократијата, слободата, владеењето на правото и солидарноста.Регионалната соработка е клучна за стабилноста на Балканот. За нас тоа претставува одговорност и прилика да биде мост-меѓу народи, меѓу институции, меѓу визии.Преку иницијативи како Јадранската повелба и билатерални партнерства со соседните држави, вложуваме во безбедност што не познава граници.Веруваме дека Балканот може и треба да биде пример за решавање на разлики преку дијалог и заемна почит.Нашата татковина во многу наврати ја докажа својата солидарност со останатите држави во светот. И во својот трнлив пат до целта направи многу отстапки, многу одрекувања, и многу од нив наидоа на дебата кај граѓаните, некои внесоа оправдано сомневање, но истраавме и ја покажавме својата лојалност кон вредностите кон кои и понатаму веруваме.Од друга страна не секогаш го добиваме она што го очекуваме, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала.Тоа е чувството кое го има секој еден кон нас и секој еден граѓанин.Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се скрие ова горко чувство кај секој еден Македонец, каде и да се наоѓа во светот.Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел. Ако ние сите заедно ја чуваме куќата, тогаш и заедно имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања. Ние ќе останеме лојален партнер, и заедно и посветено ќе работиме кон остварувањето на колективните цели.Сосема на крај,Предизвиците се менуваат, но нашата заедничка решителност мора да остане цврста.Нека трагедијата во Кочани ни биде потсетник дека човечноста, солидарноста и заедништвото се најсилното оружје што го имаме.Нека ова ни биде дополнителна обврска, да бидеме подобри, поблиски и побезбедни, заради граѓаните кои ни ја дале честа да ги водиме.“

Македонија | пред 9 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски за синдикатите: Претходната влада вештачки ја зголемувала минималната плата и не исплаќала, ние секој договор меѓу синдикатите и стопанствениците ќе го поздравиме

Премиерот Мицкоски рече дека Владата не може да биде добра за сите, но е добра за големо мнозинство. Според него најдобар одговор за оние кои не ја поддржуваат работата на оваа влада е таа да работи без афери и скандали и да испорачува резултати.„Доколку продолжиме многу да работиме без афери, без скандали, без корупција ќе испорачуваме резултати, како на пример 1 милијарда 255 милиони странски инвестиции кои се историски рекорд, 400 милиони само во 4 квартал, раст на БДП во третиот квартал од 3%, во четвртиот 3,2%, не би се изненадил ако биде помеѓу 3,5 и 4% во првиот квартал. Расте извозот во првиот квартал од 5%, замислете во оваа криза, зголемени се пензиите за 5.000 денари линеарно, нешто за кое велеа дека е невозможно, се потпишаа колективните договори, веќе тргна исплатата на повисоки плати за здравствените работници и образовните работници, МВР доби 10% зголемување“, изјави Мицкоски во гостувањето во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.Премиерот потсети дека дополнително во изминатиот период била вратена еврообврзница од половина милијарда евра, 250 милиони евра се дадоа како поддршка на стопанството, а исто толку средства и за општините, а сметката на владата од минус 12 милијарди денари сега е помеѓу 3 и 4 милијарди во плус и сето тоа е резултат на многу залагање и труд. Мицкоски посочи дека сега една група од синдикатите со која имал средби забележува дека немало економско социјален дијалог, при одредувањето на минималната плата.„Немаме репрезентативен синдикат затоа што репрезентативноста истекла. Именувавме комисија, претставници од 3 институции, од Министерство за социјални работи, демографија и млади, од Министерство за правда и од Министерство за економија и труд. Ја поминавме на владина седница, таа комисија ќе се состане и ќе одреди репрезентативен синдикат. Ние што треба да направиме како Влада? Знаеме дека согласно закон треба да донесеме одлука за минималната плата. Ние како Влада мораме да постапиме согласно закон, таму има методологија и ние донесовме врз основа на закон. Но велиме, секоја одлука, секој договор кој ќе го постигнат работниците и работодавачите во било кој период од годината ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада најлесно ќе биде да каже минималната плата ќе биде 30.000 или 60.000 денари бидејќи ќе значи поголем број уплати на здравствено осигурување и персонален данок.„Ние до вакво дереџе дојдовме со таков тип на интервенционизам, како што тоа беше во годините позади нас. Инаку нас ни е најлесно. На 25 илјади денари придонесите се теоретски 12 илјади денари, на 30.000 се 15 илјади денари. Разликата е 3.000. Таа завршува во буџетот. Претходната влада што правела? Вештачки ја зголемувала минималната плата, но тоа не го почитувала кога станува збор за вработените во јавната администрација. И затоа сега одбрана и МВР плаќаат тужби во милиони евра“, посочи Мицкоски и дополни дека на пример во минатиот период на синдикатот УПОЗ им беше понудено покрај законското зголемување да има зголемување во 4 години 7-5-5-7 % покрај законското под услов да се тргне колективниот договор за кој и двете страни утврдиле дека е лош, но разговорите престанаа и почнаа протести.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика еве ова е мојот план, чекор еден, два или три. Туку едноставно побараа вклучување и еден инклузивен процес. Ценам дека како политичар и како човек, како најголеми треба да привлечеме од сите слоеви од општеството и интелектуалци, и невладини, и политички партии кои што можат да помогнат да помогнат во одредени процеси“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.Премиерот Мицкоски истакна дека без оглед на разликите кои ги има со претседателот на СДСМ Венко Филипче, потребно е единство и обединување за важните прашања за Македонија.„Јас ценев дека со една ваква средба ќе испратиме порака, дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања, стожерните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите кога станува збор за таков тип на прашања. А воедно во услови на траор, во услови на специфична емотивна состојба на населението да испратиме порака дека политичарите не се оние кои што со ниски страсти на дневна основа комуницираат, со политиканство гледаат да спечалат некаков политички поен. Туку може да се покаже ширина и да се рефлектира таа ширина кон јавноста“, дециден е Мицкоски и додаде јавноста нека суди дали погрешил или направил добар чекор што остварил лидерска средба со претседателот на СДСМ, Филипче.Јавноста нека суди дали сум погрешил или сум направил добар чекор, но во овој момент тоа во Македонија е потребно.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-filipce-2

Мицкоски на маса со Филипче: Сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографии од средбата со лидерот на СДСМ, Венко Филипче.„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија!“, напиша Мицкоски.Во овој состанок нема етничка основа, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој отиде на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тој од пред Владата посочи дека очекува конструктивен разговор.„Очекувам конструктивен разговор, навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш. Жалам што одредени политички партии уфрлија етничка димензија. Повикот за меѓупартиска средба е за сите партии. Ќе поразговараме за темите кои сметам дека заеднички треба да се менаџираат. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам, така како што мене ми е размислувањето. Отворен сум да разговараме за сите опции. Внимателен оптимист сум“, рече Филипче.

Македонија | пред 9 месеци

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче влезе на состанок со Мицкоски: Јас сум внимателен оптимист

Во овој состанок нема етничка основа, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој отиде на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тој од пред Владата посочи дека очекува конструктивен разговор.„Очекувам конструктивен разговор, навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш. Жалам што одредени политички партии уфрлија етничка димензија. Повикот за меѓупартиска средба е за сите партии. Ќе поразговараме за темите кои сметам дека заеднички треба да се менаџираат. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам, така како што мене ми е размислувањето. Отворен сум да разговараме за сите опции. Внимателен оптимист сум“, рече Филипче.Иницијатор на средбата беше Филипче, кој претходно истакна свои барања и рече: „Системот очигледно на многу места не функционира како што треба, јавните сервиси немаат прерформанс каков што граѓаните навистина заслужуваат и за тоа вина имаме сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии на Албанците и останатите партии. Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања