МИЦКОСКИ

Screenshot-2025-05-12-at-12.26.21

(Видео) Се одлучувало за животите на повредените од „Пулс“: Мицкоски вели тоа била најтешката одлука во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на негова одговорност, биле транспортирани повредените, бидејќи дел од медицинарите му укажале дека во таква состојба тие не можат да бидат пренесени во болниците во соседството. Посочува дека ако не биле пренесени, ќе имало повеќе жртви.„Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Нормално, спиете тогаш. Веднаш се совземав и ги повикав луѓето од мојот тим да одиме веднаш во Кочани. Во 05 часот стигнавме таму“, рече Мицкоски.Тој рече дека најтешки биле одлуките кога доаѓала понуда за помош од секаде, а особено од регионот, а ние немаме брилијантни односи со некои од соседите.„И тогаш кога треба да носите одлука мора да водите сметка за сите последици. А од друга страна дел од медицинските лица ви велат дека пациенти во таква тешка состојба не се за транспоритрање. Кога прашав кога е опцијата - тие рекоа ние да ги негуваме, а веројатно ќе имаме повеќе жртви од сега. И тогаш размислив неколку секунди. Им реков да ги спремат пациентите и веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече дека е на моја одговорност, а јас реков: да, на моја одговорност“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-ahmeti

Мицкоски со остра порака до Ахмети: Ако се идентификува со криминалците, тогаш треба да чека да му тропнат на врата и нему

Премиерот Христијан Мицкоски, упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој му рече дека гонење на криминалци не е задирање во правата на Албанците. Потоа му кажа дека ако се идентификува со овие лица, тогаш, треба да чека и нему да му тропнат на врата.„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои се борат против овие криминалци, да му тропнат на врата и нему. Јас би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал. Истите обвинители и судии кои беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ, покренуваат обвиненија против лица од ДУИ. Знам дека има многумина кои се заштитени од истите овие обвинители, тоа ми е јасно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-11-at-13.49.04

(Видео) Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека идната недела ќе го викне на средба министерот за здравство, Арбен Таравари, како завршна средба пред тој да замине од Владата. Мицкоски рече дека најмалку што очекувал е Таравари да се врати кај ДУИ.„Јас забележав, ги слушнав тие изјави. Мислам дека Таравари неколкумина околу него се одлучени да се вратат кај ДУИ и Али Ахмети. Се надевам дека ќе имаме следната недела завршна средба за да сумираме што имаме направено. И да му посакам добро здравје. Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети и малкумина околу него. Повеќе од сигурно е дека тој се враќа во прегратката на тие што ја опустошија Македонија изминатите две децении, повеќе од 20 години. Нивен избор е“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-taravari-1

Средбата Мицкоски-Таравари без епилог, позицијата на Алијанса ќе се знае до крај на мај

Средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се одвивала и завршила во конструктивен дух.Разговорите без епилог продолжуваат а до крајот на мај ќе биде позната позицијата на Таравари во владината коалиција.Пред средбата Мицкоски и Таравари излегоа со поостри ставови.Немам намера никого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, рече Мицкоски.,,Судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша Таравари на социјалните медиуми.

Македонија | пред 8 месеци

puls-roditeli

(Видео) На дневно ниво решаваме проблеми, планирам и лична средба со родителите од Кочани, вели Мицкоски

Македонија болува и ќе болува, а болката нема да престане, рече премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи средба со родителите на загинатите и повредените. Тој тврди дека постојано се помага и се решаваат проблеми.„Членови од мојот кабинет на неделно ниво разовараат со родителите на починатите, но и повредените. Планирам во наредниот период да се сретнам и лично и да разговарам. На дневно ниво решаваме проблеми. Еве на пример... Лично разговарав со еден од родителите на децата, но и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се среди целата работа. Дечињата дојдоа тука. Организиравме транспорт од аеродромот до болницата ‘8 Септември‘. Иако лекарите препорачаа еднодневен мониторинг, сепак тие на своја одговорност бараа да бидат пуштени од болницата“, рече Мицкоски.Прашан за истрагата, како и дали таа е селективна, тој рече дека истата ја води Обвинителството.„Јас не се мешам во истрагата ниту, пак, сум се јавил или сум комуницирал со некој од Обвинителството. Не сакам да излезе дека премиерот врши притисоци. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи за случувањата. Ова е прв приоритет за мене како премиер. Апелирам до сите политички чинители да ги остават Обвинителството и правосудните органи да си ја вршат работата“, рече тој.

Македонија | пред 8 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

„Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари околу актуелните политички случувања“, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање.„Што се однесува до неговите тековни активности како дел од Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Се разбира тоа е неизбежен дел. Но, генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор. Едната е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, промени, испорака за граѓаните. И втората порака е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од 2 децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. И тоа е изборот. Нема трета опција и би сакал од господинот Таравари да слушнам која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција“, порача Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека како човек има позитивно мислење за Таравари.„Што се однесува до моите лични односи со Таравари, ние во политиката комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто кое што го имаш или немаш, тука нема флуидни варијанти, или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам конкретно во неговиот случај најмалку три пати сум покажал дека држам до зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат на оние кои што ги прават овие заткулисни игри“, вели тој.Мицкоски изјави дека Таравари и неговите сопартијци треба да одлучат дали ќе продолжат да се дел од Владата која оди по патот на реформи, владеење на правото или ќе одбере да коалицира со политички сили за кои рече дека изминатите години ја криминализираа државата.„Немам намера никој да молам, со или без Таравари Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

taravari-vakcinacija-4

Во 17 часот ќе се сретнат, Мицкоски порача: Таравари има две опции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен Tаравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.

Македонија | пред 8 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски до Ахмети: Ако е мудар ќе сфати зошто е во опозиција, сѐ уште живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски го советува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Ако е мудар Ахмети, вели, ќе сфати зошто е во опозиција.„За жал господинот Ахмети сѐ уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија. Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да има тивок договор со ДУИ за соработка на локалните избори

Утре ќе седнат на маса премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и доскорешен член на коалициската Вреди, Таравари.Се очекува да се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4638

Таравари се ракуваше со Мицковски, но не и со Меџити и Касами

Иако беа на исто место и исто време бившите коалициски партнери од Вреди, Таравари, Меџити и Касами, буквално се однесуваа како да не се познаваат. Дури ни учтиво не се ракуваа иако до пред месец ,, цветаше” коалициската љубов.Но, Таравари на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар се поздрави само со премиерот Христијан Мицкоски.Од понеделник по празничниот викенд, како што најави премиерот ќе се сретне со Таравари по што ќе се знае дали тој ќе остане дел од Владата или ќе замине во опозиција.Таравари вчера во Слупчане се поздрави со Али Ахмети.

Македонија | пред 8 месеци

05122024_MICKOSKI-4

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека скоро 900 апликации од 80 општини се поднесени за реализација на проекти.„И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна тој.Мицкоски порача дека како Влада ќе продолжат да инвестираат во развој на општините.„Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Нема да дозволиме да се служат со трикови“, рече Мицкоски посочувајќи дека инспекторите ги контролираат цените во маркетите, по истекот на мерките

„Некој може да се обидува да се служи со трикови, ама тоа нема да се случи“, вели премиерот Христијан Мицкоски, а прашан, дали ќе има нови мерки за да не дозволи драстично зголемување на цените во маркетите, по истекот на мерките. Според него, изминатите два месеци имало дисциплинирано спроведување на мерката.„Лично разговарав со министерот и директорот на Пазарниот инспекторат, не само кај трговците туку и кај дистрибутерите и производителите. Да видиме да не има, при влезните фактури, трикови. А не само кај оние што ги продаваат во своите дуќани. Тоа нема да се дозволи“, рече Мицкоски.Тој додаде дека за еден месец наместо инфлација, има дефлација во економијата.„Нема да дозволиме да имаме стихијно однесување на пазарот“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:„Да, очекувам. Инаку имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве пет години. Односно јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак државниот е 50,1%. Како Влада имаме јасна стратегија, до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55%, зошто да не и под 50%, а државниот да биде под 45%, зошто да не и под 40%.Но, она коешто за мене е исто така важно е да номиналниот бруто домашниот производ биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат, очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели, во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сум сигурен, бидејќи како што кажав во месеците коишто следат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани.“

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-12.29.47

Се укинуваат визите за во Дубаи, објави Мицкоски

„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додаде:„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“.

Македонија | пред 9 месеци

15022025_MICKOSKI-3

Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.„Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација“, нагласи премиерот Мицкоски.„И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на Владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40 проценти од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот“, додаде тој.„Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција.Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра“, посочи претседателот на Владата Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.„По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле“, нагласи тој.„Бевме во Обединетите Арапски Емирати. Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања